Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Вардар го комплетираше новото засилување во одбраната. Нов член на „црвено-црните“ е 23-годишниот Сирики Дијабате од Брегот на Слоновата Коска, кој настапува на позицијата централен дефанзивец. Се работи за стопер кој е висок 192 сантиметри и со своите физички предиспозиции треба да донесе дополнителна сигурност во последната линија на вардарци, особено по заминувањето на Дарко Велковски. За него ова ќе биде ново интернационално искуство и ...
Чаби Алонсо го започна мандатот на клупата на Челзи со победа, откако лондонскиот тим со -3 го совлада Фулам. Шпанецот во Лондон пристигна по бурниот период во Реал Мадрид, каде во јануари беше заменет токму од Алваро Арбелоа против кој ја отвори новата сезона во Премиер лигата. На оваа тема зборуваше премиерлигашкиот аналитичар и поранешен фудбалер Џејми Карагер. „Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен ...
Повеќе од два месеца по трката за Големата награда на Монако, сè уште нема конечен одговор кој го освоил третото место. Меѓународниот апелациски суд на ФИА денеска во Париз ги разгледува жалбите на Мекларен и Ред Бул за пласманот од трката на 7 јуни. Пјер Гасли првично ја мина целта како трет, но по две казни од по пет секунди поради надминување на брзината во пит-ленот падна на седмото место. За трет беше прогласен Исак Хаџар, кој дури се ...
Трабзонспор продолжува да создава респектабилен состав и по ангажманот на Мохамед Салах успеа да доведе уште едно добро познато име од Ливерпул. Нов играч на турскиот клуб е бразилскиот фудбалер Фабињо. Искусниот играч за врска пристигнува како слободен агент, откако му заврши договорот со саудискиот Ал-Итихад. Трансферот веќе е потврден од Трабзонспор, кој објави фотографии од Бразилецот во клупскиот дрес за време на патувањето кон Турција. ...
Македонските тенисери ги дознаа ривалите на Медитеранските игри. Прв настап ќе има Дејвис куп репрезентативецот Кристијан Јанев, кој за противник го има Андреас Тимини од Кипар. Ривалот на Јанев (18 години), е две години повозрасен од нашиот тенисер и се наоѓа на 1.472 место на АТП листата. Почетокот на мечот е во 17:00 часот. Сара Митевска во првото коло е слободна. Сепак Сара и Кристијан денес ќе го имаат и дебитантскиот во мешани двојки и ...
Ракометниот клуб Партизан подготвува сериозен трансфер и сака да го доведе Дарко Ѓукиќ, кој моментално е член на македонскиот суперлигаш Охрид. Според информациите на „PBG News“, кој се повикува на извор близок до клубот, српскиот клуб го смета ангажманот на искусното десно крило за еден од приоритетите, а раководството ќе направи сè за да го реализира трансферот. dar.png Евентуалното заминување на Ѓукиќ би било сериозен удар за Охрид, ...
Со стручни предавања на трофејниот српски стратег Светислав Пешиќ и актуелниот македонски селектор Хосе Мариа Берокал, како и практични демонстрации пред околу 200 македонски и странски тренери денес во Скопје почна дводневниот едукативен семинар во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ). Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа ...
Македонската репрезентација до 20 години го претрпе првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако Турција вечерва славеше со убедливи 3-0. Турците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до победата. Македонија имаше свои моменти, но не успеа посериозно да ја загрози турската одбрана. Човек на одлуката беше Оздер Озчан, кој постигна хет-трик и практично сам го реши натпреварот во корист на Турција. По ...
Со два нерешени резултати заврши второто коло на шпанскиот шампонат. Натпреварот помеѓу новајлиите во Примера, Малага и Депортиво Ла Коруња заврши со нерешен резултат (1-1). Двата нови прволигаши ги поделија бодовите на стадионот „Ла Росаледа“ во рамките на второто коло од шпанскиот шампионат. Гостите први поведоа во 21. минута со голот на искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг по асистенција на Луисми Круз. Малага брзо се врати во игра и ...
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) анализираше две клучни ситуации од денешното дерби меѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Во 56. минута главниот судија пропуштил да досуди прекршок во шеснаесетникот, но по ВАР-интервенција и преглед на снимката правилно досудил пенал за Струга, поради нагазување на гостинскиот напаѓач. Во 84. минута, пак, судијата правилно досудил прекршок за Шкендија. Одбранбениот играч задоцнил, ...
