Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Денеска во рамките од новото 22. коло од домашното првенство Тиквеш во Кавадарци го пречекува Пелистер во уште еден неизвесен, интересен и квалитетен првенствен меч. И двата тима имаат императив на победа, затоа што пролетва мора да го надополнат она што го испуштија во првиот дел од сезоната. Ова е последен меч од оваа фаза на шампионатот и позицијата на табелата по ова коло е многу важна. Затоа денеска и Тиквеш и Пелистер немаат намера ...
Екипата на Башкими цели да го затвори вториот циклус на натпревари во Првата македонска фудбалска лига со освојување на максимални бодови во пресметката против Македонија Ѓ.П. Фудбалерите на Башкими веруваат дека со поддршка од навивачите можат да стигнат до победата, особено поради фактот што неделниот натпревар го играат на свој терен. „Ова е последен натпревар од основниот дел во сезоната и по многу недели конечно играме во недела на ...
Фудбалерите на Интер Мајами забележаа победа на гостувањето кај Ди-Си Јунајтед со резултат 2-1, во натпревар од американската МЛС лига, а централни фигури во триумфот беа аргентинските асови Лионел Меси и Родриго де Пол. Натпреварот против Ди-Си Јунајтед донесе динамична игра и победа за гостите, а резултатот беше отворен во 17. минута. Родриго де Пол со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди далечната статива и го доведе својот ...
Во првата третина, изгледаше дека ова може да биде една од најинтересните сезони во Серија А по којзнае колку години. Кандидати за „скудетото“ беа Интер, Милан, Наполи, дури и Рома, а Јуве не заостануваше многу... По две третини, сè е повеќе или помалку јасно, па дури може да биде и кристално јасно по овој викенд и миланското дерби. Милан ќе се обиде да го фати последниот воз во трката за титулата или барем да го одложи славењето на Интер до ...
Во ноќта меѓу саботата и неделата беа одиграни неколку возбудливи натпревари во НБА, а вниманието го привлече драматичната победа на ЛА Клиперс над Мемфис Гризлис со 123-120. Тимот од Лос Анџелес успеа да дојде до важна победа во борбата за позициите кои водат во плеј-ин фазата на сезоната. Мемфис играше без својата прва ѕвезда Џа Морант, но и покрај тоа имаше одличен почеток на натпреварот. Гризлис во втората четвртина стигнаа до водство од ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои победата на трката за ГН на Австралија со која официјално започна новата, 77. сезона во шампионатот на Формула 1. Британскиот возач триумфираше на патеката Алберт Парк во Мелбурн и ја запиша шестата победа во својата кариера. Расположениот Расел имаше одлично издание од почетокот до крајот на трката и успеа да ја задржи контролата во клучните моменти, што му овозможи да стигне до максималните 25 ...
Италијанците продолжуваат да го шират своето влијание во светскиот тенис, а Милано наскоро ќе добие нов турнир на тревна подлога. Станува збор за турнир од серијата АТП 250 кој треба да започне од 2028 година и ќе се игра во јуни, веднаш по завршувањето на Ролан Гарос и пред почетокот на Вимблдон. Со тоа, тенисерите ќе добијат уште една можност за подготовка на тревната сезона пред третиот Грен-Слем во календарот. Ова ќе биде првиот машки ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на престижниот мастерс турнир Индијан Велс, откако по пресврт го совлада полскиот тенисер Камил Мајчжрак со 2-1 во сетови (4-6, 6-1, 6-2). Дуелот започна со изненадување, бидејќи Мајхшак успеа да го освои првиот сет благодарение на еден брејк кој го направи во текот на сетот и успешно го задржа до самиот крај. Иако разликата беше минимална, полскиот тенисер успеа да ја ...
Некогашниот ас на Манчестер Јунајтед и Челзи, Хуан Мата постигна уште еден спектакуларен гол во ремито на Мелбурн Викторија на гости против Сиднеј. Во 34. минута, шпанскиот ветеран изведе совршен слободен удар, за водство на неговиот тим од 0-1. Неговиот тим имаше и водство од 2-0, но на крај освои само еден бод. Мата сезонава постигна четири гола, но регистрираше дури 10 асистенции, што секако е на првото место во австралиското првенство. At ...
Кристијан Виери, еден од најдобрите голгетери во историјата на италијанскиот фудбал, даде интересна изјава пред утрешното миланско дерби во 28. коло од Серија А. Виери играше и за Интер и за Милан, но остави неспоредливо подлабок белег во дресот на „нероаѕурите“. За тој клуб, постигна 123 гола на 190 натпревари во шест сезони. Тој беше во Милан само половина сезона, во која постигна два гола на 14 натпревари. Легендарниот напаѓач е особено ...
