Мбапе, Мбапе, Мбапе + Вини за “два од два“ за “Кралевите“. По победата над Еспањол на отворањето на новата сезона, Реал Мадрид го надигра Реал Сосиедад синоќа на Сантијаго Бернабеу и славеше со сигурни 4:1. Тимот на Жозе Мурињо не се истакна во првото полувреме, но во второто го „скрши“ противникот и оствари заслужена победа. Феноменална игра пружи Килијан Мбапе, кој постигна три гола, а по средбата, харизматичниот португалски стручњак ...

Францускиот фудбалер Матео Гендузи се најде во центар на скандалот по натпреварот помеѓу Лион и Фенербахче, во кој турскиот тим се квалификуваше за Лигата на шампионите. Фенербахче, по нерешениот резултат во Истанбул (1:1), победи со 2:1 во реваншот и обезбеди место во елитното натпреварување за прв пат по 18 години. Ведат Муриќи и Арчи Браун му донесоа победа на Фенер, додека голот на Малик Фофана во второто полувреме не беше доволен за ...

Вечерва на своите социјални мрежи се огласија фановите на Тиквеш – “Лозари“. Тие имаат големи забелешка на терминот за мечот Тиквеш – Вардар. Да потсетиме дека ФФМ овој меч го закажа за во понеделник од 17 часот на стадионот во Кавадарци. Ова е натпревар од 5.коло на ПМФЛ. Реакцијата на “Лозари“ ви ја пренесуваме во целост: „Фудбалот е за пред полни трибини, не за лоши термини! Се прашуваме до кога ќе го уништувате фудбалот и до кога ќе си ...

Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА е пред расплет. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и сите 55 членки ќе ја повлечат својата закана за бојкот на Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА. Одлуката за прекин на бојкотот беше донесена откако главната куќа на светскиот фудбал го напушти планот што ги потресе самите темели на најпопуларниот спорт. УЕФА ќе ја отфрли својата закана за бојкот на турнирот на ФИФА откако доби уверенија дека ...

Вечерва се одиграа последните четири меча од реваншите во плеј – офот во ЛШ. За жал, Никола Серафимов со неговиот Левски беа декласирани од АЕК во Атина со 4:0, па така нашиот репрезентативец нема да игра во Лигата на Шампионите сезонава туку во Лигата на Европа. Динамо Загреб по тие 2:2 на “Максимир“ минатата недела, вечерва повторно ги шокираше своите фанови откако беше поразен од Викинг на гости со 3:1.Тоа значи дека и хрватскиот гигант ...

Венус и Серена Вилијамс ќе играат заедно во двојки на Отвореното првенство на САД во нивниот прв Гренд слем натпревар по четири години. Американките, двократни освојувачи на титулата во женски двојки во Њујорк, добија вајлд карти од Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA). Последниот пат кога сестрите Вилијамс играа заедно на Гренд слем беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, последниот турнир на Серена ...

Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од првиот меч во Словачка имаше Цеље 1:1, така беше и по регуларните 90.минути вечерва на свој терен, ама во продолженијата тимот на Слован со голот на Мартинез во 100.минута успеа да дојде до победа од 1:2 и пласман во Лигата на Шампионите. Ова значи дека во новата ...

Атлетико Мадрид е категоричен дека нема да го продаде Хулијан Алварез на Барселона, и покрај континуираниот интерес на Каталонците за аргентинскиот напаѓач. Ситуацијата околу 26-годишникот ескалираше во последните месеци, а од „Ванда Метрополитано“ сега се категорични: „Постои 0% шанса да го продададеме на Барселона“. Клубот верува дека Атлетико стана „жртва“ на целата ситуација и ги обвинува и претставниците на играчот и Барселона за ...

Голема сензација во Словенија. Фудбалерите на НК Рудар Трбовље, третолигашки тим, предизвикаа сензација на својот домашен спортски стадион и ја елиминираа НК Олимпија на нашиот Југослав Тренчовски во првото коло од Купот на Словенија. Мај Сајовиќ го постигна единствениот гол на натпреварот во 11-тата минута, но фаворизираниот тим на Љубљана беше фрустриран од домашниот голман Јасим Мујкановиќ, кој постојано се докажуваше и ја држеше мрежата ...

Моќен е овој Реал Мадрид. Моќен е тимот на Жозе Мурињо. Вечерва на “Бернабеу“ домашниот состав просто “експлодираше“ со победа над Сосиедад од 4:1. И веднаш да кажеме, Киликан Мбапе одигра стратосферски според зборовите на “Специјалниот“ и со три гола просто го уништи тимот од Баскија. Мбапе стрелаше во 40., 60,. и 80.минута, додека Винисиус погоди во 68.минута.Голот за гостите беше дело на Сучиќ во 44.минута за 1:1, гол кој само ги разлути ...

