Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Екипите на Бетис и Џирона ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1 (0-1) во натпреварот од тринаесеттото коло во шпанската Примера. Гостите од Каталонија поведоа со голот на Украинецот Владислав Ванат во 20. минута, а конечните 1-1 беа поставени во 75. минута. Стрелец за домашниот тим беше Аргентинецот Валентин Гомез, кој доби асистенција од шпанскиот ветеран Иско. Бетис имаше шанси и за целосен пресврт, но на крајот мораше да се задоволи ...
Турскиот кошаркарски суперлигаш, Тофаш, кој е предводен од нашиот тренер, Емил Рајковиќ, извојува нова голема победа во домашното првенство, откако славеше над славниот Анадолу Ефес со конечен резултат 86-79. Тимот на Рајковиќ дојде до победата со одлична игра во последната четвртина, која ја доби со 27-19. На паузата резултатот гласеше 47-47. Мексиканецот Алекс-Перез Кауфман беше најдобар поединец кај победниците со 18 поени и девет асистенции, ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје потешко од очекуваното ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш (82-85) во натпреварот од осмото коло во македонската Суперлига. Гостите од Скопје уште во првиот дел ја покажаа намерата за триумф и водеа со 51-33 на паузата меѓу двете полувремиња, залиха која се покажа како повеќе од доволна. Тиквеш возврати со одлична игра во третиот период, кој го доби со 28-18, потоа се ...
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, објави дека ја започна продажбата на билети за натпреварот против европскиот шампион Магебург, кој ќе се одигра во рамки на деветтото коло од Лигата на шампионите. Битолчани ќе излезат на мегдан со можеби најсилниот ривал во елитното друштво, но тоа е причина плус за љубителите на ракометот да ја исполнат салата „Боро Чурлески“ до последното место. Магдебург има максимални осум победи во групата ...
Поранешниот клуб на Ељиф Елмас, ЕБ Лајпциг, продолжува со одлични партии сезонава во Бундеслигата. По ланската разочарувачка сезона, клубот од западна Германија Првиот дел беше отворен и со шанси на двете страни. Голманите беа во центарот на вниманието со неколку одлични интервенции. Водечкиот погодок на натпреварот го постигна Форзан Асан Уедраого, на додавање на Баку, во 64. минута. Десетина минути подоцна Вердер израмни со голот на Топ, но по ...
Неполн еден ден Наполи беше лидер на табелата во Серија А, а барем до вечерашното дерби на миланските клубови, на врвот ќе застане Рома. Екипата на Џанпјеро Гасперини рутински ја освои Кремона и со 1-3 (0-1) го совлада Кремонезе во натпреварот од 12. коло на шампионатот на Италија. „Волцицата“ од самиот почеток имаше вистински пристап кон натпреварот и постигна гол во раната фаза. Аргентинецот Матијас Суле, на додавање на Коне, во 17. минута ја ...
Екипата на Астон Вила го забележа вториот триумф во низа и со пресврт славеше на гостувањето кај Лидс Јунајтед (1-2) во натпреварот од дванаесеттото премиерлигашко коло. Домаќинот одлично го започна мечот и дојде во водство по само осум минути игра, кога Лукас Нмеча погоди за 1-0 и донесе голема радост на трибините. Гостите од Бирмингем се обидоа да се вратат уште во првиот дел, но сепак, на паузата заминаа со минимална негатива. Пресвртот го ...
Аргентинскиот клуб Ланус ја освои својата втора титула во Копа Судамерикана, откако го победи бразилскиот Атлетико Минеиро по драматични пенали. Регуларниот дел од натпреварот и продолженијата завршија 0-0, а конечниот резултат по изведување пенали беше 5-4 во корист на Ланус. Голманот Науел Лосада се издвоил како вистински херој на вечерта, со три одбрани на пенали, што им овозможи на аргентинците да ја однесат титулата во Буенос Аирес. „Ова е ...
Премиер лигата го објави распоредот за сезоната 2026/27, која ќе почне една недела подоцна од планираното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Првото коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, а последното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година. Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, што значи дека ...
Светот на тенисот може да се соочи со значајна промена во најстарата национална екипна тениска конкуренција. Имено, Дејвис Купот, кој веќе 125 години се одржува секоја година, е предмет на предлог за промена на својот традиционален формат. Според информациите од организаторите, предлогот е натпреварувањето да се одржува на секои две години наместо секоја година, со цел да се олесни календарот на најдобрите тенисери и да се зголеми атрактивноста ...
