„Децата останаа без помпезно ветениот Луна-парк, а Скопје со уште едно ремек-дело на политичката лага“, реагира Катерина Ценевска, критикувајќи ги неисполнетите ветувања за изградба на новиот Луна-парк во Скопје. Таа посочува дека со години генерации деца растат без забавен парк, додека градските власти повторно најавуваат проекти што не добиваат реализација. „За сликање и ПР има време, за реализација нема! Скопје не е циркус, а децата не се ...

Само на ветувања остана изградбата на луна-паркот во Скопје! Покрај ветувањето за панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити, актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој и во предизборната кампања често ја споменуваше изградбата на луна-паркот, во декември лани најави дека почнува изградбата, а дополнително рече дека паркот ќе биде прилагоден и за лицата со попреченост. Колку иронично звучи ...