Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
По период исполнет со тензии и шпекулации, Мохамед Салах повторно се враќа во редовите на Ливерпул. Египетската ѕвезда која беше во центарот на вниманието поради недоразбирањата во клубот и настапите за националниот тим, наскоро ќе им се приклучи на соиграчите и ќе биде на располагање за следните натпревари. Во изминатиот период, Салах привлече внимание со своите изјави и реакциите на клупата, што предизвика бројни коментари за неговиот ...
Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски во новата година ќе има нов клуб затоа што договори раскин со албанскиот суперлигаш Фљамуртари. 26-годишниот десен бек беше дел од клубот од месец јули, но тргнува во нов предизвик. За Фљамуртари одигра 13 натпревари, на кои даде два гола. Тодороски во кариерата играше и за романски Поли Јаши, унгарски ЗТЕ, азербејџански Сумгајит, словачки Серед, хрватски Осијек, српски Раднички и македонските екипи ...
Чешките тениски асови, Јакуб Меншик и Томаш Махач, остварија импресивни победи на подготовките пред првиот гренд слем во сезоната - Австралија Опен. Меншик ја освои титулата на турнирот во Оукленд со сигурна игра и победа во два сета. Во финалето, тој го совлада Себастијан Баез со резултат 6-3, 7-6/7, покажувајќи одлична форма и стабилност на сервисот. Во исто време, неговиот сонародник Махач триумфираше на турнирот во Аделаида. По тешка ...
Никој не е вистински конкурент на Баерн Минхен во трката за титулата во Германија оваа сезона. Ќе биде потребно чудо за тимот на Винсент Компани да не ја одбрани титулата, но ако некој може барем да го потресе најдобриот тим во Германија и да им нанесе пораз, тоа е РБ Лајпциг. Оле Вернер добро ја засили одбраната на „Биковите“ (Фрајбург имаше само три удари кон голот во последното коло и не создаде ниту една шанса), неговите момци не играат ...
Екипата на Работнички продолжува со активностите на трансфер-пазарот и го официјализираше третото зимско засилување – српскиот фудбалер Никола Пејовиќ, кој ќе ја засили дефанзивната линија на тимот. Дваесет и седумгодишниот интернационалец може да настапува како централен дефанзивец, но и по десната страна во одбраната, а во Дебар Маало пристигнува од редовите на Борац Бања Лука. Пејовиќ зад себе има богато интернационално искуство, ...
Манчестерското дерби се враќа на Олд Трафорд во сабота, а вниманието е насочено кон новиот почеток на Манчестер Јунајтед под водство на Мајкл Керик. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ има тешко деби против градскиот ривал и кандидат за титулата Манчестер Сити. Прво, па машко! Јунајтед е во резултатска криза. Тие победија само на еден од последните седум натпревари во сите натпреварувања, а неодамнешното испаѓање од Брајтон во ФА Купот ...
Македонија не успеа да приреди изненадување на стартот од шампионатот во Данска, Норвешка и Шведска. Во првото коло загубивме од разиграната Данска, но сè уште ништо не е загубено. Доколку сакаме пласман во следната фаза, утре мораме да не загубиме од Португалија, селекција која што во последните години игра на високо ниво на големите ракометни собири. Капитенот Филип Кузмановски ги искажа своите очекувања за натпреварот со Португалија и ...
Еден од нашите ракометари кои се задолжени за постигнување голови, Мартин Велковски, го анализираше синоќешниот пораз од Данска на стартот од Европското првенство. Македонија беше надиграна во Хернинг и од домаќинот загуби со убедливи 36-24. Десниот бек истакна дека Португалија е фаворит, но потенцираше дека не е на нивото на Данска и дека некои работи ќе зависат од нашите ракометари. „Португалија е фаворит, посебно заради резултатите од ...
Кирил Лазаров, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ноќите за тренерите на големите натпреварување се непреспиени. Тој го анализираше поразот од Данска, и додаде дека овој пораз треба што побрзо да се заборави. „Ноќите за тренерите на големите натпреварувања се непреспиени. Мораме да сработиме и тоа што било, и тоа што ќе биде. Дали можеше подобро или полошо не се прашуваме ...
Кирил Лазаров на денешниот брифинг со новинарите истакна дека Македонија треба да се води и учи токму од противниците на Европското првенство - Данска и Португалија. Според него не треба да играме повеќе „македонски“ ракомет, и дека нивото на репрезентацијата и клубовите во Македонија треба да биде на уште повисоко ниво. „Треба да се водиме и да учиме и од Данска и од Португалија. Не смееме да играме „македонски“, како што се игра во нашата ...
