Жена во Италија доживеала неверојатна среќа откако градските санитарни работници ѝ помогнале да извади добитен билет за лотарија во вредност од 1 милион евра од ѓубрето. Оваа извонредна приказна доаѓа од Пуља, каде што локалната компанија за управување со отпад, SANB, одиграла клучна улога. Роберто Никола Тоскано, раководител на SANB, раскажал како билетот чудесно останал недопрен откако работниците пребарувале низ купишта ѓубре во камион. ...

Во областа Фурнес Крик во Долината на смртта, во југоисточна Калифорнија, во неделата е измерена екстремна температура од 53,3 степени Целзиусови, како резултат на силниот топлотен бран што го погоди западниот дел на САД. Иако оваа вредност е исклучително висока, сепак не претставува нов светски рекорд. Официјално највисоката измерена температура за Долината на смртта изнесува 56,7°C и датира од 1913 година, иако нејзината веродостојност со ...

Возачите кои минуваат низ дел од индиската сојузна држава Мадја Прадеш ги пречекува необична глетка – делници од патот обоени во интензивна црвена боја, што од далечина потсетуваат на огромна црвено-црна шаховска табла. Сепак, не станува збор за украс или уметничка инсталација, туку за ново сообраќајно решение чија цел е да ја намали брзината на возилата и да ги заштити дивите животни на патот што минува низ резерватот за тигри Вирангана ...

Полицаец во американската сојузна држава Њу Џерси се маскирал во зелена грмушка за да ги открие возачите кои за време на возењето пишуваат пораки, пребаруваат на интернет или разговараат на мобилен телефон. Полициската управа на Данелен на социјалните мрежи објави фотографии од својата необична „специјална единица“. На нив се гледа полицаец облечен во маскирно одело што наликува на зелена грмушка, со двоглед во рацете. „Дали денес ја ...

Седумнаесет мигранти загинаа обидувајќи се да стигнат до брегот на шпанските Балеарски Острови за време на 15-дневното патување, соопштија шпанските власти во понеделник, повикувајќи се на двајца преживеани кои беа спасени покрај брегот на Мајорка. Преживеаните, по потекло од Северна Африка, рекоа дека на бродот имало 19 лица, објави Ројтерс. Двајцата спасени лица биле пронајдени видливо исцрпени со очигледни знаци на неухранетост и ...

Катар соопшти дека е постигнат значителен напредок во дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу САД и Иран, што придонесе цената на нафтата на светските берзи да се намали за повеќе од четири проценти. Сепак, официјален Техеран ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека директните разговори меѓу двете земји веќе започнале. И покрај оптимистичките сигнали, Ормутскиот Теснец и натаму останува речиси ...

Снегот го покри Данидин, вториот по големина град на Јужниот Остров, поради што полицијата ги повика луѓето да избегнуваат секакви патувања освен неопходните, предупредувајќи на заледени патишта, објави Ројтерс. „Полицијата утрово доби бројни пријави за сообраќајни несреќи низ Данидин, при што некои возила се лизнаа од патот. За среќа, немаше повредени“, соопшти полицијата на Нов Зеланд на социјалните медиуми. Antarctic Polar Blast Brings ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со САД за постигнување мир преку преговори. Украинската дипломатија е „во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп“ за процесот на преговори со Русија и е подготвена за „сите формати на состаноци, изјави Зеленски во секојдневното вечерно обраќање до нацијата. „Сметаме на (американските ...

Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска повторно ги повика Русија и Украина да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право, особено во однос на „заштитата на децата и цивилната инфраструктура“. – Игралиште. Плажа. Семеен дом. Децата имаат право да бидат безбедни таму каде што живеат и играат, каде и да се, соопшти УНИЦЕФ. УНИЦЕФ наведе дека вчера при украински воздушен напад врз едно игралиште загина едно девојче, а ...

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица ...

Нафтената дамка предизвикана од истекување од танкер кој веќе неколку недели е насукан во близина на брегот на Оман драматично се проширила, покажуваат сателитските снимки анализирани од еколошки експерти. Според организацијата „Гринпис Германија“, најновите снимки укажуваат дека загадувањето сега зафаќа околу 150 квадратни километри, што е значително повеќе во споредба со претходната проценка од околу 20 квадратни километри пред само една ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги утврди трите главни приоритети за забрзување на процесот на пристапување на Украина во Европската Унија, оценувајќи дека членството не е само политичко или економско прашање, туку и клучно безбедносно прашање, пренесува „Киев пост“. Новите насоки биле договорени на состанок со премиерот Серхиј Корецки, новиот вицепремиер задолжен за европски и евроатлантски интеграции Всеволод Ченцов и ...

Повеќе спортисти не се вратија во своите земји по завршување на Игрите на Комонвелтот во Глазгов и се водат како исчезнати. Шкотската полиција потврди дека примила пријави за исчезнување на неколку спортисти, пренесува „Би-Би-Си“. Според пишување на порталот „Ен-Би-Си Спорт“, четворица боксери од репрезентацијата на Уганда не се качиле на авионот за враќање дома. Сличен случај е забележан и во пакистанската репрезентација. Портпаролот на ...

Русија и Украина продолжуваат со жестоки меѓусебни напади, со жртви и повредени на двете страни. Додека руските сили ги гаѓаат логистичките центри во Суми и украинската пристанишна инфраструктура, Киев возвраќа со удари врз московскиот регион, каде гореа големи складишта. Украина првпат изведе борбена операција со дрон и копнен робот на руска територија. Во меѓувреме, Зеленски продолжува со кадровски промени, назначувајќи го Рустем Умеров за ...

