Македонската репрезентација до 15 години забележа победа над Естонија со 1-0 во вториот натпревар од развојниот турнир на УЕФА, кој се одржува во Струмица и Турново. Избраниците на Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар и создадоа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата. Македонија двапати ја погоди и пречката, а единствениот гол го постигна Леис Факиќ во 40. минута. Во последниот натпревар од турнирот, Македонија в среда ќе се ...

Шкендија ја брка четвртата победа во низа на стартот од сезоната, со која би останала единствениот тим со максимален учинок. Тетовци по два меча без публика конечно ќе имаат поддршка од трибините, а во дербито против Струга Трим Лум очекуваат нов успех. Ване Крстевски е оптимист пред дуелот и вели дека тимот добро го анализирал противникот. „Се подготвуваме чекор по чекор за Струга, знаеме дека нè очекува силен дуел и добро го анализиравме ...

АТП ја објави најновата ранг-листа, на која најголемиот скок го направи Флавио Коболи, кој напредуваше четири позиции и сега е шести, што воедно е негов најдобар пласман во кариерата. На врвот и понатаму е Јаник Синер со 12.800 поени, иако Италијанецот го откажа настапот на УС Опен. На второто место сега е Александар Зверев со 7.790 поени, додека Карлос Алкараз падна на третата позиција со 7.160 бодови. Четврти е Феликс Оже-Алиасим, следува ...

Црвена Звезда со сигурна победа од 4-0 против Чукарички продолжи во Суперлигата на Србија. Поради обврските во европските натпреварувања, тренерот Алберт Риера направи неколку промени во составот, па на терен од првата минута се најде и македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров. Фудбалерот ја доби улогата на стопер, но во текот на натпреварот често се поместуваше кон средината на теренот и активно учествуваше во изградбата на ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 го претстави новиот гостински дрес со кој „црвено-црните“ ќе настапуваат во сезоната 2026/27. Новиот дрес носи посебна симболика, бидејќи е инспириран од 65-годишниот јубилеј на клубот. Во дизајнот покрај белата, доминира златната боја, која треба да го одбележи значајниот јубилеј и богатата историја на еден од најпознатите македонски спортски колективи. Од клубот најавија дека гостинскиот дрес наскоро ќе биде ...

Коко Гоф е шампионка на Мастерсот во Синсинати, откако во американското финале ја совлада сонародничката Џесика Пегула со убедливи 6-2, 6-4. За Гоф ова е втор трофеј во Охајо, откако претходно триумфираше и во 2023 година. Со новата титула, таа им се придружи на Серена Вилијамс и Викторија Азаренка како тенисерки кои двапати го освоиле турнирот во Синсинати. Ова беше прво американско финале на турнирот по цели 56 години, односно прво од 1970 ...

Викендов на програмата беа натпреварите од првото коло во Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција. Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4-0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2-0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4-0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута. Најубедливата победа на ...

Артур Фис е нов шампион на Мастерсот во Синсинати, откако во спектакуларното финале го совлада домашниот тенисер Френсис Тиафо со 2-1 во сетови (6-3, 1-6, 6-0). Французинот одигра неверојатен меч во Охајо и на крајот стигна до најголемиот трофеј во кариерата. По Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз, Фис е новото име кое е запишано на престижниот пехар во Синсинати. Фис одлично го отвори финалето и веднаш покажа дека нема да му биде ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, а на стартот ја очекува дуел со јапонската тенисерка Маи Хонтама. Хонтама во моментов е подобро рангирана од Ѓорческа и се наоѓа на 171. место на ВТА-листата. Македонката, сепак, има големо искуство во квалификациите на Грен слем турнирите и ќе се обиде да направи нов исчекор и во Њујорк. Терминот за натпреварот сè ...

Екипата на Интер со победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на „Сан Сиро“ славеше со убедливи 4-1 против Монца. Иако резултатот изгледа убедливо, натпреварот не беше лесен за актуелниот шампион, особено во првото полувреме, кое заврши со резултат 1-1. Тренерот Кристијан Киву по натпреварот призна дека неговиот тим имал проблеми со притисокот на противникот и со реализацијата на замисленото во првите 45 минути. „Имавме проблеми во ...

Напаѓачот Жан Филип Матета влезе во сериозен правен спор со Кристал Палас околу важноста на неговиот договор со англискиот клуб. Францускиот фудбалер смета дека неговата соработка со Палас требала да заврши ова лето и дека требало да стане слободен агент. Од друга страна, клубот уште во 2024 година активирал опција за продолжување на договорот за уште една сезона. Случајот првично бил разгледуван од независно тело формирано според правилата ...

