Првакот на Шпанија, Барселона, го именуваше Рафиња за свој капитен за сезоната 2026/2027. Крилниот напаѓач ги наследува Роналд Араухо и Марк-Андре тер Штеген, кои беа позајмени на Ливерпул и Ајакс, соодветно, и беа прв и втор капитен минатата сезона. Френки де Јонг, кој беше трет капитен во претходната сезона и се чинеше логичен наследник, на крајот нема да ја преземе улогата на прв капитен оваа сезона. Холанѓанецот ќе мора да се задоволи со ...

Второто коло од шампионатот на Македонија нема да биде комплетно. Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички е одложен на барање на домашниот тим поради тоа што двајца фудбалери ќе бидат дел од Медитеранските Игри во Таранто. Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот од второто коло ...

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува првиот натпревар во новоформираната Регионална лига, а противник на стартот ќе биде српскиот тим Војводина. Во пресрет на средбата, ракометарот на охриѓани Анте Иванковиќ истакна дека успешните подготовки и квалитетниот турнир во Струга му даваат дополнителна самодоверба на тимот пред новиот предизвик. „Нè очекува натпревар во првото коло од Регионалната лига против младата и талентирана екипа на ...

Динамо Загреб го пречекува норвешки Викинг во квалификациите за Лигата на шампионите, а пред натпреварот големо внимание во Норвешка привлече состојбата на легендарниот стадион „Максимир“. Новинар на „ТВ2 Спорт“ направи обиколка низ стадионот и без влакна на јазикот го опиша она што го затекна. „Стадионот на Динамо е распадната дупка, но има свој шарм. Ова е стадион стар 115 години, а мислам дека некои од овие работи се исто толку стари. Тука ...

Јаник Синер води трка со времето за да биде подготвен за последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Најдобриот светски тенисер се врати во Торино, каде што ја продолжи рехабилитацијата по проблемите со десното колено. Синер последниот меч го одигра на Вимблдон, каде што ја одбрани титулата, а потоа поради повредата го пропушти турнирот во Синсинати. Италијанецот реши да не ризикува и целосно да се посвети на заздравувањето пред ...

Еурофарм Пелистер утре ќе ја има последната проверка пред почетокот на официјалните натпревари во новата сезона. Избраниците на Лино Червар ќе одиграат пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2, а средбата е закажана за 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Овој дуел ќе биде последна можност за Червар да ја провери формата на своите ракометари и да ги дотера последните детали пред стартот на натпреварувачките ...

Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени. Во составот се враќа и Рашан Мбемба, кој по речиси четири години повторно ќе биде дел од националниот тим. На списокот се и Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел ...

Динамо Загреб продолжува со потрагата по нов голман, а последното име кое се поврзува со хрватскиот шампион е ирскиот репрезентативец Гевин Базуну. „Модрите“ сакаат да ја засилат голманската позиција, но не планираат да издвојат голема сума. Поради тоа засега не успеаја да го вратат Доминик Ливаковиќ, за кого Фенербахче бара околу четири милиони евра. Сепак, преговорите за негово враќање сè уште не се целосно затворени. Како нова опција се ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...

Нови превирања ја тресат ФИФА откако организацијата се раздели со својот главен оперативен директор Кевин Ламур, кој јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на дел од правата поврзани со Светското првенство на приватни инвеститори. Според „Скај“, Ламур остро реагирал на недостигот на транспарентност околу проектот вреден околу 20 милијарди долари и обвинил дека вработените во ФИФА биле доведени во заблуда. ...

Вардар 1961 подготовките за новата сезона ги продолжува со серија сериозни тестови во Охрид. „Црвено-црните“ ќе настапат на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, а тренерот Иван Чупиќ очекува дуелите со квалитетни ривали да дадат вистинска слика за моменталните можности на неговата екипа. Хрватскиот стратег втора година по ред го предводи Вардар на овој турнир и верува дека силните натпревари ќе бидат од голема корист во оваа фаза од ...

ГРК Охрид е подготвен за настап на петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе биде одлична можност за проверка на формата пред почетокот на новата сезона. Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, очекува силни натпревари и најави дека турнирот ќе го искористи за да им даде поголема минутажа на сите ракометари и да испроба дел од работите кои екипата ги подготвува на тренинзите. „Посакувам добри натпревари, без ...

