Последниот македонски претставник во евро-куповите на УЕФА - тетовска Шкендија го заврши својот настап во третото коло на Конференциската лига. Избраниците на Артим Положани одиграа 0-0 во Скопје против Хибернијан и примениот гол во финишот во Единбург скапо го платија. Со вкупни 2-1 шкотскиот тим продолжува во плеј-офот против белгиски Гент. Шкендија, на крилата на африканските напаѓачи, прва се закани и по акцијата на Тамба, првата шанса ја ...

Црвена Звезда доби нов шеф на стручниот штаб. Алберт Риера официјално потпиша договорот со белградскиот клуб, а информација која ја потврди и познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Шпанскиот стратег веќе беше желба на Црвена Звезда во минатото, особено по успешниот период во Целје, но тогаш не дојде до договор. Наместо во Белград, Риера продолжи во Ајнтрахт Франкфурт, каде што имаше кратка и неуспешна епизода. Сега добива нова можност и ...

Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов. За клубските медиуми, Максимов ја долови атмосферата во соблекувална и очекувањата на тимот. „Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години доживеа пораз од Ирска (58-83) во првиот од мечевите за разигрување за пласман на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Македонија. По настапите во групата во Гевгелија, тимот дојде во Скопје каде ќе разигрува за од 9 до 16 место на шампионатот. Имаа егал старт македонските кошаркари, по првата четвртина беше 19-20, на полувремето нашиот национален тим имаше само два поени ...

Екипата на Прилеп по поразот од Вардар 1961 ја забележа првата победа на турнирот во Струга. Тимот беше подобар од Бутел Скопје, кого го совлада со 31-29 во еден неизвесен натпревар, на вториот натпреварувачки ден во градот крај езерото. Прилеп имаше подобар старт на мечот, а во еден момент имаше и максимални 12-8 во средината на првиот дел. Следеа низа исклучувања и технички грешки на прилепчани, тоа Бутел го искористи и со серија од пет ...

Барселона и ПСЖ постигнале договор за трансферот на шпанскиот репрезентативец Феран Торес. Според информациите од шпанските медиуми, францускиот шампион ќе плати фиксна сума од речиси 50 милиони евра, без дополнителни бонуси или променливи клаузули. Торес, кој има 26 години, е пред заминување од „Камп Ноу“ по неколку сезони минати во дресот на каталонскиот гигант. Во изминатиот период ПСЖ покажуваше сериозен интерес за офанзивецот, а ...

Љупчо Дориев повторно беше клучен играч на Согдијана во победата од 3-1 на гостувањето кај Сурхон. Македонскиот интернационалец ги запиша сите три асистенции на натпреварот и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. Со денешниот настап, Дориев дојде до учинок од 12 голови и 6 асистенции во тековната сезона. Крилниот напаѓач е еден од најдобрите поединци во узбекистанската Суперлига и важен фактор во успесите на Согдијана. Неговите ...

Екипата на Шкендија на домашен терен ќе брка гол негатива во реваншот од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА против шкотски Хибернијан. За дуелот против ривалот, тренерот Положани го одреди тимот. Се враќа Бојан Димоски кој беше повреден. Во стартниот тим ќе го нема Марко Ѓорѓиевски кој се повреди пред мечот со Вардар. Шкендија (4-2-3-1): Рамани; Трумчи, Манев, Мелиќи, Димоски; Рафа, Ислами; Тамба, Зејнулаи, Крејзиу; ...

Следната сезона во Саудиска Арабија би можела да донесе историски момент. Кристијано Роналдо е многу блиску до границата од 1.000 голови во професионалниот фудбал, нешто што ниту еден играч досега не успеал да го направи. Португалецот во моментов има 978 погодоци, па за остварување на неверојатниот рекорд му недостигаат уште само 22 гола. Роналдо неодамна дополнително се доближи до целта со три гола за репрезентацијата на Светското првенство. ...

Калчолигашот Лацио е на чекор од ангажман на Давиде Фратези, откако клубот постигна договор со Интер за трансферот на италијанскиот репрезентативец. Според информациите, 26-годишниот играч за врска ќе пристигне во Рим на едногодишна позајмица, за која Лацио ќе плати околу еден милион евра. Во договорот ќе има и опција за откуп вредна 14 милиони евра. Клаузулата ќе стане задолжителна доколку бидат исполнети однапред договорени услови, поврзани ...

