Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кошаркарите на ТФТ Скопје ја остварија четвртата победа во АБА 2 лигата, втора во низа, овој пат над екипата на Слобода Дита Тузла со конечен резултат 96-91. Македонскиот претставник добро се испоти за да дојде до посакуваната цел и мораше да одигра дополнителни пет минути, откако во регуларното време резултатот гласеше 81-81. Избраниците на Боро Смилковски одиграа добро прво полувреме и создадоа двоцифрена предност на паузата (53-43), но ...
Во натпревар без преголемо резултатско значење, репрезентацијата на Холандија ја совлада Грузија со конечни . Дуелот од групата Е на Европското првенство се играше меѓу селекции кои веќе ги загубија сите шанси за евентуален прогрес во главната фаза. „Лалињата“ беа фаворити и комплетно ја оправдаа оваа улога, имаа три гола предност на паузата (18-15), а во второто полувреме само го дотолчија противникот и се изборија за поубедлива победа. За ...
Босанскиот фудбалски ветеран, Един Џеко, постигнал договор со германскиот второлигаш Шалке 04. Искусниот напаѓач кој минатото лето пристигна во Фиорентина, не успеа да се наметне во италијанскиот тим и сега очекува трансфер во „Цвајте“, каде сигурно ќе има значително поголема минутажа. Според најавите, Џеко веќе постигнал усмен договор со Шалке и наскоро ќе отпатува во Германија за лекарски прегледи и потпис на договорот. Соработката ќе важи ...
Играчите на Манчестер Сити одлучија да им ги вратат трошоците за билети на навивачите кои патуваа во Норвешка за натпреварот од Лигата на шампиони и беа сведоци на изненадувачкиот пораз од Бодо Глимт со убедливи 3-1. Околу 374 навивачи отпатуваа до Арктикот за да го поддржат тимот, но Сити доживеа потполно неочекуван пораз, момент кој навистина ги разочара верните фанови. Како знак на извинување и признание за нивната лојалност, играчите, ...
По шокантниот пораз на Данска од Португалија на Европското првенство во ракомет, еден од најдобрите ракометари на светот, Матијас Гидсел, откри како ја доживеал загубата и што значи тој резултат за данскиот тим. Гидсел призна дека поразот силно ги погоди играчите, особено затоа што се случи пред домашната публика и кога Данска важеше за еден од најголемите фаворити за трофејот. Тој истакна дека играта не била на очекуваното ниво и дека тимот ...
Француската министерка за спорт Марина Ферари соопшти дека во овој момент Франција не планира да го бојкотира Светското првенство во фудбал што треба да се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Според неа, Мундијалот претставува важен настан за фудбалските навивачи и спортската заедница, и засега не постои иницијатива од надлежното министерство за повлекување од учеството. Ферари нагласи дека е важно да се оддели спортот од ...
Екипата на Работнички донесе ново зимско засилување и потпиша договор со Егзон Белица. 35-годишниот стопер играше за Шкендија, но се раздели во овој преоден рок. Играчот се враќа во Работнички каде претходно настапваше две години, од 2023 до 2025. Низ кариерата Белица има странски клубови како Приштина (Косово), Партизани (Албанија), Рига (Летонија), Интер Турку (Финска), Конкордија (Романија) и Беса (Албанија). На домашната сцена покрај за ...
Легендарниот словенечки ракометар Ренато Вугринец повеќе не е спортски директор на српскиот шампион Партизан, пренесува „Моцарт Спорт“. По нешто повеќе од една година на оваа функција, Вугринец и белградскиот клуб тргнуваат по различни патишта, што значи дека „црно-белите“ во наредниот период ќе мора да пронајдат ново решение за една од клучните позиции во спортскиот сегмент на клубот. Вугринец ја презеде директорската улога со јасна задача, ...
Меѓународниот одбор за фудбалски правила (ИФАБ) разгледува серија потенцијални измени во правилата на играта, со јасна цел, да се намалат непотребните прекини и да се подобри динамиката и текот на натпреварите. Предлозите беа тема на дискусија на состанокот одржан во Лондон и, доколку бидат усвоени, би можеле значително да го променат начинот на кој се игра и суди современиот фудбал. Една од најзначајните новини се однесува на проширување на ...
По Ред Бул и Хаас, својот болид за новата сезона во Формула 1 го претстави новајлијата Ауди. Германскиот автомобилски гигант официјално ја започна својата историска авантура во Формула 1 со промоцијата на болидот R26, а амбициите на клубот веднаш се подигнати на максимум – да стане најуспешниот тим во историјата на Формула 1. Германската компанија го лансираше проектот Ф1 во Берлин, јасно наведувајќи дека целта е титула и доминација до 2030 ...
