Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“. Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава. ⚠ #Typhoon #Dolphin is tracking west-northwest across the East ...
Сопственикот на Фејсбук, „Мета“, стана последната технолошка фирма чиј модел на вештачка интелигенција (ВИ) успеал да се поврзе на интернет и да ги хакира системите на друга организација за време на тестирањето. Ова е четврти инцидент од ваков вид откриен од компаниите за ВИ. Слични пробиви извршени од модели на „ОпенАИ“ и „Антропик“ покренаа загриженост за сајбербезбедноста и доведоа до повици за построги заштитни мерки и поригорозно ...
Воените воздухопловства на Бугарија, Романија и Кралството Шпанија потпишаа тристран технички договор за спроведување прекугранични операции за заштита на воздушниот простор во рамките на мисијата „Ер полисинг“ на НАТО, јавува бугарското Министерство за одбрана. Договорот овозможува дежурни борбени авиони од трета земја, во конкретниот случај од Шпанија, да се вклучат во прекугранични операции за воздушно патролирање. Документот е потпишан ...
На денешниот состанок на локалниот штаб за вонредни состојби е донесена одлука за прогласување вонредна состојба во општина Бачка Паланка, откако пожарот на локалната депонија повторно се разгоре. Причината за избувнувањето на огнот засега останува непозната, а противпожарните екипи и понатаму интензивно работат на негово гаснење. Огнот првично избувнал во ноќта меѓу вторникот и средата. Според информациите објавени на официјалната ...
Скриено во подножјето на Источните Родопи, селото Мандрица, во општина Ивајловград, е единственото албанско село во Бугарија. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од градот Ивајловград, во непосредна близина на границата со Грција, и е сместено меѓу две реки – Бела Река и Луда Река, пишува БТА. Селото е дел од „соѕвездие“ од населби во Одринска Тракија, кои некогаш биле основани од Албанци, а сите други денес се наоѓаат на територијата на ...
На аеродромот во Дизелдорф германските власти откриле околу девет килограми дрога при царинска контрола, соопштија надлежните служби. Случајот бил откриен при проверка на патнички багаж, а цариниците ја заплениле недозволената супстанција и започнале понатамошна истрага за потеклото на дрогата и лицата поврзани со нејзиното пренесување. Аеродромот во Дизелдорф е меѓу местата каде германските царински служби редовно спроведуваат засилени ...
Сообраќајна несреќа во која учествувал трамвај во западниот германски град Гелзенкирхен во четврток повреди 25 лица, од кои 10 сериозно. Како се случил судирот Полицијата соопшти дека трамвај што се користел за обука одеднаш застанал во центарот на градот во близина на арената Велтинс. Трамвајот зад него, кој превезувал патници, се судрил со „запрен или бавно движечки“ трамвај, објасни портпаролката на полицијата. „Според моменталната ...
Француско-аргентински државјанин, кој во втората половина на јули туристички престојувал во Франција, е заразен со андскиот вид на хантавирус – единствениот познат вид што може да се пренесува од човек на човек. По потврдувањето на дијагнозата, тој и неговото семејство биле ставени во изолација во Шпанија, соопшти француското Министерство за здравство. Присуството на андскиот вид хантавирус го потврдил Националниот референтен центар за ...
Романија брза да потопи четири баржи исполнети со камења во Дунав, во обид да ја пренасочи водата од пресушената река кон својот единствен функционален нуклеарен реактор и да обезбеди уште неколку дена работа поради ограниченото снабдување со електрична енергија. Рекордно ниските нивоа на Дунав, кој се користи за ладење на реакторските турбини, веќе доведоа до затворање на еден реактор, а властите презедоа невидени мерки за да го одржат во ...
Парламентот на Унгарија во вторник, на 11 август, ќе гласа за новиот претседател на Републиката, иако сè уште нема номинирани кандидати. Промената на шефот на државата беше едно од ветувањата дадени од премиерот Петер Маѓар откако неговата партија Тиса победи на априлските избори по 16 години владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува денес бриселскиот „Евроњуз“. Унгарската влада во јули искористи уставен амандман за да го отстрани ...
