Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Берлин, 19 август 2026 (МИА) - Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА. Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е десет проценти повеќе од претходната ...
Белград, 20 август 2026 (МИА) - Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. - Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти поврзани со подготовката и спроведувањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Комисијата едногласно го усвои упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список, со кое се уредуваат начинот, условите и постапката за проверка и ажурирање на избирачките ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. - Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште ниту, ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - На 18.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.М.(22) од општина Сарај, И.Д.(40), О.И.(31) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 18.08.2026 во 17:45 часот на пат ...
Охрид, 19 август 2026 (МИА) - Масовната миграција е една од најголемите закани за внатрешната безбедност на секоја земја - оцени денеска чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка нагласувајќи дека Скопје и Прага имаат сличен пристап кон тоа прашање. Мацинка на заедничката прес-конференција во Охрид со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Охрид истакна дека миграцијата е проблем што ...
Скопје, 19 август 2026 Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија ...
Кавадарци, 19 август 2026 (МИА) - Вински музеј - Кавадарци денеска го одбележа Преображение Христово со настан посветен на грозјето, лозарите и винарите. Активностите беа поддржани од локалната самоуправа, во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“. - Овој празник носи силна порака за преобразбата, духовното издигнување, светлината и надежта. А, токму во духот на тие вредности, го создадовме и овој настан како место каде што ...
Охрид, 19 август 2026 (МИА) - Запознавање на даночните обврзници со нивните законски обврски, навреме да го пријават доходот остварен од туризам и да го платат соодветно данокот е целта на денешната информативна средба на претставници на Управата за јавни приходи во Охрид со туристичкиот сектор во Охрид во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Целта на Управата, според координаторката на даночно одделение - Охрид, ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. - Одлуката е донесена по внимателно ...
Париз, 19 август 2026 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави датум за ново сослушување во врска со контроверзниот пласман на Гасли на подиумот на трката од Формула 1 шампионатот во Монако. Сослушување ќе се одржи на 25 август за да се разгледаат жалбите на Мекларен и Ред Бул за поништување на резултатот на францускиот воза. Трката се одржа на 7 јуни. Неколку возачи добија казни за пребрзо возење во боксот поради грешка во ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - На плоштадот „Скендербег“ вечер во 20:30 часот ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика“. Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег“ и во чаршијата. Во ...
Скопје, 19 август 2026 Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, ...
Скопје, 19 август 2026 Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно. Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ова прашање, нека се обратат до Валбон ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески рече дека општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е ...
Охрид, 19 август 2026 (МИА) - Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење. Од ЈП „Охридски ...
Штип, 19 август 2026 (МИА) - Општина Штип почнува со отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од паркинг површините во централното градско подрачје. Акцијата се спроведува, бидејќи во изминатиот период на територијата на општината се забележува зголемен број на прекршоци од областа, кои што се регулирани согласно одлуката за комунален ред на општина Штип. Лазар Хаџи-Николов и Борче Везенков од Одделението за комунални дејности во ...
Македонска Каменица, 19 август 2026 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска се одржа втората сесија на Проектниот форум, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, на која пред граѓаните беа презентирани пет концепт-проекти произлезени од предлозите дадени на првата форумска сесија. Меѓу предложените проекти се изградба на Музеј на рударството, уредување на патека на Калиманско Езеро, воспоставување ЕКО пазар во ...
Велес, 19 август 2026 (МИА) – Возач побегнал откако вчера удрил десетгодишно дете во центарот на Градско, информираа денеска од СВР Велес. Како што посочуваат, во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, Општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука интензивно го реализира проектот за воведување едносменска настава во основните училишта, при што во моментот се вршат адаптации, доградби и реновирања во шест училишта во државата, а подготвена е реализација и во уште 15 училишни објекти - изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при увидот во доградбата на нови училници во ОУ „Александар Македонски“ во ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Рацете на политиката подалеку од образованието - порача министерката за образование и наука Весна Јаневска оценувајќи дека донесувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е важно за подигнување на квалитетот на универзитетското образование и за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции на меѓународните ранг-листи. Одговарајќи на ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - На територијата на државата денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид. Во Општина Студеничани пожарот се шири на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци - информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката што останала парализирана по вториот царски рез, дали има лекарска грешка или не. - Јас ја формирав ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) – Република Чешка го поддржува членството на Северна Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, на која се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура - информираат од ресорното министерство. Со предложеното законско решение, како што ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не само за Гостивар, туку и за други општини — за квалитетот или неквалитетот на водата, а тогаш институциите воопшто не ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. - Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјата се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во Скопскиот Регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болети во ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука е запознаено со протестот на родителите во општина Карбинци поради оптимизацијата на училиштата и ќе направи напори заедно со општината да дојде до заедничко решение, изјави денеска ресорната министерката Весна Јаневска. Јаневска по увидот во доградбата на нови училници во рамките на ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар, истакна дека оптимизацијата се спроведува од ...