Екипата на Челзи победнички ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако во возбудливото лондонско дерби на „Крејвен Котиџ“ славеше над Фулам со 2-3. Овој натпревар имаше посебно значење за „сините“, бидејќи Чаби Алонсо го имаше своето официјално деби на клупата на Челзи. Шпанецот веднаш запиша победа, но неговиот тим мораше добро да се помачи за да ги освои трите бода. Челзи тргна фантастично и поведе уште во првата минута. Жоао Педро ...
Рома на фантастичен начин стигна до убедлива победа од 4-0 против Фиорентина, во натпревар во кој главните улоги ги имаа Дониел Мален и Пауло Дибала. „Волчицата“ одигра доминантен натпревар, а Мален беше нерешлива енигма за одбраната на гостите. Холанѓанецот постигна три гола и со хет-трик ја круниса својата одлична партија. Од друга страна, вистинскиот мајстор на вечерта беше Пауло Дибала. Аргентинецот беше неверојатно расположен за игра и ...
Лина Ѓорческа нема да игра во второто квалификациско коло за УС Опен, откако најдобрата македонска тенисерка денеска претрпе пораз од Маи Хонтама со 0-2 во сетови. Јапонката, која е подобро рангирана на ВТА-листата, славеше со 7-6, 6-3 и ја прекина надежта на Ѓорческа за прв настап во главниот турнир на последниот Грен слем во сезоната. Првиот сет донесе голема борба. Хонтама веднаш направи брејк и поведе со 2-0, но Ѓорческа возврати и успеа ...
Еурофарм Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб. Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Еурофарм Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва, ја започна завршната фаза од подготовките за претстојниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена, со почеток во 16:05 часот. Во пресрет на важниот дуел, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе го реализираат целокупниот подготвителен период во Скопје, во „Т Арената“, каде во наредните денови ќе ги одработат планираните тренинзи и тактички подготовки. ...
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...
Фудбалерите на Шкендија останаа единствената максимална екипа во Првата македонска фудбалска лига, откако славеа во дербито на четвртото коло против Струга Трим Лум со 2-1 (1-0). Тетовци својот натпревар за првпат го играа пред публика на трибините, ама и овојпат на теренот „Петар Милошевски“ крај Фудбалската федерација на Македонија. По мирниот старт на средбата во Скопје резултатот беше отворен во 29. минута со голот на Фахд Нзенгуе. ...
Женската репрезентација на Македонија до 20 години заврши како осма, последнопласирана на БВА Зонските квалификации во Мостар за Европското првенство 2027. Македонија запиша пет порази во исто толку одиграни натпревари (три во групната фаза и два во разигрувањето за пласман), а имаше три освоени сета. Оваа генерација на одбојкарки премиерно настапи на едни евро-квалификации и секој меч за нив беше собирање на искуство и градење на тимот за во ...
Дарко Велковски има нов клуб. Искусниот македонски дефанзивец го напушта Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Бахреин, каде што потпиша за Ал-Калдија. Велковски се врати во Вардар во јануари годинава и веднаш се наметна во првиот тим. И на почетокот на оваа сезона тој беше стандарден, но сега се реши за егзотичен предизвик. View this post on Instagram A post shared by نادي الخالدية (@alkhaldiyasc) Стоперот професионалната кариера ја започна ...
Ракометниот натпревар меѓу Динамо Панчево и Вардар 1961, кој требаше да се одигра на 26 август во рамки на второто коло од Регионалната ракометна лига, е одложен. Од таборот на „црвено-црните“ информираа дека побарале одложување поради серијата повреди, како и вирусот кој го погодил тимот. Поради тие причини Вардар не е во можност да гостува во Панчево. Барањето на македонскиот тим било прифатено од Динамо Панчево и раководството на ...
Фудбалерите на Вардар покажаа знаци на живот и по поразите од Шкендија и Струга славеа со сигурни 4-1 против екипата на Силекс во петтата рунда на ПМФЛ. Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ му припадна во целост на домашниот тим кој убедливо стигна до победата. Вардар и Силекс одиграа интересно прво полувреме. „Црвено-црните“ тргнаа фуриозно и поведоа уште во третата минута. Спахиу одлично проби по левата страна, го забележа ...
