Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Екипите на Бетис и Селта Виго ги поделија бодовите во ремито со конечен резултат 1-1 (0-1), во натпреварот од 28. коло на шпанската Примера. Гостите од Виго имаа предност по првото полувреме, откако прецизно биеше Феран Јутгла уште во четвртата минута, но Бетис се врати во игра со голот на искусниот Хектор Белерин, кој ги постави конечните 1-1 во 49. минута од натпреварот. Домашниот тим од Андалузија имаше повеќе од играта, шестпати се закани ...
Екипата на Тиквеш забележа победа над Бутел Скопје (25-20) во мечот од второто коло од плеј-офот во машката ракометна Суперлига, во меч во кој домаќинот доминираше и заслужено ги освои бодовите. Победата Тиквеш ја најави уште на полувремето кога водеше со 16-10. Сите дилеми кои постоеја беа решени на стартот на вториот дел кога екипата на Кристијан Грчевски се разигра и замина на високи девет гола разлика (20-11). Најдобар стрелец кај Тиквеш ...
Фудбалерите на Комо славеа на домашниот меч против Рома со 2-1 (0-1) во натпреварот од 29. коло на италијанската Серија А. Средбата крај истоименото езеро понуди две различни полувремиња на резултатски план, а тимот на Цеск Фабрегас покажа дека Лигата на шампионите веќе не е само сон - туку реална цел. По само седум минути игра на „Џузепе Синигаља“ во Комо гостинската екипа од Рим стигна до предност. „Волчицата“ доби пенал, одговорноста ја ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да се натпреварува на Мастерсот во Мајами, објавија странските медиуми. Српскиот тенисер го заврши турнирот во Индијан Велс со пораз во осминафиналето. По натпреварот со Џек Дрејпер, тој зборуваше за проблеми со стомакот и дишењето. Но, за време на турнирот беше јасно дека има проблеми и со раката, бидејќи постојано се жалеше на тимот за својот сервис. Причината за неговото повлекување од Мајами, кој ќе се ...
Екипата на Ливерпул долго имаше минимална предност над Тотенхем во натпреварот од триесеттото коло на англиската Премиер лига, но на крајот мораше да се помири со реми (1-1), испуштајќи добра можност да се искачи на четвртата позиција на табелата. Херој на гостинскиот тим беше Ричарлисон, кој го постави конечниот резултат во последната минута од регуларното време. Ливерпул во првото полувреме имаше добар ритам и дојде до предност со голот на ...
Екипата на Вардар 1961 остана без важен играч во ростерот против Еурофарм Пелистер, затоа што рано поцрвене Урош Митровиќ. Србинот во осмата минута при обид да го запре младиот Атанасијевиќ удри во лицето на македонскиот ракометар. Судиите Николовски и Металари гледаа ВАР за контактот, а по прегледувањето на снимката решија да му дадат црвен картон на ракометарот на црвено-црните. Екипата на Вардар 1961 остана без важен играч во ростерот ...
Големото дерби помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 започна со едноминутно молчење, во чест на жртвите во кочанската трагедија. Пред точно една година се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија во која животот го загубија 63 лица, а 193 млади луѓе беа повредени. Ракометарите и публиката направија гест во чест на нив, со надеж дека никогаш повеќе нема да се повтори ваква трагедија. Големото дерби помеѓу ...
Необична сцена се случи во самата завршница од натпревар на турскиот клуб Коџаелиспор, кога тренерот на екипата Селчук Инан реагираше бурно по досуден пенал за противникот Коњаспор во 92. минута. Во момент кога судијата покажа на белата точка, тренерот на Коџаелиспор одлучи да испрати јасна порака на протест. Тој им нареди на сите членови од резервната клупа веднаш да го напуштат теренот и да се упатат кон соблекувалната и ги туркаше кон ...
Интересен и комичен момент се случи непосредно пред почетокот на големиот натпревар на стадионот Енфилд, кога тренерот на Тотенхем Хотспур, Игор Тудор, накратко се најде во необична ситуација која брзо го обиколи интернетот. Додека ги правеше последните подготовки со својот тим покрај теренот, хрватскиот стратег случајно се приближи до човек за кој помисли дека е тренерот на Ливерпул, Арне Слот. Според снимките што се појавија на социјалните ...
Барселона оствари убедлива победа над Севиља со 5-2 во натпревар од 28. коло на Ла Лига и дополнително ја зацврсти лидерската позиција на табелата во шпанското првенство. Тимот на Ханси Флик останува на плус четири бода во однос на најблискиот следбеник Реал Мадрид. Каталонскиот тим рано го наметна своето темпо и веќе во деветтата минута доби можност да поведе од белата точка. Пеналот беше досуден по прекршок на Џибрил Соу, а одговорноста ја ...
