
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Националната опера и балет имаше исклучително претставување пред софиската публика со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди синоќа на сцената на Националната опера и балет во Софија, Бугарија. Аплаузи на отворена сцена, овации по завршувањето на оперската претстава добија учесниците од ансамблот на нашата Опера. Големо медиумско внимание во бугарските медиуми доби овој настан. Ова е возвратна посета на нашата Опера по гостувањето ...
Цените во маркетите постојано растат, а особено високи се тие на зеленчукот и овошјето што не е карактеристично за месец септември. Доматите достигнаа цена и до 130 денари, пиперките за ајвар 80 денари, краставиците 70-80 денари. Цената на грозјето се движи меѓу 80 и 130 денари, пиперките 60 денари, а слични се цените и на пазарите. Владата најави мерка дека ќе поевтинат над 100 производи, но таа уште се разгледува, наредната недела би се нашла ...
Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија, затоа очекувам овој дијалог да придонесе кон наше културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка и туризмот. Ова денесака го изјави бугарскиот претседател Румен Радев при негова посета на авиобаза, а пред да ја оствари предвидената средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета во Софија. Како што пренесува ...
Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата. Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, ...
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер на патот Гостивар-Кичево. Како што пренесуваат дел од медиумите, еден од загинатите бил сопственик на синџир аптеки додека пак другиот бил часовничар. Возачот на возилото марка „БМВ“, Б.Х. починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Т.Р. не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. „Синоќа во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на ...
Да се вклучат странски експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ во работата на Историската комисија со Бугарија побараа денеска нејзините поранешни членови, кои Владата завчера ги смени. Тие сметаат дека само така ќе се тргнат политичките влијанија од работата на Комисијата. Во отвореното писмо до јавноста, поранешните членови велат дека комисијата била постојана мета на политички напади. Наместо да помогне во надминување на проблемите ...
Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да ...
Судскиот совет на Република Северна Македонија одржа јавна расправа во врска со постапка иницирана по поднесени барања за одговорност на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев. На седницата, не присуствуваше судијата Нанев, иако барал од Судскиот совет да биде јавна, за да може јавно да се произнесе по наводите. Претседателката на Комисијата Лорета Георгиева информира дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари, но до започнување на ...
Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководството на министерството. Тој напомена дека народот ќе слушне и види како работел екс министерот Љупчо Николовски. Трипуновски напомена дека одредени правни лица надвор од сите прописи земале државни пари. Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен тетовец со непријавено престојувалиште во Скопје, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот ...
На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител. ...
Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше, зафаќајќи ја линијата на огнот над 20 километри. Потребата од повеќе човечки ...
Во следниот период Министерството за внатрешни работи (МВР) преку кампања ќе ги повикува граѓаните што не ги обновиле возачките дозволи со новото име, да го сторат тоа, зашто старите ќе важат до крајот на годината. Ова денеска го изјави Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, по посетата на пунктот за промена на личните документи „Пролет“ во Скопје, посочувајќи дека досега околу 750 илјади возачки дозволи се издани согласно одредбите од ...
Преку писмено соопштение, попладнево од Град Скопје велат оти јавниот превоз во главниот град функционира нормално. И автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на приватните превозници, како што додаваат од Градот, во моментов го опслужуваат јавниот градски превоз. „Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспроти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови тешкотии за граѓаните на градот ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што велат од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција рече дека почнуваат со обелоденување на скандалот „Бисера Антоанета“ (алузија ...
Лидерот на грчката опозициска Сириза, Стефанос Каселакис повторно е топ тема во Грција. Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, тој со неговиот сопруг американецот Тејлор Макбет изминативе четири дена правеа свадбена веселба на островот Крит. Тие пред неколку месеци склучија брак во САД, пред Грција да ги легализира истополовите бракови. Грчките медиуми и покрај тоа што немаа пристап до веселбата објавија бројни детали, но и фотографии. ...
Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, што се наоѓа на врвот на Водно, утринава избил пожар, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита веќе се упатени на терен. На пожарот интервенирале седум скопски пожарникари со две возила кои, како што вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, успеале да го изгаснат. На пожарникарите ...
