Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со градењето на млад ростер за новата сезона и го доведе 18-годишниот Марин Крстевски од Мулти Есенс. Крстевски игра на позицијата среден бек и се очекува да биде еден од главните разигрувачи на тимот. Тој претходно настапуваше за Мулти Есенс, со кој освојуваше трофеи во младинските категории. Младиот ракометар е и репрезентативец на Македонија до 20 години, па неговиот трансфер во Еурофарм Пелистер 2 ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, планира голема промена во улогата на Ламин Јамал во новата сезона. Според информациите од Шпанија, германскиот стратег сака младиот фудбалер сè почесто да го користи на позицијата „десетка“, односно веднаш зад централниот напаѓач. Јамал во изминатиот период најчесто настапуваше на десната крилна позиција, каде со својата брзина, дриблинзи и креативност правеше огромни проблеми за противничките одбрани. ...
Сантос славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Васко да Гама во 23. коло од бразилското првенство и направи важен чекор во борбата за опстанок. Нејмар стана првиот фудбалер во Бразил кој мораше привремено да го напушти теренот поради новото правило поврзано со укажување медицинска помош на голманите. Голманот на Сантос, Габриел Бразао, доби лекарска помош, а според новото правило тренерот треба да одреди фудбалер кој привремено ќе излезе ...
Фудбалерите на Брегалница претрпеа пораз од 4-1 од Шкендија во натпреварот од третото коло на ПМФЛ. Иако штипјани парираа повеќе од еден час, на крајот противникот успеа да стигна до релативно висока победа. Тренерот на Брегалница, Никола Кузманов, не беше задоволен од резултатот, но, сепак реалноста е дека неговиот тим играше против силен ривал. „Шкендија беше подобар тим и треба да честитаме. Можеби одлуката за пеналот за нас ќе сменеше ...
Шпанските тренери доживуваат вистинска експанзија во европската кошарка. Дури седум од 20-те учесници во Евролигата во новата сезона ќе имаат тренери токму од оваа држава. Овој тренд не е случаен. Шпанската тренерска школа со години ужива голема репутација, а клубовите сè почесто им доверуваат важни проекти на стручњаците од Иберискиот Полуостров. Меѓу нив се и двата најголеми српски клубови - Црвена Звезда го избра Ибон Наваро, додека ...
Килијан Мбапе ова лето има повеќе активности надвор од фудбалските терени. Француската суперѕвезда наводно разгледува бизнис-потег со кој би можел целосно да го промени начинот на кој фудбалерите соработуваат со производителите на спортска опрема. Неговиот договор со „Најки“ истече на 31 јули 2026 година, а американскиот бренд го следеше уште од најмладите денови. Мбапе со „Најки“ освои француска титула, блесна во Лигата на шампионите и уште ...
Шпанската Барселона продолжува да бара засилување во нападот, а во кругот на потенцијални нови имиња се појави и Кристофер Нкунку, трансфер кој би бил прилично неочекуван за навивачите на каталонскиот гигант. Според информациите на „Ел Насионал“, францускиот репрезентативец се нашол на располагање на трансфер-пазарот откако тренерот Рубен Аморим решил дека нема да му биде потребен во текот на сезоната. Нкунку минатото лето пристигна на „Сан ...
Шкендија има перфектен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига откако ја совлада Брегалница со 4-1 во последниот натпревар од третото коло во Првата фудбалска лига. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, а тренерот на Шкендија, Артим Положани, сите заслуги им препиша на фудбалерите. „Сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што тие се најзаслужни за овој триумф. Не е лесно да се стигне до победа, кога само три дена ...
Џон Стоунс имаше деби од соништата за Интер, постигнувајќи го победничкиот гол во триумфот од 1-0 против Реал Бетис во пријателски натпревар. Англичанецот погоди во 82. минута, само неколку минути откако влезе во игра. По натпреварот, Стоунс не го криеше задоволството од својот прв настап во црно-синиот дрес, но откри и дека амбициите му се многу поголеми. „Овој дрес е еден од најубавите во историјата на фудбалот. Горд сум што сум дел од овој ...
Бен Шелтон со одбраната на титулата на Мастерсот во Канада направи нешто што им успеало само на мал број тенисери во историјата. Сепак, младиот Американец не сака неговото име да се става во ист контекст со тениските легенди како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Шелтон стана еден од ретките играчи кои успеале да ја одбранат титулата на канадскиот Мастерс. Пред него тоа им појде од рака само на Иван Лендл, Џон Мекинро, Андре Агаси, Енди Мареј, ...
