Братислав ДИМИТРОВ Во саботата се собравме неколку берберски дискутанти, врсници на чинарот во Охрид. За да не испаднеме прости, пошто сме кандидати за членство во ЕУ, седнавме во модерно кафуле. И додека лигавиме некакви коктели со цевче, дискутираме за животот, уште тоа ни остана. Нормално, сите истовремено во еден глас и со подигнати октави, на кои може да им завиди и „старо купујееем…“ Беше точно на пладне кога почнавме, а не фати и ...
Братислав ДИМИТРОВ за МИА „Во животот има две трагедии. Едната е кога нема да ја оствариш желбата на своето срце, а другата е кога ќе ја оствариш“, Џ.Б.Шо Откако еднаш јавно кажав дека пишувам по нарачка, а по потреба одам и по куќи, не можам да навасам. Нарачки добивам од сите страни. Муштериите (читателите) најчесто сакаат да читаат за актуелни настани. А тоа најчесто е криминал, црна хроника и трачеви, башка хороскоп. Јас повеќе сакам да ...
Братислав ДИМИТРОВ за МИА „Да се умре, тоа значи да се премине на страната на посилниот“ Ј. Ростанд Беше есен како оваа, само пред многу години. Беше и социјализам, со најава за скоро пристигнување на комунизмот. Пирошките, демократијата и интернетот сè уште не беа измислени. „Мирцавме“ во споменари, на корзо, а најчесто под јорганче. Тоа со „сушење на кичмата“ го измислија мајките затоа што машините за перење тогаш беа научна фантастика. А ...
Братислав ДИМИТРОВ за МИА “И лека-полека човештвото се воздигна од ерата без светлина во ерата без одмор“. Пол Нигер Иако старите Римјани се најпознати како градители на рушевини, работеле и на духовен план. Најлесно им било да измислуваат латински поговорки. Затоа што тогаш аналитичарите и телевизијата не биле измислени. А нешто и заради тоа што латинскиот им бил мајчин јазик. За разлика од некои народи (знаете кои), тие освен во лонец и ...
Братислав ДИМИТРОВ за МИА Откако колегата Вилијам Шекспир се помири со фактот дека еден од условите за да стане бесмртен е да умре, почна да работи на случајот. За почеток, навистина умре. Таква амбициозна активност „повлеквит“ размислувања за господ, ѓавол и други технички моменти. И „пошо“ во негово време Бернард Шо, Оскар Вајлд и Марко Цепенков сè уште не беа родени, завалијата мораше сам да ги измислува народните поговорки. Едната од нив ...

