Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател. Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година. Одлуката дојде откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се приклучија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, со што го пробија прагот од две третини ...

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, ни одговорија од МВР за Телма. Нредбата ја побарало МВР за да собере докази за евентуално криивчно дело. Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата: – епицентарот на првиот земјотрес е 76 км ...

Ексдиректорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во вчерашната акција „Адитив“, не е достапен за домашните органи на прогон, но полицијата ќе стори сè што е рамките на нејзините надлежности тој да биде изведен пред лицето на правдата. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите во јавноста во ...

Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. -Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од ...

Најмалку десетина луѓе се уапсени поврзани со РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино при денешната акција на Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР е наведено дека во тек е полициска акција и дека позавршувањето на истатата ќе бидат соопштени детали. Истрагата ја води Обвинителството за борба против организиран криминал и оттаму велат дека детали ќе соопштат во текот на денот. Истрагата опфаќа 25 субјекти од кои 23 се ...

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ...

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) треба да се состане на вонредна седница за ситуацијата во Сирија на 9 декември по соборувањето на бруталниот режим на долгогодишниот претседател Башар ал Асад и падот на Дамаск во рацете на бунтовниците предводени од исламистите. Вонредната седница, свикана од Русија, според Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на земјата во Обединетите нации, ќе се одржи зад затворени врати ...

Дете на возраст од 14 години и двајца возрасни денеска се пронајдени мртви во неготинското село Црвени Брегови. Тие се најдени починати во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект. Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село ...

„Сите деца се исти“, рекоа кантавторката Мијата и Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје, на промоцијата на инклузивната песна „Гуш и бац“ вчера (7 декември) во Кинотеката. Песната беше промовирана на фестивалот „Златно славејче“ во ноември. „Ова е трета песна посветена на децата со атипичен развој, за зголемување на свеста, за почитување и инклузија, прва песна во соработка со Мијата и Весна Малинова која ги напиша овие ...

Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, откако во последните денови започнаа молскавична офанзива која брзо напредуваше низ земјата. Видеа што кружат на социјалните мрежи ги прикажуваат бунтовниците во дворот на претседателската палата и на влезните порти. „Дамаск сега е ослободен од Асад“, објавија бунтовниците на социјалните мрежи на 8 декември, мислејќи на претседателот на Сирија, Башар ал – Асад, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг ...

По долги пет години реставрација, иконата Нотр Дам во Париз повторно ќе ги отвори вратите за туристите на 8 декември, на празникот на Безгрешното зачнување. Повторното отворање означува значаен момент во раскошната историја на катедралата, бидејќи таа се издигнува од пепелта на разорниот пожар што речиси ја уништи во април 2019 година. Средновековната катедрала стара 860 години, симбол и на Франција и на Париз, е прецизно реставрирана, со нов ...

Мажот од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги уби братот и снаата, доби 20 години затвор, информираа од Јавното обвинителство. Осудениот Љ.К. кој е на возраст од 67 години, по вербална расправија со метална шипка ја удирал прво жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи ...

Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против 32 годишната жена која се обидела да ја лиши од живот својата мајка, со која живеела во заеднички дом. Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 10 септември годинава, во семејната куќа во Кавадарци. „Обвинетата, додека жртвата спиела, ја удрила со чекан повеќе пати во главата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот и го прекинала делото“, соопштуваат ...

9- годишно дете се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, а 70 годишна жена починала на самото место по пад од балкон синоќа во скопската населба Кисела вода, објави Канал 5 телевизија. Од МВР за Канал 5 го потврдуваат настанот, но не даваат детали во интерес на истрагата. Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно. Детето е во стабилна состојба, но има повреди ...

Претпладнево во Вараждин започна распит на родителите на двете бебиња чии тела беа пронајдени закопани во дворот на нивната семејна куќа во Општина Љубешчица, изјави Дарко Галиќ, заменик на жупанискиот државен обвинител. Телата на закопаните бебиња беа пронајдени синоќа, откако полициската управа Вараждин добила дојава за сомнеж за сторено кривично дело „повреда на права на дете“. Како што е утврдено со истрагата, бебињата се најдени во шума во ...

Новинската агенција Reuters објави информација за потенцијалниот мировен план за Украина што треба на Киев и Москва да им го претстави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Reuters собра информации за мировниот план од интервјуа со неколку луѓе блиски до Трамп и изјави од неговите советници и јавно и приватно. Предлозите на тројцата клучни советници, пратеникот на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, споделуваат некои елементи, ...

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство. -Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство ...

Учениците од прво до четврто одделение од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Причина за оваа одлука е бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение. Родителите на учениците во ова училиште организираа бојкот, а одлуката беше донесена од Советот на родители. Тие посочуваат дека се плашат дека насилното однесување на ученикот ќе се ...

Коалицијата Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември оваа година организира протестен марш за чист воздух. Како што соопштија, маршот ќе започне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и ќе заврши пред Владата. – Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност ...

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде неотповиклива оставка. Дамева, својата оставка ја објави на прес конференција во Советот каде ќе ги образложи причините за оставката. Дамева беше избрана за претседател на Судскиот Совет на 5-ти декември 2022-ра година. Мандатот претседателот на Советот трае две години. Но, со мандатот на Дамева не течеше се мазно бидејќи лани во април, во незаконска постапка беше разрешена. Управниот суд ...

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша помилување на неговиот син Хантер, кој чекаше изрекување казни во случаите за нелегално поседување на огнено оружје и за затајување на данок. „Ниту една разумна личност која гледа на фактите во случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен овој – Хантер е издвоен исклучиво затоа што е мој син и тоа е погрешно“, изјави доцна синоќа Бајден, споменувајќи ја „правосудната грешка“, иако во ...

Денеска во утринските часови во Куманово изгоре автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. Според првите неофицијални информации, лица кои ги користеле уреди за блокирање камери се сомневаат дека инцидентот бил извршен со намера, за да се избегне снимањето на случката. Пожарот зафати голем дел од возилото, а пожарникарите брзо реагирале и го изгасиле огнот. Во моментов се спроведува истрага за да се откријат причините за пожарот и евентуалната ...

Соединетите Држави го прекинаа своето стратешко партнерство со Грузија во саботата, осудувајќи ја одлуката на земјата да ги суспендира на четири години напорите за пристапување во Европската унија и невидените протести против потегот. „Одлуката на Грузискиот сон да го суспендира процесот на пристапување на Грузија во ЕУ е во спротивност со ветувањето на грузискиот народ содржано во неговиот устав дека ќе продолжи со целосна интеграција во ...

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово. Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. ...

Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности, велат во соопштение од Алијанса за Албанците. „Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде ...

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не објавува конкретно дали станува збор за срцев удар. „Почитувани и исто толку драги, Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите ...

Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска направи нов пресврт во процесот, велејќи дека писмената изјава што ја достави на минатото рочиште била напишана под притисок на главниот осомничен Љупчо Палевски. Во таа изјава напишана рачно стоеше дека Палевски во деновите на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски бил во патријата Десна кадешто спиел, па според тоа не можел да биде убиец. И дека ...

Имало ли протоколарни пропусти од страна на затворската полиција при спроведувањето на обвинетите Љупчо Палевски и Влатко Кешишев од затворот во Шутка до Кривичниот суд? Ова прашање се отвори откако Влатко Кешишев, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, до судот достави своерачно потпишана изјава, во која го амнестираше Палевски од одговорност, тврдејќи во изјавата дека Палевски воопшто не ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
10.29
60%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
9.26
43%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
12.22
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1021
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
7.2
54%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
38%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
57%
1016
Currency

61.535

Currency

56.0037

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61