Завчера на ФФМ во дербито на 4.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Струга ТЛ, се играше 85.минута при резултат 1:1, кога Бесарт Ибраими од пенал успеа да им донесе на тетовци победа од 2:1 и три бода. Го израдува својот сегашен тим а го “расплака“ својот некогашен клуб. Ова за Бесарт беше 229 гол во неговата кариера во ПМФЛ. Не е тајна дека тој е апсолутен рекордер на листата на стрелците во нашата фудбалска историја ако ја земеме елитната лига во ...

Иван Николов е промовиран како нов фудбалер на штипска Брегалница. Големото засилување за штипските “сини” го промовираше лично градоначалникот Иван Јорданов. Играчот за врска и официјално се враќа дома и во својот матичен клуб по настапите за Вардар, Сондерјиске (Данска), и Радник Бјелина (БиХ). Николов има право за настап за Брегалница вече за дуелот со Струга Трим Љум во престојното 5.коло од шампионатот во кој екипата од Штип има две ...

Шампионот на Македонија во Футсал, тимот на КМФ Проект вечерва во Грац (Австрија) стартуваше во прелиминарните квалификации со убедлив пораз.Имено домашниот состав на Грац славеше со 6:0. До крајот на турнирот КМФ Проект ќе одигра уште два меча, и тоа Врхника утре и во сабота против Макаби. Нашиот тим мечот го започна со Петровски, Мар.Тодоровски, Д,Јанев, Блажевски и Стојанов, а во записникот беа и Стојановски, Соколов, Димитриев, ...

Во дуелот од третото коло од групната фаза на Медитеранските игри во Таранто, селекцијата на Грција со 3:1 (22:25, 25:13, 25:7, 25:17) беше подобра од Македонија. Фантастичен старт имаа нашите одбојкарки и го одиграа најдобриот сет досега, кој и го освоија со 25:22. За жал, следуваше голем пад во играта и потребни беа два сета за да се консолидираат. Во четвртиот се обидоа да се вратат во игра, но тешко беше да се запре ритамот на ...

Алкалоид со пораз дебитираше во Регионалната лига, откако на домашен терен беше совладан од Партизан со 31-39 (15-17). Лазаров за оваа средба не сметаше на новото засилување Матиц Сухолежник, Мартин Велковски и Валентин Карасманакис, од стандарните играчи. На другата страна Раул Гонзалес не сметаше на Кулеш и Кос. Никола Костески имаше шест гола, по пет запишаа Цехте и Стојковиќ. На другата страна Дамјановиќ запиша 10 гола. Натпреварот ...

Ракометарите на ГРК Охрид славеа на гости кај Будванска Ривиера со 20:22 (8:13) во меч од 2.коло во Регионалната лига. Ова беше нивна втора победа откако на стартот на свој терен ја пбедија Војводина. Уште на стартот Лиапис погоди за 0:1, но не беше се така лесно за тимот на Борис Ројевиќ, кој искрено комбинираше составот на теренот. Сепак гостите од Охрид имаа разлика која на крајот од првото полувреме изнесуваше +5 или 8:13. Немаше многу ...

И официјално Мароканецот Ајуб Буади (18) е нов член ан Манчестер Сити, платен е неверојатни 100 милиони евра. Така Буади стана најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата, а доаѓа во Сити за да ги пополни празнините создадени со заминувањата на Родриго и Тијани Риндерс. Родри отиде во Барселона за 65 милиони фунти, а Рајндерс во Ал-Кадиса за 52 милиони фунти. „Посебен ден за мене, за моето семејство. За мене, Манчестер Сити е ...

Мозес Рајт е новото дополнување во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред она што следува – важниот натпревар со селекцијата на Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена. Новиот центар на Олимпија Милано пристигна во Скопје со јасна цел – во краткиот период на подготовки да се вклопи во системот на селекторот Хозе Мариа Берокал и да му помогне на националниот тим во она што следува. Рајт веднаш му се стави на ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, коментираше за состојбата на трансфер пазарот, а главниот лик во неговиот говор повторно беше Хулијан Алварез. Каталонскиот лидер даде официјална изјава во која, меѓу другото, ја потврди желбата на клубот да го привлече напаѓачот на Атлетико Мадрид. Во опширно интервју, тој го сподели својот став за развојот на разговорите со луѓето од главниот град. „Прво, имаме апсолутно почитување кон Атлетико ...

