СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16:00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ...

Порталот 4News објави видео од безбедносна камера која, според нив, го прикажува моментот на експлозијата на експлозивна направа во дворот на домот на Раде Трајковски-Штекли. На снимката се гледа лице кое се движи низ дворот со куче. Во моментот кога излегува од портата, на видеото се забележува чад. Времето на камерата е означено како 9:16 часот, а датумот е 14 ноември 2024 година. Експлозијата се случила пред неколку дена во скопската населба ...

Скопје утринава се најде на седмата позиција во топ 10 листата од градови со најголемо аерозагадување според податоците на Ај Кју Еар со индекс на загаденост од 158. Главниот загадувач се ПМ 2,5 честичките, чии концентрации се 65,2 микрограми на кубен метар, додека концентрацијата на ПМ 10 честичките е 84,4 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје е 13 пати повисока од годишната вредност што ја препорачува Светската ...

Началникот на литванската полиција денеска изјави на прес конференција дека не може да се исклучи терористички напад како причина поради која товарен авион се урна рано утрото во близина на аеродромот во Вилнус. „Тоа е една од верзиите што треба да се истражи и да се потврди. Има уште многу работа пред нас“, рече Арунас Паулаускас на прес-конференција. Шефот на литванската спасувачка служба Ренатас Пожела на прес-конференција изјави дека авионот ...

Министерот за градежништво на Србија во оставка Горан Весиќ, кој беше уапсен за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад во притвор. Неговата здравствена состојба барала интервенција на брза помош. Вкупно 12 уапсени лица поврзани со трагичниот настан на железничката станица се во притвор. 48-часовниот притвор истекува утре во 11 часот, кога сите треба да бидат изведени пред обвинител. Според неофицијални ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера издаде потерници по Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната, како и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри, за воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа. Орбан, чија земја претседава со ЕУ во шестмесечен циклус, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води преговори во Унгарија „со соодветна безбедност“. ...

Одреден број на имиња се разгледуваат кои евентуално би се нашле на таканаречената „црна листа“, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер за време на отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан. А кога тоа би се случило зависи од Вашингтон. „Листата е многу динамична, постојано имиња се разгледуваат и се дискутираат. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве уверувам дека ...

Со сведочење на Ерол Османи, сведок на Обвинителство, во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Османи рече дека со Палевски се познавале од времето кога тој издавал весник, а тој бил повикан да помогне во издавањето. Рече дека со Палчо останале пријатели и по затворањето на весникот, а дека во 2011-2012 година од него имал земено котел за греење и комуникацијата ...

Македонската поранешна министерка за одбрана Радмила Шекеринска е именувана за заменик генерален секретар на НАТО, соопшти пред малку Алијансата. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе ...

Ања е петнаесеттата жртва во несреќата од Нови Сад, две посериозно повредени се во болница… Младата кошаркарка и ученичка на кинески јазик, Ања Радоњиќ од Параќин, почина вчера во спортскиот центар Војодина по 17 дена борба. Таа се здобила со сериозни повреди при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, од која не можела да се опорави. Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа. ...

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од вчера е затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираа од ЈП Македонијапат. Истовремено, од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година, потсетуваат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се повикуваат да ја почитуваат оваа ...

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар пренесува Курир. Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот. „Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. ...

Лицето што беше повредено при денешната експлозија во скопска Ќерамидница е надвор од животна опасност, вели Небојша Настов, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во изјава за „360 степени“. „Лицето е стабилно и е надвор од животна опасност. Има изгореници, и сè уште се прават испитувања. Ќе му биде предложено да биде задржан на лекување“,вели Настов. Лицето е повредено денеска околу 9:20 часот кога во двор ...

Скопските таксисти бараат зголемување на цените за такси превоз во главниот град, со предлог почетната цена да биде 60 денари, додека цената по километар да изнесува 35 денари. Тие, исто така, предлагаат тарифа за чекање од 480 денари на час. Барањето е базирано на зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување, при што ценовникот не е променет повеќе од 11 години. Градскиот совет на Скопје има усвоено три различни тарифи за такси ...

На денешното рочиште, Кристијан Плотников, член и еден од основачите на политичката партија „Десна“, сведочеше за односот на Љупчо Палевски – Палчо со оружјето што го поседувал, истакнувајќи дека тој секогаш го носел пиштолот за лична безбедност. „Палчо си го носеше пиштолот со себе ради лична безбедност. Откако тој беше нападнат пред својата куќа. Мислам дека беше нападнат во периодот на короната,“ изјави Плотников. Сведокот посочи дека ...