Фудбалерите на Барселона остварија минимална, но исклучително важна победа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-0 во натпревар одигран на стадионот „Сан Мамеш“. Херој на каталонскиот тим беше младиот талент Ламин Јамал, кој со својот погодок во второто полувреме ги донесе трите бода за својот тим и го задржа лидерското место во шампионската трка. Со оваа победа, Барселона ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата во Ла Лига и сега ...
Фудбалерите на Манчестер Сити обезбедија пласман во четвртфиналето на ФА Купот откако направија пресврт и славеа со 3-1 на гостувањето кај Њукасл Јунајтед. Херој на натпреварот беше египетскиот напаѓач Омар Мармуш, кој постигна два погодоци и имаше клучна улога во победата на „граѓаните“. Ова беше уште едно успешно издание на египетскиот напаѓач против тимот од северот на Англија. Слично како и во дуелот од ЕФЛ Купот пред околу еден месец, ...
Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа во борбата за пласман во плеј-офот, совладувајќи го тимот на Работнички со резултат 75-73 во натпревар од домашното првенство. Со овој триумф екипата од Чаир се искачи на четвртото место на табелата, позиција која во овој момент води во разигрувањето за титулата, додека Работнички продолжува да се соочува со тежок период и останува во зоната која води кон плеј-аутот. Натпреварот донесе ...
Фудбалерите на Јувентус остварија убедлива победа од 4-0 против Пиза во натпревар од 28. коло на Серија А одигран во Торино. Со овој триумф „старата дама“ стави крај на серијата од четири натпревари без победа во првенството и освои важни бодови во борбата за подобра позиција на табелата. По овој успех, Јувентус стигна до вкупно 50 бодови и се искачи на шестото место во шампионатот, додека Пиза продолжува да се соочува со сериозни проблеми во ...
Екипата на Вардар 1961 е вториот патник на завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија, откако во финалето во својата група на турнирот беше подобра од Еурофарм Пелистер 2 (27-22). Вардарци до победата на мечот дојдоа во второто полувреме. Младиот гостин од Битола даде голем отпор во првиот дел, по кој резултатот гласеше 14-12. Фаворитот на хартија во финишот додаде „гас“, се одлепи на 26-20 и така си го трасираше патот до победата. На ...
Фудбалерите на Челзи обезбедија место во четвртфиналето на ФА Куп по исклучително драматичен натпревар против Рексам, во кој лондонскиот клуб славеше со 4-2 по продолженија. По регуларните 90 минути резултатот беше израмнет 2-2, што го однесе дуелот во дополнителни 30 минути игра. Уште од самиот почеток беше јасно дека фаворитот од Лондон го очекува тешка задача на гостувањето во Велс, кај клубот кој е во сопственост на холивудските ѕвезди. ...
Екипата на Тиквеш дојде до многу важни бодови во борбата за плеј-оф. Кавадарчани како гости славеа во Скопје на гостувањето кај Феникс 2010 (87-76), тим кој е директен ривал за една од позициите кои водат во разигрувањето за титулата. Екипата на Дервишевиќ загуби заради лоши десет минути по паузата. На Феникс му пресуди третата четвртина која ја загуби со 10-27, па така последните десет минути во кои Феникс се разбуди и го надигра Тиквеш, не ...
Екипата на Алкалоид забележа две победи во ист ден. По Радовиш во полуфиналето, тимот на Лазаров го совлада и Пролет 62 (34-18) и обезбеди место на Ф4-турнирот од Купот на Македонија. Пролет му даде отпор на ривалот, но немаше сила да се надигрува со поквалитетниот ривал повеќе од 20 минути. Имаше голманот Трајков свои моменти и го чуваше тимот на Мајнов во игра со Алкалоид, но пред финишот кога домаќинот влезе во серија, мечот се сврти во ...
Екипата на МЗТ Скопје продолжи да игра во добра форма на домашната сцена откако славеше над Пелистер (87-73) во дербито на колото во рамки на 17-тата рунда од Суперлигата на Македонија. Пелистерци се покажаа како незгоден ривал за разлика од претходните години во овој дуел во Аеродром, меѓутоа во финишот МЗТ Скопје си ја оствари зацртаната цел. Битолчани цело време беа близу до ривалот, а тимот на Атанасов го направи исчекорот кон ...
