Обвинителката Анита Тополова Исајловска, едногласно, како единствен предложен кандидат, била избрана за вршител на должност Републички јавен обвинител, на денешнат седница на Советот на јавни обвинители , на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела даде оставка, непосредно пред да биде разрешен во Собранието. Тополова Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во ...

На автопатот Белград – Ниш, утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и е пренесено во блница, дознава Танјуг. Несреќата се случила кога автомобилот со германски регистарски таблички, излетал од патот и удрил во насипот. Српските медиуми пишуваат дека загинатите се маж и жена и дека се работи за македонски државјани, Според првичните информации тие од германија се враќале во Македонија за ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Осомничениот ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и ...

Скопското Основното јавно обвинителство отвори истрага против две лица за кои постои основано сомневање дека подолг период затајувале данок од бизнисот со златен накит. Истрагата е отворена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, а осомничените се товарат дека за период од пет години, односно од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, затаиле данок во вкупен износ од 64 924 298 денари или повеќе од еден милион евра, сума ...

Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието. За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето. „За ...

Екстремното загадување на воздухот последните денови предизвика надминување на прагот на алармирање за концентрации на ПМ10 кои во текот на два дена биле над 150 микрограми на кубен метар на пет локации во Скопје, Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Министерството за животна средина информира дека врз основа на податоците од Државниот мониторинг и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во главниот град ...

Трајно и задолжително одземање на возилата за најтешките сообраќајни прекршители предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа во Собранието. Со законските измени се воведуваат значително построги санкции за возачи кои управуваат пребрзо, под дејство на алкохол или дроги, особено доколку станува збор за лица кои и претходно биле осудувани за кривични дела против безбедноста во ...

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука. На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, ...

Смогот повторно се врати во Скопје. Главниот град деновиве е обвиткан во густа магла, а граѓаните се жалат дека сè потешко се дише, не само навечер, туку и во текот на целиот ден. Ситуацијата е слична и во другите градови, особено откако ноќните температури паднаа под нулата. Според апликацијата IQAir, Скопје утрово беше на 19-то место, а напладне се искачи на 15-то место меѓу најзагадените градови во светот. Во Европа, Скопје е второ по ...

Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот, вчера сам им се предал на органите на прогонот и бил изведен пред судија на претходна постапка. Пецов, кој е еден од обвинетите во случајот „Синџир“ беше недостапен за правосудните органи, а во отсуство му беше одредена мерка притвор. „Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љ. П. на кој од претходно, со решение на судот, му е ...

Новогодишната ноќ во Скопје ќе биде одбележана со настапи на врвни македонски музички имиња. На лице место ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Куку Леле, 2 Бона и други најавени артисти, кои ќе го забавуваат публиката со свои хитови и живи настапи. Покрај главните ѕвезди на македонската сцена, од општините на Скопје исто така се најавуваат свои програми за новогодишната вечер. Градските власти ...

Таткото и синот, Саџид и Навид Акрам, кои го извршиле терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, а околу 40 се повредени, биле на Филипините еден месец пред нападот, со цел да поминат „воена обука“, објавија австралиските медиуми, а пренесува и Би-би-си. И филипинската полиција започна истрага за нивниот престој во земјата. Двајцата напаѓачи отпатувале на Филипините на 1 ...

Почитувани граѓани Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа, денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Функција која што во изминатите нешто помалку од две години ја вршев чесно и достоинствено и од која заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски преку итен допис до Собранието поднесе оставка пред мнозинството да го разреши. Претходно, Владата достави предлог за разрешување на Коцевски, во кој како причини се наведуваат, како што се посочува, сторени сериозни професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети со што, според Владата, била повредена законската обврска ...

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која го означи фентанилот како оружје за масовно уништување, што ќе ѝ даде на владата дополнителна правна моќ во нејзината борба против нелегалната трговија со оваа синтетичка дрога. „Ниедна бомба не го прави ова, од 200.000 до 300.000 луѓе умираат секоја година, колку што знаеме“, кажа Трамп. Во извршната наредба се истакнуваат смртоносноста на дрогата и фактот дека транснационалните криминални групи, ...

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место. -Апелациониот суд Скопје во ...

Австралија најави дека ќе ги заостри законите за оружје откако татко и син убија 15 луѓе во вчерашниот напад на популарната плажа Бонди во Сиднеј за време на еврејска прослава за празникот Ханука. Тие се идентификувани како 50-годишниот Саџид Акрам, кој беше убиен на самото место и неговиот 25-годишен син Навид, кој е во болница во критична состојба. Министерот за внатрешни работи Тони Берк кажа дека Саџид дошол во Австралија во 1998 со ...

Американскиот режисер Роб Рајнер, автор на некои од највлијателните филмови во современата холивудска историја, е пронајден мртов во неделата попладне во неговиот дом во Брентвуд, Лос Анџелес, заедно со сопругата Мишел Сингер. Тој беше на возраст од 78 години, пишува „Дедлајн“. Како што соопшти Полициската управа на Лос Анџелес, смртните случаи се истражуваат како убиство, а според првичните информации, брачниот пар бил избоден до смрт. „Со ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е ...

Франција е победник на 23 издание на „Јуниор Евросонг“, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место. Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас. Победникот Франција со песната „Овој свет“ (Ce Monde) освои 152 гласа од жирито и 96 од публиката. На второ место беше Украина со вкупни 177 гласа, а ...

Утрово од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпејца – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со ...

Црна Гора повторно доби ладен туш од Париз во момент кога во Подгорица се броеја денови до новиот „европски исчекор“. Наместо симболичен пакет од пет затворени поглавја и силен политички сигнал дека е најнапредна земја од регионот на пат кон ЕУ, Франција ненадејно го сопре затворањето на две клучни области – земјоделството и рибарството – и испрати порака дека пристапниот маратон ќе продолжи по потешка патека. Според дипломатски извори од ...

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, која беше осудена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна, на почетокот на неделата добила условен отпуст и го напуштила затворот „Идризово“, пренесе Сдк.мк. Директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски ја потврдил информацијата и изјави оти таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од ...

Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година потврдиле од Министерството за внатрешни работи за порталот „360 степени“. Тестирањето на мрежата од камери и системот за препознавање на регистарски таблички веќе е во тек во Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10. Првично беше најавено дека казните ќе стартуваат на 1 јануари, но по периодот ...

Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсено лицето кое синоќа насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш откако била добиената пријава. МВР соопшти дека Александар Митовски, водител на емисија на порталот Инфомакс, во СВР Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето ...

Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот ...

Проблемите со корупцијата на највисоко ниво произлегуваат пред сè од состојбите во правосудниот систем, изјави денеска вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски прашања за време на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“. Тој нагласи дека токму затоа е покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. „Мислам дека целиот ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
53%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.93
81%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
75%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
35%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
57%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
89%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65