ММА борецот, Илија Топурија откри дека одлуката на неговиот брат Александре да ја прекине борбата со Џастин Гејџи на настанот на УФЦ во Белата куќа можеби му ја спасила не само кариерата, туку и видот. Во интервју за подкастот „Fight Disciples“, грузиско-шпанскиот борец призна дека последиците можеле да бидат многу посериозни доколку се врател во октагонот за петтата рунда. „Одлуката на Александре да ја прекине борбата ми го спаси видот. Ако ...

Речиси секој национален тим неделава има свои проблеми кога станува збор за списоците на репрезентативци за следниот репрезентативен прозорец по повод Лигата на Нациите. Откажувања, повреди, суспензии и по некој мини скандал. Како да речеме оној во националниот тим на Белгија. Селекторот Марк ван Бомел стандардно на својот список го впиша стоперот на Милан, Кони Де Винтер, кој што на истиот нема да се јави, туку одлучи да го игнорира. ...

Мајкл Кeрик би можел да остане на клупата на Манчестер јунајтед најмалку до крајот на ноември, дури и ако „црвените ѓаволи“ загубат од Астон Вила во претстојниот натпревар од Премиер-лигата. Според информациите, раководството на клубот сè уште нема целосна доверба во ниту еден од потенцијалните наследници на Кeрик. Еди Хау наводно не ужива толку голема поддршка колку што се претпоставуваше, додека кај Јулијан Нагелсман значително опаднал ...

Голманот на Челзи, Емилијано Мартинез, би можел да се врати на теренот уште во недела, само три недели откако ја скрши вилицата на натпреварот против Евертон. Аргентинецот се опоравува побрзо од очекуваното и веќе тренира со специјална заштитна маска. Тренерот на Челзи, Хаби Алонсо, потврди дека лекарскиот тим му дал зелено светло на голманот, но конечната одлука дали ќе биде во стартниот состав против Сандерленд ќе биде донесена по ...

Ајнтрахт Франкфурт е клубот чии фудбалери забележале најголем раст на вредноста во последните пет години, покажува најновата анализа на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС). Германскиот клуб е на врвот на рангирањето со вкупен позитивен биланс од 527 милиони евра. Од оваа сума, 293 милиони евра се однесуваат на зголемената вредност на фудбалерите кои во меѓувреме го напуштиле клубот, додека преостанатите 234 милиони евра се ...

Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата, но вториот гол на Тиерно Бари предизвика големи реакции и незадоволство кај гостите. Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути, но вториот беше спорен поради сомнеж дека претходно ја допрел топката со рака. Ковентри поведе во 52. минута преку Јан Гбохо, но Бари со гол во 57. минута израмни на 1:1. Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во ...

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 116:103 во натпревар од најсилната кошаркарска лига во светот. Ова беше седма победа за „езерџиите“ на деветтиот натпревар оваа сезона, а осми натпревар на кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна повеќе од 35 поени. Овојпат Словенецот застана на 40 поени, со одличен шутерски учинок. За три поени имаше 6/13, од линијата за слободни фрлања 12/13, а забележа и девет скока и седум асистенции. Се чини ...

Лангстон Лав е третото странско засилување на ГКК Штип оваа сезона, односно најновото засилување на штипјани. Како што што објавија преку своите социјални мрежи, Американскиот бек од Тексас во Штип носи искуство од НЦАА, каде што настапуваше за Бејлор и Џорџтаун. Во сезоната 2023/24, иако сите натпревари ги започна од клупата, во дресот на Бејлор бележеше по 11 поени во просек. Откако го промовираа своето ново странско име од клубот му ...

Кошаркарите на Мајами Хит претрпеа пораз од Голден Стејт Вориорс во натпреварот одигран во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а зад себе имаа и слаба партија на нашиот Никола Јовиќ. Голден Стејт на домашен терен лесно се справи со Мајами, славејќи со 120-100. По лошиот старт на сезоната со три порази, Вориорси ја запишаа шестата победа во низа. Од друга страна, „жешките“ го претрпеа шестиот пораз и сега имаат биланс од 3-6. Што се однесува до ...

Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат својот тим за следната сезона, бидејќи планираат да доведат неколку кошаркари, а меѓу потенцијалните засилувања би можел да се најде и Никола Јокиќ. Голден Стејт ја следи ситуацијата околу српскиот центар и се надева дека тој би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА-новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите кои се прашуваат: Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да ...

