Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Младиот фудбалер на Каљари, Јаел Трепи, излезе од индуцирана кома и повеќе не е приклучен на респиратор, два дена откако беше извлечен без свест од базен во вила на Сардинија. 20-годишниот Французин во неделата попладне доживеа инцидент додека бил во базен со пријатели, по што со хеликоптер бил префрлен во болница во Сасари. Лекарите постепено ја намалувале седацијата и поддршката со респиратор, а Трепи потоа се разбудил од индуцираната кома. ...
Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува да го гради составот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Николов пристигнува како одлична опција за бековската линија на скопскиот клуб. Станува збор за искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на кариерата настапуваше за повеќе европски екипи и со години е дел од македонската репрезентација. Се очекува неговите лидерски ...
Јапонскиот репрезентативен голман, Зион Сузуки, официјално ја продолжува кариерата во Астон Вила, откако англискиот клуб го потврди договорот со веќе поранешниот играч на Парма. Иако финансиските детали од договорот не се објавени, британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила за 23-годишниот чувар на мрежата ќе плати околу 30 милиони фунти. Сузуки во Парма пристигна во 2024 година, а за италијанскиот клуб впиша 59 натпревари. Пред ...
Пол Погба и Монако спогодбено го раскинаа договорот, па францускиот репрезентативец повторно е слободен играч и може да избере нова средина. Неговиот договор со клубот од Кнежеството беше со важност до јуни 2027 година, но двете страни решија соработката да заврши по само една сезона. Погба во последните недели повторно се поврзуваше со клубови од МЛС и Саудиската Про лига, а токму овие две дестинации се очекува да бидат меѓу опциите за ...
Никола Серафимов ги сподели првите впечатоци по ремито без голови (0-0) на Левски со АЕК во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Македонскиот дефанзивец во разговор за „Спортал.бг“ откри дека е задоволен од начинот на кој неговиот тим го одигра натпреварот, но смета дека Левски можел да биде поконкретен во завршницата. „Ова беше голем предизвик за нас, бидејќи игравме против многу добар тим со ...
Фудбалската федерација на Македонија и официјално ја повлече својата поддршка од кандидатурата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Преку официјално соопштение од ФФМ ја потврди оваа одлука. Таа потврда дојде по состанок со членките на УЕФА и претседателот на Извршниот комитет на УЕФА. „По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ...
Голем скандал го потресе светскиот тенис откако Ник Кирјиос доби позитивен допинг-тест на кокаин, поради што Австралиецот е привремено суспендиран и до конечната одлука на трибуналот нема да смее да игра или да тренира. Кирјиос дал примерок на 22 јуни за време на АТП 250 турнирот во Мајорка, а лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција на 17 јули го потврди присуството на бензоилекгонин, метаболит на кокаинот. Австралиецот ...
Џамал Мусиала официјално се огласи по последните случувања и откри што стои зад моментите во кои колабираше на натпреварите со Лајпциг и Хајденхајм. Ѕвездата на Баерн објасни дека кај него биле утврдени краткотрајни отсутности кои се поврзани со невролошка дисфункција. Сепак, тој истакна дека состојбата е добро контролирана и дека не постои дополнителен здравствен ризик. „Најважно од сè, јас сум добро. Кај мене беа утврдени привремени, ...
Виктор Треневски е нов шеф на стручниот штаб на српскиот клуб Бежанија. Македонскиот стратег и поранешен репрезентативец официјално го презеде српскиот клуб. Ова е негов прв тренерски ангажман во српскиот фудбал. Треневски доаѓа во Бежанија (која се натпреварува во Српската лига Белград) со високи амбиции за напредок на клубот. Проектот го води заедно со поранешниот фудбалер на Партизан, Срѓан Кнежевиќ. Како поранешен играч на Будуќност и ...
Македонија нема многу ракометари кои денес се развиваат надвор од нашите граници. Ова е приказна за еден таков успешен случај. Лука Бабунски е млад македонски ракометар кој ја гради својата кариера во Германија. Лука е целосно посветен на ракометот. Игра како среден бек, а поседува и одлични технички карактеристики. Почетните фази од својот младински ракометен развој ги помина во Македонија, но брзо блесна во Германија. Во јули 2023 година, ...
Поранешниот вицешампион Пелистер е една од најзасилените екипи за новата сезона. Добро познато име повторно ќе го облече дресот на битолски Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот прволигаш, се врати во македонскиот клуб. По шест месеци минати во Шведска, Вилсон пак ќе го облече зелено-белиот дрес. Во половина сезона во дресот на Содертајле, Вилсон бележеше 11.8 поени, 5.4 ...
