На 6 ноември, 1996 година во Аеродром „кралевите“ ја загубија круната. „Штрковите“ во драматична завршница славеа со 69-68, а херој со мирната рака од тимот на МЗТ Скопје беше Перо Блажевски кој ги постигна слободните фрлања за триумф на македонскиот тим над кралскиот великан предводен од Жељко Обрадовиќ. Перо Блажевски во едно од интервјуата за Gol.mk ни раскажа нешто повеќе за тимот, како и како течеле подготовките за легендарната средба. ...

Париз Баскет стана клуб со најголем буџет за плати во француската кошаркарска лига, додека неговиот играч Надир Хифи е најплатениот кошаркар во натпреварувањето со годишна заработка од 1,1 милион евра. По финансискиот колапс на Монако, Париз го презеде првото место со вкупен буџет од 30,86 милиони евра, од кои 8,18 милиони се наменети за платите на играчите. Хифи е единствениот кошаркар во лигата со заработка поголема од еден милион евра. Зад ...

Натпреварот меѓу КК Гостивар и КК Бутел, покрај случувањата на теренот, го одбележаа и тензии меѓу двете екипи, а особено внимание привлекува податокот за температурата во спортската сала. Според делегатскиот записник, гостинската екипа пред почетокот на средбата изразила сомнеж дека температурата во салата е прениска. По извршеното мерење било утврдено дека таа изнесувала само 12,4 степени Целзиусови, по што следела вербална расправија меѓу ...

Кошаркарите на Црвена Звезда приредија големо изненадување во Евролигата, откако славеа на гостувањето кај Олимпијакос со 57-62. Белградскиот тим стигна до исклучително важна победа во Атина, на теренот на еден од најсилните европски клубови. „Црвено-белите“ одиграа одлична одбранбена партија и успеаја да го ограничат офанзивниот потенцијал на домашниот состав. Натпреварот го следеше и една од најголемите спортски ѕвезди на Србија, Новак ...

Кошаркарите на Партизан го совладаа Макаби Тел Авив со убедливи 88-67 во натпреварот од 10. коло во Евролигата и ја забележаа петтата победа сезонава. „Црно-белите“ уште од самиот почеток ја презедоа контролата, а по првата четвртина водеа со 28-23. Клучната разлика ја направија во вториот период, кој го добија со 22-12, па на пауза заминаа со предност од 15 поени (50-35). Партизан продолжи да доминира и во второто полувреме, во еден момент ...

Лука Дончиќ игра во неверојатна форма на стартот на НБА сезоната, а тоа го докажа уште еднаш во победата на Лос Анџелес Лејкерси против Портланд Треил Блејзерс (124-118). Словенечкиот ас уфрли неверојатни 53 поени, а особено се истакна на истекот на времето во втората четвртина. Дончиќ погоди тројка од своето поле од преку три четвртини од теренот. Инаку, досега Словенецот игра со неверојатен просек од 40,1 поени по натпревар. Вторпат оваа ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров пред домашната публика во Скопје ќе ја пречекаат селекцијата на Луксембург, со јасна цел, победнички старт на новиот квалификациски циклус. Ракометната еуфорија повторно се враќа во „Борис Трајковски“. Македонија вечерва од 19:00 часот ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за континенталниот ...

Машката репрезентација на Македонија денеска ги стартува квалификациите за настапот на ЕП 2028 против Луксембург. Кирил Лазаров го избра тимот за овој натпревар. Од претходно повиканите 18 ракометари, отпаднаа голманот Васил Гогов и средниот бек Филип Николов, а шанса за настап ќе добие новиот наш репрезентативец Дмитро Горига. Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот. ...

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, би можел да се најде во трката за претседател на ФИФА и да му се спротивстави на актуелниот прв човек Џани Инфантино, кој сака да добие нов мандат на чело на Светската фудбалска организација. Според францускиот „Екип“, поранешниот менаџер на„топчиите“ сериозно ја разгледува можноста да се кандидира, а конечната одлука се очекува да ја донесе во средината на следната недела. Пред тоа, Венгер ...

Турскиот гигант Галатасарај во следниот период нема да може да смета на Виктор Осимен, кој успешно беше опериран по повредата на коленото на левата нога. Според првичните процени, нигерискиот напаѓач ќе отсуствува најмалку четири недели, а неговото враќање на терените се очекува во средината на декември. Осимен се повреди минатата недела на натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, по што беше утврдено дека ќе мора да биде подложен ...