Денеска МЗТ Скопје одбележува 30 години од победата над големиот Реал Мадрид, кој падна во Аеродром. Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди на „кралскиот клуб“ со наведнати глави ја напуштија култната „Лименка“, совладани од четата предводена од тренерот Александар Књазев. Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш ...

Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Док Риверс, откри со какви проблеми се соочувал додека во неговиот тим настапуваше Јанис Адетокумбо. Американскиот стратег призна дека не било лесно да се справи со сите предизвици што ги носи тренерската работа со ѕвезда од калибарот на Јанис. Риверс конкретно го посочи недостатокот на реализација на договорените акции во клучните моменти како една од најголемите причини поради кои било тешко да се работи ...

Најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА станува сè помлада. Во сезоната 2025/26, дури 40,5 проценти од вкупната минутажа во НБА им припадна на кошаркарите помлади од 25 години, додека играчите на возраст од 30 и повеќе години учествуваа со само 19,8 проценти. Трендот на подмладување трае со децении. Пресвртот се случи во првата деценија од овој век, кога младите играчи за првпат ги надминаа ветераните според вкупната минутажа. Оттогаш ...

Кошаркарите на Црвена звезда славеа голема победа на гостувањето кај Олимпијакос со 62:57 во натпреварот од 10. коло во Евролигата. Белградскиот тим одигра речиси совршено прво полувреме, стекна предност од 18 поени (40:22), а потоа издржа силен налет на домаќините и го сочува триумфот во драматична завршница. Џонс уште еднаш покажа дека може да преземе одговорност во најважните моменти, потврдувајќи ја својата улога на еден од лидерите на ...

Уште едно име кое долго го носеше дресот на Македонија замина во легендите. Никола Маркоски стави крај на својата кариера, а денешниот натпревар против Луксембург беше совршен момент да му биде оддадена почит за сето она што го направи за националниот тим. Ракометната федерација на Македонија пред почетокот на мечот направи убав гест. Претседателот Александар Стефанов на Маркоски му врачи врамен дрес како знак на благодарност за годините ...

Ракометарите на Партизан оваа сезона, по многу години, се вратија во Лигата на шампионите. Црно-белите создадоа респектабилен тим, но се чини дека идилата траеше кратко, бидејќи, како што пишува „MozzartSport“, сè укажува на распад на клубот. Имено, Партизан беше државен проект во овој спорт, нешто што никогаш не се криеше во клубот. „Црно-белите“ освоија две последователни титули шампион на Србија, како и четири трофеи, а ова лето, по пауза ...

Дмитро Горига дебитираше во дресот на македонската ракометна репрезентација. Во убедливата победа (41-23) против Луксембург, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година, постигна три гола. Горига беше поздравен со овации од македонската публика, што предизвика воодушевување кај него. Тој потенцира дека е голема чест што игра за Македонија и дека од соиграчите е одлично прифатен. „Пресреќен сум, искрено сум ...

Со политичките промени неизбежни се и промените во српскиот спорт. Со денови се шпекулираше дека ќе има оставки во РК Партизан, а за тоа извести „Mozzart Sport“ по седницата на Управниот одбор. Ракометниот клуб Партизан во изминатите неколку години беше државен проект. Тоа не го криеја ниту во таборот на црно-белите. Претседателот Милјан Жугиќ во неколку наврати отворено го истакнуваше тоа. По две последователни шампионски титули на Србија, ...

Луксембург беше одличен вовед за македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Нашите момци пред домашната публика остварија убедлива победа од 41-23 и веќе целосно се насочуваат кон следната пречка, а тоа е гостувањето кај Грција. Еден од најефикасните во нашите редови на првиот натпревар беше Александар Петковски, кој одлично ја искористи својата шанса и постигна пет гола. „Среќен ...

Ракометната репрезентација на Шведска со убедливи 33:24 ја победи Грција во натпреварот од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, во групата во која се наоѓа и нашата ракометна репрезентација Швеѓаните ја потврдија фаворитската улога, а најзаслужен за убедливата победа беше Албин Лагергрен со седум погодоци. Себастијан Карлсон, Феликс Клар и Аксел Мансон постигнаа по пет гола, додека кај Грција најефикасен беше ...

Грција е следниот противник на македонската ракометна репрезентација. За разлика од нашите момци, нашиот јужен сосед со убедлив пораз од Шведска (33-24) ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Натпреварот помеѓу Грција и Македонија се игра во недела, во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида, која има капацитет од 1.620 гледачи. Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, што пак е потврда дека нашите ракометари ги ...