Барселона на Ханси Флик ја почна одбраната на титулата со фестивал од голови на теренот на Елче со 0-5 (0-2). Првакот оствари убедлива победа и одигра фантастичен натпревар на стадионот „Мартинез Валеро“, доминирајќи во текот на целиот натпревар со офанзивен фудбал. Рафиња го отвори резултатот со прецизно изведен пенал, откако претходно самиот беше соборен во шеснаесетникот во 15. минута. Карим Адејеми во надополнувањето на загубеното време ...

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер со победа ја започна премиерната сезона во Регионалната ракометна лига. Во првото коло совладан беше амбициозниот српски првак Партизан, со резултат 35-31. Салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета речиси до последно место, освен чкембарскиот дел, откако навивачката група најави дека нема да присуствува на натпреварите од новоформираниот шампионат. А токму таму, за малку ќе избиеше голем инцидент. ...

Португалскиот стратег Рубен Аморим го забележа својот прв официјален триумф како тренер на италијанскиот гигант Милан, победувајќи го Торино на гостински терен со 1-2 (0-0). Овој натпревар го означи неговото официјално деби во новата сезона на Серија А. Аморим веднаш го имплементира својот препознатлив систем со тројца дефанзивци (3-4-2-1), потпирајќи се на висок пресинг и брзи транзиции. По изедначениот прв дел, головите паднаа во ...

Пари Сен Жермен се спаси од пораз на гостувањето кај Рен, извлекувајќи реми со резултат 2-2 во рамките на првото коло од новата сезона во француската Лига 1. Натпреварот се одигра на стадионот „Роазон парк“ во Рен, откако првичниот план ПСЖ да биде домаќин беше променет поради лош тревник во Париз. Домаќините одиграа извонредно прво полувреме и шокантно поведоа со 2-0. Себастијан Шимански погоди уште во 8. минута, а Естебан Лепол го зголеми ...

Ракометарите на Прилеп го освоија трофејот на единаесеттото издание на Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалето убедливо триумфираа над екипата на ГРК Тиквеш со резултат 36-29 (17-12). Домашниот тим, предводен од Наум Танески, ја најави победата уште во првото полувреме со водство од 17-12, по што во вториот дел рутински го приведе натпреварот до крај во спортската сала „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп. Во ...

Новак Ѓоковиќ на последниот Грен слем во сезоната (УС Опен) ќе има голема шанса да стигне до 25. титула на најголемите турнири, особено по отсуството на Јаник Синер и неизвесната форма на Карлос Алкараз. Алкараз се враќа на теренот по четиримесечна пауза поради повреда на зглобот, додека Синер поради проблеми со десното колено го откажа настапот на турнирот. Токму затоа многумина сметаат дека Ѓоковиќ сега има „отворен пат“ до трофејот. Меѓу ...

Екипата на Бадел 1862 продолжува да го составува ростерот за новата сезона, а важен потег во таа насока е продолжувањето на соработката со Линдзи Клири. Американката минатата сезона се покажа како едно од клучните засилувања на тимот, особено со игрите под кошевите. Најдобра потврда за нејзиниот придонес се просечните 10,5 поени и 14,5 скока по натпревар, со што оствари дабл-дабл учинок во текот на целата сезона. Екипата на Бадел 1862 ...

Клеј Томпсон се реши на сериозна финансиска „жртва“ за да стави крај на својата епизода во Далас Маверикс и да добие можност кариерата да ја продолжи во Мајами Хит. Томпсон имаше договор според кој оваа сезона требаше да инкасира 17,5 милиони долари, но при спогодбата со Далас за раскин се откажа од околу 9,8 милиони долари. Се очекува Томпсон да стане слободен агент следната недела, а потоа треба да потпише двегодишен договор со Мајами ...

Карлос Алкараз конечно ќе се врати на терените и ќе настапи на УС Опен, по пауза од речиси четири месеци поради повреда на десниот зглоб. Шпанецот последниот меч го одигра во април во Барселона, а во меѓувреме ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон. Отсуството на Јаник Синер, кој поради повреда на десното колено го откажа настапот во Њујорк, дополнително го става Алкараз во центарот на вниманието. Сепак, поранешниот трет тенисер во светот, ...

Кошаркарската селекција на Франција му се реваншира на Србија во вториот пријателски натпревар одигран во Орлеан. Оваа победа на француските кошаркари дојде како одговор на првиот натпревар во Белград, каде Србија славеше со тесни 90-87. Французите, предводени од новиот капитен Вембањама, успеаја да направат прилагодувања по првиот пораз и да остварат триумф на домашен терен пред очите на легендите Тони Паркер и Борис Дијао, кои беа присутни ...