Легендарниот француски чувар на мрежата, Фабиан Бартез, доби нова улога во националниот тим. Тој е назначен за тренер на голманите во репрезентацијата на Франција, а ќе биде дел од стручниот штаб на новиот селектор Зинедин Зидан. Зидан и Бартез добро се познаваат уште од репрезентативните денови. Како соиграчи заедно го освоија Светското првенство во 1998 година, а две години подоцна триумфираа и на Европското првенство. Бартез во играчката ...

Манчестер Сити успеа да го задржи Џереми Доку, откако белгискиот репрезентативец стави потпис на нов договор со англискиот премиерлигаш. Според новата соработка, 24-годишниот крилен напаѓач ќе остане на „Етихад“ до 2031 година, со што клубот јасно покажа дека сериозно смета на него и во иднина. Доку во Манчестер Сити пристигна во 2023 година од францускиот Рен и постепено стана важен дел од тимот. Досега има запишано 131 настап и 22 гола во ...

Шпанскиот Суперкуп во 2027 година ќе добие нова локација. Завршниот турнир за првпат во историјата ќе се одржи во Истанбул, каде што четирите најуспешни екипи ќе се борат за трофејот од втори до седми февруари на стадионот „Ататурк“. Промената на домаќинот е направена поради проблемот со термините во Саудиска Арабија. Шпанската фудбалска федерација не може да го организира турнирот во Ријад, како што беше случај во изминатите шест години, ...

Натпреварот меѓу Селта Виго и Осасуна, кој требаше да го означи почетокот на новата сезона во Примера за двата тима, е одложен поради сериозен проблем со тревникот на стадионот „Балаидос“. На теренот се појавила габична болест, поради што било констатирано дека условите не биле доволно добри за одигрување на натпреварот. Одлуката за одложување ја донеле заеднички клубовите и Шпанската фудбалска федерација. Од Примера потврдија дека инспекција ...

Евролигата се подготвува за сериозна трансформација на начинот на кој ќе се игра натпреварувањето. Сезоната 2026/27 би требало да биде последна во актуелниот формат со 20 клубови, по што се планира проширување на лигата и воведување поинаков систем на натпревари. Ова го откри генералниот менаџер на Олимпија Милано, Христос Ставрупулос. Според него, сегашниот модел во кој сите тимови играат меѓусебно ќе остане во употреба уште една сезона. ...

Василије Костов би можел да биде следниот голем трансфер на Црвена Звезда, откако од Турција пристигнуваат информации за сериозен интерес од гигантот Галатасарај. Според турските медиуми, клубот од Истанбул веќе испратил понуда до белградскиот тим во вредност од 25 милиони евра, а во договорот би бил вклучен и процент од идната продажба на Костов. Белградскиот клуб наводно бара да задржи и 15 отсто од следниот трансфер. Интересот за младиот ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги изрече санкциите по инцидентите кои се случија по завршувањето на дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија, кој се играше во рамки на второто коло од ПМФЛ. Покрај натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, казни беа изречени и за еден фудбалер на Струга Трим Лум, како и за штипска Брегалница. Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на пет ...

Актуелнуиот европски шампион, Олимпијакос, продолжува да го формира составот за новата сезона, а најново засилување е Мбаје Ендиаје, кој пристигнува од францускиот Асвел. Грчкиот клуб официјално потврди дека со 27-годишниот сенегалски крилен центар е постигнат договор за две сезони. Ендиаје во Асвел пристигна во 2023 година од АДА Блоа, а минатата сезона имаше солидна улога во Евролигата. На натпреварите од елитното европско натпреварување ...

Лионел Меси повторно заигра фудбал само шест дена по смртта на неговиот татко Хорхе, а неговото појавување на теренот предизвика силни реакции и кај навивачите и кај соиграчите. Аргентинецот влезе во игра во второто полувреме од натпреварот против мексиканскиот Леон. Неговиот настап беше неочекуван за многумина, имајќи предвид дека се наоѓа во период на голема лична болка. Одлуката на Меси да му се стави на располагање на тимот особено го ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби значајна поддршка во период кога се соочува со сериозен притисок и барања за оставка. Фудбалските федерации на Катар, Мароко, Египет, Либан, Судан и Мавританија излегоа со заедничко соопштение во кое ја изразија својата поддршка за Инфантино и ја потврдија довербата во неговото раководење со Светската фудбалска организација. Особено значајно е што четворица од шесте потписници се членови и на ...

