Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на АТП Мастерс турнирот во Синсинати, откако италијанскиот тенисер официјално се повлече поради повреда. Организаторите на турнирот потврдија дека светскиот тениски ас има проблеми со коленото, поради што нема да може да настапи на престижниот турнир во САД. Веста беше објавена преку официјалните канали на АТП Мастерс Синсинати на социјалната мрежа „Х. Отсуството на Синер претставува голем ...

Искусниот црногорски ракометар Мирко Радовиќ има нов клуб и во новата сезона ќе биде нов член на екипата на Будуќност Подгорица. Едно од најпознатите имиња во црногорскиот ракомет и поранешен капитен на репрезентацијата на Црна Гора зад себе има богата и успешна кариера. Во дресот на Ловќен беше лидер на тимот и еден од неговите најважни играчи. Радовиќ во текот на кариерата стекна и значајно интернационално искуство, настапи во странство, на ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе интересна одлука за натпреварот меѓу ПСЖ и Астон Вила, кој во 2026 година ќе се одигра на „Ред Бул Арена“ во Салцбург, Австрија. За првпат во историјата на ова натпреварување, мечот ќе го суди арбитар кој не доаѓа од европска конфедерација. Главен судија ќе биде Сомалиецот Омар Артан, со што ќе стане првиот неевропски арбитар што ќе ја води оваа пресметка во нејзиното 51. издание. Целиот судиски тим ...

Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство, откако во последниот натпревар славеше убедлива победа над Израел со 39-29. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски до триумфот стигнаа благодарение на одличното второ полувреме, во кое целосно го надиграа противникот. Воедно, младите македонски ракометари по вторпат за неколку месеци покажаа дека се подобри од Израел, откако претходно славеа и во ...

Екипите на Вардар и Шкендија ќе го одиграат првото дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во рамки на 2. коло од шампионатот, а тренерите ги одредија стартните состави. Кристијан Фабијани и Артим Положани ги имаат адутите за мечот во Скопје. Вардар: Талески; Јанкулов, Матиќ, Велковски, Цветковски; Николов, Бабунски; Родригеш, Кастанеда, Пулејо; Омерагиќ Шкендија: Рамани; Трумчи, Мељичи, Манев, Ислами, Зејнулаи, ...

Возачот на Трекхаус, Раул Фернандез, триумфираше на Големата награда на Британија, 12. трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, која се возеше на патеката „Силверстоун“. Шпанецот ја запиша својата втора победа во кралската класа и прва по триумфот на „Филип Ајланд“ во октомври минатата година. Воедно, Фернандез стана 12. различен победник на британското Гран При во последните 12 изданија на трката. Фернандез низ целата трка беше недостижен за ...

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 3-1 против Атлетико Мадрид во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона. Шпанскиот тим имаше предност по првото полувреме благодарение на погодокот на Домингез, кој стрелаше по асистенција на новото засилување Јулман. Сепак, избраниците на Енцо Мареска во вториот дел целосно ја презедоа контролата и направија пресврт. Главна фигура беше Омар Мармуш, кој постигна два гола во период од само ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го заврши настапот на Европското првенство од Б-дивизијата во Тулчеа, Романија, со пораз од селекцијата на Естонија со 76-64. Естонките имаа подобар почеток на натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 21-13. Македонските кошаркарки се обидуваа да се вратат во игра, но противничката селекција успеа да го контролира резултатот во текот на целиот меч и на крајот ...

Паоло Малдини откри дека Пеп Гвардиола бил сериозен кандидат за нов селектор на Италија и дека договорот бил на чекор од реализација. Во интервју за „Кориере дела Сера“, легендата кој на функцијата прв оперативец на Фудбалскиот сојуз на Италија се задржа многу кратко, раскажа дека заедно со Леонардо отпатувале во Барселона на разговор со Гвардиола. „Тој најдобро ја отелотворуваше нашата визија. Преку пријатели дознавме дека размислува за ...

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во машка сениорска конкуренција во 2034 година. Ова беше потврдено на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија, каде претседателот Божидар Ѓурковиќ откри дека веќе се одржани неколку состаноци меѓу претставниците на трите федерации и дека е постигнат начелен договор за заеднички настап во трката за домаќинство. ...

Челзи летово потроши огромни средства на засилувања, но најважното засилување за Чаби Алонсо можеби пристигна без да облече дрес. Лондонскиот клуб го ангажираше Остин Мекфи, специјалист за прекини кој претходно работеше во Астон Вила. Со неговите идеи, тимот од Бирмингем постигна дури 74 гола по прекини. Мекфи најголемо внимание привлече во сезоната 2023/24, кога Астон Вила постигна 25 гола на овој начин. Неговата работа потоа го однесе и во ...