Екипата на Атлетико Мадрид по голема борба успеа да го надигра Реал Сосиедад со конечни 3-2 (1-1) во натпреварот од 27. коло на шпанската Примера. Првото полувреме понуди по еден гол на двете страни, а први резултатот го отворија домаќините, кои поведоа со 1-0 преку Александер Сорлот во петтата минута. Само четири минути подоцна, гостите од Баскија израмнија со голот на Карлос Солер, кој воедно го постави и резултатот на паузата. Долго чекаа ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд се вратија на победничкиот пат со триумф од 2-1 на гостувањето кај Келн во рамките на 25. коло од германската Бундеслига. Натпреварот одигран во Келн донесе многу неизвесност и борбеност, а гостинскиот состав на крајот успеа да ги освои трите бода и да стави крај на кратката серија без победа. Овој дуел дојде во незгоден момент за тимот од Дортмунд, кој минатата седмица доживеа пораз во големото германско ...
Екипата на Аталанта успеа да се спаси од пораз и во финишот од натпреварот дојде до реми против Удинезе (2-2) во натпреварот од 28. коло на италијанската Серија А. Гостите од Удине имаа двојна предност со головите на Кристенсен и Дејвис, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, но бергамашите го пронајдоа рецептот за враќање во игра и успеаја да освојат барем бод пред своите навивачи. Херој на Аталанта беше напаѓачот Џанлука Скамака, кој ...
Натпреварот меѓу Сараево и Рудар на стадионот „Кошево“ заврши без победник со резултат 2-2, но спортскиот дел од дуелот остана во втор план поради големите контроверзии околу судењето. Централна фигура во настаните беше главниот судија Антонио Бандиќ, чии одлуки предизвикаа силни реакции кај домашниот тим и кај навивачите. Во текот на средбата арбитерот донесе повеќе одлуки кои беа оспорувани од фудбалерите и стручниот штаб на Сараево. ...
Нема играчки со Комо на Цеск Фабрегас. Тимот од северот на Италија извојува нова победа во Серија А, а овој пат настрада Каљари, кој беше поразен на домашен терен со конечни 1-2 (0-1). Натпреварот од 28. коло мина во знакот на гостите кои го отворија резултатот во првото полувреме со голот на Мартин Батурина, а во вториот дел само ја потврдија победа, и покрај големиот отпор на екипата од Сардинија. Каљари израмни со погодокот на Себастијано ...
Ракометната репрезентација на Македонија успеа да слави над Белгија (33-27) во последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 кој се одигра во салата во Куманово. Ракометарките така им се реваншираа на Белгијките за оној пораз во првиот меѓусебен дуел во Хаселт и квалификациите ги завршуваат на третото место на табелата. Двете селекции почнаа ефикасно исто како и на првата меѓусебна средба, а првите десет минути понудија ...
Екипата на Џирона се избори за бод на гостувањето кај Леванте (1-1) во натпреварот од 27. коло на шпанската Примера. Гостите од Каталонија дојдоа до реми со голот на Џоел Рока во 94. минута. Карлос Еспи го доведе Леванте во водство од 1-0 во 50. минута, но потоа домаќинот остана со играч помалку, по исклучувањето на Јон Оласагасти, кој доби црвен картон во 59. минута. И покрај бројчаната негатива, Леванте беше близу до победа, но ја испушти ...
Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2026 година во САД, Канада и Мексико, а аналитичарите и оние кои се бават со статистика, ја отпишаа нашата репрезентација во битката за Мундијалот. Македонија има најмали шанси од сите 16 учесници во баражот и да игра финале, а и да игра на СП 2026. Аналитичарите кои го следат европскиот фудбал, на Македонија ѝ даваат само 15% ...
Екипите на Фрајбург и Баер Леверкузен одиграа прекрасен и ефикасен натпревар во 25. бундеслигашко коло, на крајот ремизирајќи со конечни 3-3 (2-2). Се чини дека ремито е реален исход од мечот, иако Фрајбург во финишот имаше и шанса да го освои целиот плен, но мораше да се задоволи само со еден освоен бод. Грифо, Сузуки и Гинтер стрелаа за домаќинот, а кај „фармацевтите“ погодуваа Кофане, Грималдо и Терие. Двете екипи остануваат во горниот дел ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија славеше над Андора (3-0) во квалификацискиот циклус за Светското првенство, а моментот на мечот го имаше големиот талент Меланија Грозданова. 17-годишната фудбалерка која ја следи италијански Јувентус во изминатиот период, имаше фантастичен потег. По една комбинација со уште еден бисер на македонскиот фудбал, Теона Галабовска, Грозданова направи одличен дриблинг и даде уште подобар гол. Младата ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето пристигнување на Мастерсот во Индијан Велс. Тој е во САД веќе неколку дена, а по еден тренинг беше „интервјуиран“ од едно момче. Додека даваше автограми, момчето му постави неколку прашања на големиот шампион. „Како дете, го гледав Пит Сампрас како го освојува Вимблдон. Пит ме инспирираше како и Моника Селеш“, рече Ѓоковиќ. Потоа дојде прашањето кој бил најтешкиот ...