Нападот со нож се случил синоќа околу 19:40 часот во автобус со најмалку 40 патници, кој одел на градска прослава во Зиген. Полицијата ја уапсила напаѓачката, а истражните органи засега не сметаат дека станува збор за терористички напад. Осомничената е Германка, која според информациите на агенцијата ДПА боледува од психички болести и отпорано ѝ била позната на полицијата. Таа со нож нападнала шест лица. Тројца се уште се во животна опасност, ...
Следниот месец ќе се ревидира проектот за изградба на автопат од Скопје до Блаце, најави вчера министерот за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека од предвидените 14 километри, изградени се само два, а за преостанатите 12 километри техничката документација е речиси невозможна. -Трасата оди низ планина шест километри и ако ова е изводливо, тогаш ќе чини многу повеќе од предвиденото, рече тој. Денеска за автопатот се огласи и неговата ...
Не треба во недоглед да бараме кривица во кого било за состојбите во Град Скопје, кривицата на крајот на денот е во менаџерот кој добил шанса од граѓаните да направи нешто за својот град и за своите граѓани. Верувам дека ќе смогне сили и ќе најде начин Арсовска да се надмине себеси и својата суета и конечно да поднесе оставка на функцијата градоначалник на Град Скопје што ќе биде добро за нејзе, но пред се за сите скопјани, порача претседателот ...
На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска и утре се врши пријавување за првиот рок за упис на студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година. Процесот се одвива на 23 факултети што се во состав на најстариот и најголемиот универзитет во земјава, каде што се слободни вкупно 9 921 места за нови студенти, од кои 4 761 за редовни студенти кои се финансираат од буџетот, 4 210 за редовни со школарина и 950 за ...
Брзата интервенција на охридските полицајци и пожарникари спречила пожар но и можна голема хаварија, откако е згаснат оган близу Охридскиот аеродром каде што е фатен човек со две канти бензин. Вчера на 24.08. 2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегле на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замоли советниците во Градот Скопје од редовите на неговата партија да ги поддржат програмите, како што бара градоначалничката Данела Арсовска. Според Мицкоски, дури и ако програмите се изгласаат, во главниот град нема да се смени ништо. „Ги слушнав тие пораки дека не се гласале програмите, кочеле овие, кочеле оние. Како претседател на ...
Скандалозно дојде, скандалозно си замина. Контроверзниот амбасадор Љубомир Фрчкоски, откако се соочи со можно разрешување, во улога на жртва реши сам да си даде оставка од позицијата во Обединетите нации. Оставката ја депонирал до Mинистерството за надворешни работи и надворешна трговија, и до претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Од нејзиниот кабинет потврдија дека ја примиле оставката. Засега, Фрчковски не ги соопшил причините, ниту пак ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет во врска со назначувањето на новиот началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Сашко Лафчиски, изјави за „360 степени“ претседателката на Комисијата Татјана Димитровска. „Имаме отворено предмет и тој е распореден кај член. Стигната е претставка и отпочната е постапка за обезбедување документи за проверка на наводите“,изјави Димитровска. Имено, само неколку часа ...
Мехемед Вукалиќ, чуварот на училиштето во Сански Мост, со автоматска пушка ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. На крајот и тој се застрелал и со тешки физички повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука. Како што пишуваат медиумите во БиХ, мотивот за тројното убиство е тоа што на Вукалиќ претходно му се водела дисциплинска постапка, а убиените ...
Два часа по убиството кај Мавровка, Министерството за внатрешни работи излезе со детали. Како што информираат оттаму досега се приведени две лица. „Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко ...
СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на ...
Момчето што управувало со автомобилот се здобило со тешки телесни повреди од кои подоцна починало во болница. Повреден, исто така, е и малолетниот сопатник во автомобилот. Во несреќата учествувал и автобус на ЈСП „Скопје“, како и уште еден автомобил, а возачот избегал од местото на несреќата. Седумнаесетгодишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа во која, покрај автомобилот што го управувало, учествувале и автобус на ЈСП „Скопје“ и уште ...
Веќе неколку дена не стивнуваат пожарите на планината Стогово, непосредно над мијачкото село Гари На социјалните мрежи се шират повици до надлежните веднаш да интервенираат на планината Стогово каде веќе два дена беснеат пожари. Огнот, според фотографиите објавени утрово, се многу блиску до селото Гари. Дел од медиумите ја пренесуваат изјавата на Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, кој потврдил дека ...