Капитенот на Ливерпул, Виргил ван Дајк, јавно призна дека во тимот владее „многу лоша и катастрофална атмосфера“ по шокантниот домашен пораз од Нотингем Форест со 0-3. Холандскиот дефанзивец истакна дека состојбата во клубот не е на посакуваното ниво и дека целата екипа мора итно да реагира. Ливерпул одигра разочарувачки натпревар, а Ван Дајк по мечот не го криеше незадоволството. Според него, не се работи само за форма на теренот, туку и за ...
Манчестер Сити доживеа болен пораз од Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ со 2-1, а по средбата, менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, излезе со коментар за прес-конференцијата. „Дадовме сè на теренот. Беше тесен натпревар, со шанси и за двете страни. За жал, ние не успеавме да го искористиме тоа што го создадовме“, изјави Гвардиола. Тие имаат врвни играчи и одличен менаџер. Физички беа многу силни, во дуелите победуваа затоа што ја наметнаа својата ...
Борче Христов го препороди Тиквеш и по четири првенствени натпревари кавадарчани веќе имаат седум бода со новиот предводник. Неделниот дуел од 14. коло на Првата фудбалска лига меѓу Тиквеш и Башкими лесно го решија во своја полза домаќините и славеа со 3-0 (3-0), со ефектни голови уште во првиот дел. Гостите почнаа претпазливо и со променлив тим. Иницијативата на кавадарчани брзо им даде за право да го притиснат противникот и како резултат на ...
Екипaта на Арсими 1973 приреди големо изненадување и ја совлада фаворизираната Шкендија со високи 3-0 (0-0) во натпреварот од четиринаесеттото коло во Првата македонска лига. Првото полувреме остана прилично празно, публиката не просведочи ниту еден погодок, иако имаше по некоја добра шанса на двете страни од теренот. Актуелниот шампион се трудеше да го отвори резултатот, но и Арсими прикажа стабилна дефанзива и не дозволуваше многу лесен ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ успеа и синоќа да влезе во историјата на НБА лигата. Јокиќ забележа дури 44 поени, 13 скока и седум асистенции, но Денвер загуби од Сакраменто (128-123). Не успеа да запише нов трипл-дабл, но Јокиќ докажа дека е неспоредлив кога станува збор за центрите во најсилната светска лига. Србинот сега има најмногу натпревари со најмалку 40 постигнати поени, 10 скока и пет асистенции во последните 55 сезони во НБА. Nikola ...
Супер-ѕвездата на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид, повторно се соочува со проблеми со коленото и моментално е надвор од тренажен процес. Од клубот соопштија дека играчот чувствува големи болки во коленото и дека состојбата ќе се следи од ден за ден. Ембид веќе пропушти неколку натпревари, а медицинскиот тим проценува дека не станува збор за сериозна повреда, но е потребно време за опоравување. Стручниот штаб не сака да ризикува со дополнително ...
Екипата на Парма ја забележа втората победа во Серија А, откако славеше на денешното гостување кај Верона со конечен резултат 1-2 (0-1). „Млекарите“ ги освоија бодовите со головите на херојот Матео Пелегрино, кој стрелаше прецизно во 18. и 80. минута од натпреварот. Верона постигна почесен погодок преку Бразилецот Џоване, но немаше сили за барем еден освоен бод пред своите навивачи. Со оваа победа, Парма скокна до 15. позиција со вкупно ...
Тетовска Шкендија е последниот четвртфиналист на фудбалскиот Куп на Македонија, откако во средата во последниот меч од осминафиналето славеше со 2-0 над Тиквеш во Тетово. Пет прволигаши и три второлигашки ќе се борат за пласман во полуфиналето. Пласман во четвртфиналето изборија прволигашите: Работички, Струга, Силекс, Вардар и Шкендија, како и второлигашите: Охрид, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново. Деновиве следи ждрепката, која ќе ги ...
Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со суперлигашкиот настап, на гостински терен против екипата на Гостивар. „Зелено-белите“ се лидери со скор од шест победи и еден пораз, гостиварци имаат скор од 1-6, но треба да се потенцира дека домаќините ќе влезат со нов тренер во мечот, и тоа екс-стратегот на Пелистер, Александар Петровиќ кој вечерва ќе дебитира на клупата на новиот клуб. Јасно е дека Пелистер ќе ја има фаворитската улога, но мора да се ...
Пеколни две недели се пред Арсенал, а откако Сандерленд неочекувано му одзеде бодови во пресрет на репрезентативната пауза, цврстината и моменталната стабилност на екипата на Микел Артета ќе ја тестира градскиот ривал Тотенхем. Дербито на северен Лондон во 12. коло од Премиер лигата (недела, 17.30) е увертира во предизвикувачкиот двонеделен период за Арсенал, кој потоа го очекуваат дуели со Баерн, Челзи, Брентфорд и Астон Вила. Тотенхем пак ќе ...