Некогашниот македонски ракометен репрезентативец, Филип Лазаров и официјално повеќе не е тренер на германскиот тим на Интерактив од Ратинген. Клубот ја објави оваа информација, секако заблагодарувајќи му се на Лазаров за досегашната соработка. Лазаров пристигна во Германија во 2018 година најпрво како играч на Интерактив, а по завршувањето на активното играње остана да работи во клубот како тренер. Оттогаш поминаа осум години, а очигледно ...

Машката пионерска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ куп за ракометари до 16 години во Подгорица. Избраниците на селекторот Никола Матлиески загубија од домаќинот Црна Гора со 26:20, откако на полувремето имаа негатива од 10:7. Војо Клењоски беше најефикасен во македонската селекција со седум погодоци, додека Илија Трајчески, Илија Трајчевски и Марио Георгиев постигнаа по три. Голманите Данило ...

Тетковото 13. коло од домашниот ПМФЛ шампионат, викендов ќе го одбележи дерби дуелот помеѓу екипите на Струга ТЛ и Шкендија. Истото се игра утре до 12:00 часот, и е во фокусот на јавноста. Како најава од страна на тетовци на овој дуел, оди изјавата на офанзивецот Алмир Криезиу, кој што вели дека ова е уште една можност да се покаже квалитетот на екипата оваа сезона. „Навистина, ваквите дерби натпревари се посебни за сите играчи. Со нетрпение ...

Денеска со дуелот во Кавадарци, помеѓу екипите на Тиквеш и Скопје стартуваше новото, 13. коло од ПМФЛ шампионатот. Победа на домаќинот од минимални 1:0, со голот на Ренатињо во првото полувреме поточно во 26. минута. Она што вреди да се напомене е дека домаќинот, погоди само еднаш во протинвичката мрежа, а промаши грст шанси како во првиот, а особено во вториот дел. Истите само ја покажаа слабоста на дефанзивата на Скопје, но и неефикасноста ...

Тажни вести од Прилеп. На 76. годишна возраст, почина легендарниот фудбалер на Победа, а потоа и на Вардар, Ристо Глигороски. Тој е еден од оние фудбалери кои што има оставено огромен траг во дресот на прилепскиот фудбалски гигант, а кој што потоа настапуваше и за скопски Вардар кон крајот на седумдесетите години од минатиот век. Роден во Охрид во 1950 година, Глигороски најголемиот дел од својата фудбалска кариера и живот ги минува во ...

Слично како и тетовска Шкендија, и домаќинот на дербиот од 13. коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Стргуа ТЛ, денеска го најавува утрешниот дерби меч кој што стартува од 12:00 часот. Во име на Стружани, на јавноста и се обрати стратегот на Трим Лум, Бледи Шкемби, кој што смета дека дерби меч се добива исклучиво ако екипата биде на највисоко можно ниво. „Уште еден тежок натпревар, уште едно дерби во кое мораме да го дадеме својот максимум за ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на чело со селекторот Иљами Исејни ќе биде дел од квалификацискиот турнир кој што ќе се одржи во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. Македонија е во група со домаќинот Турција, Сан Марино и селекцијата на Унгарија. По тој повод денеска, селекторот Исејни го објави и списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овој турнир. Голмани: Илан Мемети (Лозана), Димитар Петров (АП ...

Македонскиот национален состав, најпрво младински, а можеби и сениорски во иднина може да биде посилен за младиот и перспективен играч на австриски Рид. Билал Тајроски е момчето кое што последно се појавува во ницата на момчиња со македонско потекло во странство, за кое што можеби има простор да биде дел од државниот дрес на Македонија. Се работи за момче родено 2012 година, кое што игра во генерацијата постари фудбалери во својот клуб ...

По првите 45.минути на дербито во Струга, нема голови. Струга ТЛ имаше изгледни шанси преку Радески, Агамах и опасните удари на Рама и Бојку. На другата страна напаѓачот на Шкендија,Тамба во два наврати се закани кон домашниот гол, исто така и Ѓорѓиевски опасно се закани, но сепак не видовме гол во првото полувреме од големото дерби на 13.коло во нашата елитна лига меѓу двете водечки екипи. Во 3.минута, по дуелот меѓу Бојку и Красниќи, ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87