Не требаше долго да се чека на првите голови на Мохамед Салах во дресот на Трабзон. Египетската суперѕвезда постигна два гола против Башакшехир и на најдобар можен начин го започна својот престој во турскиот клуб, кој издвојува огромна сума за неговиот ангажман. Салах стрелаше уште во осмата минута, откако го искористи големиот кикс на голманот на гостите и лесно ја затресе мрежата за својот првенец во новиот клуб. Башакшехир набрзо израмни ...
Англискиот фудбалер Трент Александер-Арнолд призна дека сè уште го погодуваат навредите и негативните реакции од дел од навивачите на Ливерпул, иако помина повеќе од една година откако го напушти „Енфилд“ и се пресели во Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец практично целиот свој фудбалски живот го помина во Ливерпул, но неговата одлука да го продолжи патот во Мадрид не беше прифатена од сите симпатизери на клубот. „Свирежите и ...
Екипата на Вардар како што посакуваше го отвори дербито со Силекс на арената „Тодор Проески“, а нов гол постигна Димитар Данев. Се играше третата минута кога Спахиу одлично проби по левата страна, увиде дека Данев е во чиста позиција и го проигра, а младиот репрезентативец фудбалски, шутираше од прва и ја смести топката во гостинската мрежа. Целата ситуација се прегледуваше во ВАР-собата поради местоположбата на Азер Омерагиќ, кој беше во ...
Најавите се остварија - уште една екипа се откажа од настап во женската ракометна Суперлига. ЖРК Куманово нема да се натпреварува и се сели во понизок ранг на натпреварување, Веќе е познат и клубот кој ќе го пополни местото на кумановчанки. Ракометната Федерација на Македонија, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во женската ракометна Суперлига, го исклучи ЖРК Куманово од натпреварувањето. Согласно ранкингот од ...
Македонската елитна кошаркарска лига ги има сите членови на број, Откако Чаир 2030 не доби лиценца за настап од трите пријави беше избрана најдобрата за пополнување на испарзнетото место. Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ги разгледа пријавите и документацијата и донела одлука Соколи Штип да го пополни испразнетото мето во Суперлигата за натпреварувачката сезона 2026/27. За испразнетото место конкурираа Соколи 1933 од Штип, Феникс ...
Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна легендарниот гол со „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година беше продадена на аукција во САД за 2,9 милиони евра. Марадона со рака го совлада Питер Шилтон во четвртфиналето против Англија, кое Аргентина го доби со 2-1. По натпреварот, славниот Аргентинец изјави дека голот бил постигнат „малку со главата на Марадона, а малку со Божјата рака“. Само неколку минути подоцна, ...
Хулијан Алварез го доживеа првиот сериозен притисок од навивачите на Атлетико Мадрид по шпекулациите дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. Во ремито со Виљареал (2-2), Аргентинецот беше дочекан со свирежи уште при читањето на составите, а негодувањата продолжија и кога Диего Симеоне го испрати на терен во 66. минута. Речиси секој негов допир со топката беше проследен со свирежи, додека дел од трибините скандираа и ...
Партизан се соочува со големи промени во раководството и стручниот штаб по катастрофалниот почеток на сезоната. По вчерашниот пораз од Младост Лучани со 1-3, челниците на овој клуб донесоа одлука да поднесат оставки по претстојниот натпревар со Хетафе. Претседателот Расим Љаиќ, генералниот директор Данко Лазовиќ и спортскиот директор Радослав Петровиќ ќе се повлечат од функциите независно од резултатот против шпанскиот тим. Иако првично беше ...
Струга Трим Лум во одлична атмосфера го пречекува новото дерби во ПМФЛ, откако во минатото коло со минимални 1-0 го совлада Вардар. Денес следува гостувањето кај Шкендија во натпреварот од четвртото коло. Поради градежните работи на стадионот во Тетово, дербито ќе се одигра на комплексот на ФФМ во Скопје, а офанзивецот на Струга Трим Лум, Арби Воша, очекува тежок натпревар. „Шкендија има одличен тим, составен од квалитетни фудбалери, но ние ...