Барселона и Манчестер Сити постигнаа дефинитивен договор за трансферот на Родри на „Камп Ноу“. Манчестер Сити ќе добие фиксна сума од 75 милиони евра (со одредени извори кои споменуваат вкупен пакет до 76,5 милиони евра со бонуси). Шпанскиот репрезентативец претходно ги договори сите лични услови со каталонскиот гигант и изрази силна желба да се врати во својата татковина. Двата клуба веќе ги подготвуваат документите за официјално ...
Еспањол убедливо го совлада Леванте со 3-0 (2-0) во првото коло од новата сезона на шпанската Примера..На натпреварот одигран на стадионот „РЦДЕ“, домаќините целосно доминираа, не дозволувајќи му на Леванте ниту еден директен шут во рамките на голот. Еспањол започна фуриозно и наметна целосна контрола уште од самиот старт. Голманот на гостите, Метју Рајан, имаше неколку клучни интервенции со кои спречи уште поголем пораз, запирајќи ги ...
Вицешампионот Ленс, оствари историски успех и за првпат во својата историја го освои Суперкупот на Франција. Овој млад тим на домашен терен го совлада актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 1-0 и ги израдува своите многубројни фанови. Капитенот Флоријан Товен го постигна победничкиот погодок во 32. минута од натпреварот по асистенција на Матио Удол. Само седум минути по водството, дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби директен црвен ...
Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер доживеа огромен пад на проценетото богатство, откако акциите на швајцарската компанија за спортска опрема во која има значителен удел нагло ја загубија својата вредност. Акциите во еден момент паднале за околу 19 отсто, што директно се одразило врз вредноста на уделот на Федерер. Според проценките на „Форбс“, неговото богатство за само еден ден се намалило за најмалку 52 милиони долари, односно ...
Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар на Европското првенство и поразот од Бугарија во мечот за 13. место, го оцени настапот на своите избраници, посочувајќи ги причините за денешното издание, но и потребата од сериозна работа во периодот што следува. „Денес не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти бевме ...
Последниот натпревар од првото коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) помеѓу Пелистер и Кајмане заврши без победник (1-1). Дебитантот беше блиску до сензација, но во финишот прими гол и дуелот заврши со поделба на пленот. Гостите од Камењане поведоа со голот на Трпески во 31. минута од средбата. Следеше доминација без реализација на битолчани. Пелистер упати дури петнаесет шута кон противничкиот гол, но долго не успеваше да го израмни ...
Навивачите на Баерн Минхен стравуваат за здравјето на Џамал Мусиала, откако 23-годишниот фудбалер се сруши на теренот во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Мусиала се онесвести непосредно пред крајот на мечот, што веднаш ги загрижи неговите соиграчи и навивачите. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, а еден од фудбалерите на Баерн покажа со палец дека ситуацијата е под контрола. По укажаната помош, Мусиала успеа сам да го ...
Високо квалитетно судење на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар, велат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во една од клучните судиски ситуации, одбранбениот играч на домашната екипа игра со рака во неприродна положба, јасно одвоена од телото, со што го спречува развојот на акцијата на гостинската екипа. Станува збор за казниво играње со рака, а главниот судија е во непосредна ...
Екипата на Шкендија извојува победа со конечни 4-1 (0-0) над Брегалница Штип во натпреварот од третото коло на Првата македонска фудбалска лига. За тетовскиот прволигаш ова е трет триумф од исто толку мечеви во новата сезона. Првото полувреме беше прилично содржајно со шанси, а повеќе пати се закани домашната екипа. Тамба беше во центарот на вниманието, се закани уште во четвртата минута, но имаше и уште две прилики во продолжение. Гостите од ...
Поранешниот ракометар на Вардар и еден од најдобрите дефанзивци во Европа во својата генерација, Илија Абутовиќ, за новата сезона се врати во Партизан и стана првото засилување на белградскиот клуб. По 16 години минати во странство, искусниот српски ракометар повторно ќе го носи црно-белиот дрес. Во интервју за „Моцарт Спорт“ по враќањето во Партизан, Абутовиќ посебно се осврна на периодот минат во Македонија. „Морам да кажам дека во ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид успешно ги продолжува подготовките за новата сезона, откако забележа две победи на контролните натпревари против медитеранската репрезентацијата на Египет. Двата пријателски дуели се одиграа во салата во Автокоманда и беа од затворен карактер. На првиот натпревар избраниците на Кирил Лазаров славеа со 33-31, додека на вториот меч повторно беа подобри од египетската селекција, овојпат со резултат ...
