Интер на одличен начин го започна натпреварот против Монца во првото коло од новата сезона во Серија А, а во центарот на вниманието веднаш се најде Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во шестата минута испрати вистинска „бомба“ од далечина, а неговиот удар заврши во мрежата на Монца. За искусниот играч за врска ова е шеста сезона во дресот на Серија А, а минатиот шампионат го заврши со девет гола и четири асистенции. Интер на одличен ...

По една година во понизок ранг, Монца се врати во италијанската елита, а судбината посака овој тим уште во воведната рунда да го тестира актуелниот шампион. Интер во сезоната влегува како тим кој сите ќе сакаат да го победат, но тоа послужи како мотивација за Хакан Чалханоглу во раната фаза од премиерното коло. Турчинот доби повратна топка од Диуф, а потоа испорача „проектил“ во свој стил кој заврши ефектно во мрежата на Монца. Мајсторијата ...