Данска е архивирана, мислите на нашите ракометари целосно се насочени кон Португалија. По поразот во првото коло од домашната селекција, Македонија веќе се фокусира на следниот натпревар во групата Б, кој може да биде одлучувачки за понатамошниот расплет во првата фаза. Средниот бек Игор Ѓоргиев смета дека Данска стана велесила во последните десет години и против нив е секогаш тешко да се игра. „Данска покажа дека во последните десет години е ...
Еден од најдобрите ракометари во светот, Матијас Гидсел испрати пофални зборови за Македонија по натпреварот од првото коло на Европското првенство на кој Данска извојува убедлив триумф од 36-24. Десниот бек на Данците вели дека Македонија покажа квалитет и верува дека може да се носи со Португалија. „Moжеби малку нервозно влеговме во натпреварот. Сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Знаевме дека ...
Никола Митревски поради ситна повреда не настапи на синоќешниот натпревар против Данска на отворањето на Европското првенство во ракомет. Искусниот голман не беше во можност да им помогне на своите соиграчи на дуелот со домаќинот, но се очекува да биде во составот на Лазаров за клучниот натпревар со Португалија, кој е закажан за утре. На денешниот брифинг Митревски привлече големо внимание кај португалската ракометна јавност. Како поранешен ...
Македонија го продолжи континуитетот на настапи на големите ракометни собири на Стариот континент. Нашата најдобра ракометна селекција го игра деветтото Европско првенство, а осмо во низа, а на синоќешниот натпревар со Данска стигнавме до еден убав јубилеј. Имено, десниот бек Мартин Серафимов го постигна 1.000 погодок на Македонија на Европските првенства, откако во 28. минута од средбата во Хернинг го совлада Нилсен и погоди за 16-12. ...
По серијата променливи резултати во декември, Торонто, конечно го пронајде својот ритам на почетокот на годината. Јануари генерално беше добар. Беа постигнати важни победи кои ја задржаа канадската франшиза на врвот на Источната конференција. Но, минатата недела, стигнаа порази од Бостон и Филаделфија, што малку го расипа впечатокот, а уште следеше ноќва на натпреварот против ЛА Клиперс. По голема драма и продолжение Клиперси славеа со ...
Јирген Клоп повторно би можел да се врати на тренерската сцена, иако по заминувањето од Ливерпул во 2024 година најави дека неговата тренерска кариера е веројатно завршена. Германецот моментално ја извршува функцијата глобален спортски директор и шеф на стратегијата за клубовите на Ред Бул, но шпанските медиуми тврдат дека тој размислува за нов предизвик. Според информациите на „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на германски извори, постојат ...
Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, се најде меѓу 30-те најплатени спортски личности во светот, на најновата објавена глобална статистика за заработка. Според податоците за 2025 година, Јокиќ заработи околу 60 милиони долари, комбинирајќи примања од договорот со клубот и приходи од спонзорства и маркетинг. Ова го поставува токму при самиот врв на спортската листа, каде што доминираат најголемите имиња од фудбалот, боксот и другите ...
Киево полека, но сигурно се враќа на фудбалската мапа по тешките финансиски проблеми и моментално има солидна сезона во Серија Д. Во пролетниот дел од шампионатот тимот ќе добие големо засилување, бидејќи во Верона пристигнува искусниот Даглас Коста, кој ќе биде еден од главните адути во борбата за подобар пласман. Бразилецот ќе настапува за Киево до крајот на сезоната, по што ќе се пресели во Ал-Итифак. Клубот од Обединетите Арапски Емирати ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има идеја за нов тренер, а тоа е сегашниот селектор на аргентинската репрезентација Лионел Скалони, пишуваат шпанските медиуми. Раководството на мадридскиот клуб веќе работи на планови за следната сезона по заминувањето на Чаби Алонсо, а името на Скалони е истакнато како едно од решенијата за водење на новиот проект. „Кралевите“ сакаат тренер со авторитет, но и способност да управува со ...
Искусниот македонски фудбалер, Кире Ристевски, официјално се врати во својот матичен клуб, Пелистер, каде се очекува да биде големо засилување за остатокот од сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде одигра само четири натпревари во сезоната 2025/26, а претходно ги бранеше боите на Струга Трим Лум, Етникос Акна, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички, Славија Софија и уште неколку клубови од Македонија и од ...