Пиза стигна до важна победа во Серија А и на домашен терен го совлада Каљари со 3-1, во натпревар од 29. коло на шампионатот. Во Пиза се одигра драматичен натпревар. Домаќините поведоа во деветтата минута преку Морео од пенал, а ситуацијата се искомплицира во 37. минута кога Дуросинми доби директен црвен картон. И покрај тоа што имаше играч помалку, Пиза успеа да ја зголеми предноста. Карачоло постигна два гола во 52. и 54. минута за сигурни ...
Кошаркарите на Работнички со 83-77 го загубија натпреварот од 19. коло на Суперлигата од градскиот ривал Феникс. По средбата од редовите на најтрофејниот во првенството решија да се обратат со сооштение и жалба за арбитражата. Во јавното обраќање тимот од „Градски парк“ посочи со прст и кон судијата Александар Давидов, а постави и прашање: „Кому му пречи Работнички?“. „КК Работнички изразува сериозен револт и незадоволство по последните ...
Манчестер Јунајтед ја продолжи победничката серија во Премиер лигата и на „Олд Трафорд“ ја совлада Астон Вила со 3-1 во дербито од 30. коло. Првото полувреме донесе борбена игра и висок ритам, но без многу чисти шанси. Домашниот тим имаше нешто поголема иницијатива, а најблиску до гол беше Амад Диало, чиј удар со глава го запре голманот Емилијано Мартинез. До паузата мрежите мируваа. Во вториот дел натпреварот целосно се отвори. Јунајтед ...
Манчестер Сити полека го губи чекорот во однос на Арсенал, откако екипата на Пеп Гвардиола синоќа ремизираше (1-1) со Вест Хем на гостувањето во Лондон. Последица од сето ова е што „граѓаните“ сега заостануваат девет бода и имаат еден натпревар помалку од лидерот Арсенал, кој во исто време го победи Евертон со 2-0. Овој лош резултат за Манчестер Сити доаѓа само три дена откако тимот претрпе тежок пораз од Реал Мадрид (3-0) во првиот натпревар ...
Фудбалерите на Шкендија првпат го победија Арсими (1-0) во официјален натпревар од ПМФЛ. По ремито во Тетово и поразот во Гостивар, тетовскиот фаворит успеа да го скрши отпорот на овој противник. Херој на победата беше најдобриот стрелец во мак-фудбалот Бесарт Ибраими. Шкендија успеа да се врати на победите по минатонеделното реми со Брера и одржа чекор со водечкиот Вардар. Првиот дел тргна со израмнета игра без многу возбудувања. Тетовскиот ...
Планираниот спектакл меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка нема да се одигра. Натпреварот под името Финалисима меѓу Шпанија и Аргентина е официјално откажан. Првично беше планирано дуелот да се игра на 27. март во Катар, но поради кризата на Блискиот Исток тој беше откажан. Се шпекулираше дека натпреварот ќе се одигра во Мадрид во истиот термин со поделени навивачки места 50-50, но Аргентина ја одбила понудата. Како алтернатива беше ...
Младиот италијански возач, Кими Антонели, не ја криеше емоцијата и среќата по историската победа на трката за Големата награда на Кина - прва во неговата професионална кариера. Тимот на Мерцедес имаше совршен викенд и ја комплетираше трката со „еден-два“ победа, а Антонели изјави дека се чувствува неверојатно и посакува овие резултати да продолжат и во текот на сезоната. „Ова е неверојатно чувство. Не очекував првата победа да дојде толку ...
Искусниот напаѓач Един Џеко донел изненадувачка одлука во зимскиот преоден рок, откако одбил многу подобра финансиска понуда од Париз ФЦ и наместо тоа, реши да потпише за германскиот второлигаш, Шалке 04. Францускиот клуб му понудил краткорочен договор од пет месеци вреден околу 1,3 милиони евра, но босанскиот напаѓач не бил заинтересиран за преселба во Франција. Наместо тоа, прифатил значително помала плата за да се приклучи на Шалке, каде ...
Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ уште еднаш ги покажа своите голгетерски способности. На натпреварот со Арсими искусниот напаѓач на Шкендија постигна уште еден ЕВРОГОЛ и на својот тим му донесе водство од 1-0. Ибраими прво со мајстории на мал простор се ослободи од двајца чувари и од далечина испрати „проектил“ кој заврши во мрежата на гостинскиот тим. За ветеранот ова беше шести погодок сезонава во ПМФЛ. Бесарт ...
Екипата на Верона претрпе пораз на домашен терен од Џенова со 0-2 во првиот денешен натпревар од програмата во Серија А. Откако на полувреме мрежите мируваа на „Марк Антонио Бентегоди“, во продолжението гостите постепено ја презедоа иницијативата и почнаа почесто да се закануваат. Џенова првиот удар го зададе во 61. минута кога Витиња само што влезе во игра одлично шутираше од дистанца и ја затресе мрежата на Верона за водство од 0-1. Верона ...
