Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојува во Брисел, каде што ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија за 2026 година, организиран од Euronews. На собирот ќе присуствуваат високи претставници од европските институции и политички лидери од регионот. Разговорите на самитот ќе бидат насочени кон иднината на европското проширување, напредокот на земјите кандидатки кон членство во Унијата, како и можностите за ...
Голема полициска акција против организирана криминална група утрово се спроведува во Куманово, дознава Плусинфо. Засиленото присуство на полициски специјалци на улиците во градот е дел од операцијата на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, насочена кон разоткривање група составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена. Според информациите до кои дојде Плусинфо, оваа ...
Дел од слабостите нотирани во денеска објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, за работата и состојбите во Дирекцијата за заштита и спасување се значително намалени со измените во Законот за управување со кризи, уверува директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Слабостите на Системот за управување со кризи, заштита и спасување на кои укажува ДЗР во суштина се’ слабости на кои укажував како директор на ЦУК но и сега како директор на ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа тројански коњ својот коалициски партнер Вреди, обвинувајќи го дека одработил во корист на ДУИ на изборите во Брвеница, каде што победи Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ. Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што ...
Шест лица загинаа при уривањето на станбена зграда во центарот на Атина поради засега необјаснета експлозија, пишува Би-Би-Си. Меѓу нив е и еден граѓанин на Велика Британија Триесет пожарникари со три кучиња трагачи учествуваат во спасувачката операција. Спасувачите користат специјализирани уреди за откривање звуци во урнатините и ендоскопски камери. Експлозијата се случи вчера, петок, околу 7,30 часот наутро, предизвикувајќи голема штета на ...
Руските сили ноќеска извршија масовен комбиниран напад врз Киев со балистички ракети и беспилотни летала, при што загинаа најмалку две жени, а петмина жители се повредени. Нападот предизвика серија пожари на цивилни објекти и делумен прекин на снабдувањето со електрична енергија. Градоначалникот Виталиј Кличко и Државната служба за вонредни состојби на Украина потврдија дека ударите оштетиле десетина домови во повеќе градски четврти. Првите ...
Пресудата на Хашкиот трибунал против поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) мора целосно да се почитува, изјави од Приштина претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа додаде и дека никој и ништо не може да ја промени историјата на Косово и косовскиот народ. „Пресудата на Специјализираните совети предизвика силни емоции. Ја ценам вашата одмерена реакција, како и реакцијата на политичките лидери кои ...
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден состанок на безбедносните служби по нападот со дронови врз два цивилни брода во Црното Море. Инцидентот се случил околу три часот по полноќ во бугарската исклучителна економска зона, на околу 70 милји источно од крајбрежниот град Бјала. Едниот брод под знамето на Того веднаш потонал, додека вториот претрпел пожар, по што следела итна спасувачка операција за морнарите. Нападот се случил на ...
Косовското собрание ја избра Јустина Широка-Пула за нова претседателка на Косово, со што таа стана првата личност од католичка вероисповед на оваа функција во земја во која повеќе од 93 проценти од населението се изјаснува како муслиманско. Широка-Пула беше избрана во раните утрински часови со 81 глас во 120-членото собрание, непосредно пред истекот на уставниот рок. Нејзиниот избор спречи распишување нови предвремени парламентарни избори. ...
Откако Нобеловиот комитет објави дека јужноафриканската адвокатка Нави Пилај е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, се појавија и првите снимки од нејзината реакција. Нави Пилај – на која Норвешкиот Нобелов комитет ѝ ја додели Нобеловата награда за мир за 2026 година поради нејзиниот долгогодишен придонес кон меѓународното право и гонењето на воени злосторства – не пропушти прилика да се пошегува на сметка на Доналд Трамп. ...
лбанскиот премиер Еди Рама, реагираше по протестот на студентите во Тирана, тврдејќи дека во нивната организација се вмешани надворешни фактори. Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите. Тој се обрати јавно со еден од запалените објекти во центарот на Тирана во заднина и обвини дека зад случувањата не стојат студентите и дека оние што се кријат зад овој хаос ги загрозуваат ...
Набљудувачката мисија „Црта“, соопшти дека, заклучно со 10:00 часот, излезноста на гласачите на вонредните парламентарни избори во Србија изнесувала 19,8 отсто. Во истиот период за време на претходните парламентарни избори во 2023 година, излезноста изнесувала 9,8 отсто. Според мисијата, избирачките места низ Србија се отвориле главно навреме, при што пред нив се создале забележливи редици. „На 16 отсто од избирачките места, отворањето ...