Откривањето на дрон полн со експлозиви на аеродромот во Лајпциг предизвика загриженост за можно странско мешање во претстојните регионални избори во Германија. Инцидентот се случува во време кога десничарските политичари го искористуваат стравот на јавноста од ескалација на конфликтот со Москва во нивната кампања, пишува Политико. Дронот е пронајден на аеродромот, кој има стратешко значење бидејќи го користат украински и НАТО авиони и служи ...
Додека столбови чад се креваа над Блискиот Исток, цената на барел нафта се искачи на нивоа какви што светот не ги видел со години, а Европа влезе во уште едно лето на екстремна топлина, од другата страна на истата приказна, се вртеа милијарди долари. Војната, стравот од недостиг на енергија и климатските екстреми не значеа деловна катастрофа за најголемите нафтени компании во светот. Напротив. Според анализата на британскиот весник „Гардијан“ ...
Четири поранешни студентки на Колеџот на Британската армија во Харогејт изјавија за Би-би-си дека, додека биле малолетни, биле изложени на сексуално вознемирување и сексуална злоупотреба, при што една од нив наведе дека била силувана. Во меѓувреме, Британската армија соопшти дека наводите се крајно сериозни и оти за такво однесување нема место во вооружените сили, додека податоците од Министерството за одбрана и полицијата укажуваат на ...
Европската унија во вторник ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи, откако има несогласувања меѓу земјите-членки околу пристигнувањето на повеќе од 50.000 мигранти во шпанската територија Сеута, во северна Африка, пренесува Гардијан. Одлуката беше донесена од претставници на земјите-членки на ЕУ и експерти од агенцијата за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, на состанок во саботата, кој беше опишан како „отрезнувачки“. ...
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг, им наложи денеска на државните институции и локалните власти да преземат сеопфатни мерки за заштита на граѓаните од екстремните жештини, бидејќи се очекува температурата во Сеул да достигне 39 степени Целзиусови. Топлотниот бран, во кој загинаа повеќе од 20 лица, би можел да го приближи Сеул до рекордот од 39,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во август 2018 година. – Екстремните жештини ...
Соединетите Американски Држави повторно значително ја зголемија размената на разузнавачки информации со Украина, објави Политико, повикувајќи се на добро информирани извори. Според овие извештаи, соработката меѓу двете земји во областа на разузнавањето е вратена на нивото што постоеше пред привремениот застој, а украинските вооружени сили ги користат информациите добиени при планирање и спроведување операции на руска територија. ...
Непоколебливиот борец за нуклеарно разоружување, 92-годишната Сецуко, сè уште патува низ светот, зборува за своето искуство и ги предупредува луѓето за ужасната штета што ја предизвикува нуклеарното оружје. До светот во кој има најмалку 70.000 парчиња нуклеарно оружје, јапонските политичари испратија порака за негово укинување. Но, овие пораки доаѓаат во време кога се подготвува јапонската Влада да ги ревидира клучните документи за национална ...
Кина го тестира новиот брз воз CR450, кој во пробните возења достигна 453 километри на час и треба да стане најбрзиот воз во редовен комерцијален железнички сообраќај. Планираната оперативна брзина на CR450 е 400 километри на час, за 50 километри повеќе од моделите CR400 „Фусинг“, кои во моментов превезуваат патници со брзина до 350 километри на час. Прототипите CR450AF и CR450BF првпат беа претставени во Пекинг кон крајот на 2024 година. Во ...
Здравствениот оддел на округот Сафолк во американската држава Њујорк објави дека има три потенцијални случаи на туларемија, ретка, но сериозна бактериска болест позната и како „зајачка треска“. „ Зајачката треска “ најчесто се пренесува преку каснување од заразен крлеж или крлеж по контакт со заразени диви животни. Според здравствените власти во округот Сафолк, туларемијата е предизвикана од бактеријата Francisella tularensis, а болеста ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени резервите на оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција и дека дополнително се зголемува производството. Тој ги обвини за предавство луѓето што одаваат доверливи информации и најави нивно кривично гонење. – Се трага по оние што одаваат предавнички информации – напиша Трамп, додавајќи дека ќе бидат побарани ...