Младата женска ракометна репрезентација запиша нов пораз на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Овој пат „црвено-жолтите“ беа совладани од Алжир со убедливи 23-37. За Македонија ова беше трет пораз после Грција и Тунис. Победникот беше решен после првото полувреме по кое нашите девојки беа во негатива од 11-20. И на оваа средба капитенот Леона Миленкоска беше најефикасна, зад нејзиното име запиша шест гола од осум обиди. ...

Во вториот меч во регионалната ракометна лига, нова победа за ракометарите на РК Пелистер.Битолчани пред својата публика во салата “Боро Чурлевски“ славеа против Ловќен со 45:33. Тоа беше чиста рутина, се чини дека ако избраниците на стратегот Лино Червар, сакаа да одиграат на уште повисоко ниво, а немаше потреба, че славеа уште поубедливо. Капитенот Филип Кузмановски уште еднаш одигра на ниво, беше стрелец на 14 голови, Хенигман запиша 10, ...

Во пресрет на петочиот натпревар од петтото коло во ПМФЛ, со екипата на Струга, голманот на Брегалница Амир Јашар, најавува уште подобра Брегалница во следните натпревари. “Фудбалот е тимска игра, а јас од првиот ден во Брегалница се чувствувам како дел од едно големо семејство. Пред сè, сакам да му се заблагодарам на клубот што ме прими со раширени раце. Се чувствувам одлично и имам голема поддршка и доверба од управата, стручниот штаб и ...

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...

По Иван Николов, денеска Брегалница и официјално се засили со нов играч, а тоа е Виктор Велкоски. Тој е повратник во штипската чета. Станува збор за дефанзивец кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска. Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, Брегалница, а има и интернационално искуство во Лачи (Албанија), ...

Уште една кошаркарка која беше дел од минатата исклучително успешна сезона за Бадел 1862 останува во тимот. Арин Фримен ја продолжи соработката со Бадел 1862 Таа дојде од американската НЦАА-лига во февруари и за кратко време се наметна како една од клучните и најефикасните кошаркарки во Бадел 1862. Нејзиниот просек беше 18 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3,6 украдени топки по натпревар. „Исклучително сум благодарна и возбудена што официјално ...

Американскиот бек Ноа Фарахан, кој летово пристигна како едно од главните засилувања во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, веќе напорно тренира со екипата и ги сподели своите први импресии од клубот, градот и очекувањата за претстојната сезона. Од него се очекува да биде еден од главните лидери и мотори на „сино-белиот“ тим во предизвиците што следат на три фронта – домашната Суперлига, АБА2 лигата и настапите во ФИБА ...

Работнички во својот ростер додаде уште едно име. Станува збор за младиот Атанасиј Трајанов кој доаѓа од екипата на Партизан Водно санс. Трајанов беше дел од М18 генерацијата што славеше на ЕП – Б дивизија во Скопје, летово настапуваше за младинската репрезентација до 20 години на ЕП – Б дивизија во Братислава. „КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов член на клубот е младинскиот репрезентативец ...

По се она што се случи во полуфиналето на боксерскиот турнир на МИ во Таранто, на кој нашиот Ален Рустемовски беше буквално ограбен од судиите, кои му ја доделија победата на Шпанецот, Марин Хернадез, свој коментар имаше и нашиот боксер кој херојски се бореше на ово меч, но сепак беше поразен, со одлука на судиите: “И дефинитивно мислам дека требаше да победам, па дури и со разлика од 5:0.Меѓутоа не знам како бодуваа судиите и што гледаа тие ...

Пелистер имаше очаен старт по првите две кола во ВМФЛ во новата сезона, но затоа не престанува да се засилува, да го зголемува ростерот на тимот на Борче Христов. Па така од денеска ново име во битолскиот клуб е дефанзивецот Марко Стојилевски (20). Тој доаѓа од редовите на српскиот клуб Смедерево, а претходно играл за Брера, за Вардар, инаку потекнува од школата на нашиот најтрофеен клуб. Станува збор за младински репрезентативец на ...

Ален Рустемовски го освои освои бронзениот медал на Медитеранските игри кои се одржуваат во Тарано. Во полуфиналето на боксерскиот турнир во категоријата до 60.кг., Македонецот беше поразен од Марин Хернандез од Шпанија, па со тоа не успеа да се пласира во финалето. Сепак сето ова може да се смени, од МОК добивме инфомрација дека во моментов е поднесена жалба за судиите. Според нашите претставници, Рустемовски е видно оштетен. „Во моментов ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87