Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Фудбалерите на Норвешка одиграа неверојатно второ полувреме и се вратија од негатива до убедлива победа во Италија (1-4). По победата интересна приказна раскажа Ерлинг Халанд. Норвешката гол-машина откри дека имал интересни дуели со Џанлука Манчини кој не бирал начини на кои ќе го запре. „Целиот натпревар Манчини ме чуваше мене. На 1-1 тој почна да ме допира за задникот и ме налути, па почнав да му викам: „Што правиш ти?“. Сепак, тоа негово ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија веќе е во Хрватска каде што во вторник ќе го одигра натпреварот од третото коло во квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Македонските кошаркарки веќе се во Славонски Брод, а селекторот Александар Ашаданов се реши да направи една замена пред натпреварот. Со репрезентацијата не отпатува најмладата во тимот Теа Трајковска која остана во Скопје, а на нејзино место во тимот се враќа Јана Пислевска. ...
Колку напредува светот во сите елементи најдобро зборува една трка која се одржа во Абу Даби. Од едната страна се најде поранешниот Формула 1 возач Даниел Квиат, додека на спротивната страна беше болид без возач. Поточно, болидот беше управуван од вештачка интелигенција и немаше човечки фактор во своите кругови. Иако имаше перфектен старт и предност од десетина секунди, болидот со вештачка интелигенција на крајот ја загуби трката. Квиат ја доби ...
Фудбалската јавност во Ирска во вторник ќе навива за Македонија на натпреварот против Велс во завршницата на квалификациите за Светското првенство. Иако Велшаните им се соседи, сепак Ирците имаат причина зошто да ја поддржат Македонија, а таа е проста. Имено, доколку Македонија не загуби против Велс би била втора во квалификациската група. Тоа би значело дека ќе бидеме во третиот шешир, а ако се случи тоа Ирците можат да скокнат во вториот. ...
Фудбалерите на Италија претрпеа нов тежок пораз од Норвешка (1-4) за крај на квалификацискиот циклус за Светското првенство. „Аѕурите“ како второпласирани во групата одново одат во баражот, а по тешкиот неуспех на домашен терен својот став го сподели капитенот Џанлуиџи Донарума. „Не требаше да примиме трет гол, а четвртиот беше многу доцна. Нашиот главен проблем беше тоа што престанавме да играме во второто полувреме. Може да се случи селекција ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе го дочекаат Кристијанштад во клучен натпревар од групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Откако минимално загубија од Швеѓаните на гости, сега вардарци треба да победат за да се вратат на првото место во групата кое носи поволности понатаму. На прес-конференцијата ден пред мечот со шведскиот ривал се обрати тренерот Иван Чупиќ. „Нè очекува реваншот со Кристијанштад, откако загубивме таму со еден гол разлика. По ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе го дочекаат Кристијанштад на стартот на вториот круг од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Откако загубија на гости во Шведска, ракометарите на македонскиот вицепрвак ќе бркаат нова домашна победа за враќање на водечката позиција. На средбата со новинарите пред натпреварот освен тренерот Иван Чупиќ се обрати и голманот Васил Гогов, кој кажа: „Играме против Кристијанштад второ коло по ред во Европската лига. ...
Хапоел Ерусалим објави дека следниот натпревар од Еврокупот, против Венеција, ќе го игра на домашен терен во Израел. Тоа ќе биде првиот натпревар што Хапоел ќе го игра во својата арена „Паис“ по две години. За потсетување, израелските тимови се дислоцирани од својата земја поради нестабилната безбедносна ситуација од 7 октомври 2023 година, по нападот на Хамас врз еден од кибуците. Оттогаш, сите домашни натпревари ги играа во други земји, ...
Фудбалерите на Англија ја совладаа Албанија (0-2) во последниот меч од квалификациите за Светското првенство. Во англиската јавност победата ја засени реакцијата на Џуд Белингем при неговата замена во финишот, кога на терен влезе Морган Роџерс. Играчот за врска на Реал Мадрид јасно покажа незадоволство, мавташе со рацете и сигнализираше дека не му се допаѓа одлуката на селекторот Томас Тухел. Германецот на прес конференцијата се осврна на ...
Математиката е уште нејасна, но веќе се знае поширокиот круг на селекции против кои Македонија може да игра во првиот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Без разлика на исходот од нашиот утрешен натпревар во Велс, нашата репрезентација веќе е во баражот, а се знаат и потенцијалните противници. Нашата селекција не може да биде погоре од третиот шешир во ждрепката, па извесно е дека ќе се сретне со репрезентација од ...