Трофејниот италијански кошаркарски стратег Серџо Скариоло има нов ангажман. По разделбата со Реал Мадрид во јули 2026 година, тој официјално му се приклучи на амбициозниот кошаркарски проект Рома во Италија. Сепак, неговата функција во римскиот клуб ќе биде малку поинаква од вообичаено. Скариоло е именуван за специјален советник за кошаркарска стратегија. Неговата улога ќе биде исклучиво консултантска. Рома е дел од нов, голем проект поддржан ...
Кошаркарот на Олимпијакос, Томас Вокап, сака да го напушти клубот и еднострано да го раскине договорот со европскиот шампион. Ситуацијата меѓу двете страни е исклучително напната, откако 33-годишниот репрезентативец на Грција го информирал Олимпијакос за својата намера да си замине. Клубот од Пиреја, сепак, не планира да попушти и очекува Вокап да се појави на почетокот на подготовките. „Кошаркарот Томас Вокап го информираше Олимпијакос за ...
Легендарниот германски голман Оливер Кан испрати сериозно предупредување до Џамал Мусиала, откако 23-годишната ѕвезда на Баерн Минхен загуби свест за време на натпреварите против РБ Лајпциг и Хајденхајм. Иако лекарите посочија дека високата температура била причина за колапсот, Кан смета дека телото на Мусиала му испраќа предупредување и дека фудбалерот треба целосно да закрепне пред повторно да се изложи на максимални напори. „Најдобрата ...
Фенербахче и Олимпик Лион одиграа нерешени 1-1 (0-1) во дербито на плеј-оф рундата во квалификациите од Лигата на шампионите. Натпреварот на „Шукру Сарачоглу“ понуди по еден гол во двете полувремиња. Гостинската екипа успеа да стекне водство преку Лоис Опенда кој во 40. минута реализира за предност (0-1). За Фенербахче шансите не ги искористија Ведат Муричи и Талиска, меѓутоа безуспешно. Сепак, израмнувањето стигна веднаш на стартот на ...
Навивачката група „Чкембари“ најави дека нема да го бодри Еурофарм Пелистер на натпреварите од Регионалната лига. Пелистерци треба да одиграат три натпревари на крајот на месецов, меѓутоа нема да имаат навивачка поддршка, барем организирана. „Чкембари“ објавија соопштение по тој повод. „Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига. ...
Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 сериозно го засилува ростерот во пресрет на можниот настап во македонската Суперлига. Најново име во амбициозниот проект е поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски. Штипскиот клуб, кој се очекува да ја добие специјалната покана („вајлд-карта“) по неодобрувањето на лиценцата на Чаир 2030, веќе работи на составувањето на тимот иако неговиот настап во елитата сè уште не е официјализиран. ...
ТФТ Скопје се пофали со уште едно ново име и продолжи да го составува тимот за сезоната 2026/27. Ново засилување е 18-годишниот Ѓорѓи Цветковски, кој важи за еден од најперспективните млади македонски кошаркари. Цветковски зад себе има одлично издание на Европското првенство за играчи до 18 години, каде просечно постигнуваше 17,3 поени и имаше одлични 45% реализација за три поени. Со тоа беше втор најдобар стрелец на шампионатот и се најде во ...
Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува со засилувањето на ростерот за новата сезона, откако скопскиот тим го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување. Искусниот крилен центар игра на центарските позиции, а во текот на кариерата настапуваше во Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција. Брунчевиќ е висок 206 сантиметри и се очекува да донесе дополнителна цврстина под обрачите, особено во играта во рекетот и скокот, но и поголем ...
Охрид победнички го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако бранителот на трофејот славеше над селекцијата на Египет до 20 години со 31-27. Избраниците на Борис Ројевиќ одлично го отворија натпреварот и со цврста игра во одбраната, предводена од Ѓорѓески, брзо стигнаа до 4-1. Во продолжението Охрид неколкупати имаше предност од четири до пет гола, но не успеа дополнително да се одлепи. Пропуштените шанси за ...
Џамал Мусиала повторно ги загрижи сите во Баерн, откако германскиот репрезентативец уште еднаш падна на теренот, само три дена по непријатниот момент на натпреварот против Лајпциг. Овојпат инцидентот се случи на пријателската средба со Хајденхајм. Мусиала влезе во игра во продолжението, но само четири минути подоцна падна без контакт со противнички фудбалер. Jamal musiala, Bayern Münih'in bugün oynadığı maçta da baygınlık geçirdi. ...
