Во правната наука и во политичката теорија често се зборува за разнебитеност на системот, за колапс на институциите, за лоши закони што имаат цел да амнестираат криминал на високите функционери или на бизнис-тајкуните, за комплетна партизација и за енормна корупција. Но, постои една подлабока, потивка и далеку поопасна димензија на пропаѓањето на нашето општество што ретко ја ставаме на маса. Тоа не е отворениот криминал, ниту директниот ...
Живееме во земја која има огромно историско и културно наследство, но која денес е потоната во некултура и простотилак, во секојдневно прекројување на минатото и која се дави во омраза и неслога. Реалноста овде не се мери со владини брифинзи за „историски БДП-раст“ и имагинарни стратешки хоризонти, туку на шалтерите каде што правдата е административна тортура, во болниците без лекови, во судските сали каде што владее професионална ...
Секојпат кога ќе го отворам куферот пред патување, ми се чини дека ја мерам тежината на сопствената несовесност. Не затоа што јас одам некаде, туку затоа што гледам како цела една генерација деца си ги пакуваат животите во картонски кутии пред да стигнат воопшто да научат што значи да се биде дома. Јас повторно ќе се вратам, а тие најверојатно засекогаш ќе останат таму каде што тргнале, барајќи подобар живот, барајќи сигурност, среденост, ...

