Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Ракометарите на Вардар 1961 се вратија на победите и му се одмаздија на Кристијанштад со победа од 35-30 (17-16) во четвртото коло од Европската лига на ЕХФ. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред околу 2.500 љубители на ракометот, а „црвено-црните“ ја исполнија својата мисија, го победија шведскиот ривал и се вратија на првата позиција во групата пред завршницата на оваа фаза. Стартот беше со доста грешки на двете страни, за вардарци ...
Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години со победа го заврши квалификацискиот турнир за место во елитните квалификации за Европското првенство во 2026 година. Нашиот национален тим беше подобар од Естонија, која во последното трето коло ја совлада со резултат 2-0, на полувреме беше 1-0. Првиот гол на натпреварот за нашите надежи го постигна Емир Шаботиќ по асистенција на Лука Атанасовски, додека вториот беше дело на Адмир Љатифи, по ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва беше надиграна од селекцијата на Хрватска со конечен резултат 83-55. Избраничките на селекторот Ашаданов одиграа добра прва четвртина, но потклекнаа во вториот период, кој го загубија со двоцифрена разлика (25-15). На паузата Хрватска водеше со 44-32. ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да го изненадат тимот на Широки и загубија со конечни 85-72 во натпреварот од четвртото коло во АБА2 лигата. Бевме сведоци на комплетно израмнет прв период од мечот (15-15), а потоа скопскиот тим успеа да дојде и до предност на паузатам (37-40). Широки заигра доста подобро во третата четвртина, враќајќи ја позитивата на својата страна, додека ТФТ се мачеше со реализацијата и влезе во последната четвртина со ...
Американскиот тенисер Кристофер Јубенкс неочекувано одлучи да ја заврши својата професионална кариера на само 29-годишна возраст. На социјалните мрежи објави новост која е изненадувачка за сите што го следат, особено за неговите навивачи. „Ако некој ми кажеше дека ќе го постигнам сето ова, немаше да му верувам. Двократен играч на годината во Атлантската конференција. Четвртфиналист на Вимблдон? Никако. Олимпиец? Незамисливо. Имав среќа да ...
Крег Беками и Благоја Милевски донесоа по некое изненадувања во стартните тимови за одлучувачкиот натпревар за второто место во групата од мундијалските квалификации. Нашиот селектор го остави Атанасов на клупата, а од поодамна повредените Муслиу и Алиоски ги замени со Велковски и Ашкковски. Малкумина очекуваа дека Дарко Велковски ќе почне од првата ми нута на централната бековска позиција, но селекторот му укажа доверба. Велс: Дарлоу, Вилијамс, ...
Сан Антонио Спарс најмалку две недели ќе играат без својот најдобар кошаркар Виктор Вембањама, кој заработи повреда на листот на левата нога. Французинот го пропушти дуелот против Сакраменто, кој Спарси го добија со 123-110. Американските медиуми пренесуваат дека клубот ќе биде максимално внимателен со неговата состојба. Тренерот Мич Џонсон прокоментира: „Не сакаме да ризикуваме бидејќи во последно време низ лигата видовме дека повредите на ...
Фудбалската селекција на Македонија до 21 година забележа уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство. Од Битола со три бода си замина и селекцијата на Полска У21, која славеше минимална победа од 0-1 (0-1) и остана перфектна по шест одиграни кола во групата Е. Нашата селекција пак, годината ќе ја заврши на петтата позиција со само три бода. Селекторот Горан Станиќ се реши да не направи ниту една замена во стартниот состав и ...
Австралиската тениска публика оваа недела ќе има ретка можност да сведочи на историски момент, откако поранешниот светски број еден Лејтон Хјуит ќе настапи заедно со својот 16-годишен син Круз Хјуит на турнир од серијата Челинџер кој се одржува во Сиднеј. Легендарниот Австралиец, кој во текот на својата блескава кариера освои триесет АТП-титули и беше едно од најистакнатите имиња на својата генерација, се подготвува за ново искуство што го ...
Фудбалската селекција на Црна Гора претрпе болен пораз од Хрватска во синоќешниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Црногорците беа аутсајдери на ова соочување, но може да жалат што останаа со празни раце, затоа што по седумнаесет минути игра имаа предност од два гола разлика (2-0). Сепак, Хрватска кога најмногу требаше ја покажа својата моќ и преку Иван Перишиќ, Кристијан Јакиќ и Никола Власиќ се избори за ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија во новиот циклус од претквалификциите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе биде дополнително засилена. Во изминатиот период, веднаш по завршувањето на натпреварите од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027, раководството на нашата федерација успешно ја реализираше идејата, нашиот сениорски тим да добие дополнителни играчки засилувања. Пред сè, на оние позиции за кои стручниот ...