Иако се појавија шпекулации дека Един Џеко може да се врати во матичниот клуб Железничар, нема вистина во тие информации. Јасмин Лигата, човекот задолжен за сите медиумски активности на босанскиот ветеран ги демантира гласините. Тој нагласи дека немало преговори меѓу Џеко и претставниците на Железничар за негово враќање во екипата. „Един Џеко и Нијаз Брковиќ не разговараа за негов трансфер во Железничар. Во овој момент тоа не е реална опција. ...
Данска покажа авторитет и убедливо ја совлада Македонија во првиот натпревар на нашиот национален тим на Европското првенство во Хернинг (36-24). Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, откри зошто двајцата пелистерци Никола Митревски и Жарко Пешевски не беа во составот на Македонија за денешниот дуел со Данска. Причината не е тактичка, туку е поради ситни повреди на искусните ракометари. „Митревски и Пешевски имаа ситни ...
Македонскиот центарфор Бојан Миовски беше играч на мечот во дресот на Глазгов Ренџерс, во победата над Анан во Купот на Шкотска (5-0). Миовски го даде првиот хет-трик во дресот на „полицајците“. Два гола паднаа во првото полувреме, а потоа дојде и уште еден од пенал, тоа беше за 4-0 во второто полувреме. Уште два гола за Ренџерс постигнаа Доуел и Асгард. Miovski has his hat-trick #ScottishCup pic.twitter.com/lyAEnfwxrx — Scottish Gas ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо славеа во дербито против Лил (3-0) во 18. коло на француската Лига 1. Шампионот демонстрира сила и не дозволи неизвесност во средбата на „Паркот на принцовите“. Свое шоу во Париз имаше најдобриот играч на светот за 2025 година, Усман Дембеле. Освојувачот на „Златната топка“ го отвори резултатот во 33. минута по голот на Витиња. Во вториот дел течеше 64. минута кога Дембеле даде и втор гол, а тој беше ...
Фудбалерите на Џирона остварија значајна гостинска победа над Еспањол од 2-0 во малото каталонско дерби, одиграно во рамки на 20. коло од шпанската Ла Лига. Иако конечниот резултат сугерира сигурен триумф, натпреварот понуди сосема поинаква слика на теренот. Еспањол беше поконкретен ривал, доминираше во поголем дел од средбата и создаде повеќе изгледни можности за погодок, но сериозниот недостаток на реализација скапо го чинеше домашниот тим. ...
Кошаркарите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа во второто сезонско „Ел Класико“ во Евролигата, откако дома ја победија Барселона со 80-61 во 22. коло. „Кралевите“ одиграа подобро прво полувреме во кое стекнаа предност која подоцна само ја надоградија. Реал ги доби сите четвртини против лутиот ривал и сосема заслужено стигна до нова голема победа, откако славеше и во првото сезонско дерби во европската елита. До победата Реал Мадрид го ...
Фудбалерите на Пиза и Аталанта ги поделија бодовите во премиерниот натпревар од 21. коло на италијанската Серија А, одигрувајќи 1-1 во дуел што понуди драма и возбудувања во самата завршница. Сѐ најинтересно се случуваше во последните десет минути од натпреварот. Гостите од Бергамо први го скршија отпорот во 83. минута, но радоста траеше кратко, Пиза возврати само четири минути подоцна и стигна до израмнување. На крајот, ремито не им донесе ...
Екипите на Вердер Бремен и Ајнтрахт Франкфурт со спектакл со шест гола (3-3) го отворија новото коло во германската Бундеслига. По тешкиот пораз од Штутгарт во средината на декември, фудбалерите на Вердер се вратија пред домашната публика со јасна намера да ја прекинат серијата слаби резултати. Противник беше Ајнтрахт, тим кој немаше победа на гостински терен уште од крајот на ноември и дуелот ветуваше неизвесност. Сепак, натпреварот започна ...
Ракометарите на Македонија го отворија Европското првенство со висок и веројатно очекуван пораз од гигантот Данска (36-24) во Хернинг. По загубениот натпревар од еден од фаворитите за континенталниот трон, коментар за одиграното имаше селекторот Кирил Лазаров. „Можам да кажам слободно дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од момците како се бореа и како се поставија против најдобрата ...
Данскиот селектор, Николај Јакобсен беше задоволен од победата на неговите момци на стартот од Европското првенство. Светскиот и олимписки шампион славеше над нашата селекција со 36-24, а искусниот стратег на домаќинот истакна дека во модерниот ракомет 24 гола се постигнуваат во едно полувреме. „Ни фалеа некои работи, но мислам дека одиме во добра насока. Ја задржавме Македонија на 24 гола, а во модерниот ракомет толку даваш во едно ...