Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно ...
Стрелец на убав гол, двоен асистент и погодена пречка по еден мајсторски шут, секако и многу креирани закани по противничкиот гол. Тоа е она што Едиз Спахиу го направи на дерби мечот со Силекс, и покажа како треба да игра еден напаѓач на Вардар. И кога е така тогаш нема дилеми дека Спахиу е играч на ова 4.коло. Тој е најзаслужниот што Вардар победи со 4:1 против составот од Кратово. Покрај него во идеалниот тим се и Талески, Матиќ, Маневски ...
Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид со една единствена цел – да го врати шампионскиот ген во тим кој две сезони не знае за трофеи. Неговиот втор мандат на клупата на Реал започна без двоумење и без милост кон познати имиња. Додека во шпанската престолнина има дебата за новиот профил на средниот ред, експертите на радио станицата „Кадена СЕР“ најавија шок – Феде Валверде, еден од најборбените и најомилените играчи на “Сантијаго Бернабеу“, би ...
Тетовска Шкендија попладнево ги потврди промените на раководните позиции во клубот. Валдрин Ука е назначен за генерален директор на клубот. Со оваа улога, тој презема нови одговорности во раководењето и извршното управување на Шкендија. Ерхан Селими, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фудбалската школа, е назначен за спортски директор, додека Фестим Адеми ја презема функцијата технички директор на Спортскиот оддел. „Селими и ...
Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим. ...
И дефинитивно Шкендија Арачиново не се шегува. Дебитантот во ПМФЛ, кој нема така лош старт во елитата во првите четири кола, попладнево промовираше и тоа како познати фудбалски имиња за свои нови играчи. Првиот е Ремзифак Селмани, кој досега беше дел од Арсими, играше и во Шкендија и Ренова, а има и интернационална кариера, јасно е дека со него нападот на прволигашот од Арачиново и тоа како ќе биде посилен. Вториот е Абдул Руватубјае, ...
Со убедлив пораз од Бугарија од 3:0 (25:13, 25:12, 25:12), младите одбојкари до 20 години ги почнаа Зонските квалификации во Софија. На Балканското првенство кое се смета и за квалификациски дел за ЕП 2027, нашата млада репрезентација предводена од селекторот Јован Шапе немаше шанси на дуелот со домашната репрезентација, која покажа завиден квалитет во трите сета. Доминацијата на домашниот тим беше воочлива од првиот до третиот сет, во кој ...
Иако без речиси половина тим, Гаје, Димоски, Меличи, Фреитас, Ѓорѓиевски,…Шкендија сепак успеа да ја победи силната Струга Трим Лум и да дојде до четвртата победа сезонава во својот четврти меч. Значи тетовци имаат “четири од четири“ и само тие се максимлни. Па така во битката за титулата по само четири кола имаат +6 пред Вардар и +5 пред Силекс и Струга ТЛ. Иако Шкендија вчера на ФФМ не блескаше, посебно не во второто полувреме кога ...
ПСЖ ја набљудува ситуацијата околу Адил Хамдани, 17-годишниот напаѓач на Лион, кој е извонреден со своите настапи во последните месеци. Младиот играч сè уште не потпишал професионален договор, што го прави неговиот статус особено интересен на крајот од преодниот рок. Според францускиот „Л’Екип“, ПСЖ е сериозно заинтересиран за неговиот развој, особено ако Ибрахима Мбаје го напушти клубот. Интересот на парискиот клуб за играчот роден во Париз ...
Одлуката е донесена во Минхен – Џамал Мусијаа нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт. Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач. Мусиала тренира одвоено од тимот од минатиот ...
Познат е распоредот на сите натпревари од 5.коло во ПМФЛ. За разлика од минатото коло кога немаше прволигашки фудбал во недела, сега ќе има, но само еден меч. Колото ќе биде “развлечено во четири дена од петок до понеделник. Дербито на колото се игра во Кратово, каде в петок играат Силекс и Шкендија, додека Вардар гостува во Кавадарци во понеделник. Во петок во Струга играат и Струга ТЛ – Брегалница. РАСПОРЕД И САТНИЦА ПЕТОК (28.08.2026) ...
Освоен е уште еден медал на МИ 2026 во Таранто. Попладнево во меч од 1/4 финалето на боксерскиот турнир во категоријата до 60 кг, нашиот боксер Ален Рустемовски успеа да извојува победа против Ариол Зенели (Албанија) и со тоа се најде во полуфиналето.Ова значи дека Рустемовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на овие Медитерански Игри. Во текот на целата борба Македонецот имаше предност, беше подобар, а во последната трета ...
Габриел Мартинели би можел да го напушти Арсенал и да ја продолжи кариерата во Ал Хилал, а двата клуба веќе се во преговори за евентуален трансфер, според англиските медиуми. 25-годишниот Бразилец не настапи во последните два натпревари на „топџиите“ – победата над Манчестер Сити во Суперкупот и победата од 3-0 над Ковентри во Премиер лигата. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, разговарал со Мартинели за неговата иднина во клубот, а клубот ...
Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е исклучително горд на храброста и карактерот на своите играчи, но призна дека детските одбранбени грешки им ги уништиле напорите. „Примивме голови во првата минута од натпреварот, на крајот од првото полувреме и на самиот почеток од второто полувреме. Сепак, нашиот тим покажа ...
Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, а ја пренесе и СпортСпорт. Неофицијално раководството било во преговори со српскиот десен бек, а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во Лигата на шампиони. Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе ...