Стефанос Циципас и Паула Бадоса важеа за голем пар во светот на тенисот. Двајцата минуваа низ љубовна криза, на која, како што изгледа, ѝ дојде крајот. Бадоса во саботата го прослави 28. роденден, а Шпанката сега на социјалните мрежи објави фотографии од настанот. И на нив еден детал привлече внимание. Носеше лента на која стоеше „секси и сама“, што јасно алудира дека готова е љубовта со Циципас. Роденденската торта ја красеше напис „постара, ...
Македонија е на деведесет минути до нови успешни мундијалски квалификации. Доколку не загубиме во Кардиф нашата најдобар фудбалска селекција повторно ќе заврши на втората позиција во квалификациската група, што ни носи ново учество во баражот. На момците на Благоја Милевски на „Милениум“ во Кардиф секако нема да им биде лесно, но и на најголемиот стадион во Велс, нашите фудбалери ќе добијат голема поддршка од македонските фанови. Се очекува ...
Фудбалската селекција на Македонија до 21 година вечерва го игра последниот натпревар оваа година. Во Битола нашите надежи ќе се судрат со репрезентацијата на Полска, против која ќе бркаат втора победа во квалификациите за следното Европско првенство. Селекторот Горан Станиќ се реши да не направи ниту една замена во стартниот состав и Македонија на терен ќе истрча со идентични единаесетмина кои стартуваа со Шведска пред неколку дена. На голот ќе ...
Палеолитската исхрана, создаде неуништлив ѕвер. Маркос Љоренте, фудбалерот Атлетико Мадрид е во серија од 31 натпревар одигран од почеток до крај! Начинот на исхрана на 30-годишниот фудбалер е тема во светскиот фудбал повеќе години. Имено, се работи за „палео диета“, односно диета базирана на исхраната на луѓето во палеолитската ера пред речиси 10.000 години. Тој не јаде ултра-преработена и преработена храна. Не јаде житарки, леб, тестенини, во ...
Македонскиот фудбалски тренер Христијан Цветковски, кој повеќе од една деценија работи во Шведска, откако го најави дуелот на младите селекции на Македонија и Шведска во Битола, се осврна и на континуираниот успех на нашата најдобра селекција и ги искажа своите очекувања од вечерашниот натпревар на четата на Милевски во Кардиф. Познато е дека во Кардиф, Македонија не треба да загуби, за да остане втора на табелата во мундијалските квалификации, ...
Карлос Алкараз нема да игра на финалниот турнир во Дејвис Купот поради повреда здобиена на завршниот Мастерс. Алкараз по поразот во финалето од Јаник Синер го напуштил Торино и заедно со стручниот штаб се преселил во Болоња, каде што Шпанија треба да настапи на завршницата од најголемото репрезентативно натпреварување во тенис. Сепак, по пристигнувањето биле направени испитувања, а тие покажале дека има мускулна повреда. „Многу ми е жал што ...
Искусниот црногорски стручњак Зоран Кастратовиќ започнува ново поглавје во својата богата ракометна кариера, откако официјално е именуван за селектор на машката репрезентација на Јордан. Кастратовиќ веќе пристигна во главниот град Аман, каде што ги финализираше сите договорени обврски и започна со организација на репрезентативната работа во пресрет на првите предизвици. Кастратовиќ зад себе има богато меѓународно искуство, како во клупскиот ...
Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти зборуваше околу иднината на Нејмар во репрезентацијата и истакна дека 33-годишниот офанзивец сè уште не е отпишан од списокот патници за Светското првенство. Иако Анчелоти реши да го изостави Нејмар од списокот за овој собир и за натпреварите со Сенегал и Тунис, искусниот тренер порача дека времето работи во корист на напаѓачот. „На Нејмар му е потребен ритам, тоа е клуч по долгата пауза ...
Шкендија во среда ја продолжува својата куп-мисија со натпревар против Тиквеш, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово. Тимот го насочува целото внимание кон овој предизвик, уверен дека Купот е можност за резултатски исчекор и дополнителна стабилност во турбулентниот натпреварувачки календар. Фудбалерот од средниот ред, Адаму Алхасан, нагласува дека тимот е максимално концентриран и решен да обезбеди пласман во следната фаза, ...