Враќањето на клупскиот фудбал овој викенд носи со себе една од најголемите европски пресметки – Дерби дела Мадонина. Последната репрезентативна пауза за оваа година повеќе му одговараше на номиналниот гостин, екипата на Милан, која замина на пауза по неколку разочарувачки резултати. Иако во воведната фаза од сезоната важеше за една од поцврстите, одбраната на „росонерите“ почна да попушта во последно време, па на претходните 5 натпревари издржа ...
Британецот Ландо Норис изгледаше како голем победник по трката во Лас Вегас, иако ја заврши на второто место, но само неколку часа подоцна стигна потврда од ФИА дека и двата болида на Мекларен се дисквалификувани од финалниот пласман. Официјалната потврда гласи дека болидите на Оскар Пјастри и на Ландо Норис не биле во согласност со техничките прописи, а инспекцијата покажала дека плочата на подот на автомобилите била со дебелина помала од ...
Започнуваат активностите на машката сениорска репрезентација на Македонија, која во ноемврискиот ФИБА прозорец ги има првите обврски поврзани со натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Со оглед на краткото временско растојание до првиот меч, оној против репрезентацијата на Азербејџан, кој го играме на 27 ноември во СРЦ „Кале “ во Скопје, селектороот Марјан Илиевски и неговите соработници предвидоа мини-подготовки во ...
Германецот Марк-Андре тер Штеген со години беше неприкосновен на голот на Барселона, но по сериозната повреда и двете операции, неговото место во тимот стана вистински загрозено. Тој го изгуби и својот поранешен статус во германската репрезентација, па затоа е потребно да најде клуб и да оди на позајмица до крајот на сезоната каде што ќе биде редовен играч. Германскиот голман има договор до јуни 2028 година и, како што рече, има намера да го ...
Во голема промена за фудбалските ТВ-правa во Обединетото Кралство, „Скај Спортс ја враќа својата улога како клучен преносител на европските натпреварувања од сезоната 2027/28. Според официјалната објава, „Скај“ ќе има ексклузивни права за 342 натпревари годишно - сите мечеви од УЕФА Лига Европа и Конференциската лига. Џонатан Лихт, главниот спортски директор на „Скај Спортс“, изјави дека се горди што можат „да им донесат на своите корисници ...
Новиот прволигаш Башкими од Куманово ја искористи десетдневната пауза поради квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година и одигра пријателски натпревар со Гњилане во гости, притоа забележувајќи победа од 3-2. Екипата од Куманово отпатува во Кавадарци со максимален фокус и јасна цел – да одигра добар натпревар и да се врати дома со цел плен. „Нѐ очекува тежок натпревар бидејќи Тиквеш по лошата серија, сега е тим достоен за ...
Една од најдобрите НБА екипи, моќниот Денвер Нагетс, претрпе неочекуван пораз од Сакраменто Кингс со 123-128. Ниту перфектната вечер на Никола Јокиќ, кој крај своето име запипа 44 поени, 13 скока и 7 асистенции, не им помогна на Нагетси и Сакраменто во вистински момент ја прекина серијата од осум последователни порази. Расел Вестбрук одигра клучна улога во победата на „кралевите“ со, 21 поен, од кои 15 во последната четвртина. Убедлива победа ...
Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул триумфираше на трката за Големата награда на Лас Вегас. Норис од Мекларен заврши второпласиран, што го доведе на чекор од освојување на неговата прва шампионска титула. Тој има значителна предност пред Оскар Пиастри и Верстапен пред последните две трки. Норис стартуваше од пол-позиција, но Верстапен рано го презеде водството. Водечкиот во Светскиот шампионат излезе прешироко во еден свиок, ...
Одиграни се два натпревари од саботната програма на петтотоколо од Првата женска кошаркарска лига во женска конкуренција. Бадел 1862 ја оправда фаворитската улога и го совлада МЗТ Бела вода со 70-60 Стојковска постигна 18.поени (имаше и шест скока и четири додавања), ја следеа Клири со двоен ефект од 15 поени и 11 скока, и репрезентативката Маркоска, која на 14 поени придодаде пет скока и две асистенции. Во гостинската екипа, која по пет кола ...
Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години ќе биде дел од Евробаскетот од Дивизијата Б, кој од 24 јули до 2 август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија. Нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10 до 19 јули. ќе се игра евро-шампионатот од дивизијата Б, за кошаркари до 20 години. Нашата машка кадетска репрезентација ќе биде дел од дивизијата Б, на ...