Најмалку 39 лица загинале во судирот на два брзи воза во шпанската провинција Толедо, соопштиле локалните власти за „Скај њуз“. Несреќата се случила нешто по 9 часот по локално време, меѓу местата Лос Јебенес и Урда, јужно од Мадрид. Според шпанскиот управител на железничката инфраструктура Адиф, еден воз удрил во задниот дел на друг, објави 4news.mk По судирот е прекинат сообраќајот на брзата железничка линија Мадрид–Андалузија. „Ел Паис“, ...
Четири лица беа уапсени синоќа во Варшава за време на инцидентите што се случија пред зградата на Уставниот суд, а полициски кордон продолжува да ја обезбедува областа околу зградата на оваа правосудна институција. Како што пренесува Њузмакс Полска, три лица упаднале на имотот на Уставниот суд, прескокнувајќи ја оградата, а четвртото лице е уапсено поради навреда на полицаец. Политичарите и граѓаните собрани пред зградата на судот синоќа, ...
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Со одлуката, Вишото ...
Најмалку шест бугарски пратеници ќе присуствуваат на рочиштето закажано во Основниот суд во Кочани, каде денеска (31-ви август) треба да продолжи судењето против Ива Михаилова од Кочани, која има двојно државјанство – македонско и бугарско. Таа е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа ...
Поранешниот прв вицепремиер и висок ексфункционер на ДУИ, Артан Груби, не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот „Државна лотарија“. Поранешниот прв вицепремиер и висок ексфункционер на ДУИ, Артан Груби, не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот „Државна лотарија“. На денешното рочиште јавните обвинители го читаа обвинителниот предлог, наведувајќи за што точно се товарат Бјрами, Груби ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи. Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во ...
Додека екс градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е во болница бидејќи вчера му била извршена трета операција, стигна информација дека против него е поднесена нова кривична пријава. -Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б. за четири кривични дела „злоупотреба на ...
Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно осуден на две години затвор, но казната нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Пресудата е донесена откако Пецов признал вина на 24 август 2026 година, а бидејќи ниту една од странките не поднела жалба, таа станала правосилна на 21 септември. Покрај условната затворска казна, на Пецов му е изречена и парична казна од 8.000 евра. Со пресудата му е изречена ...
Јавното обвинителство достави негативно мислење до Кривичниот суд за гаранцијата што ја понуди првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, газдата на кочанската дискотека Дејан Јованов Деко, затоа што понудениот имот со гаранцијата се состои од плевни, шупи, објекти што се предмет на извршување или дивоградби. „Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се ...
Денес, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ заминуваме во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети. Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие ...
Природонаучен музеј прослави 100 години постоење , работа, истражување. Во преполната сала на МНТ , гостите можеа да го видат краткиот документарен филм на Македонската телевизија во режија на Перо Попов. Документарецот е предвидено да биде емитуван на македонската телевизија. Пред емитувањето директорот на институцијата Ивица Закаров , министерот за култура и туризам кажаа дека оваа институција слави дел од мигот на природата. Тој миг е 100 ...
Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да предизвика бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство. По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на бубрег. Алпортовиот синдром е ретко генетско заболување ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Поради зголемен ризик од избувнување шумски пожари, од денеска, недела (23 август), во одредени шумски подрачја на Халкидики ќе биде забрането движењето на пешаци и возила. Забраната ќе важи од 08:00 до 20:00 часот. Одлуката ја донел заменик-гувернерот на областа Халкидики, Јоанис Куфидис, врз основа на дневната карта за проценка на опасноста од пожари и препораките на надлежните служби. Забраната се однесува на одредени подрачја во општините ...
Писателката Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување. Нејзините колумни беа широко познати, а во една од нив од пред неколку месеци, Рудан отворено пишуваше за односите во нејзиното семејство, сопствената дијагноза и одлуките околу нејзиниот имот и погреб. Во текстот, таа без задршка се осврнува на соочувањето со болеста, комуникацијата со блиските и одлуката на синот да не му остави ништо, ниту да му дозволи ...
Градот Скопје продолжува со активностите за сузбивање на комарците, а вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона. Станува збор за теренски третман на подрачјето на главниот град. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека активностите ќе продолжат и во наредните денови, објави 4news.mk Според најавата, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на ...
оради планирани технички интервенции, приклучување на нови водоводни линии и санирање на улични дефекти, жителите на неколку скопски населби се соочуваат со привремен прекин во водоснабдувањето и испораката на електрична енергија, соопштуваат надлежните јавни претпријатија и институции. Интервенции на водоводната мрежа во Чаир, Бутел и Топанско Поле Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираат дека на терен се изведуваат активности за ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...