Арсими и Башкими денес во Гостивар ќе се соочат во дуел на две екипи кои по првите две кола во Првата лига сè уште немаат освоено бодови. Домашниот тим ќе ја бара првата победа во сезоната, со која би го започнал посакуваниот пресврт по лошиот старт. Алајдин Цуцули во пресрет на денешниот натпревар испрати порака до навивачите и побара поддршка од трибините. „По поразот од Брегалница, сакаме да им се извиниме на нашите навивачи. Знаеме дека ...

Работнички со значително изменет состав ќе ја започне новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, во која „романтичарите“ ќе се обидат експресно да се вратат во елитното друштво. Скопскиот клуб летово ангажираше дури десет нови фудбалери. Новите имиња во составот се Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар ...

Башкими сè уште е без освоен бод во новата сезона од Првата лига, откако претрпе два тешки пораза во првите две кола. Со дури 11 примени гола и ниту еден постигнат, клубот од Куманово имаше лош старт, но во екипата веруваат дека со промената на стручниот штаб и доаѓањето на новиот шеф, Шабан Сулејмани, работите ќе тргнат во позитивна насока. Следен ривал на кумановчани е екипата на Арсими, која исто така е без бодови по воведните кола, со гол ...

Манчестер Сити е пред продажба на Холанѓанецот Тијани Реијндерс, кој би требало кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Англискиот клуб постигнал договор со Ал Кадисија за трансфер вреден околу 60 милиони евра, но конечната одлука сè уште зависи од самиот фудбалер. Рејндерс во Сити пристигна во 2025 година од Милан, но по само една сезона би можел да го напушти „Етихад“. Интересот на Ал-Кадсија е сериозен, а преговорите меѓу клубовите ...

Американскиот тенисер Бен Шелтон ја одбрани титулата на Мастерсот во Канада, победувајќи го својот сонародник Брендон Накашима во големото финале во Монтреал. Шелтон триумфираше во два сета со 6-3, 7-6/4, во меч кој траеше 87 минути. Тој стигна до трофејот без ниту еден загубен сет во текот на целиот турнир во Монтреал. 23-годишниот Шелтон стана првиот тенисер кој успеал да ја одбрани титулата на канадскиот Мастерс по Рафаел Надал во 2019 ...

Ракометните федерации на Србија, Македонија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото Европско првенство во 2034 година. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. Сите три федерации ја истакнуваат својата целосна подготвеност во процесот на кандидатурата и евентуалната организација на ...

Евролигашот Хапоел Тел Авив има несекојдневна идеја за подобрување на играта под кошевите. Клубот од Израел сака да ја доведе НБА легендата Денис Родман во Тел Авив, каде што поранешниот ас на Чикаго Булс би одржал специјална работилница за скок-играта со играчите. Сопственикот на Хапоел, Офер Јанај, веќе испратил конкретна понуда до Родман. Клубот е подготвен да ги покрие авионските билети во бизнис-класа и хотелското сместување за Родман и ...

Премиерлигашот Челзи во новата сезона влегува со многу поинаква атмосфера. По турбулентниот период со чести промени и незабележителни резултати, лондонскиот клуб направи сериозни потези и му ја довери екипата на Шпанецот Чаби Алонсо. Овојпат на „Стемфорд Бриџ“ не пристигнаа само млади фудбалери со потенцијал за иднината, туку и играчи од кои веднаш се очекува придонес. Максенс Лакроа треба да донесе стабилност во одбраната, додека враќањето ...

Пред стартот на новата сезона во француската Лига 1, најголемо внимание привлекува трансфер-политиката на фудбалскиот клуб Париз ФЦ, кој до овој момент потроши повеќе од сите останати клубови во првенството. Според последните податоци, клубот досега вложил околу 79,5 милиони евра во нови играчи. Париз ангажираше повеќе засилувања, со јасна намера да изгради поконкурентен тим и да се наметне во Лига 1. Клубот летово го презеде Лиам Розениор, ...

Македонски ГРК Охрид дојде до втората победа во групната фаза на струшкиот турнир, ја победи српска Дубочица со резултат 26-21 и обезбеди место во мечот за трофеј. Потешко од очекуваното, избраниците на Борис Ројевиќ ја запишаа посакуваната победа. Покажа Дубочица голема борбеност, но во вториот дел еден пад кога девет минути не даде гол, го одлучија победникот. ГРК Охрид зачекори кон победата кога направи серија од 4-0 во периодот од 42. до ...

