Македонскиот фудбалер Иван Николов многу кратко пронајде нова средина, откако му истече договорот со данскиот клуб Сондерјиске. 23-годишниот играч од средниот ред на маса имаше неколку конкретни понуди од од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија, но на крај се реши за преселба во Босна и Херцеговина, во редовите на Радник Бијелина. На тој начин босанскиот клуб одново во своите редови ќе има македонски фудбалер, откако пред еден месец го раскина ...

Ако судиме според тежината на влогот и според тоа што Челзи и Наполи можат да добијат или загубат во последното коло од Лигата на шампионите, нивниот меѓусебен дуел на стадионот „Диего Армандо Марадона“ најавува еден од најжешките мечеви во конкуренција од преостанатите 17 средби од 8. рунда. Сметката на Наполи со моменталните осум бода е јасна. Мора да оди на победа против светскиот шампион, бидејќи тешко дека бод би бил доволен за европска ...

Јаник Синер, вториот рекет на АТП листата извојува сигурен триумф над Американецот Бен Шелтон во четвртфиналето на Австралија Опен, и со тоа закажа нов спектакуларен дуел против големиот шампион Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето во Мелбурн. Американецот, кој е седми на светот, добро се држеше, особено кога неговиот сервис „одеше“, но Синер остана рамномерно фокусиран и концентриран за освои по еден брејк во секој сет. По два часа и 25 минути ...

Новак Ѓоковиќ ги сподели своите впечатоци на прес-конференција по пласманот во полуфиналето. Српскиот ас беше во големи проблеми, затоа што губеше со 2-0 во сетови, но Мусети се повреди и мораше да го предаде натпреварот. Тој реагираше особено емотивно на прашањето дали сега ги „брка“ новите тениски ѕвезди, Карлос Алкараз и Јаник Синер. „Можам да кажам дека чувствувам недостаток на почит, бидејќи испуштивте сè помеѓу периодот кога ги бркав ...

Денеска на програмата е последното коло од групната фаза на Европското првенство во ракомет во Шведска, Данска и Норвешка. Ќе се одиграат шест натпревари по кои ќе се знаат сите патници во полуфиналето на континенталниот собир. Во пресрет на последните шеесет минути само една селекција веќе обезбеди место меѓу најдобрите четири – домаќинот Данска, а за останатите три места ќе се борат дури шест селекции. Во групата 1 светскиот и олимписки ...

Eкипата на Арсими продолжува да го засилува својот ростер оваа зима и во своите редови доведе искусно засилување во дефанзивата. Нов член на дебитантот во ПМФЛ е Џелил Абдулин, фудбалер кој во есенскиот дел од шампионатот настапуваше за екипата на Македонија ЃП. „Убедени сме дека неговото искуство, квалитет и посветеност ќе бидат од големо значење за нашиот тим во идните предизвици. Му посакуваме многу успех со нашиот дрес и сезона полна со ...

По големата победа на хрватската ракометна репрезентација против соседна Словенија, шансите за светските вицешампиони за пласман во полуфиналето на ЕП драстично се зголемија. Секако дека задоволството кај Хрватите е големо, но искусниот Лука Циндриќ беше бесен на организаторот на шампионатот, затоа што веќе денес ќе се одигра последното коло од главната фаза. „Прво, би сакал да се осврнам на фактот дека играме утре. Човекот кој што го правеше ...

Дојде време за средување сметки, за одвојување на житото од плевата. Осмото коло ќе ни даде дефинитивни одговори на прашањата кој ќе оди директно во осминафиналето на Лигата на шампионите, а кој ќе мора тоа да го обезбеди преку плејофот. Ривалите од последното коло, Монако и Јувентус, сигурно ќе завршат во втората група. Торинскиот клуб беше во огромни проблеми, имаше само една победа до ноември, но потоа успеа да собере уште три. Тој го доби ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ направи необичен потег во четвртфиналето на Австралија Опен и одново ги придоби симпатиите кон себе. Во вториот сет, кога Мусети водеше со 5-3, Новак Ѓоковиќ имаше 30-15, а топчето на противникот излезе надвор од теренот, што значеше поен за Новак и 40-15. Сепак, Ѓоковиќ отиде кај судијата и рече дека тој бил последниот што ја допрел топката пред таа да излезе надвор од теренот. Судијата ја коригираше одлуката и ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина извојува сигурна победа над Ига Швјонтек на патот до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Рибакина славеше без загубен сет (2-0), по нешто повеќе од час и половина игра – 7-5, 6-1. Дваесет и шестгодишната Русинка, која што настапува под казахстанско знаме, се пласираше во второто полуфинале на Австралија Опен во кариерата, по 2023 година кога стигна и до финалето. Нејзина противничка ќе ...