Социјалната мрежа „Икс“ на Илон Маск локално ги блокираше профилите на повеќе саудиски дисиденти и критичари на режимот. По барање на властите во Ријад, нивната содржина е целосно скриена за сите корисници што пристапуваат до платформата од територијата на Саудиска Арабија, пишува „Гардијан“. Маск со години се претставува како заштитник на апсолутната слобода на говорот, а кога ја купи социјалната мрежа, рече дека тоа го направил за да ја ...

Во Франција од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а полицијата привела 402 лица поради сомнеж дека намерно подметнале пожар или предизвикале пожар од невнимание, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, пренесува „БФМТВ“. Според Нунез, меѓу приведените има 156 малолетници, додека за 36 лица е одреден истражен притвор. Во меѓувреме, пожарите во департманите Жиронд и Од се ставени под контрола, додека во ...

Украинските специјални сили заробија двајца руски војници откако ги пронајдоа во камуфлажни засолништа во шумата, а целата операција беше спроведена без да биде испукан ниту еден куршум. Припадници на украинските специјални оперативни сили (ССО) заробија двајца руски војници откако ги открија нивните скривалишта во шумата. Операцијата беше спроведена тивко и без испукан ниту еден куршум, а ССО објави видео од целиот настан, објавува Украинска ...

Франција регистрира околу 14.000 пожари од почетокот на сезоната, а безбедносните служби привеле над 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари, соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно предизвикани или ...

Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од 37 ...

Напредуваат дипломатските напори за надминување на кризата меѓу САД и Иран, а посредниците веќе разменуваат нацрт-документи за можен договор, соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари. Тој истакна дека Катар, заедно со Оман, активно посредува во индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран и дека сите страни продолжуваат со дипломатските активности. „Текст на можен договор веќе е подготвен и се ...

Коалиција од американски сојузни држави, предводена од демократски гувернери и обвинители, покрена судска постапка против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради новата политика што овозможува федералните имиграциски служби да добијат пристап до податоците на корисниците на програмите за парична помош. Тужбата е поднесена до федералниот суд во Вашингтон и се однесува на одлуката на Управата за деца и семејства при ...

Кризата со шумските пожари во Грција не се смирува. Високите температури и силните вретови им ја отежнуваат работата на пожарникарите. Пламените јазици голтаат се пред себе, предизвикувајќи итни евакуации на повеќе населени места. „Не е убаво, ужасно е чувството кога градиш нешто со толку многу труд, а кога не се лесно да се дојде до пари. Беше толку многу труд, а кога се грижиш за својот имот, за својата земја, не е убаво.“, изјави ...

РЕЛАЦИЈАТА ВАШИНГТОН-ПАРИЗ: ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА БЕЗ ПРЕСЕДАН МЕЃУ ДВА НАЈСТАРИ СОЈУЗНИКА Во дипломатијата постојат непишани правила, кои честопати се поважни од официјалните договори. Едно од нив е дека именувањето амбасадори ретко станува средство за политичка пресметка. Токму затоа информациите дека администрацијата на Доналд Трамп сериозно размислува да го одложи, па дури и да го блокира агреманот за францускиот кандидат Орелиен Лешевалие е ...

Над 14,6 милиони обиди за сајбер напади врз информациските инфраструктури во Албанија се регистрирани во првите шест месеци од годинава. Според податоците од Националната агенција за сајбер безбедност (АКСК), во периодот јануари – јуни се регистрирани 14.628.595 милиони обиди за напад, што е околу 56,4 обиди секоја минута. Од вкупниот број идентификувани напади, 54 отсто биле насочени кон важни информациски инфраструктури, додека 46 проценти ...

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата. Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но ...

Шест лица го загубија животот, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија, во која учествувале автобус и камп возило. Според првичните информации, судирот бил силен, а дел од патниците останале заробени во возилата. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната помош, пожарникари и полиција, кои работеле на извлекување на повредените и обезбедување на теренот. Италијанските служби започнаа истрага за да се утврдат ...

Соединетите Американски Држави во петмесечната војна со Иран потрошиле поголем дел од залихите на високопрецизни далекуметни ракети ATACMS и PrSM, тврдат три извори за „Ројтерс“. Според изворите, значителното намалување на залихите предизвикува загриженост за подготвеноста на американската војска во случај на идни конфликти, вклучително и со Русија или Кина. Белата куќа не ги потврди овие тврдења, наведувајќи дека САД располагаат со повеќе ...

Топлотниот бран што го зафати регионот ја стави под дополнителен мониторинг работата на Нуклеарната електрана Кршко, откако високите температури на воздухот и реката Сава влијаат врз условите за ладење на постројката. Кршко за својот систем за ладење користи вода од Сава, која ја одведува вишокот топлина од процесот на производство на електрична енергија и потоа се враќа назад во реката. Поради високите температури, контролата на ...

Откако десетици илјади мигранти преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, повеќето од нив се вратија во својата земја, но голем број деца и млади останаа во Шпанија без родители и соодветна грижа, објави „Индипендент“. Шпанските медиуми снимија шокантни сцени од улиците, вклучувајќи го и моментот кога војник го придружува 12-годишното дете без придружба кон границата, додека тоа се обидува да го спречи неговото враќање во Мароко во ...

Турција го преиспитува своето воено присуство и ја подигнува нивото на готовност во Северен Кипар поради растечките тензии во регионот. Ова го соопшти турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер во писмен одговор на пратеничко прашање, пренесува кипарското издание „Сајпрес мејл“. Според Ѓулер, Анкара внимателно ги следи сите случувања на островот и презема чекори за прилагодување на своите одбранбени капацитети. „Водејќи сметка да се зачува ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Цинк

0.00