Охрид од денеска повторно ќе биде центар на ракометните случувања во регионот. Од 18 до 22 август во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кое ќе биде најквалитетно и се очекува да е највозбудливо досега. На турнирот ќе настапат осум екипи, поделени во две групи. Во групата А се домаќинот ГРК Охрид, Загреб, младинската репрезентација на Египет и Војводина, додека во групата Б ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, официјално е нов фудбалер на Њукасл Јунајтед. Дедиќ на својот 24. роденден го комплетира трансферот во премиерлигашот, каде пристигнува од португалска Бенфика. Со „страчките“ договори соработка до летото 2031 година. Босанскиот репрезентативец во новиот клуб ќе го носи дресот со број 37 и за првпат во кариерата ќе има можност да настапува во Премиер лигата. Дедиќ претходно го носеше дресот ...

Познат е распоредот за четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое овојпат ќе биде распослано во три натпреварувачки дена. Програмата ќе биде отворена во петок со дуелот Скопје – Тиквеш од 17:00 часот. Истиот ден ќе има и вечерен фудбал во Штип, каде Брегалница од 19:00 часот ќе го пречека Башкими под рефлекторите. Единствениот саботен натпревар е пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Арсими, закажана за 16:30 часот, додека во ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов серијал насловен „Љубовта наша голема“, посветен на навивачите кои веќе 65 години се нераскинлив дел од историјата на „црвено-црните“. Во пресрет на новата сезона, низ серијалот долгогодишни поддржувачи на Вардар ќе раскажуваат за своите најдраги моменти, спомени и емоции поврзани со клубот. Прв гостин е Александар Узуновски – Узун, препознатлив по својата долгогодишна и безрезервна поддршка на Вардар. ...

Хенрик Михитарјан се присети на интересна приказна од периодот кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и неговиот однос со тогашниот тренер Жозе Мурињо. Ерменскиот фудбалер откри дека Португалецот го игнорирал на тренинзите, но речиси секоја вечер му испраќал иста порака на „WhatsApp“. „Мики, те молам, замини“, му пишувал Мурињо, а Мхитарјан секогаш одговарал: „Ќе заминам ако го пронајдам вистинскиот клуб, во спротивно ќе чекам до ...

Силекс славеше убедливо со 3-0 против Скопје, а покрај трите бода, спортскиот директор на кратовчани Стевица Ристиќ издвои еден потег кој оставил посебен впечаток кај него. Откако Хасукиќ со прекрасен погодок го отвори резултатот, Силекс доби пенал во второто полувреме. Иако токму Хасукиќ е прв изведувач на ударите од белата точка и ги реализирал последните два пенали, топката му ја препушти на Богдановски. „На Богдановски вчера му се породи ...

Жоао Кансело и дефинитивно ќе продолжи да го носи дресот на Барселона. Португалскиот репрезентативец постигнал договор со Ал-Хилал за предвремено раскинување на соработката, со што се откажа од огромна заработка. Кансело имаше уште една година од договорот со саудискиот клуб, која му гарантираше 15 милиони евра плата, но реши да се откаже од целата сума за да може да остане во Барселона. Португалецот во Ал-Хилал пристигна со големи очекувања, ...

Интер направи конкретен чекор во обидот да го доведе Кертис Џонс од Ливерпул. Италијанскиот клуб испратил понуда од 30 милиони евра за англискиот репрезентативец, откако подолг период ја следи неговата ситуација на „Енфилд“. „Нероаѕурите“ го гледаат Џонс како една од приоритетните цели за засилување на средниот ред. Фудбалерот е отворен за преселба во Италија, што дополнително ги охрабрува челниците на Интер да продолжат со преговорите. ...

Депортиво Ла Коруња официјално се врати во шпанската Примера по осум години пауза, започнувајќи ја новата сезона со реми 1-1 против екипата на Елче на својот стадион „Риазор“. Овој натпревар означи голем емотивен момент за навивачите од Галиција, но и деби на големото летно засилување Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна гол на овој дуел. Пјер-Емерик Обамејанг постигна гол за водство на Депортиво Ла Коруња во 21. минута од средбата, а Марк ...

