Каи Хаверц најавува голгетерска сезона. Германскиот ас по само 15 минути игра од отворањето на новата сезона во Премиер лигата ја затресе мрежата на Ковентри Сити и на шампионот Арсенал му донесе предност од 1-0. По една грешка на гостинската одбрана, Калафиори го проигра Хаверц, а овој со шут со лева нога го совлада Рашфорд и го постигна првиот го во новиот англиски шампионат. KAI HAVERTZ OPENS THE SCORING FOR ARSENAL! Arsenal 1-0 ...
Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите не упатија ниту еден удар во рамките на голот. Екипата на Микел Артета го контролираше натпреварот практично од првата минута. Ковентри не беше во можност сериозно да го загрози голот на домаќините. Статистиката зборува многу за рамнотежата на силите на „Емирати“. ...
Екипата на Арсенал на најдобар можен начин ја започна одбраната на шампионскиот трофеј во Премиер лигата. По освојувањето на титулата минатата сезона со која ставија крај на 22-годишното чекање, избраниците на Микел Артета покажаа дека и оваа година се главни фаворити за трофејот, совладувајќи го повратникот Ковентри Сити со убедливи 3-0. Блицкриг во првото полувреме и апсолутна контрола Иако гостите предводени од Френк Лампард започнаа ...