Фудбалерите на ДР Конго ќе бидат африканскиот претставник во интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство што следното лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Во финалето на дополнителните африкански квалификации во Рабат, Конго ја елиминираше Нигерија по подобро изведување пенали (4-3), откако мечот по 90 минути и продолженијата заврши 1-1. Нигерија поведе уште во третата минута преку Ниека, а израмнување за Конго донесе ...
Македонската фудбалска репрезентација секаде има поддршка од нашите навивачи, членови на „Фалангата“, наши иселеноци низ светот... Така ќе биде и утревечер во Кардиф, каде националниот тим на Благоја Милевски ќе се соочи со Велс во последниот натпревар од мундијалските квалификации. Се очекуваат околу 700 луѓе од секој дел на Европа, кои стигнале до вредното парче хартија, да ги бодрат „рисовите“. Македонци кои живеат и работат во Велика ...
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, изјави дека сегашниот состав на „гордиот албион“ е најдобар во историјата и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година. Изјавата доаѓа после победата над Албанија во последното квалификациско коло, каде Англичаните славеа со 0-2 и го потврдија доминантниот статус во групата. „Изградивме нешто прекрасно и имавме одлична година со новиот менаџер Томас Тухел, а ...
Македонија оваа сезона во Твинго купот има двајца успешни индивидуалци со висок пласман, а тоа се Марко Блажевски и Стефан Тренески. Блажевски победи на последните две трки на патеката во Мизано, откако водеше голема борба токму со сонародникот. Со овој успех тој стигна до втората позиција во генералниот пласман на крајот од сезоната, а титулата му побегна за само три поени. Блажевски по одличниот пласман најави борба во оваа категорија и ...
Светот на фудбалот не памети голгетер како Ерлинг Халанд. Норвежанецот синоќа постигна два гола во победата на својата репрезентација во Милано против Италија со 1-4 и ја продолжи својата импресивна нзиа. Напаѓачот на Манчестер Сити сега ја поседува втората најдолга серија голови во квалификациските натпревари за Светското првенство. Халанд погоди на осум натпревари по ред и го напаѓа рекордот на Португалецот Педро Паулета, кој постигна голови ...
Јута Џез слави во најефикасниот меч оваа сезона во НБА лигата со 150-147 против Чикаго Булси. По дури две продолженија, откако во регуларното време беше 127-127 се доби победникот на оваа средба. Блескава партија за Јута одигра Лаури Марканен кој го заврши мечот со 47 поени зад своето име. Сепак, херој на тимот беше и Кеонте Џорџ кој уфрли 32 поени, но и клучна тројка на две секунди пред крајот за победа. Во Чикаго се истакна Вајт со 27 поени. ...
Репрезентацијата на Македонија има добра традиција на натпревари со селекциите од Британскиот полуостров. Против Велс утре ќе играме по четвтти пат, а до овој момент меѓусебните дуели се целосно израмнети. Уште ни „звони во главата“ несреќно примениот гол на 25 март во Скопје, кога нашиот трет меѓусебен дуел заврши без победник (1-1). Многу наши навивачи жалат за тоа реми, кое можеше да промени многу работи во овие квалификации. Претходните два ...
Благоја Милевски доаѓа на одлучувачкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во САД, Мексико и Канада со кадровски промени. На гостувањето во Кардиф нашиот национален тим отпатува со сите сили, но некои фудбалери имаат физички проблеми и неизвесен е нивниот настап. Стоперот Висар Муслиу сигурно нема да настапи заради повреда, па не ни отпатува со македонската делегација во Кардиф. Неговата повреда не е наивна и нема доволно време ...
Славниот тениски ас, Новак Ѓоковиќ. продолжува да ги поместува границите на тениската историја. Најдобриот српски тенисер, и според мислењето на многумина, најголемиот на сите времиња, постави уште еден импресивен рекорд - стана играчот со најмногу недели поминати во ТОП 4 на АТП листата - дури 808. Со ова достигнување, Ѓоковиќ дополнително го зацврсти своето место на врвот на белиот спорт. Тој веќе ги поседува рекордите за најмногу недели на ...
Кристијан Пулишиќ сè уште не потпишал нов договор со Милан, иако навивачите веќе подолго време очекуваат таков потег од управата на италијанскиот гигант. Неговиот сегашен договор е со важност до 2027 година, а американскиот фудбалер сè уште не потпишал само од една причина - сака гаранции дека клубот ќе се квалификува за Лигата на шампионите. Според сегашните услови, Пулишиќ добива 4,4 милиони евра годишно, а новата соработка ќе подразбира дека ...