Македонскиот дефанзивец Диме Димов во новата година ќе има нов клуб затоа што си замина од редовите на Персебаја од Индонезија, а понудите веќе пристигнуваат на негова адреса. 31-годишниот централен дефанзивец играше важна улога во Персебаја и доби голема минутажа на вкупно 12 натпревари, но двете страни се разделуваат на стартот на 2026 година. Димов така ќе има нов клуб во периодот кој следи. Димов има неколку понуди да остане во Азија, но ...
По речиси едномесечна пауза, лидерот на табелата во македонското првенство, ТФТ Скопје им се враќа на обврските во АБА 2 лигата, каде што го очекува дуел со екипата на Слобода од Тузла. Во моментот двата тима имаат идентичен учинок од три победи и два порази, што ветува возбудлив и неизвесен натпревар. Сепак, ТФТ ќе има предност поради домашниот терен. „Нè очекува натпревар против екипата на Слобода од Тузла, квалитетна и искусна екипа со ...
Џуд Белингем голот против Монако го искористи за да ги замолкне критичарите. Ѕвездата на Реал Мадрид стави крај на гласините поврзани со алкохолот по виралните тврдења од Јутјуберите и исвиркувањата од трибините. Англискиот играч од средниот ред го постигна последниот гол во убедливата победа на Реал Мадрид од 6-1 над Монако во Лигата на шампионите, а прославата што следеше, гест со пиење, ги запали социјалните медиуми. Сепак, Белингем брзо ...
Пеп Гвардиола уште еднаш го потврди статусот на најголем „инвеститор“ меѓу фудбалските тренери во модерната ера. Со последниот трансфер на Марк Геи, вкупната сума што ја има потрошено Каталонецот од моментот кога пристигна во Манчестер Сити надмина 2,05 милијарди евра, со што убедливо е на врвот на листата. Разликата во однос на најблискиот следбеник е огромна, повеќе од 800 милиони евра, што јасно говори за финансиската моќ со која располага ...
Барселона ќе го одигра следниот натпревар од Лигата на шампионите без неколку важни играчи. Тренерот одлучи дека четворица фудбалери нема да бидат дел од составот за дуелот со Славија Прага, дел поради повреди, а дел поради замор. Од ростерот за гостувањето во Чешка отпаднаа Ламин Јамал, Феран Торес, младиот Гави, како и поискусниот Андреас Кристенсен. Со оглед на отсуствата, стратегот на Барселона ќе мора да најде нови решенија и комбинации ...
Владан Матиќ официјално е претставен во ПИК Сегед како директор на Академијата на учесниците во Лигата на шампионите. Како што дознава „Моцарт Спорт“, помошникот на Раул Гонзалез е најблиску до негова замена. Владан Матиќ е незадоволен од ситуацијата во српскиот ракомет. Тој јавно го искажа проблемот неколку пати, најави заминување од Војводина, каде што пристигна во февруари минатата година, со која го освои Купот на Србија. Иако искусниот ...
Вториот дел од кошаркарската Суперлига и официјално ќе стартува викендов, а дербито се игра во Битола, каде Пелистер ќе го пречека тимот на Работнички. „Зелено-белите“ славеа лесно и убедливо на првиот меч со овој ривал сезонава, а тренерот Даскаловски и неговите избраници се надеваат и на идентичен исход и викендов, за потврда на квалитетот и враќање на победнички патеки по нешто послабиот финиш на ланската година. Натпреварот меѓу Пелистер ...
Доколку имаше шанса да се избере пеколен натпревар на гости во Лигата на шампионите, многу играчи би го покажале прстот кон Велодром. Стадионот на Марсеј е вистински котел кога станува збор за атмосфера. Па, Ливерпул доаѓа во оваа средина со надеж дека ќе ги зголеми шансите да ја заврши регуларната сезона меѓу првите осум во Лигата на шампионите. Но, ќе имаат ужасен период. Екипата на Арне Слот има многу подобри резултати отколку што покажува ...
Лино Червар, легендата на хрватскиот ракомет и поранешен селектор на Македонија за хрватски „Нет“ даде анализа на досегашните случувања на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Секако, искусниот стратег зборуваше и за Македонија, и истакна дека нашиот селектор Лазаров сигурно добро ја анализирал неговата книга. „Лазаров добро ја прочитал мојата книга. И тој, со еден врвен играч како Кузмановски, кој порасна со мене во Металург, ...