Црвена Звезда покажа интерес за Петар Ратков, кој е на излезни врати од Лацио и не е во плановите на новиот тренер Џенаро Гатузо. Лацио сака да го продаде српскиот напаѓач и да врати што е можно поголем дел од 13 милиони евра, колку што плати за него минатата зима. Токму поради високата цена, постои можност Црвена Звезда да се обиде да го доведе Ратков на позајмица. Ратков уште како фудбалер на ТСЦ беше интересен за белграѓани, но во 2023 ...
Љупчо Дориев игра во неверојатна голгетерска форма и повторно се запиша во листата на стрелците во шампионатот на Узбекистан. Македонскиот репрезентативец беше стрелец во триумфот на Согдиана над Кизилкум со 2-1 и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одличен ритам. Офанзивецот ја затресе мрежата во 38. минута, кога ја доведе Согдиана во предност од 1-0. Домашниот тим потоа успеа да го задржи водството и да стигне до важна победа во 18. коло. ...
Фудбалскиот сојуз на Сенегал официјално го назначи Патрик Виеира за нов селектор на сениорската репрезентација. Виеира на клупата на Сенегал доаѓа на местото на Пап Тјав, кој доби отказ по настапот на Светското првенство, каде што африканската селекција беше елиминирана во шеснаесетфиналето. „Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалскиот сојуз на Сенегал да воспостави врвен систем на стручна работа, кој е целосно ...
Родри и официјално е нов фудбалер на Барселона. Каталонскиот клуб постигна договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 60 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони евра преку бонуси. Шпанскиот репрезентативец потпиша договор со Барселона до јуни 2030 година, со што стави потпис на четиригодишна соработка со каталонскиот гигант. The master of space and time touches down in Barcelona pic.twitter.com/BESJxrGg3w — FC Barcelona (@FCBarcelona) ...
Додека траат преговорите за трансферот на Бредли Баркола, англискиот гигант Ливерпул работи и на доведување на младиот Ибрахим Мбаје. Според информациите на францускиот новинар Фабрис Хокинс, Ливерпул веќе ги договорил личните услови со Мбаје. Доколку двата клуба пронајдат заеднички јазик околу обештетувањето, младиот крилен напаѓач ќе потпише петгодишен договор со клубот од „Енфилд“. Мбаје наводно ја избрал понудата на Ливерпул пред ...
Ракометарите на Вардар 1961 со победа над Олимпијакос од 39-27 (21-11) го отвори меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со убедлива партија тимот на Иван Чупиќ стигна до висок триумф на отворањето на турнирот во „Билјанини Извори“. Стартот на средбата беше израмнет со подобри моменти за вардарци кои почесто водеа, а гостинот парираше до 3-3. „Црвено-црниот“ тим поведе со 6-3 преку Воркапиќ, откако претходно не искористи неколку ...
Цените на билетите за официјалното деби на Леброн Џејмс во дресот на Филаделфија Севентисиксерс достигнаа рекордно и астрономско ниво, надминувајќи 1.900 долари за најевтините места на отварањето на сезоната. „Ефектот Леброн“ предизвика незапаметен скок на секундарниот пазар на билети, каде што почетните цени за неговиот прв официјален натпревар за сезоната 2026/27 против Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ се движат помеѓу 1.881 и 1.999 ...
Викендов во битолското село Црнобуки заврши седмиот Меморијален турнир „Трофеј Трајан Куља - Црнобуки 2026“, на кој настапија најдобрите младински екипи од земјата и регионот. По тридневните натпреварувања постигнати се следните резултати по возрасни категории: Генерација У9: 1. Партизан 2. Еден на еден 3. Марадона 4. Јанг Тим Најдобар играч: Огнен Билиќ (Партизан) Најдобар стрелец: Кенан Ахмети (Јанг Тим) Најдобар голман: Владан Стојковиќ ...
Претседателот на српскиот ракометен првак, белградски Партизан, Милјан Жугиќ, официјално најави дека клубот во наредните неколку години ќе се пласира на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите или на завршниот турнир на Европската лига. Ова амбициозно ветување беше дадено за време на промоцијата на новиот тим на белградските „црно-бели“ за претстојната сезона 2026/27. Клубот се враќа во најелитното европско друштво по пауза од тринаесет години, ...