Македонската репрезентација до 20 години го претрпе првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако Турција вечерва славеше со убедливи 3-0. Турците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до победата. Македонија имаше свои моменти, но не успеа посериозно да ја загрози турската одбрана. Човек на одлуката беше Оздер Озчан, кој постигна хет-трик и практично сам го реши натпреварот во корист на Турција. По ...

Македонија продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, а нашите репрезентативи досега освоија вкупно пет медали. По трите одличја освоени од македонските борачи, нова бронза за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ, додека боксерот Ален Рустемовски со фантастичен настап се пласираше во полуфиналето и веќе има загарантирано најмалку бронзен медал. Вероника Консевиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 57 ...

Младата женска ракометна репрезентација запиша нов пораз на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Овој пат „црвено-жолтите“ беа совладани од Алжир со убедливи 23-37. За Македонија ова беше трет пораз после Грција и Тунис. Победникот беше решен после првото полувреме по кое нашите девојки беа во негатива од 11-20. И на оваа средба капитенот Леона Миленкоска беше најефикасна, зад нејзиното име запиша шест гола од осум обиди. ...

Македонската женска сениорска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево загуби од Грција со 1-3 (25-22, 13-25,7-25, 17-25) во рамки на 3. коло во групата Б. Македонските одбојкари одлично влегоа во натпреварот и со четири врзани поени во финишот на воведниот сет поведоа со 1-0. Вториот сет беше резултатски израмнет до минимално водство на Грција од 7-6, кога уследи голем пад ...