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица. Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до ...

За 23-годишен битолчанец определена е мерка притвор бидејќи е осомничен за две кривични дела – полов напад и силување, информираат од Основното јавно обвинителство Битола од каде додаваат дека за лицето веќе има поведено постапка. Битолчанецот, како што информираат од Обвинителството, во два наврати полово нападнал две млади девојки. Првиот случај бил на 9 септември, а вториот на 7 ноември годинава. Во двата случаи битолчанецот полово ги ...

Трамп засега има освоено 276 од потребните 270 електорски гласа. Во секоја држава што преброила најголем дел од своите гласови, Трамп ги подобри своите перформанси од 2020 година, објави Њујорк тајмс. Конечниот исход од претседателските избори во САД го одредуваат електорските гласови дадени од членовите на Електорскиот колегиум. Има вкупно 538 електорски гласови и кандидатот мора да освои најмалку 270 за да биде избран. Рано утрово, Трамп ги ...

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд. Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години. Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од ...

Денес, на последниот ден пред екстремно блиските претседателски избори во САД, Доналд Трамп и Камала Харис објавија победи додека ги одржаа последните митинзи во Пенсилванија и други држави кои се сметаат за клучни за овие избори. Кампањата доживеа вртоглави пресврти: два обиди за атентат и кривично дело осудено на републиканскиот поранешен претседател Трамп и изненадувачката номинација на демократскиот потпретседател Харис откако претседателот ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилуваше десет осуденици од кои на тројца извршувањето на затворската казна им се заменува со условна додека на останатите седуммина со одлуката им се скратува времетраењето на казната. Нејзината одлука е објавена во Службен весник на 22 октомври, каде не се наведени информациите за кривичните дела. Меѓу помилуваните има и лица кои беа осудени во познати случаи во јавноста. Еден од нив е поранешниот ...

На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Твореше на деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по внесувањето на првиот градски лик – Зоки Поки, во македонската литература. Работниот век во помина во јавниот сервис – МРТВ како уредничка и драматург. Па, од таму и нејзиното авторство на повеќе куклени и играни серии за деца. Таа е автор на 30- тина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. За ...

Дванаесеттемина планинари за кои вчера било пријавено дека се изгубени во планинскиот предел на Шар Планина доцна синоќа биле пронајдени, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дека со планинарите не може да се воспостави контакт било пријавено вчера во 21:35 часот на единствениот повикувачки број 112. Последната локација, како што информирал пријавителот, на која биле регистрирани планинарите била во месноста Три Чешми во ...

Вулканот Лаки-Лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени камења. Властите во Индонезија го подигнаа статусот на опасност на вулканот на највисоко ниво. „По ерупцијата дојде и до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд придружен со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот“, ...

Најмалку 51 лице загина во поплавите што во вторникот го зафатија источниот шпански регион Валенсија, откако дождот ги остави патиштата и градовите под вода, соопштија во средата локалните власти. Спасувачите успеаја да спасат неколку луѓе, а итните служби се обидуваат да стигнат до најтешко погодените области. Карлос Мазон, регионален лидер на Валенсија, рече дека некои луѓе останале изолирани на недостапни локации. „Ако (услугите за итни ...

Откако испрати писма до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, во кои изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска такво слично писмо испратил и до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во писмото, кое интегрално го пренесоа од ДУИ, партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд за „укинување на ...

Од утре во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Тоа значи дека стрелките на часовникот во три часот, ќе се поместат на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Изминатите години имаше иницијативи за прекин на праксата за ...

Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна. Очигледно оваа мерка ги штити трговците, а не граѓаните. Ова денеска го соопшти портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Богданка Кузеска, посочувајќи дека се покажа дека голем дел од цените се намалени, некои минимално, а цените на одредени производи дури и се зголемени. „Оваа мерка се ...

МВР денеска излезе со детали поврзани со вчерашното пукање во Арачиново каде беше застрелано едно лице „Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, велат од МВР. Од она што го посочуваат од МВР е дека застреланото лице Ќ.Д. било повикано од друго лице да излезе пред влезната врата на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
10.29
60%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
9.26
43%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
12.22
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1021
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
7.2
54%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
38%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
57%
1016
Currency

61.535

Currency

56.0037

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61