Екипата на Киелце од Полска го имаше најлошиот старт во историјата на клубот во Лигата на шампионите, но со шест победи во низа успеа да дојде до третото место во групата пред нокаут-рундата. Последниот тим кој падна пред избраниците на Талант Душебаев е норвешки Колштад. На гостински терен Киелце славеше по голема борба и драма со 26-27, полувреме 14-13 за домашните. Групната фаза со победа ја затвори и Алборг, кој го совлада Киелце во ...

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Фадиљ Исламовиќ, е голема желба на сплитски Хајдук, објави „Германијак“ од свои извори. Исламовиќ има 17 години, а во моментов игра за кадетскиот тим на Кустошија за која забележа 21 натпревар. На сите од нив беше стартер, даде осум гола. Се работи за играч кој знае да игра на повеќе позиции. „Играч за врска по вокација, сјаен на крило, толку доминантен што можеш да го преместиш било каде и нема да ...

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегира судиите и делегатите за второто коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата, а фокусот е вперен кон Битола каде се игра мега-дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Ждрепката која се изврши во РФМ одлучи двојката Ненад Николовски и Исмаил Металари да го судат дербито кое сигурно ќе има големо значење во битката за титулата. Делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески. ...

Фудбалерот на Челзи, Педро Нето, изјави дека му се извинил на момчето кое собираше топки на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите. За време на дуелот во Париз, Нето во обид да ја добие топката го турна момчето кое падна, но за среќа, не се повреди. Нето објаснил дека тоа било случајно и дека воопшто не е таков човек. Тренерот на Челси, Лиам Росениор, исто така изразил извинување во името на клубот, признавајќи дека емоциите на теренот ...

Фудбалерот на Шкендија, Имран Фетаи, ќе добие дебитантски повик за македонскиот национален тим, потврди управата на тетовскиот прволигаш. Фетаи си го заслужи повикот со одличните партии во црвено-црниот дрес и ќе патува со „рисовите“ кои ќе се соочат со силната Данска на 26 март во Копенхаген. Според информациите од Шкендија, се очекува повик и за Решат Рамадани, со што би се зголемила „колонијата“ на тетовчани во репрезентацијата на ...

Љупче Дориев, еден од најдобрите играчи во странство од Македонија во изминатиот период, доби повик од селекторот Гоце Седлоски во националниот тим за баражот со Данска. Информацијата ја објавија од Согдиана, од каде посочија дека горди се што имаат репрезентативец во своите редови. 30-годишниот крилен играч игра одлично во Узбекистан, каде лани беше и најдобар странец во шампионатот и најдобар стрелец. Дориев оваа сезона постигна еден гол ...

Тренерот на македонскиот суперлигаш Работнички, Владимир Марковски, изрази големо задоволство од убедливата победа над Маџари (97-74), најавувајќи уште подобри резултати до крајот на регуларниот дел од сезоната. Работнички после пет години се врати во салата „Градски парк“ и му одржа лекција на гостинскиот тим, а Марковски се надева на добри игри, и покрај напорниот распоред во лигата. „Имаме турбулентна сезона и се соочивме со доста ...

Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе пропушти уште најмалку пет натпревари поради повредата на десното колено, оставајќи го тимот без својот лидер токму во најважниот дел од сезоната. Кари, кој оваа година е еден од најпродуктивните играчи на тимот, ќе остане надвор од терените најмалку уште десет до петнаесет дена, додека продолжува да се опоравува од хронични болки и тешкотии со коленото. Неговиот продолжен одмор значително ...

Овогодишното издание на Финалисима, натпреварот кој ги „спојува“ шампионот на Европа и шампионот на Јужна Америка, може да биде преместен на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Првично, мечот требаше да се одигра на „Лусаил“ стадионот во Катар, но безбедносните причини доведоа до разгледување на нова локација. „Бернабеу“ се издвојува како најсериозна алтернатива поради големината, безбедноста и искуството со големи натпревари, иако аргентинската ...

Фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц, изјави дека му е навистина жал за неговиот поранешен клуб, Баер Леверкузен, кој ремизираше со „топчиите“ (1-1) во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Германецот влезе од клупата во финишот на дуелот и реализираше пенал за израмнување на резултатот, по одлуката на судијата која предизвика контроверзии и критики. „Навистина ми е жал за Баер, тие имаат одличен тим и постојано сакаат да ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Грем Потер, го продолжи својот договор и ќе остане на чело на тимот до крајот на Светското првенство 2030 година. Тој ја презеде репрезентацијата во октомври минатата година и првично договорот му беше само до крајот на квалификациите за Светското првенство годинава. Сепак, сега е договорено да продолжи со работа и да ја води Шведска и во следниот циклус, без оглед на исходот од бараж ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, по убедливата победа над Манчестер Сити во Лигата на шампионите, изјави дека ова се натпревари за кои сонува секој играч, потенцирајќи ја големината на неговиот клуб во меѓународни рамки. Уругвајскиот репрезентативец беше херој на „кралскиот клуб“ и постигна три гола, носејќи му голема предност на Реал пред реваншот. „Ова беше неверојатна вечер. Сонуваш за вакви натпревари и вакви моменти. Среќен ...

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, повторно го пропушти натпреварот на својот клуб Сантос, овојпат против Мирасол, иако официјално не е повреден. Иако клубот не објави конкретна причина, медиумите и навивачите повторно забележаа интересен детаљ - Нејмар речиси никогаш не настапува на 11 март. Причината, според многумина, е роденденот на неговата сестра Рафаела, со која фудбалерот има многу блиска врска. Токму поради тоа, низ годините често ...

Репутацијата на Премиер лигата како „најсилна лига во светот“ беше сериозно разнишана по серијата слаби резултати на англиските клубови во осминафиналето од Лига на шампионите. Само пред неколку недели се зборуваше за доминацијата на англискиот фудбал во Европа, особено по фактот дека дури шест клубови од Англија се пласираа во нокаут-фазата на натпреварувањето. Сепак, првите натпревари од осминафиналето донесоа вистински „студен туш“. ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласираше во следната рунда на турнирот Индијан Велс Опен, откако противничката, Алекса Картал, го предаде мечот при резултат 6-4 и 4-3 во вториот сет. Рибакина така без проблеми ја обезбеди победата и продолжува со настапот на престижниот турнир. Таа ќе се подготвува за четвртфиналниот дуел, каде што ќе се соочи со силен противник - Американката Џесика Пегула., која претходно ја надигра Швајцарката ...

Шпанскиот фудбалер Пако Алкасер одлучи да ја заврши својата професионална кариера на 32-годишна возраст. Поранешниот напаѓач на Валенсија, Барселона и Виљареал го одигра својот последен натпревар на 11 јануари 2025 година, а сега официјално ја потврди својата одлука за пензионирање. Алкасер одигра 455 натпревари и постигна 170 голови на клупско ниво во богата и предвреме завршена кариера. Најголемиот белег го остави во Валенсија, од каде што ...

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека францускиот центар Матијас Лесор ќе биде подготвен да настапи на претстојниот натпревар против Жалгирис во Евролигата. Лесор неодамна се врати на тренинзите со тимот по период на пауза поради повреда, а Атаман истакна дека неговото враќање е многу важно за екипата во завршницата од сезоната. Според турскиот стратег, кошаркарот веќе тренира со соиграчите, но сè уште се привикнува на тимската ...

Тренерот на Челзи, Лиам Розениор, е уверен дека клубот ќе открие како нивниот почетен состав за натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен бил објавен на интернет осум часа пред почетокот на натпреварот. Составот бил објавен на интернет од страна на француски новинар, а вклучувал и потврда дека Филип Јоргенсен ќе го замени Роберто Санчез на голот. Одлуката се покажа како фатална бидејќи грешката на Јоргенсен му донесе на ПСЖ ...

Машката репрезентација на Македонија за време на ЕХФ неделата во март ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Австрија. Селекторот Кирил Лазаров собирот го закажа на 17 март (вторник), а за овој натпревар повика деветнаесет ракометари, од кои само еден доаѓа од странство – голманот Мартин Томовски. Во составот нема неколку искусни ракометари како Митревски, Пешевски, Маркоски, како и десниот бек Мартин Серафимов. Во селекцијата ...

Тројцата поранешни фудбалски великани Тиери Анри, Џејми Карагер и Мајк Ричардс продолжуваат да се истакнуваат со своите коментари по натпреварите во Лигата на шампионите. Последен што го направи тоа беше францускиот напаѓач, кој имаше интересна изјава по големата победа на Реал Мадрид над Манчестер Сити (3-0). Французинот се осврна и на притисокот носејќи го дресот на Реал Мадрид. На сите им е јасно дека не е лесно да се носи дресот на ...