Семејството Нејмар сериозно „навлезе“ во структурите на фудбалскиот клуб Сантос. Една од најважните функции во клубот му е доверена на Нејмар сениор, таткото и долгогодишен агент на бразилската фудбалска ѕвезда. Тој е промовиран во генерален менаџер, а со клубот потпиша договор на 18 месеци. Нејмар сениор со години беше задолжен за кариерата на својот син, а откако помладиот Нејмар минатата година се врати во Сантос, сега и неговиот татко ќе ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија серијата добри резултати со убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Валенсија, во возбудливиот натпревар од 12. коло на шпанската Примера, одигран на „Местаља“. Само три дена по драматичниот триумф против АЕК во Атина, „кралскиот клуб“ многу полесно се справи со Валенсија и ја запиша осмата победа во низа во сите натпреварувања. Тимот на Мурињо од самиот почеток го наметна темпото и создаваше шанси ...

По убедливата победа од 6-0 на гостувањето кај Виљареал во Лигата на шампионите пред четири дена, фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва одиграа во значително послаб ритам, но сепак на „Паркот на принцовите“ го совладаа Троа со 1-0 во натпреварот од 10. коло на француската Лига 1. Феран Торес и Мајулу вечерва не ги искористија своите шанси, но натпреварот беше решен во 39. минута, кога избраниците на Луис Енрике реализираа добро организирана ...

Фудбалерите на Рома ја совладаа екипата на Сасуоло со убедливи 3-0 на „Олимпико“, во натпреварот од 11. коло на италијанската Серија А. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини без поголеми проблеми ја оправдаа фаворитската улога и со рутинска победа се приближија до лидерот на табелата, градскиот ривал Лацио. Рома целосно ја контролираше играта, а по неуспешните обиди на Балерди и Море, отпорот на гостите беше скршен во 27. минута. Дефанзивецот ...

Манчестер Јунајтед продолжува да ја минува една од најтешките сезони во поновата историја на клубот. По победата на Нотингем Форест над Манчестер Сити со 3-1, „црвените ѓаволи“ се најдоа на 18. место во Премиер лигата, позиција која води во понизок ранг на натпреварување. Нотингем Форест приреди големо изненадување во 10. коло од англиското првенство, откако на својот „Сити Граунд“ го совлада актуелниот шампион Манчестер Сити со 3-1. Сепак, ...

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години славеше над кадетската селекција до 18 години со 34-27 во контролен натпревар одигран во рамките на подготовките. Средбата послужи како добра проверка за двете репрезентации, со можност за воигрување на составите, проверка на формата и стекнување дополнително натпреварувачко искуство. Двете селекции ќе имаат уште една можност за меѓусебна проверка. Новиот контролен натпревар е ...

Хрватскиот ракометар Матео Мараш, најави дека по завршувањето на актуелната сезона би можел да ја промени клупската средина и да го напушти Пари Сен Жермен. Во интервју за „Спорт Клуб“ некогашниот ас на Еурофарм Пелистер зборуваше за својата улога во францускиот гигант, конкуренцијата со Омар Јахија, но и за иднината на ракометот и промените што би сакал да ги види во овој спорт. Мараш смета дека ракометот би станал поатрактивен доколку се ...

Искусниот пивот Никола Маркоски ја заврши кариерата пред почетокот на оваа сезона, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со убав гест го испочитува за она што тој го даде во дресот со државниот грб. 36-годишниот Маркоски долги години го носеше дресот на Македонија, а последен клуб му беше Алкалоид. Главниот дефанзивец е единствениот играч кој играл за четирите најдобри клубови во мак-ракометот, Вардар, Алкалоид, Металург и Пелистер. ...

Ракометарите на Македонија го дочекаа Луксембург во првото коло од квалификациите за Европското првенство. На овој натпревар деби во „црвено-жолтиот“ македонски дрес имаше Дмитро Горига. Украинскиот бек кој лани доби македонски пасош доби шанса во овој циклус и го даде првиот гол во националниот дрес. Се очекува Горига да биде големо засилување за Македонија на претстојното Светско првенство. Ракометарите на Македонија го дочекаа Луксембург ...

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2028 година. Нашиот национален тим го победи Луксембург (41-23) во првиот меч кој се одигра во Скопје. Очекувано, македонските ракометари демонстрираа моќ против аутсајдерот во групата и си ја завршија домашната задача, пред вториот квалификациски дуел против Грција кој се игра на гостински терен за неколку дена. ...