Арина Сабаленка претрпе неочекувана елиминација во осминафиналето на ВТА турнирот во Торонто од серијата 1.000. Подобра од Белорусинката беше Екатерина Александрова со 2-1 по два ипол часа битка. Русинката поведе по првиот тај-брејк (7-3), а потоа Сабаленка одговори со 6-4. Сепак, со истоот тој резултат Александрова го затвори мечот во своја корист. Со ова дополнително е разнишана нејзината позиција на врвот во светскиот тенис. Иако по овој ...

Вардар и Шкендија уште во второто коло ќе го одиграат првото големо дерби во новата сезона на ПМФЛ. Актуелниот шампион денеска од 17:00 часот ќе ја пречека Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, во дуел на двата најголеми кандидати за титулата. Посебен мотив ќе има голманот на Вардар, Давор Талески, кој во минатото го бранеше голот на тетовскиот тим. Сега, сепак, е целосно фокусиран на успех со „црвено-црните“. „Нѐ очекува дерби ...

Скопје го очекува нов тежок предизвик во Првата македонска фудбалска лига. Новиот прволигаш по поразот од Шкендија во премиерното коло денеска ќе се соочи со уште еден сериозен кандидат за висок пласман, Струга Трим Лум. Стружани убедливо ја отворија сезоната со победа над Шкендија Арачиново, но искусниот Кристијан Наумовски верува дека Скопје може да го изненади фаворитот. „Не нѐ помилува распоредот на стартот од првенството, и во првото ...

Струга Трим Лум со убедлива победа над Шкендија Арачиново ја отвори новата сезона, а денеска ја очекува нов дуел со нов прволигаш. Тимот од Струга гостува кај Скопје во второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани се фаворити, но Бесмир Бојку предупредува дека неговиот тим мора максимално сериозно да му пристапи на натпреварот. „Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто ...

Аргентинскиот репрезентативец Тијаго Алмада е официјално најскапиот фудбалер во историјата на аргентинската лига, откако реализираше рекорден трансфер во домашниот шампионат. Алмада потпиша договор со аргентинскиот гигант Ривер Плејт до 2029 година. Зделката изнесува точно 20 милиони евра, сума која Ривер му ја исплати на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид за 100% од неговите права. Со оваа сума, 25-годишниот Алмада го собори минатогодишниот ...

Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, вторпат во клупската историја го освои престижниот Докерти Kуп, триумфирајќи изутринава во финалето во Мелбурн со 3-1 над големиот ривал од грчката заедница Хајделберг Јунајтед. Финалето, кое се одигра пред преполни трибини на стадионот „Лејксајд“ и под засилени безбедносни мерки, донесе тензии на теренот од самиот почеток, а Престон Лајонс до триумфот дојде ...

Дербито на второто коло од Првата македонска фудбалска лига ќе биде одиграно на Националната арена „Тодор Проески“, каде што силите ќе ги одмерат најтрофејниот македонски клуб и актуелен првак Вардар и тетовска Шкендија. Двете екипи ја отворија новата сезона со победи Вардар со 2-0 против Брегалница, а Шкендија убедливо со 3-0 над Скопје, па во меѓусебниот дуел ќе влезат со максимална самодоверба и желба за рано наметнување во трката за врвот ...

Коритиба славеше со 2-1 против Чапекоенсе во натпревар од 22. коло на бразилската Серија А. Сепак, овој дуел го одбележа неверојатна сцена во која во главната улога беше домашниот капитен Џејси. Тој постигна гол и во славјето успеа да се повреди и тоа на неверојатен начин. Џејси во финишот на првото полувреме погоди со глава и веднаш тргна кон трибината за да го прослави голот со навивачите. Во еуфоријата го прескокна рекламниот панел, но не ...

Италијанскиот клуб Удинезе е победник на првиот турнир кој самиот го организираше во својот дом. Шпанскиот првак Барселона загуби од Удинезе со 1-0 на пријателскиот натпревар одигран во рамките на новоформираниот „Фриули Куп“. Турнирот беше триаголник меѓу Удинезе, Барселона и Нотингем Форест, каде секој натпревар траеше само 45 минути. Победничкиот погодок за италијанскиот тим го постигна Вакун Исуф Бајо во последната минута од мечот. Пред ...

Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија и Кристијан Јанев и Ерион Незири се победниците во конкуренција на двојки на турнирот „Неопком опен 2026“ што се одржува на терените на ТК Југ. Турнирот е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години. Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го добија финалето против Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија со 2-0 во сетови (6-0, 6-1) и ја ...

Поранешниот НБА кошаркар Марио Чалмерс повторно се вклучи во вечната дебата околу тоа кој е најдобриот кошаркар на сите времиња. Иако со години беше соиграч со Леброн Џејмс во Мајами, Чалмерс нема дилема - за него, број еден е Мајкл Џордан. „Човекот има 6-0 во финалињата. Целосно доминираше во деведесеттите. Да, Брон има девет последователни финалиња, но не доминираше како Џордан, кој практично ја одбележа целата декада. Во деведесеттите само ...

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Алкорта, изјави дека главната причина поради која Винициус Жуниор и Килијан Мбапе сè уште не успеале да воспостават вистинска соработка на теренот е нивното его. Мбапе пристигна во Мадрид во 2024 година со огромни очекувања, но партнерството со Винициус не се разви онака како што се очекуваше. Според Алкорта, проблемот не е во квалитетот на двајцата фудбалери, туку во тоа кој ќе има главна улога ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стави крај на шпекулациите за иднината на Хулијан Алварез и порача дека клубот нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач ова лето. Во последниот период се пишуваше дека Алварез сака да го напушти клубот, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажуваше Барселона. Во игра наводно беа и Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ. „Ситуацијата е многу јасна. Клубот донесе одлука и веќе беше објаснето каков ...

Интер го совлада Јувентус со 2-1 на пријателскиот натпревар во Перт, но тренерот на „нероаѕурите“, Кристијан Киву, не беше целосно задоволен од изданието на својот тим, особено во второто полувреме. Романскиот стратег даде искрена изјава и најави дека неговите играчи треба уште да поработат за да ја достигнат потребната физичка форма пред почетокот на сезоната. „Секогаш можеме подобро. Добро е што турнејата ја завршуваме без повреди, но сè ...

Лоренцо Пелегрини официјално стави потпис на нов договор со Рома, со кој останува на „Олимпико“ до 2027 година, потврди денеска римскиот клуб. Пелегрини е еден од фудбалерите кои речиси целата кариера ја минаа во Рома. Италијанскиот играч за врска е продукт на клупската академија, а досега има забележано повеќе од 300 настапи во дресот на „волчицата“. „Како фудбалер кој ги помина сите младински категории во академијата на Рома, Пелегрини ќе ...

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа од 2-1 против Ференцварош во пријателски натпревар одигран во рамките на летните подготовки за новата сезона. Тимот предводен од Жозе Мурињо стигна до втор триумф во подготвителниот период, по претходната победа над Леганес и ремито против Фиорентина. „Кралевите“ поведоа во 41. минута преку младиот Марио Ривас, кој донесе предност за мадридскиот состав пред заминувањето на полувреме. Само четири ...

Екипата на Пелистер со пораз го заврши циклусот на контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако денеска беше совладан од албанскиот Поградец со 4-2. Битолчани одиграа израмнето прво полувреме и на паузата се замина со резултат 1-1. Стрелец на погодокот за Пелистер во првиот дел беше Христов. Во продолжението беа постигнати уште четири гола, а Поградец успеа да ја искористи својата ефикасност и да стигне до победата. Вториот ...

Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, се обрати во пресрет на дерби-натпреварот против Вардар во второто коло од Првата македонска фудбалска лига и нагласи дека тимот е целосно подготвен и во Скопје патува со единствена цел, освојување на трите бода. Најпрво, тој се наврати на својот настап против Хибернијан во Конференциската лига, Рамани истакна дека во Шкендија секој играч мора да биде подготвен кога ќе добие шанса. „Во клубот сме 25 ...

Македонскиот прволигаш Башкими испрати поддршка до својот голман Бесјан Алиу, кој заработи повреда на раката за време на денешниот натпревар против Тиквеш. Од клубот му посакаа брзо и успешно закрепнување на младиот чувар на мрежата, со надеж дека што поскоро ќе се врати на терените и повторно ќе му помогне на тимот. „Му посакуваме брзо закрепнување на нашиот талентиран голман Бесјан Алиу, кој се повреди на раката на денешниот натпревар ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
80%
1026
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.2
94%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.54
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.13
72%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
83%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
78%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1031
Currency

61.613

Currency

54.966

Currency

73.818

Currency

38.074

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2483

Currency

0.67204

Currency

0.34743

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Сребро

1666.05

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76