Еурофарм Пелистер на одличен начин го започна настапот во Регионалната ракометна лига, откако пред своите навивачи во Битола го совлада српскиот шампион Партизан со 35-31 (20-13). Првиот официјален натпревар на Лино Червар беше и повеќе од добар, а наместо новајлиите пак се истакнаа староседелците - водени од капитенот. Битолчани уште од стартот го контролираа натпреварот и наметнаа висок ритам со играта „седум на шест“. Капитенот Филип ...

Екипата на Јувентус се избори за минимална победа на гостувањето кај Фрозиноне, славејќи со минимални 0-1 (0-1) во натпреварот од првото коло на италијанската Серија А. Стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот Бремер, кој погоди на асистенција на Франциско Консеисао во 22. минута од натпреварот. Имаа „бјанконерите“ уште шанси за поубедлив триумф, но и овој гол на Бремер се покажа како доволен за освојување на трите бода. Фрозиноне се ...

Англискиот премиерлигаш Челзи би можел да направи значајни промени во сопственичката структура. Според британските медиуми, Тод Бојли и Марк Волтер преговараат за продажба на своите удели на мнозинскиот сопственик „Клирлејк Капитал“. Бојли и Волтер поседуваат по 12,8% од акциите, а ист удел има и Хансјорг Вајс. Во моментов Клирлејк контролира 61,6% од клубот, но со потенцијалната продажба на акциите на Бојли и Волтер би стигнал до 87,2%. ...

Финецот Мика Муринен во моментов нема можност да игра кошарка, бидејќи сè уште нема дозвола да игра ниту за Колеџот во Арканзас, ниту за својата репрезентација. Младиот Финец се наоѓа во САД и се подготвува за новата сезона во НЦАА лигата со Арканзас Рејзорбекс, но чека „зелено светло“ од Центарот за подобност на НЦАА лигата. Ова тело одлучува дали играчите со претходно професионално искуство смеат да настапуваат во колеџ кошарката. Проблем ...

Екипата на Монако ја отвори новата сезона во француската Лига 1 со минимална победа на гостувањето кај Авр со конечен резултат 0-1 (0-1). Тимот од кнежевството ги освои трите бода со единствениот погодок на мечот, кој беше дело на Англичанецот Ерик Даер во петнаесеттата минута. Монако во следното коло ќе игра дерби-меч со Олимпик Марсеј на домашен терен, а екипата на Авр ќе има тешко гостување во Лион. Победа оствари и тимот на Лил, кој ...

Португалскиот стратег Жозе Мурињо по враќањето во Мадрид повторно ја избра населбата Ла Финка, ексклузивна и строго обезбедена населба во која живееше и за време на првиот мандат во Реал Мадрид. Португалецот престојува во луксузна вила со околу 1.400 квадратни метри, сместена на имот поголем од 5.000 квадратни метри. Куќата има модерно уредување, пространи соби, високи тавани, големи прозорци, огромен двор и базен. Главната причина за изборот ...

Екипата на Њукасл Јунајтед пропушти голема шанса за прва победа во новата сезона на Премиер лигата, ремизирајќи со тимот на Ливерпул на „Сент Џејмс Парк“ со конечен резултат 2-2 (1-0). Домаќинот го имаше триумфот в џеб, но му подари бод на ривалот во последните секунди од мечот. „Страчките“ имаа предност по само пет минути игра, кога мрежата ја затресе Антони Еланга, а овој резултат се покажа и конечен по истекот на првите 45 минути. Имаше ...

Легендарниот фудбалер на Динамо Загреб и поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, е на прагот на враќање во хрватскиот фудбал. Неговиот актуелен клуб Ујпешт повеќе не смета на услугите на искусниот играч за врска и му дозволил слободно да го избере следниот клуб во кариерата. За Адеми веќе постои интерес од два хрватски прволигаши - Горица и Рудеш, кои би можеле да го ангажираат во продолжението на преодниот рок. Адеми е добро ...

Екипата на Атлетико Мадрид се избори за бод против Виљареал (2-2) во натпреварот кој се играше во рамки на второто коло од шпанската Примера. Овој резултат е уште повреден ако се земе предвид фактот дека „јорганџиите“ последните 20 минути ги одиграа со фудбалер помалку. Првите 45 минути не понудија голови, а во второто полувреме резултатот најпрво го отвори Марк Пубил, кој стрелаше за 1-0 во 59. минута. Џерард Морено израмни од пенал на 1-1 ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75