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2028 година. Нашиот национален тим го победи Луксембург (41-23) во првиот меч кој се одигра во Скопје. Очекувано, македонските ракометари демонстрираа моќ против аутсајдерот во групата и си ја завршија домашната задача, пред вториот квалификациски дуел против Грција кој се игра на гостински терен за неколку дена. По ...

Крилото Александар Петковски одигра безгрешен натпревар и беше еден од најдобрите стрелци на Македонија во победата над Луксембург (41-23) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2028 година. По дуелот во Скопје, репрезентативецот изјави: „Среќен сум што одигравме според договореното и ги исполнивме задачите на селекторот. Сега имаме време мирно да се подготвиме за мечот во Грција. Сигурно дека тој ќе биде поинаков натпревар од овој ...

Репрезентацијата на Македонија го победи Луксембург (41-23) во првиот меч кој се одигра во Скопје во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Очекувано, македонските ракометари демонстрираа моќ против аутсајдерот во групата, а капитенот Филип Кузмановски е задоволен од целиот пристап на екипата. „Како што кажав пред почетокот на двата меча, мислам дека тие ни се многу важни. Имавме задачи како треба да се однесуваме и да ги ...

Иднината на новиот ракометен проект на овие простори, Партизан, е под сериозен знак прашалник. Во клупските простории е одржана седница на Управниот одбор, а одлуките се очекуваат до крајот на седмицата. Според информациите на „Моцарт спорт“, оставки се очекуваат од претседателот Миљан Жугиќ, како и уште неколку важни имиња за функционирањето на клубот. Дополнително, поддршката би можел да ја повлече и Владимир Мандиќ, кој иако немал ...

Селекторот на Луксембург, Дидие Динар, по натпреварот против Македонија се осврна на развојот на својата репрезентација и потенцира дека трпението, искуството и заедништвото ќе бидат клучни за напредокот на екипата. Францускиот стратег нагласи дека резултатите не можат да дојдат преку ноќ, но верува дека со посветена работа и вистински пристап тимот ќе успее да ги оствари поставените цели. „Сите би сакале работите да се одвиваат побрзо, ...

Репрезентацијата на Шведска немаше големи проблеми со селекцијата на Грција и славеше победа во квалификацискиот натпревар за Европското првенство со конечни 33-24. Дуелот од осмата група, каде се натпреварува и нашата репрезентација, мина во знакот на Швеѓаните, кои имаа предност од пет гола уште на паузата (18-13), а потоа само го дотолчија противникот и забележаа прва победа во оваа конкуренција. Домаќинот постепено ја зголемуваше ...

Капитенот на српската ракометна репрезентација, Мијало Марсениќ, од следното лето ќе има нов клуб. Искусниот пивотмен потпишал тригодишен договор со Динамо Букурешт, актуелниот романски шампион, дознава „Моцарт Спорт“. Марсениќ, кој осум години го носеше дресот на Фуксе Берлин, претходно беше поврзуван со Партизан, клубот во кој ја започна својата афирмација, но на крајот се одлучи за продолжување на кариерата во Романија. Зад себе има ...

Британскиот возач Ландо Норис ја освои пол-позицијата на квалификациите за Големата награда на Сао Паоло во Формула 1, во сесија која беше значително одложена поради обилните врнежи од дожд. Поројниот дожд предизвика речиси веднаш да биде прекинат првиот квалификациски сегмент со црвено знаме, по што следуваше пауза подолга од еден час. На крајот, квалификациите се претворија во вторите најдолги во историјата на Формула 1. По два и пол часа ...

Фудбалерите на Осасуна и Атлетик Билбао одиграа нерешено 1-1 во возбудливиот дуел од 12. коло во шпанската Примера. Гостите од Баскија беа на чекор до победата по голот на Нико Вилијамс во 85. минута, но Алехандро Катена во 90. минута успеа да донесе бод за домашниот состав. Атлетик Билбао беше подобар противник во текот на натпреварот. Гостите ја погодија стативата во 39. минута по силниот удар на Беренгер, а нивната иницијатива беше ...

Фудбалерите на Штутгарт се вратија на победничкиот колосек по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите. Германскиот тим вечерва на домашен терен го совлада Вердер Бремен со 1-0 во натпреварот од деветтото коло во Бундеслигата, со што на гостинскиот состав му го нанесе првиот лигашки пораз по повеќе од два месеци. На домаќините не им требаше многу време за да стигнат до предност. Максимилијан Мителштет уште во седмата минута ја затресе ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58