Реал Мадрид официјално потврди дека Ели Ндиаје се враќа во клубот. Сенегалскиот кошаркар потпиша договор на две сезони, што значи дека ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната 2027/28. Ндиаје се враќа во Реал по една година помината во САД. Претходно четири сезони беше дел од првиот тим на шпанскиот гигант, од 2021 до 2025 година, период во кој освои осум трофеи - една Евролигa, три шампионски титули во Шпанија, еден Куп на Кралот и три ...

По успешната играчка кариера, Серхио Бускетс повторно се враќа во Барселона, но овојпат нема да го гледаме на теренот. Поранешниот капитен на каталонскиот клуб ќе биде дел од стручниот штаб на Барселона Атлетик, каде што ќе работи како асистент на Џулијано Белети. Каталонскиот клуб потврди дека Бускетс ќе му помага на тренерот на резервниот тим, а паралелно ќе започне и со едукација за да ги добие потребните тренерски лиценци. Ова ќе биде ...

Ситуацијата со Џани Инфантино и неговото раководење со ФИФА добива ново продолжение. Фудбалската асоцијација на Шкотска одлучи да не го поддржи актуелниот претседател на Светската фудбалска организација на изборите во 2027 година, со што застана на страната на европскиот блок кој бара промени во ФИФА. Извршниот директор на шкотската асоцијација, Ијан Максвел, потврди дека нивниот став е целосно усогласен со позицијата на УЕФА. Незадоволството ...

Галатасарај сака да направи нов сензационален трансфер и во своите редови да го донесе Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед. Турскиот клуб е подготвен со огромна финансиска понуда да го убеди португалскиот играч за врска да се пресели во Истанбул. Фернандеш има договор со Јунајтед до крајот на актуелната сезона, па неговата иднина на „Олд Трафорд“ повторно е тема во англиските медиуми. Галатасарај сака да ја искористи ситуацијата и веќе ...

Куманово продолжува да го составува тимот за новата сезона, а по ангажманите на Стајиќ и Крстевски, клубот потврди уште едно домашно засилување. Нов член на кумановскиот состав е Алек Петкоски, кој пристигнува од Маџари. Петкоски има 21 година, а во изминатиот период настапуваше за Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата, додека претходно беше дел и од ТФТ и Феникс 2010. Новиот кошаркар на Куманово има и репрезентативно искуство, бидејќи ...

МЗТ Скопје вечерва го означи почетокот на подготовките за новата сезона, која ќе биде една од најзаситените во историјата на клубот. „Металците“ ги очекуваат настапи во македонската Суперлига, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот, каде што ќе се вратат по пауза од цели 25 години. Васко Атанасов го одработи првиот тренинг со составот кој моментално му е на располагање, а во тимот има комбинација на искусни домашни кошаркари, нови засилувања и млади ...

Ергрите загуби од Бромапојкарна со 1-3 во важен натпревар во борбата за опстанок во шведската лига, а резултатот можеше да биде многу поинаков доколку не беше неверојатната грешка на Хампус Густафсон. Гостинот успеа да израмни на 1-1 и се врати во натпреварот, но потоа следуваше неверојатна ситуација. Бенџамин Латурнус без никаков притисок му ја врати топката на својот голман, кој имаше доволно време да реагира и да го продолжи нападот на ...

Родри пристигна во Барселона за да го комплетира трансферот од Манчестер Сити, а шпанскиот репрезентативец веднаш испрати јасна порака за своите амбиции со каталонскиот гигант. Rodri has arrived: “It’s a dream to be here. We will go for every title”. @victor_nahe pic.twitter.com/LZMl0U5XE8 — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 17, 2026 Шпанецот не крие дека со нетрпение го очекува почетокот на новото поглавје и првата работа со новите ...

Македонскиот ракомет има двајца свои претставници меѓу 25-те најследени ракометни имиња од регионот на социјалната мрежа Инстаграм. Станува збор за сегашниот капитен на македонската репрезентација, Филип Кузмановски, и поранешниот репрезентативец и капитен на Вардар 1961, Стојанче Стоилов. Според листата објавена од „Balkan Handball“, Кузмановски се наоѓа на 17. позиција со околу 24.100 следбеници. Битолчанецот во моментов е капитен и на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53