Темпото на зголемување на цените на становите и куќите во Германија повторно забави во вториот квартал, според Килскиот институт за светска економија (IfW). Во квартална споредба, цените на становите се зголемија за 0,34 проценти, а семејните куќи за 1,8 проценти, објави IfW во четврток. Меѓу осумте најголеми градови во земјата, становите најмногу се зголемија во Дизелдорф, за 1,2 проценти. Цените најмногу паднаа во Штутгарт, за 1,6 проценти. ...
Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија со цел да се подготви за одговор на потенцијални напади од Русија или Кина - изјавија денеска за телевизијата Ен-би-си (NBC) извори од американското Министерство за одбрана запознаени со прашањето. Високорангиран претставник на Министерството за одбрана изјави за Ен-би-си дека ставот на Пентагон е дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни кредибилни нуклеарни опции“. Според изворите, ...
Шефот на Кабинетот на полскиот претседател Карол Навроцки, Збигњев Богуцки, повторно ја заостри реториката кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го премиерот Доналд Туск да ја потпише одлуката за формално одземање на највисокото полско државно одликување што му беше доделено на украинскиот лидер. Богуцки на социјалната мрежа X главно го критикуваше Туск за прашањето околу именувањето на судиите, но на крајот од објавата ...
Снажен топлотен бран ја зафати Европа, па Италија во четвртокот сите поголеми градови ги стави на највисок степен на предупредување, додека Австрија забележа рекордна температура. Температурите во повеќе европски земји надминаа 40 степени Целзиусови, што предизвика здравствени предупредувања за милиони луѓе и дополнително ги оптовари енергетската, сообраќајната и туристичката инфраструктура. Властите и научниците предупредуваат дека ваквите ...
Авганистанецот Фархад Н. (25) е осуден на доживотна казна затвор поради нападот во Минхен во февруари 2025 година, кога со автомобил влетал меѓу мирни синдикални демонстранти и предизвикал трагедија во која загинале мајка и нејзиното двегодишно дете. Пресудата ја донесе Високиот регионален суд во Минхен, кој оцени дека станува збор за дело со особено тешка вина. Тоа значи дека осудениот најверојатно нема да има можност за условно ослободување ...
Шпанија се подготвува за нов обид на илјадници мигранти да стигнат до Сеута, откако разузнавачките служби заклучиле дека повиците на интернет за масовно преминување се целосно веродостојни, пренесе порталот Еурактив. Оваа нова акција е слична на онаа што се случи кон крајот на јули, но се чини дека е поинтензивна, со значително поголем број пораки што кружат на интернет, јавува локалниот медиум SER. Според извештаите, пораките што се шират ...
Околу 150.000 пријави за несакани реакции поврзани со лекови за слабеење се регистрирани во Велика Британија, покажува анализа на The Times, базирана на податоци од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Најголем број пријави се однесуваат на Mounjaro (тирзепатид) – 100.810, при што во 98 случаи е пријавен смртен исход. Кај Wegovy (семаглутид) се евидентирани 44.073 пријави и 37 смртни исходи, додека Saxenda ...
Денес пред точно 81 година, Америка го бомбардира јапонскиот град Хирошима со атомска бомба. Утрото на 6-ти август 1945 година, бомбата, која Американците ја нарекувале Little Boy (мало момче), беше „фрлена“ од авион, а само три дена подоцна, истата судбина го снајде и градот Нагасаки. Поради бомбардирањето, Јапонија официјално се предаде во Втората светска војна, на 2-ри септември истата година. Но, штетата што ја направија бомбите беше ...
Исчезнатиот германски турист, по кого грчката крајбрежна служба водеше обемна спасувачка акција од неделата попладне, е пронајден мртов во морскиот дел во близина на островот Сими, јавуваат медиумите од регионот. Тој бил дел од групата од осум лица кои се наоѓале на едрилица која пловела без контрола откако патничките ја напуштиле. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека телото било забележано и извлечено во утринските часови. „Вчера, ...
Литванската воена разузнавачка служба денеска објави дека има информации според кои Русија ја разгледува можноста за извршување напади врз критичната инфраструктура во балтичкиот регион, користејќи дронови произведени во Украина, со цел да ја прикрие одговорноста за какви било инциденти. Литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас ја потврди проценката, наведувајќи дека постојат разузнавачки информации кои укажуваат дека Москва размислува ...