Иако одигра достоинствен натпревар и беше подобар ривал во текот на сите деведесет минути во Скопје, тетовска Шкендија го заврши настапот во Европа. Шкотски Хибернијан имаше повеќе спортска среќа и ги задржа оние 2-1 од првиот натпревар во Единбург пред една недела. По возвратниот дуел не го криеше своето разочарување младиот тренер на Шкендија, Артим Положани. „Мислам дека нашиот настап денес беше поделен. Во првото полувреме имавме ...

Македонскиот вицепрвак Шкендија го заврши својот европски настап во квалификациите за Конференциската лига, што значи дека тетовскиот клуб го заокружи финансискиот ефект од летната европска авантура. Според системот за распределба на наградниот фонд на УЕФА, клубовите добиваат по 175.000 евра за секое одиграно квалификациско коло, а дополнително следува и бонус за елиминација во зависност од фазата во која завршува настапот. Тетовци летово ...

Последниот македонски претставник во евро-куповите на УЕФА - тетовска Шкендија го заврши својот настап во третото коло на Конференциската лига. Избраниците на Артим Положани одиграа 0-0 во Скопје против Хибернијан и примениот гол во финишот во Единбург скапо го платија. Со вкупни 2-1 шкотскиот тим продолжува во плеј-офот против белгиски Гент. Шкендија, на крилата на африканските напаѓачи, прва се закани и по акцијата на Тамба, првата шанса ја ...

Црвена Звезда доби нов шеф на стручниот штаб. Алберт Риера официјално потпиша договорот со белградскиот клуб, а информација која ја потврди и познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Шпанскиот стратег веќе беше желба на Црвена Звезда во минатото, особено по успешниот период во Целје, но тогаш не дојде до договор. Наместо во Белград, Риера продолжи во Ајнтрахт Франкфурт, каде што имаше кратка и неуспешна епизода. Сега добива нова можност и ...

Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов. За клубските медиуми, Максимов ја долови атмосферата во соблекувална и очекувањата на тимот. „Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години доживеа пораз од Ирска (58-83) во првиот од мечевите за разигрување за пласман на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Македонија. По настапите во групата во Гевгелија, тимот дојде во Скопје каде ќе разигрува за од 9 до 16 место на шампионатот. Имаа егал старт македонските кошаркари, по првата четвртина беше 19-20, на полувремето нашиот национален тим имаше само два поени ...

Екипата на Прилеп по поразот од Вардар 1961 ја забележа првата победа на турнирот во Струга. Тимот беше подобар од Бутел Скопје, кого го совлада со 31-29 во еден неизвесен натпревар, на вториот натпреварувачки ден во градот крај езерото. Прилеп имаше подобар старт на мечот, а во еден момент имаше и максимални 12-8 во средината на првиот дел. Следеа низа исклучувања и технички грешки на прилепчани, тоа Бутел го искористи и со серија од пет ...

Барселона и ПСЖ постигнале договор за трансферот на шпанскиот репрезентативец Феран Торес. Според информациите од шпанските медиуми, францускиот шампион ќе плати фиксна сума од речиси 50 милиони евра, без дополнителни бонуси или променливи клаузули. Торес, кој има 26 години, е пред заминување од „Камп Ноу“ по неколку сезони минати во дресот на каталонскиот гигант. Во изминатиот период ПСЖ покажуваше сериозен интерес за офанзивецот, а ...

Љупчо Дориев повторно беше клучен играч на Согдијана во победата од 3-1 на гостувањето кај Сурхон. Македонскиот интернационалец ги запиша сите три асистенции на натпреварот и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. Со денешниот настап, Дориев дојде до учинок од 12 голови и 6 асистенции во тековната сезона. Крилниот напаѓач е еден од најдобрите поединци во узбекистанската Суперлига и важен фактор во успесите на Согдијана. Неговите ...

Екипата на Шкендија на домашен терен ќе брка гол негатива во реваншот од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА против шкотски Хибернијан. За дуелот против ривалот, тренерот Положани го одреди тимот. Се враќа Бојан Димоски кој беше повреден. Во стартниот тим ќе го нема Марко Ѓорѓиевски кој се повреди пред мечот со Вардар. Шкендија (4-2-3-1): Рамани; Трумчи, Манев, Мелиќи, Димоски; Рафа, Ислами; Тамба, Зејнулаи, Крејзиу; ...

