Јавното обвинителство достави негативно мислење до Кривичниот суд за гаранцијата што ја понуди првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, газдата на кочанската дискотека Дејан Јованов Деко, затоа што понудениот имот со гаранцијата се состои од плевни, шупи, објекти што се предмет на извршување или дивоградби. „Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се ...
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната. На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. ...