Младиот ас на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, а овој пат со еден од најимпресивните голови сезонава, погодувајќи ја мрежата од повеќе од шеесет метри на натпреварот против Елче во Примера (4-1). По натпреварот, Ѓулер изјави дека во моментот кога ја добил топката видел дека противничкиот голман е надвор од голот, па едноставно се одлучил да шутира од далеку. „Видов дека голманот е надвор од ...
Екипата на Тиквеш ја запиша тратата победа во низа во домашниот шампионат и пред својата публика со убедливи 6-0 го совлада тимот на Шкупи. Кавадарчани сè завршија уште во првото полувреме, а отворено беше прашањето само со какво резултат ќе го поразат некогашниот шампион, кој ја игра најлошата сезона во историјата. На крај мрежата на чаирчани беше затресена шест пати, а свој блесок на теренот имаше бразилскиот офанзивец Лусианињо кој го ...
Екипата на Челзи доживеа минимален пораз на домашен терен од Њукасл (0-1), но пред почетокот на натпреварот се случи интересен момент кој не остана незабележан. Додека фудбалерите на лондонскиот клуб се собираа на средината од теренот и се мотивираа пред стартот на средбата, во нивниот круг накратко се најде и главниот судија Пол Тирни. Сцената изгледаше необично, бидејќи делуваше како арбитерот да е дел од тимскиот говор на играчите. Image ...
Одамна еден натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила немал вакво значење како овој неделниот на „Театарот на соништата“. Бодовно се израмнети со по 51, на позициите три и четири, со тоа што Јунајтед има нешто подобра гол-разлика – сè укажува дека нè очекува пеколна битка, бидејќи и едните и другите имаат уште девет кола до крајот на трката за Лига на шампиони на УЕФА. Мајкл Керик од 17 јануари, кога по вторпат во кариерата ја презеде ...
Дефанзивецот на Арсенал, Рикардо Калафиори, направи еден неверојатен потег за кој зборува целата фудбалска јавност во Англија. Неговиот тим успеа да го совлада Евертон и забележа важна победа во трката за премиерлигашката титула, а Калафиори во еден момент успеа да ја сочува својата мрежа, и тоа на неверојатен начин. Топката дојде до Двајт МекНил, кој можеше да го совлада голманот Раја, но Калафиори ја крена десната нога додека лежеше на ...
Британскиот возач Луис Хамилтон конечно се искачи на подиумот во „дресот“ на Ферари, откако заврши на третото место на трката за Големата награда на Кина. Победата на трката ја однесе младиот Италијанец Кими Антонели со болидот на Мерцедес, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Џорџ Расел. Хамилтон ја комплетираше тројката и со тоа го запиша својот прв подиум откако му се приклучи на легендарниот италијански тим. Ова е ...
Вечерва сите очи на ракометната јавност во Македонија ќе бидат насочени кон Битола, каде што се игра ново големо дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во рамки од второто коло од плеј-офот во Суперлигата. Натпреварот има огромно значење за двете екипи, особено за битолчани кои во пресрет на дуелот имаат негатива од четири бода во однос на лидерот од Скопје. Актуелниот шампион ќе има императив да ја искористи домашната атмосфера и ...
Ракометниот клуб Охрид информираше дека на синоќешното дерби со Алкалоид била покажана голема хуманост од страна на навивачите и граѓаните, кои се вклучиле во акцијата за помош на Ева. Иако средбата на теренот заврши без победник, од клубот порачаа дека вистинскиот победник биле хуманоста и заедништвото на охриѓани. На трибините и околу салата биле собрани вкупно 223.860 денари, средства кои во наредните денови ќе бидат уплатени на сметката ...
Екипата на Арсими во рамки на 23. коло од Првата Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија во Тетово. Иако гостиварскиот тим е во резултатска криза, верува дека токму овој натпревар може да донесе пресврт Дефанзивецот на Арсими, Ајрадин Цуцули, зборуваше пред важниот натпревар против Шкендија во Тетово, искрено признавајќи дека екипата минува низ тежок период. „Свесни сме дека како тим поминуваме низ не толку добар период. Последните резултати ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, имаше интересна и емотивна изјава по убедливата победа над Елче (4-1), натпревар на кој блесна младиот турски фудбалер Арда Ѓулер со спектакуларен погодок. Стратегот на „кралевите“ не го криеше одушевувањето од голот на младиот офанзивец, кој со удар од повеќе од половина терен го постави конечниот резултат. Арбелоа истакна дека погодокот на Ѓулер бил вистинско ремек-дело. „Голот на Ѓулер е за во ...