Шпанскиот фудбалски првак Барселона продолжува со добрите настапи во подготвителниот период, откако на пријателски натпревар го совлада Базел со убедливи 5-2. Актуелниот шпански шампион до предност стигна во 34. минута преку летното засилување Карим Адејеми. Германскиот крилен напаѓач одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар ја затресе мрежата за 1-0. Сепак, Базел успеа да возврати пред паузата и во 43. минута го ...
Успешен настап во подготвителниот период имаше и Реал Мадрид, кој со убедливи 3-0 го совлада германскиот Шалке. „Кралскиот клуб“ брзо го отвори резултатот, откако Килијан Мбапе уште во шестата минута ја затресе мрежата на германскиот тим за водство од 1-0. Само четиринаесет минути подоцна, Дин Хојсен ја зголеми предноста на Реал Мадрид на 2-0, потврдувајќи ја доминацијата на шпанскиот гигант во првото полувреме. Во продолжението од ...
Екипите на Расинг Сантандер и Виљареал ги поделија бодовите во натпреварот од првото коло на Примера, кој заврши со конечен резултат 2-2 (2-2). Сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме. Најпрво домаќинот дојде до двојна предност со головите на Андрес Мартин и Серхио Мартинез, но „жолтата подморница“ возврати преку Папе Геје и Николас Пепе, кои стрелаа на крајот од првиот дел, и тоа во период од само шеесетина секунди. Вторите ...
Италијанецот Рикардо Калафиори влезе во историјата на Комјунити Шилд со гол постигнат само 23 секунди по почетокот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер Сити. Италијанскиот дефанзивец го искористи одличниот старт на „топчиите“ и со прецизен удар го совлада сонародникот Џанлуиџи Донарума, за најбрз погодок во историјата на ова натпреварување. Погодокот беше одлична најава за Арсенал, кој на крајот одигра фантастичен натпревар и со 3-0 го ...
Актуелниот фудбалски првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, врза два порази во низа. По поразот од Шкендија во претходната рунда по кој тимот остана без тренер затоа што отказ доби Кристијан Фабијани, црвено-црните не успеаја да дојдат до бодови на гостувањето кај Струга ТЛ (0-1). Мечот го реши еден гол кој падна во второто полувреме, а Вардар може да жали затоа што не извади барем реми затоа што имаше шанси за ...
Англискиот првак Арсенал на убедлив начин ја отвори новата сезона во Англија, откако во финалето на Комјунити Шилд го совлада Куп-освојувачот Манчестер Сити со 3-0 и го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка година. „Топчиите“ поведоа уште во првата минута од натпреварот. По само 23 секунди игра, Рикардо Калафиори ја заврши одличната акција на Арсенал и ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума за рано водство од 1-0. Избраниците на ...
Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на тунриот Југ Опен 2026 што изминативе денови се одржуваше на терените на ТК југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години. Митевска во сингл финалето денеска ја совлада Верица Зориќ од Србија со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 63). Македонската тенисерка заедно со Андреја Глушкова од Бугарија беа најуспешни и во ...
Пред речиси еден месец во Њујорк се одигра финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, во кое „Црвената фурија“ славеше со минимални 1-0 во продолженијата. Натпреварот му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој имаше исклучително тешка задача поради големиот број остри дуели и неспортски потези од аргентинските фудбалери. Еден од играчите кои најмногу правеле проблеми бил Леандро Паредес. Тој влезе во игра на ...
Англискиот репрезентативец Ентони Гордон неодамна се приклучи на подготовките на Барселона, а тренерот Ханси Флик веднаш се уверил дека каталонскиот клуб добил сериозно засилување. Гордон летово изненадувачки пристигна од Њукасл за 70 милиони евра и потпиша петгодишен договор. Иако подоцна се приклучи на подготовките поради настапот на Светското првенство, Англичанецот пристигна во одлична физичка форма, што особено го воодушевило Флик. ...