Новак Ѓоковиќ, ни виновен ни должен, е во полуфиналето на Австралија Опен откако уште еден него ривал го предаде мечот. Лоренцо Мусети водеше со 2-0 во сетови против големиот шампион, но поради повреда не можеше да го заврши мечот и му подаде рака на српскиот ас. Италијанецот имаше сè во свои раце во четвртфиналето во првиот слем во сезоната. Мусети водеше со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови, играше брилијантно и се чинеше дека е на чекор од пласман ...

Екипата на Детроит Пистонс извојува голема победа над Денвер Нагетс со 109-107 во највозбудливиот натпревар на денот во НБА. Детроит резултатски рано се одлепи и не го даваше водството, но на изненадување на сите следеше драматичен финиш. Во самата завршница Нагетси можеа да стигнат најмалку до продолжение, затоа што на 0,7 секунди до крајот Џамал Мареј беше фаулиран и тоа по шут за три поени, при резултат од 109-106. Сепак, тој погоди едно ...

Според повеќе регионални медиуми, српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ е на чекор од историско враќање во својот поранешен клуб, Партизан. Неколку извори тврдат дека управата размислува да му понуди договор со годишна плата од околу 6 милиони евра, што би значело дека капитенот на Србија ќе биде меѓу најплатените играчи на овие простори. Богдановиќ ја започна кариерата во Партизан пред да замине во Турција и во НБА лигата, а враќањето би било ...

Англиските медиуми објавија сензационална вест дека управата на Ливерпул започнала преговори со Шпанецот Чаби Алонсо за преземање на тимот следната сезона. Иднината на Арне Слот е неизвесна и се очекува негово заминување, а навивачите не би имале ништо против да го видат на клупата Алонсо, кој е клупска легенда на „црвените“. Алонсо неодамна се раздели со Реал Мадрид и не издржа ниту една сезона кај „кралевите“, но тоа не го менува фактот ...

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез (22), наскоро треба да потпише нов договор со каталонскиот клуб, со што ќе остане во клубот до јуни 2031 година, објавија шпанските медиуми. Лопез и Барселона постигнаа усмен договор за продолжување на соработката според кој шпанскиот играч од средниот ред ќе заработува значително поголема плата. Новиот договор ќе му овозможи на Лопез да остане на „Камп Ноу“ уште две години, до јуни 2031 ...

Трагични вести ја потресоа европската фудбалска заедница. Најмалку седум навивачи на грчкиот клуб ПАОК загинаа во тешка сообраќајна несреќа во западна Романија. Несреќата се случи додека групата патувала кон Франција за да го бодрат својот тим на натпреварот од Лига Европа против Лион. Патувачкиот минибус во кој имало десет лица се судрил со цистерна и голем товарен камион на еден од главните автопати, што резултирало со стравичен удар и смрт ...

Кошаркарите на Париз испратија силна порака по тешкиот пораз од Дубаи, откако на домашен терен приредија големо изненадување и го совладаа Реал Мадрид со 98-92 во рамките на 25. коло од Евролигата. Во исклучително динамичен и атрактивен натпревар, францускиот тим покажа карактер, енергија и тактичка зрелост за да го урне европскиот гигант. Минатонеделниот дебакл против Дубаи, во комбинација со одличната форма во која се наоѓаше Реал Мадрид, ...

Фудбалерите на Комо обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Италија, откако по пресврт славеа на гостувањето кај Фиорентина со 3-1. Италијанскиот тим предводен од Сеск Фабрегас покажа дека добрата форма во калчото не е случајност и воедно покажа зрелост, квалитет и карактер, а наградата за тоа ќе биде дуел со Наполи во следната фаза. Домашниот тим подобро го отвори натпреварот и рано стигна до водство. Во седмата минута, Фабијан ...

Роберт Морено одамна не е непознато име во тренерските кругови, иако неговиот пат во фудбалот никогаш не бил линеарен. Шпанскиот стратег, кој по кратката играчка кариера уште во средината на своите дваесетти години се насочи кон тренерската професија, постепено напредуваше низ младинските селекции на Шпанија, пред во 2018 година да стане дел од стручниот штаб на Луис Енрике во сениорската репрезентација. На почетокот на 2019 година, поради ...

Екипата на Хофенхајм освои важни бодови во борбата за место во евро-куповите и успеа да слави на гостувањето кај Вердер Бремен (0-2) во рамки на Бундеслигата. Вердер одигра блед натпревар и речиси воопшто не успеа да создаде сериозна опасност, иако поголем дел од второто полувреме настапуваше со фудбалер повеќе. Хофенхајм беше подобар противник во првиот дел, а тоа го круниса во 44. минута со вистински еврогол. По убава акција, Крамариќ ...