Следната сезона во Саудиска Арабија би можела да донесе историски момент. Кристијано Роналдо е многу блиску до границата од 1.000 голови во професионалниот фудбал, нешто што ниту еден играч досега не успеал да го направи. Португалецот во моментов има 978 погодоци, па за остварување на неверојатниот рекорд му недостигаат уште само 22 гола. Роналдо неодамна дополнително се доближи до целта со три гола за репрезентацијата на Светското првенство. ...

Калчолигашот Лацио е на чекор од ангажман на Давиде Фратези, откако клубот постигна договор со Интер за трансферот на италијанскиот репрезентативец. Според информациите, 26-годишниот играч за врска ќе пристигне во Рим на едногодишна позајмица, за која Лацио ќе плати околу еден милион евра. Во договорот ќе има и опција за откуп вредна 14 милиони евра. Клаузулата ќе стане задолжителна доколку бидат исполнети однапред договорени услови, поврзани ...

Легендарниот француски чувар на мрежата, Фабиан Бартез, доби нова улога во националниот тим. Тој е назначен за тренер на голманите во репрезентацијата на Франција, а ќе биде дел од стручниот штаб на новиот селектор Зинедин Зидан. Зидан и Бартез добро се познаваат уште од репрезентативните денови. Како соиграчи заедно го освоија Светското првенство во 1998 година, а две години подоцна триумфираа и на Европското првенство. Бартез во играчката ...

Манчестер Сити успеа да го задржи Џереми Доку, откако белгискиот репрезентативец стави потпис на нов договор со англискиот премиерлигаш. Според новата соработка, 24-годишниот крилен напаѓач ќе остане на „Етихад“ до 2031 година, со што клубот јасно покажа дека сериозно смета на него и во иднина. Доку во Манчестер Сити пристигна во 2023 година од францускиот Рен и постепено стана важен дел од тимот. Досега има запишано 131 настап и 22 гола во ...

Шпанскиот Суперкуп во 2027 година ќе добие нова локација. Завршниот турнир за првпат во историјата ќе се одржи во Истанбул, каде што четирите најуспешни екипи ќе се борат за трофејот од втори до седми февруари на стадионот „Ататурк“. Промената на домаќинот е направена поради проблемот со термините во Саудиска Арабија. Шпанската фудбалска федерација не може да го организира турнирот во Ријад, како што беше случај во изминатите шест години, ...

Натпреварот меѓу Селта Виго и Осасуна, кој требаше да го означи почетокот на новата сезона во Примера за двата тима, е одложен поради сериозен проблем со тревникот на стадионот „Балаидос“. На теренот се појавила габична болест, поради што било констатирано дека условите не биле доволно добри за одигрување на натпреварот. Одлуката за одложување ја донеле заеднички клубовите и Шпанската фудбалска федерација. Од Примера потврдија дека инспекција ...

Евролигата се подготвува за сериозна трансформација на начинот на кој ќе се игра натпреварувањето. Сезоната 2026/27 би требало да биде последна во актуелниот формат со 20 клубови, по што се планира проширување на лигата и воведување поинаков систем на натпревари. Ова го откри генералниот менаџер на Олимпија Милано, Христос Ставрупулос. Според него, сегашниот модел во кој сите тимови играат меѓусебно ќе остане во употреба уште една сезона. ...

Василије Костов би можел да биде следниот голем трансфер на Црвена Звезда, откако од Турција пристигнуваат информации за сериозен интерес од гигантот Галатасарај. Според турските медиуми, клубот од Истанбул веќе испратил понуда до белградскиот тим во вредност од 25 милиони евра, а во договорот би бил вклучен и процент од идната продажба на Костов. Белградскиот клуб наводно бара да задржи и 15 отсто од следниот трансфер. Интересот за младиот ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги изрече санкциите по инцидентите кои се случија по завршувањето на дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија, кој се играше во рамки на второто коло од ПМФЛ. Покрај натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, казни беа изречени и за еден фудбалер на Струга Трим Лум, како и за штипска Брегалница. Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на пет ...

Актуелнуиот европски шампион, Олимпијакос, продолжува да го формира составот за новата сезона, а најново засилување е Мбаје Ендиаје, кој пристигнува од францускиот Асвел. Грчкиот клуб официјално потврди дека со 27-годишниот сенегалски крилен центар е постигнат договор за две сезони. Ендиаје во Асвел пристигна во 2023 година од АДА Блоа, а минатата сезона имаше солидна улога во Евролигата. На натпреварите од елитното европско натпреварување ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58