Ракометарите на Вардар остварија голем успех на меѓународна сцена и главната група од Европската лига ја завршија на лидерската позиција, што ги носи директно во четвртфиналето во ова натпреварување на ЕХФ. Македонскиот тим одигра најдобро кога беше најпотребно и запиша големи победи над Бенфика дома и Мелсунген на гости. Четата на Иван Чупиќ на овие натпревари беше предводена од Јака Малус, средниот бек на Словенија кој во клучниот дел од ...

Синоќа во Париз се одигра еден од најсодржните и секако најефикасните натпревари во сезоната во Лигата на шампионите, во кој Пари Сен Жермен го победи Челзи со 5-2 во првиот натпревар од осминафиналето. Челзи успеа двапати да израмни, третиот пат ВАР му поништи гол за 3-3, а во продолжението, кога нервите веќе беа тенки, дојде до ескалација. При резултат 4-2, Педро Нето брзаше да ја врати топката во игра, а притоа беше спречен од момче ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, мораше да одговори на многу незгодни прашања од новинарите по поразот од 3-0 од Реал во Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На прес-конференцијата, шпанскиот стручњак прво истакна дека шансите на неговиот тим за пласман не се големи. „Во моментов не се големи. Претпоставувам дека 0-3 е подобро од 0-4 (Винисиус промаши пеналот). Секако дека ќе се обидеме. Ќе анализираме ...

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Џек Дрејпер по голема борба во три сета. Српскиот ас поведе во сетови и ја имаше психолошката битка на своја страна, но не и физичката. На прес-конференцијата тој призна дека имал физички проблеми, прво со стомакот, а потоа и со дишењето. „Стомак, стомак... Тоа ми предизвика проблеми со дишењето. Не би сакал сега да зборувам за тоа, секако ...

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Рудолф Хакбарт, даде искрена анализа по поразот на битолскиот тим на гостувањето кај европскиот гигант Барселона во рамки на Лигата на шампиони. Пелистерци не успеаја да приредат изненадување во „Блауграна“, а Хакбарт потенцира дека против ваков противник секоја грешка скапо се плаќа, особено ако тимот не е на највисоко ниво во одбраната. „Знаеме дека кога ќе дојдеш во оваа сала да играш против Барселона, ако ...

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и денешен фудбалски аналитичар Џејми Карагер повторно привлече внимание со контроверзна изјава за квалитетот на Барселона. Англиската легенда смета дека каталонскиот гигант не би бил толку доминантен доколку настапува во Премиер лигата. Според Карагер, конкуренцијата во англиското првенство е толку силна што дури и клуб како Барселона би имал проблеми да се пласира меѓу најдобрите. „Ако Барселона игра во ...

Црногорскиот интернационалец Вуко Борозан го најави еден од најважните натпревари за ГРК Охрид оваа сезона. Охриѓани ќе се соочат со Алкалоид, а влогот е голем – место во европските натпреварувања. Борозан истакна дека дуелот го гледа како вистинско финале за неговиот тим и потенцираше дека одбраната ќе биде пресудна во борбата за победа. „Ова е натпревар на сезоната. Влогот е Европска лига. Очекувам многу квалитетен натпревар, тврд и со ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа нова моќна партија во НБА и пред својата публика извојува висок триумф над Хјустон Рокетс со 129-93, а на паркетот одново главна улога имаше Никола Јокиќ. Српскиот ас одигра уште еден извонреден натпревар, завршувајќи го со 16 поени, 12 скока и 13 асистенции - како и пет украдени топки. На тој начин Јокиќ го запиша својот 187-ми „трипл-дабл“ во кариерата во најсилната лига во светот. Фантастичен во ...

Новак Ѓоковиќ забележа елиминација во осминафиналето на Индијан Велс, откако загуби по пресврт во маратонски натпревар кој траеше повеќе од два ипол часа. Џек Дрејпер го сопре големиот шампион на Мастерсот во Калифорнија со 2-1, во сетови 4-6, 6-4, 7-6. Наскоро 39-годишникот, за кого се смета дека е еден од најдобрите на сите времиња, го одигра својот најдобар натпревар на турнирот, еден од најдобрите во сезоната, но Британецот покажа зошто ...

Поранешниот кошаркар на повеќе македонски клубови, Владимир Филиповиќ, во својот подкаст зборуваше за деновите кога беше дел од легендарните градски дерби-натпревари помеѓу Работнички и МЗТ Скопје. View this post on Instagram A post shared by Vlada Filipović (@napojednu) Филиповиќ настапуваше за „црвено-белата“ страна на градот и оттаму „влече“ убави спомени, а во оваа прилика се наврати на жестоките пресметки помеѓу лутите градски ривали од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Родиум

353658.21

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84