Дарвин Нуњез би можел кариерата да ја продолжи во турската Суперлига. Трабзонспор веќе постигнал договор со уругвајскиот напаѓач околу личните услови, а преостанува уште клубот да најде заеднички јазик со Ал-Хилал околу сумата за трансфер. Информацијата ја објави турскиот новинар Јагиз Сабунчуоглу, кој наведува дека преговорите меѓу клубовите се последната пречка за реализација на трансферот. Нуњез минатото лето го напушти Ливерпул и за 53 ...

Тајрис Халибартон потврди дека целосно се опоравил од тешката повреда на „Ахиловата тетива“ и е подготвен да се врати на терените со Индијана Пејсерс во новата сезона на НБА-лигата. Американскиот плејмејкер имаше јасна порака до навивачите. „Видов неколку вести кои се повикуваат на одредени извори дека ќе бидам подготвен... Јас сум изворот. Здрав сум. Одлично се чувствувам. Веќе почнав да играм и редовно да тренирам, така што навистина се ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за укинување на мерката притвор и прифати гаранција во вредност од 500.000 евра. Информацијата ја потврдија и од Кривичниот суд за „Фокус“, од каде соопштија дека на Ѓорѓиоски му е укинат притворот и му се определени мерки на претпазливост. „Укинат му е притворот и определена е гаранција со ...

На денешен ден, 13 август, пред точно две години, во 86. година од животот, почина големиот тренерски ум, Лазар Лечиќ - една од најголемите легенди во историјата на македонската кошарка, активен во овој спорт повеќе од 60 години. Со своите знаења и енергија во кошарката, препознатливиот стил и лична харизма, остави траен белег во историјата на македонскиот спорт. Мајстор за играта во одбраната, постигна големи резултати, беше тренер пред ...

Македонскиот прволигаш и актуелен Куп-освојувач, Силекс, донесе ново име во своите редови. Се работи за 23-годишниот Мартин Талаков, кој доаѓа од редовите на Работнички. Талаков настапува во средниот ред, но може да ги покрива и крилните офанзивни позиции. Зад себе има големо искуство играјќи за неколку клубови во домашното првенство, а исто така беше и младински репрезентативец на Македонија. Минатата сезона во дресот на Работнички одигра ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлиска бања. Таа во меч од првото коло загуби од Русинката Варвара Паншина со 2-0 во сетови (6-3 и 6- 2) за вупно 95 минути активна игра. Во првиот сет, со двата брејка во првите пет гема, Паншина поведе со 4-1, што беше доволна предност за освојување на сетот, откако двете тенисерки имаа по уште еден брејк до крајот. Во вториот сет имаше два брејка и ги направи ...

Бранителот на трофејот во Монтреал, Бен Шелтон, повторно ќе се бори за титулата на Мастерс турнирот, откако во американското полуфинале го совлада Ленер Тиен со убедливи 6-2, 6-3. Шелтон влезе во мечот со непријатна статистика, бидејќи Тиен ги доби нивните претходни два меѓусебни дуели. Сепак, овојпат 23-годишниот Американец одигра многу подобро и за само еден час и 24 минути обезбеди место во финалето. Америиканецот одигра одлично на свој ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек обезбеди пласман во финалето на турнирот во Торонто, откако во драматичен полуфинален меч ја совлада Украинката Елина Свитолина со 6-3, 1-6, 6-3. За Швјонтек ова е одличен резултат и прво финале по речиси една година. Победата има дополнителна тежина бидејќи Свитолина ги доби нивните два претходни меѓусебни дуели оваа сезона. Полската тенисерка одлично го започна натпреварот и го освои првиот сет, но потоа ...

Реал Мадрид со минимални 1-0 против Депортиво Ла Коруња го освои пријателскиот турнир „Тереса Херера“, но триумфот падна во втор план поради несекојдневниот пехар кој им припадна на „Кралевите“. Брахим Диаз го постигна единствениот гол во финишот на првото полувреме, во натпревар во кој Реал ротираше со составот и им даде минутажа на повеќе фудбалери во пресрет на новата сезона. Сепак, вистинската атракција следеше по последниот свиреж. ...

Неверојатна сцена се случи на „Ла Росаледа“, каде што Малага и Фулам одиграа 2-2 во пријателски натпревар на турнирот „Коста дел Сол“. На крајот се случи бизарна сцена, бидејќи англискиот тим одби да учествува во пенал-рулетот и едноставно замина во соблекувалната. Сепак, од Фулам тврдеа дека пеналите не биле предвидени во договорот за одигрување на натпреварот. Дополнителен проблем бил и фактот што англискиот тим веднаш по натпреварот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.13
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Иридиум

321507.47