Ракометната селекција на Македонија не успеа да ја мине првата групна фаза на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Нашите ракометари групата Б ја завршија на третата позиција со три освоени бода, пред Романија, а зад Данска и Португалија. До трите бода на шампионатот стигнавме со победата над Романија, и големото реми со Португалија, во натпревар на кој свој блесок имаше Филип Кузмановски. Капитенот ја одигра најдобрата партија ...
Лидерот во Суперлигата, Вардар го претстави своето ново засилување за следната година. Во црвено-црното семејство доаѓа Леон Љевар, лев бек кој моментално ги брани боите на тимот на Слован од Словенија. По потписот со Вардар хрватскиот репрезентативец истакна дека е среќен што ќе има шанса да ги брани боите на двократниот европски шампион. „Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми ...
Ракометната селекција на Македонија со по еден пораз, победа и реми се врати дома. Групната фаза од Европското првенство ја завршивме на третата позиција на табелата, а по триумфот над Романија нашиот искусен голман Никола Митревски истакна дека главната цел е остварена, и се надева дека на следниот шампионат ќе дојде тоа повеќе што сите го посакуваат. „Главна цел ни беше да победиме, па макар тоа било и со еден гол разлика. Добро го ...
Maкедонскиот суперлигаш Вардар го потврди доаѓањето наталентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона,. Љевар, роден во Ријека, Хрватска, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига - постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим. ...
За разлика од првото коло, двократната шампионка на Австралија Опен, Арина Сабаленка, извојува лесен триумф во својот втор настап во Мелбурн. Белорусинката ја победи Кинезинката Јосуан Баи со 6-3, 6-1 за 72 минути. Светскиот рекет број еден во следното коло ќе се соочи со Анастасија Потапова, која ја победи Ема Радукану со 7-6/3, 6-3. Турчинката Зејнеп Сонмез приреди големо изненадување и се пласираше во третото коло на еден грен слем по втор ...
Карлос Алкараз имаше сериозен тест во второто коло од Австралија Опен, но шпанскиот ас покажа квалитет и без загубен сет славеше над Јаник Ханфман од Германија, 102. тенисер на АТП ранг-листата. Иако Германецот започна добро и го стави Алкараз под притисок, Шпанецот не дозволи никакво изненадување и се пласираше во третото коло во Мелбурн по четврти пат во својата кариера. Победи со 3-0 во сетови 7-6/4, 6-3, 6-2, по два часа и 43 минути ...
По Петар Атанасијевиќ, кој не го одигра вчерашниот натпревар со Романија во последното коло од првата групна фаза од Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка, се повреди и неговиот брат-близнак – Павле. Бекот на македонската репрезентација во самиот финиш од средбата со Романците беше нокаутиран, откако доби лакт директно во носот. По еден пробив Компаничу неспортски го удри нашиот ас и заработи директен црвен картон, а Атанасијевиќ ...
Лука Дончиќ одигра нов натпревар за паметење во НБА лигата и го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до голема победа над Денвер Нагетс со резултат од 115-107, во натпревар кој уште еднаш потврди дека се раѓа ново НБА ривалство помеѓу овие два тима. Словенечкиот ас забележа „трипл-дабл“ ефект со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции, а Лејкерси до триумфот стигнаа по голем пресврт, иако во второто полувреме го загубија центарот ДеАндре Ајтон, кој ...
Фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи, зборуваше за неизвесната иднина на Мохамед Салах по завршувањето на Африканскиот Куп на нации. Тој рече дека разговарале скоро секој ден додека Еѓипќанецот беше на турнирот, но беше прилично воздржан во коментарите за тоа што се случува во Ливерпул. Постојат прашања и неизвесност поради изјава на Салах со која ги наруши односите со тренерот Арне Слот, па така неговата улога во тимот не е сосема јасна. ...
Голден Стејт Вориорс славеше над Мајами Хит со убедливи 135-112, но победата не беше „бесплатна“. Имено, на почетокот на третата четвртина, Џими Батлер, втората најголема ѕвезда на Вориорси, остана да лежи на подот и да се држи за коленото. Иако Батлер се шегуваше додека го напушташе теренот, според Стив Кер, магнетната резонанца покажа дека кошаркарот сериозно го повреди коленото. Според „Атлетик“, Батлер ги скинал предните вкрстени ...
Босанскиот напаѓач Един Џеко не е задоволен со статусот во Фиорентина и може да ја напушти италијанската екипа уште оваа зима. Медиумите на „чизмата“ на големо шпекулираат дека искусниот фудбалер е близу до преселба во втората германска Бундеслига. Шалке 04, клуб со богата историја, кој се бори да се врати во елитата, е најблиску до договор со 39-годишниот голгетер. Тренерот на Шалке имал директни разговори со Џеко, кој се заинтересирал за ...