Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Топлотниот бран ќе продолжи да ја зафаќа Македонија и во текот на оваа седмица, а екстремно високите температури ќе се задржат и до крајот на неделата. Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а во одредени делови од земјата ќе надмине и 40 степени Целзиусови. Разладување нема да има ниту во ноќните ...
Бројот на жртви во масовната инвазија на мигранти врз шпанската северноафриканска енклава Сеута достигна најмалку 72 лица, откако во неделата беа пронајдени уште пет тела на брегот, соопштија шпанските власти. Мароканското Министерство за внатрешни работи подоцна ги објави своите првични бројки за мигрантите кои загинаа обидувајќи се нелегално да стигнат до шпанската енклава Сеута од Мароко во последните денови. Според бројките, 11 лица ги ...
Врвот на западнонилската треска се очекува во август и првата половина на септември . 1 од 200 луѓе каснати од комарец носител на западнонилска треска развиваат тешка компликацијаИнфекцијата е доста тешка кога е зафатен централниот нервен систем, велат експертите. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, седум европски земји досега пријавиле случаи на западнонилска треска. Најголем број е регистриран во Италија, но случаи ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци. Вонредниот ...
Топол воздушен бран ќе ја задржи Македонија под силно сонце до крајот на следната седмица каде што температурата ќе достигне надne 40 степени. Најкритичниот период се очекува од среда, 5 август, а особено внимателни треба да бидат постарите лица, децата, бремените жени, хронично болните и работниците на отворено. Македонија влегува во подолг период на сончево и многу топло време, во кој секојдневните обврски, движењето низ градот, работата на ...
Борче Марковски, првообвинет во предметот за јавна набавка поврзана со дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, замина од Македонија преку граничниот премин „Табановце“ откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот. Бизнисменот Борче Марковски бил задржан за полициска проверка, но му било дозволено да ја премине границата бидејќи во системот немало активна мерка што го спречува да ја напушти државата. МВР ...
Големи шумски пожари сè уште беснеат во неколку делови од Грција, а најлоша е ситуацијата во јужниот дел на островот Крит, во областа Ретимно, каде што пожарникарите се борат со пожарот веќе втор ден, разгорен од силните ветрови. Поради налетите на ветер што достигнуваат до 10 бофорти, или околу 125 километри на час, хеликоптерите и другите авиони не се во можност да помогнат во гаснењето на пожарот. Иако се обидоа двапати да полетаат, не ...
Пари префрлани преку банкарска сметка по претходни договори на Вибер овозможиле студентка по стоматологија без потребното знаење да се стекне со Уверение за положен стручен испит за здравствени работници. Корупциската шема во високото образование и здравството била разоткриена кога истражителите влегоа во домовите на инволвираните, при што беше запленена огромна сума пари во различни валути – дури 65.280 евра, 29.840 франци и 161.500 денари. ...
Македонија од 5 август па во деновите потоа ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди. „Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето на многу места ќе надминуваат 35 степени, односно во поголем дел од ...
Австриската влада усвои нацрт-закон со кој ќе им забрани на децата и младите помлади од 14 години да користат социјални мрежи како TikTok, Instagram, Facebook, YouTube и Snapchat. Целта на мерката е да се заштитат најмладите од алгоритми што создаваат зависност, онлајн насилство, радикализација и штетни содржини. Австрискиот канцелар Кристијан Штокер изјави дека станува збор за „важен чекор за подобра заштита на децата и младите“, додавајќи ...
По долга и тешка борба за неговиот живот, срцето на Гоце Тодоровски престана да чука. Тажната вест ја соопшти неговата ќерка Сашенка Тодоровска, која со потресни зборови се прости од својот татко. „Лесна ти земја, татко мој… Душата не умира, а телото беше премногу истрошено. Сега летај со ангелите“, напиша таа, откривајќи дека лекарите направиле сè за да го спасат, но неговото срце не издржало. Со неговото заминување, Македонија не изгуби ...
Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 ...
Петмина планинари од Зеница загинаа додека се искачувале на планината Елбрус во Русија. Според медиумите од БиХ, жртвите биле докторката Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Двајца членови на експедицијата, Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ, ја преживеале несреќата. Босанските медиуми ја објавија и последната изјава на еден од паднатите планинари пред да замине на искачувањето. Заедно со фотографиите од ...
Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според неговите изјави, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни ...
Извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за анализите на водата во Гостивар, според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, покажува дека во два од четирите испитани примероци се пронајдени фекални колиформни бактерии, додека во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор. Доколку овие информации бидат официјално потврдени од надлежните институции, тие би можеле да укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Град Скопје доби пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, информираше Орце Ѓорѓиевски. На терен веднаш излегле инспекциските служби на Градот, а известени се и инспекторите од Министерството за животна средина. За детектирање на причинителот на оваа појава, градските инспекциски служби активирале и дрон. Екипи од ЈП „Водовод и канализација“ веќе зеле примероци од водата за брза анализа и утврдување на ...
Охрид повторно ја доби битката со времето, но не и со проблемите. Со поддршка од мнозинството земји-членки на Комитетот на УНЕСКО, донесена е одлука на регионот да му се даде рок од пет години, до 2031 година, за спроведување на клучните корективни мерки.Сепак, и покрај укажаната доверба, извештајот од Бусан испраќа сериозни забелешки. Експертите на УНЕСКО оценуваат дека напредокот во изминативе години е ограничен. Главните критики и понатаму ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во прва, историска официјална посета на нашата држава. По протоколарната церемонија и тет-а-тет средбата меѓу двете претседателки, се одржа и официјалниот пленарен состанок на македонската и индиската делегација, објави 4news.mk Фолкус на економијата, ...
Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот. Осомничени се вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за технички работи Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување ...
Во врска со загадувањето на водата во Гостивар, од Секторот за внатрешни Тетово денеска соопштија дека постојат основи на сомневање дека активности на Јавното претпријатие „Водовод“ и на Општина Гостивар довеле до загрозување на здравјето на граѓаните на градот. Според СВР Тетово, постојат сомневањата дека Јавното претпријатие „Водовод“ во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се ...
Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за предметот „Талир 2“ дури откако ќе ја добие и детално ќе ја анализира писмената верзија на судската одлука, рече државниот јавен обвинител Ненад Савески. Во одговор на новинарско прашање зошто Обвинителство не најави жалба, како што е практика при сите ослободителни пресуди, рече оти тој не бил лично присутен на усното образложение во судницата. „Не можам да ви ...
Откако денеска во полицискиот билтен се најде информација дека Британец бил уапсен поради попречување на службени дејствија на инспектори на Управата за јавни приходи, ТВ „Стар“ објави дека станувало збор за сопругот на Стојна Димитровска Боотх. Во нивната објава се вели дека тој со камења нападнал даночни контролори кај „Куклица“. Сопругот на Стојна Димитровска Боотх, која со својот татко Милош Димитровски се поврзува со спорот околу ...
Денеска во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година, бидејќи тие навидум минорни измени на Кривичниот законик, всушност, многу влијаеле на битието на кривичното дело. ...
Електричен тротинет од денеска не смеат да управуваат малолетни лица, согласно новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од денеска, со ова превозно средство ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, а на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од ...
Ново вознемирувачко видео од физичко насилство меѓу малолетници пристигна од Куманово. На снимката се гледа како три девојки брутално тепаат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид. Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично било објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера се обидела да го ...
Конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски во судскиот предмет „Плацеви на Водно“, ќе се продаваат на лицитации закажани на 29. јули во 9, 11 и 13 часот, објави Агенцијата за управување со одземен имот. Според огласот, сите станови кои се на иста адреса на Водно, имаат 200, 199 и 155 кавдарти. Сите имаат големи тераси, а во едниот има и џакузи. Почетната цена за првиот стан е 52,3 милиони денари, или 850.000 евра. Вториот е ...
САД воведоа нови санкции врз Иран, насочени кон главниот финансиер на новиот врховен водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, како и кон уште 13 други лица. Санкциите доаѓаат откако Иран продолжи со нападите врз танкери во Ормутскиот теснец. Мерките се насочени и кон иранскиот банкар и бизнисмен Али Ансари, со седиште во Дубаи, како и кон неколку компании и менувачници кои, според САД, помогнале во префрлање средства до санкционирани ирански ...