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа Тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Клиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ – човек кој ...
Тотенхем продолжува да биде еден од најактивните клубови на трансфер – пазарот, демонстрирајќи огромна финансиска моќ. Откако Спарс беа на работ на испаѓање во Чемпионшип минатата сезона, раководството е решено да не ја повтори таквата грешка и да го засили составот со класа играчи. Дури и пред потпишувањето на Савињо, лондонскиот клуб веќе потроши речиси 270 милиони евра за да го задоволи својот нов менаџер Роберто Де Зерби. Тимот ги ...
И официјално шампионот има нов дефанзивец. Тоа е Сирики Дијабате (23) кој доаѓа на местото на Дарко Велковски кој направи трансфер во Бахреин. Дијабате е централен дефанзивец и со своите 192 см ќе биде и тоа како опција за дефанзивата на Вардар. Последен клуб на Дијабате бил Муаитер од Втората лига на Катар, а претходно настапувал во бугарските тимово Ботев Враца и Ботев Пловдив. Колку за потсетување Вардар вчера, по двата порази од ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по усвојувањето на жалбите од страна на Арбитражната комисија на КФМ, Комисијата за лиценцирање врз основа на доставената документација, утврди дека се исполнети пропишаните услови за учество во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27. Комисијата за лиценцирање, постапувајќи согласно Статутот на КФМ, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, ...
Во финалната фаза од подготовките за четвртото учество на машкиот национален тим на ЕвроВолеј 2026, Македонија ќе одигра три контролни натпревари. Бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора ќе биде спаринг партнер на сениорите од 1 до 4 септември, а дуелите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во договор меѓу тренерите ќе биде дефинирано дали средбите ќе бидат од отворен или затворен карактер. Берое 2016 играше во плеј-офот ...
Фудбалерите на Барселона ја отворија сезоната со победа, го декласираа Елче на гости (5:0), но Ламин Јамал не учествуваше во ниту еден од головите на Каталонците. Во натпреварот од второто коло на Примера, кој беше и прв натпревар на Барса во сезоната, бидејќи натпреварот од првото коло против Атлетик Билбао беше одложен, Барселона постигна дури пет гола и конечно го победи Елче на гостински терен. Рафиња и Фермин играа танцувајќи, Карим ...
Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Челзи во победата од 3-2 против Фулам, клуб кој исто така ја започна новата сезона под водство на новиот менаџер, Алваро Арбело. Токму Арбелоа го замени Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што ѝ даде нова димензија на приказната за двајцата поранешни соиграчи. Заминувањето на Алонсо од Мадрид следеше по турбулентен период, при што медиумите известуваа за тензиите со Винисиус ...
Шкендија го доби дербито со Струга со 2-1 и остана на врвот на табелата со максимален скор. Тетовските „црвено-црни“ после четири кола имаат исто толку победи и се лидери со 12 бода. Тренерот Артим Положани после мечот направи анализа, но и испрати порака до своите играчи, дека мора да бидат призејмени, нешто што е важно во секој спорт после секој добар резултат. „Сакам да им порачам на играчите да бидат приземјени. Во текот на секој ден на ...
✍Огнен Чак Дојчиновски Во пресрет на есенските репрезентативни активности, од секаков карактер, Македонија и не може баш да се пофали дека може да биде задоволна со минутажата, настапите, статистиката, па ако сакате и статусот на поголемиот дел од своите репрезентативци. Дали станува збор за сениорите или, пак, за младинците, нашите национални состави едноставно кубурат со добри игри на индивидуален план. Сепак, и во тоа колективно неиграње ...
Со вчерашните две дербија, кои се одиграа во Скопје, на Арената “Тодор Проески“ (Вардар – Силекс 4:1) и на ФФМ Шкендија – Струга ТЛ 2:1), се комплетираше 4.коло од новата сезона во ПМФЛ. Па така убаво ќе биде да видиме што “кажува“ табелата. А таму Шкендија остана лидер со “четири од четири“. Со победата над Струга ТЛ од 2:1, тетовци останаа максимални, сега имаат 12 бода. Кога сме кај овој меч да кажеме дека Бесарт Ибраими донесе победа со ...
Постои голема шанса Дарко Ѓукиќ во новата сезона да продолжи во друг клуб. Неофицијалните извори велат дека српското десно крило е пред трансфер во Партизан. Ѓукиќ после Вардар замина во ГРК Охрид со кого го освои ЕХФ Европскиот Куп, но понудата од Партизан не се добива, овој тим ќе игра во Лигата на шампиони. Па оттука неофицијалните извори добиваат поголема тежина. „Како што дознаваме од извор близок до клубот, РК Партизан е подготвен да ...
Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ...
Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија ја совлада Естонија со 1:0. Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар во кој за жал постигнаа само еден погодок иако во текот на деведесете минути имаа неколку одлични можности, а на два пати и ја погодија пречката на противничкиот гол. Натпреварот беше решен во финишот од ...
Она што “СпортСпорт“ пред неколку дена го најави, од денеска е и официјално.Имено довчерашниот вардарец и актуелен репрезентативец на Македонија својата кариера ја продолжува во Бахреин и тоа во Ал – Калдија, клуб кој се пофали со своето засилување. Велковски е во нов интернационален предизвик, ако се знае дека досега во својата кариера има настапувано и за екипите на Риека (Хрватска), Ал – Етифак (С.Арабија), Динамо Букурешт (Романија), ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...