Пелистер го победи Куманово во претходното коло на Суперлигата на Македонија, а в среда го дочекува кипарски Керавнос во последното коло од ФИБА Европа купот. Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги сподели тренерот Боро Даскаловски. Тој е среќен за прекинатата серија порази, а најави голема борба против ривалот од кипар во Битола. „Најважно од се е што играчите имаа сосема поинаква енергија, она што го зборувам од почетокот, секогаш кога ...
Искусниот Илија Абутовиќ го прокоментира следниот натпревар на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, каде битолчани ќе гостуваат кај силниот ПИК Сегед од Унгарија. Пелистерци ќе патуваат „осоколени“ после важниот триумф над истиот ривал, вкупно втор сезонава, со надеж дека изданието од салата „Боро Чурлески“ може да се повтори и на гостински терен. „Може да кажеме дека ја креваме формата и се радуваме што скоро целиот ростер сега е ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје ќе гостуваат кај екипата на Широки Бријег во рамките на четвртото коло во АБА-2 лигата. Во пресрет на натпреварот со квалитетниот противник зборуваше тренерот Боро Смилковски. „Нè очекува натпревар против екипата на Широки, во еден доста интензивен период од сезоната. Овој период може да го дефинира правецот на кој ќе се движи нашата екипа. Самиот натпревар е против квалитетна екипа, а исцрпувачкиот пат и пеколното ...
Македонската кошаркарска репрезентација ќе ѝ гостува на Хрватска во квалификациите за Евробаскетот. Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги сподели американската кошаркарка која настапува за Македонија, Мерит Хемпе. „Ни следи третиот меч, со Хрватска на гости. Ќе биде доста тежок дуел. Се работи за тим со добри бекови, не чека и голема борба, исто така, на физички план. Но ние сме спремни да се бориме и да дадеме се од себе“, изјави Хемпе. ...
Шпанскиот стратег на клупата на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, ги изнесе своите очекувања од натпреварот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, упатувајќи комплименти за своите играчи, за кои рече дека играат за топ европски тим. „Секогаш е убаво кога се добиваат натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можат да го прават само топ-тимови од континентот. Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе го одигра третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство. Нашите кошаркарки ѝ гостуваат на Хрватска, селекција која е фаворит на средбата. Најава за натпреварот даде капитенката Анџелика Митрашинови која е нашето најсилно оружје. „Мислам дека секоја девојка која стапна на теренот го даде својот максимум. Покажавме сите до една, како треба да се бори за националниот дрес. Можеби во дадени ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе го дочекаат Кристијанштад во рамките на четвртото коло од Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ веќе имаат две победи и еден пораз, а токму од овој противник загубија минатата седмица на гости во Шведска по голема драма. Вардарци доста грешеа на таа средба, а технички грешки против скандинавски противник се недозволени. Кристијанштад ги казнуваше „црвено-црните“, иако супер-расположен меѓу стативите беше Милош ...
Селекторот Благоја Милевски најави сличен натпревар во Кардиф како оној во Скопје пред осум месеци. Тогаш Македонија тактички ги одбиваше велшките напади, за да на крајот од дуелот двете селекции да постигнат по еден гол и ремито 0-0 да се претвори во 1-1. Сепак, прашање е со кој тим нашиот селектор ќе излезе на мегдан на „Кардиф Сити стадиум“ и дали стратегијата ќе биде претпазлива игра или пак нешто поотворен и покреативен судир со Велшаните. ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска со голем пресврт славеше на гости во Црна Гора (2-3) за крај на квалификациите за Светското првенство. Иако веќе беа пласирани на Мундијалот, хрватските фудбалери не дозволија изненадување во Подгорица. Освен фудбалските ситуации на стадионот во главниот град на Црна Гора имаше и скандал на трибините. Навивачите кои допатуваа од Хрватска извикуваа националистички пароли, тие скандираа „Убиј го Србинот“, ...
Никогаш досега репрезентацијата на Македонија не настапила на Светско првенство, но сега е близу до уште еден бараж. Избраниците на Благоја Милевски ја држат судбината во свои раце доколку во последното коло од групната фаза го совладаат Велс во Кардиф (вторник, 20:45), ќе обезбедат пласман во баражот за Мундијалот 2026 во Северна Америка. Тоа е најмалку што го заслужија нашите фудбалери по досегашниот феноменален настап во квалификациите. ...