Германскиот тенисер Александар Зверев го сумираше својот настап во изминатата сезона со отворена доза разочарување, оценувајќи дека резултатите далеку заостанале зад неговите амбиции. Иако годината му донесе неколку силни настапи - пред сè пласман во финалето на Австралија опен и титулата на турнирот во Минхен, Зверев истакна дека недостигала конзистентност во неговите игри. Серијата турнири на земја во Јужна Америка, каде важеше за фаворит, не ...
Данската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми пред нивниот клучен квалификациски натпревар за Светското првенство против Шкотска, откако двајца играчи и еден член на тренерскиот штаб се разболеа, изјави денес селекторот на Данска, Брајан Ример. Јоаким Андерсен и Расмус Хојлунд, кои го пропуштија ремито (2-2) со Белорусија во саботата, остануваат под знак прашалник пред натпреварот на „Хемпден Парк“, кој ќе го одреди првото место во ...
Шпанецот Карлос Алкараз му се „закани“ на Јаник Синнер да се подготви за следната сезона по неговиот пораз на завршниот АТП Мастерс во Торино. Алкараз најпрво му честиташе на големиот ривал, а потоа му порача дека следната година нема да му биде лесно во дуелите против него, надевајќи се на нови мега-дерби пресметки меѓу нив. „Ова беше одлична година за тебе, сега е време за одмор и се надевам дека ќе имаш време да се одмориш и да се подготвиш ...
Голманот на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ, го изрази задоволството од победата над Слога Добој во Еврокупот на ЕХФ (37-19), со која македонскиот суперлигаш обезбеди огромна предност во пресрет на реваншот. Охриѓани одиграа одличен меч, а Пилиповиќ ѝ се заблагодари и на публиката, истакнувајќи дека била важен фактор во победата на неговиот тим. „Сериозно го подготвивме натпреварот и ја оправдавме фаворитската улога. Противникот беше за респект, ...
Европските квалификации за пласман во доигрувањето добија појасни контури откако осум репрезентации веќе обезбедија учество во полуфиналните дуели на УЕФА баражот. Сигурен пласман во шеширите на доигрувањето веќе имаат Италија, Украина, Чешка, Ирска, Албанија, Шведска, Романија и Северна Ирска, селекции кои со своите настапи во квалификациите успеаја да изборaт продолжување на борбата за место на големото натпреварување. Дополнително, Турција, ...
Норвешката фудбалска репрезентација на најубедлив можен начин го заокружи својот настап во квалификациите за Светското првенство 2026, откако на гости ја совлада Италија со убедливи 4-1. Со оваа победа, Норвешка ја заврши групната фаза совршено – 24 освоени бодови од осум натпревари и вкупна гол-разлика 36:5. Најефикасниот играч на квалификациите беше Ерлинг Халанд, кој ја заврши кампањата со неверојатни 16 погодоци, двојно повеќе од најблискиот ...
Бразилскиот фудбалер и екс-ѕвезда на лондонски Челзи, Оскар, денес ја напушти болницата во која мина пет дена поради срцеви проблеми, објави неговиот клуб Сао Паоло. 34-годишниот фудбалер доживеал срцеви потешкотии за време на рутинските физички тестови во тренинг центарот на клубот. Состојбата е предизвикана од ненадеен пад на крвниот притисок и забавување на срцевиот ритам, што доведува до намален проток на крв во мозокот. Локалните медиуми ...
Кошарката во Македонија не е на најдоброто ниво. И додека клубовите не може да се пофалат со многу успеси надвор од границите, а квалитетот на домашно ниво опаѓа, во градот Куманово се живее за овој спорт. МКК Куманово е тимот кој ја врати публиката во салата. Долго време немаше жар за кошарка во градот, но од оваа сезона во која се игра со високи амбиции, публиката пак е на трибините. На мечот против Пелистер, атмосферата беше пеколна. На овој ...
Екипата на Пелистер со одлична игра во последните десет минути се избори за победа на гостувањето кај Куманово, триумфирајќи со 87-79 во натпреварот од седмото суперлигашко коло. На овој дуел атмосферата беше пеколна, затоа што навивачите се вратија на трибини во салата во Куманово. Кумановци одиграа одлично прво полувреме и на паузата имаа предност од девет поени (49-40), но во вториот дел Пелистер заигра многу подобро и успеа да го сврти ...
Ирската фудбалска репрезентација оствари еден од најзначајните резултати во последните две децении, победувајќи ја Унгарија со 3-2 во Будапешта на натпревар од квалификациите за Светското првенство. Иако тимот двапати се наоѓаше во негатива, одговорот стигна од напаѓачот Трој Парот, кој со хет-трик ја донесе пресврт победата и го обезбеди пласманот на Ирска во баражите. По мечот, 23-годишниот напаѓач на АЗ Алкмар не ги криеше емоциите. Тој ...