Селекцијата на Шведска како голем фаворит ремизира со Унгарија (32-32), а еден од домаќините на Европското првенство (ЕП) можеше да остане и со празни раце во овој дуел, затоа што пред самиот крај постоеше еден момент за анализа. Во последниот напад на Унгарците на неколку секунди пред крајот, германската судиска двојка Робер Шулце и Тобиас Тениес, донесоа одлука која ја подели јавноста. Имено, при еден обид за гол на Шита, му беше досудено ...

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски имаше одличен настап за италијански Тренто во рамки на Еврокупот на ФИБА. Италијанскиот тим славеше убедливо со 87-74 во рамки на мечот од 16-тото коло, па така остана во сериозна игра за место во нокаут-фазата, дури и за првите две места на табелата кои водат директно во четвртфинале. Јакимовски беше трет поентер на Тренто, но единствен со „дабл-дабл“ учинок. Постигна 15 поени, со уште десет ...

Медалистот на последните европски шампионати, селекцијата на Шведска, доживеа голем шок и не успеа да победи со Унгарија (32-32) во рамки на последниот меч од денешната програма на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Скандинавија. Мечот беше вистински ролеркостер. Унгарија даде силен отпор, Шведска прокоцка плус два во последните пет минути и работите се одлучуваа во последните секунди. Имаше напад Унгарија за победа, Шита направи ...

Старите турски газди на Гостивар пред пет месеци презедоа клуб во Малта и почнаа да го градат со луѓе од Македонија. Донесоа тројца фудбалери кои играа во ПМФЛ, а сега пристигнаа и првите тренери. Тимот на Санта Луција ФЦ се натпреварува во вториот ранг на малтешкиот фудбал и е проектот на турските газди. Дел од клубот како тренери станаа Емил Грнев и Борче Постолов кои веќе се пристигнати во Малта, а објавија свои фотографии на социјалните ...

Германскиот тенисер Александар Зверев извојува лесен триумф над Лернер Тиен во четвртфиналето на Австралија Опен. Третиот тенисер на светот славеше со 3-1 во сетови (6-3, 6-7, 6-1, 7-6) и со тоа го подобри меѓусебниот скор против Американецот на 2-1. Мечот траеше три часа и 13 минути, а во полуфиналето Зверев ќе игра со подобриот играч од дуелот Алкараз - Де Минор. Првиот сет беше решен во два гема, шестиот и седмиот, во кои Зверев, за ...

Младата српско-американска тенисерка, Ива Јовиќ, не успеа да направи чудо и да ја шокира Арина Сабаленка во четвртфиналето на Австралија Опен. Сабаленка,тенисерката број еден во светот и актуелна вицешампионка, до победата од 6-3 и 6-0 стигна за нешто повеќе од еден час и половина. 18-годишната Ива во своето прво Грен слем четвртфинале одигра квалитетно и конкурентно во првиот сет, па дури имаше и три брејк топки на 5-3, но не ги искористи. ...

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Коко Гоф и се пласира во своето прво полуфинале на Австралија Опен во кариерата. Свитолина изненадувачки лесно ја победи Американката со 6-1, 6-2 по точно еден час игра. Искусната Украинка едноставно леташе по теренот, напаѓајќи со сите „оружја“, додека Гоф глегуваше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како да е трета тенисерка во светот. Во првиот сет, Американката ги загуби ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го совлада Алекс Де Минер и лесно се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен. откако славеше со убедливи 3-0 (7-5, 6-2 и 6-1). Домашниот претставник немаше сили да му се спротивстави на првиот светски рекет, кој беше „разлетан“ по теренот и ја заврши работата за два часа и деветнаесет минути. Де Минер пружи силен отпор само во првиот сет, а потоа целосно потклекна пред мотивираниот ривал. Алкараз во ...

По настапот во квалификациите за Австралија Опен, Лина Ѓорческа се врати во Европа, каде што имаше успешен старт на турнирот во Порто. Во првото коло од португалскиот турнир нашата најдобра тенисерка одигра на висина на задачата и против Ралука Џорџијана Сербан од Кипар славеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Двете тенисерки имаа проблеми со своите сервиси и затоа во првиот сет имаше дури седум брејка. Ѓорческа освои еден повеќе и поведе со 1-0. ...

Словенечката суперѕвезда, Лука Дончиќ, со 46 поени и 11 асистенции беше убедливо најдобриот играч во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Чикаго Булс, но негов соиграч го имаше потегот на натпреварот во Илиноис. Во самата завршница од средбата, Џексон Хејс со „ол-стар“ забивање ја подигна атмосферата во својот тим. По една украдена топка тргна сам кон противничкиот кош, се подигна во воздух и топката од помеѓу нозете ја заби во кошот. Luka ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Иридиум

221848.72

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Цинк

3.37