Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Управата на Јувентус направи голем потег, бидејќи успеа да обезбеди потпис на нов договор со еден од најдобрите играчи оваа сезона Вестон Мекени. Американскиот играч за врска стави потпис на соработка до 2030 година. Со тоа се става крај на било какви шпекулации за евентуално заминување на Мекени од клубот. Продолжувањето на договорот доаѓа по инсистирање на тренерот Лучијано Спалети кој во Американецот гледа клучен играч во средниот ред. ...
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, би можел да биде надвор од терените цел март, објавија француските медиуми. Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во понеделникот, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Примера. Тој замина за Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот ...
Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од првото коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2-0. Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа изблокирани. Јафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди ...
Кристијано Роналдо, еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, ја напушти Саудиска Арабија. Славниот Португалец со својот приватен авион вреден близу 70 милиони евра од Ријад тргна кон Шпанија заедно со своето семејство. По седумчасовен лет, тие слетаа во Мадрид, а неговиот лет беше еден од најследените на радарот за летови. Роналдо се одлучил на ваков чекор откако бомбите почнаа да паѓаат околу американската амбасада во Ријад. Останува ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, одржа прва прес-конференција по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Меѓу другото, португалскиот стратег беше прашан од новинарите дали ќе се врати во Реал Мадрид, кој го водеше од 2010 до 2013 година. „По проблемите со Реал, рековте дека ја пропуштив можноста да се вратам. Ме прашавте дали е можно да кажам „НЕ“, а јас реков да. Дали мислите дека не би можел да му кажам „НЕ“ на Флорентино ако ...
Во првиот натпревар се распадна и затоа на Барселона ќе ѝ треба чудо во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Атлетико Мадрид. Како оној што го направи против Пари Сен Жермен на „Ноу Камп“ во 2017 година или оној што Ливерпул го создаде против нив две години подоцна на „Енфилд“. Шпанскиот шампион брка негатива од четири гола на Ноу Камп во вторник, нешто што го дозволи уште само еднаш во историјата на клубот пред две недели. ...
Фламенго му се заблагодари на Филипе Луис и му врачи отказ. Ништо немаше да биде чудно, ако одлуката не беше соопштена веднаш по убедливата победа од 8-0 против Мадуреира во полуфиналето од Кариока шампионатот. Иако Фламенго одигра доминантно, отказот бил однапред испланиран и подготвен пред мечот. Причината за таквиот исход се нарушените односи по серијата лоши резултати. Во претходниот период Фламенго загуби во Суперкупот на Бразил и во ...
Брера Струмица преку социјалните мрежи се пофали дека на натпреварот против Струга ќе има посебен гостин. Станува збор за поранешниот предводник на премиерлигашот Челзи, Аврам Грант. Израелскиот стратег кој ги водеше „сините“ до финалето на Лигата на шампионите во 2008 година допатува во Струмица на лична покана од Зоран Балдовалиев. Оперативецот на Брера го дочека Грант во својот град, а денес заедно ќе го проследат натпреварот против ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија го победи Азербејџан (70-78) во претквалификациите за ЕП 2029 и се пласира во следната фаза. Еден од лидерите на тимот беше Андреј Магдевски, кој го анализира одиграното во Баку. „Лошо го отворивме натпреварот. Му дозволивме на противникот да постигнат многу лесни поени и да се разиграат, особено ниввиот најдобар играч. Сè се смени кога ја променивме нашата одбрана, почнавме да преземаме подобро и ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе ја дочекаат Бенфика во натпревар од третото коло на главната фаза на Европската лига на ЕХФ. Оваа средба за „црвено-црните“ е многу важна, бидејќи победа ќе значи пласман во нокаут рундата, а отвора и дополнителни опции. Тренерот Иван Чупиќ и бекот Урош Митровиќ на средбата со новинарите пред мечот нагласија дека целта на вардарци ќе биде одмазда за поразот во Лисабон. Важноста на средбата дава дополнителен ...
Европската кариера на Мехди Тареми може ненадејно да добие драматичен пресврт. Според турски извори, иранскиот голгетер сериозно размислува да го напушти Олимпијакос и да се врати во татковината по најновата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Наводно, искусниот напаѓач веќе ја информирал управата дека чувствува должност да биде покрај својот народ во овој момент. Од Иран доаѓаат информации дека тамошниот сојуз се обидува да го задржи ...
Брера игра во стилот „топло-ладно“ оваа пролет, но фудбалерите и тренерот Мартин Алаѓозовски се надеваат дека го фатија вистинскиот ритам со триумфот на гости (0-2) против Башкими во Куманово. Сепак, претходно загубија дома од Работнички (3-4), па за струмичани е важно денеска да одиграат квалитетен натпревар против Струга Трим Лум. „Се надеваме дека го фативме вистинскиот ритам. Првенството влегува во забрзана фаза и сега веднаш мораме да се ...
Првенството влегува во забрзан ритам. По натпреварот против Вардар во саботата, Струга Трим Лум денеска во Струмица, во 21. коло, ќе се соочи со Брера. Арби Воша верува дека неговиот тим ќе стигне до првата пролетна победа, а лично чувствува дека се наоѓа во добра форма. „Нè очекува тежок натпревар против многу незгоден противник. АП Брера е квалитетна екипа, со многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат на секој меч. Знаеме дека ќе биде ...
Екипата на Шкупи и по 20 одиграни кола, сè уште ја нема почувствувано сласта на победата во оваа сезона. Во четирите натпревари од пролетниот дел, тимот сè уште нема постигнато погодок, додека прими дури 15 гола. Сепак, ова не ја ниша вербата на тренерот Алиса Виши во неговите млади фудбалери, кои според него, го даваат својот максимум на секој дуел. Тренерот на Шкупи потенцира дека нивната посветеност набрзо ќе биде наградена. „Натпреварот ...
Третолигашот Борец од Велес продолжува со екипирањето во пресрет на продолжението од сезоната, откако го ангажираше младиот фудбалер Тоше Кочовски. 21-годишниот дефанзивец во редовите на „црвено-белите“ пристигнува од екипата на Росоман. Кочовски настапува на позицијата лев бек – место во тимот кое бара голема борбеност, брзина и тактичка дисциплина. Токму овие карактеристики младиот фудбалер веќе ги има потврдено со своите настапи, а во ...
Екипата на Башкими е во потрага по нова победа, по двата последователни порази кои ги претрпе од Вардар и Брера. По минималната победа над Пелистер во 17-тото коло (1-0), кумановската екипа сега цели кон три нови бода во својата главна мисија, опстанок во елитата на домашниот фудбал. Мухарем Мислими верува дека Башкими ја поседува потребната сила за да го совлада предизвикот што го носат младите фудбалери на Шкупи. „На нашиот стадион го ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во драматичен меч на гостувањето кај Јута Џез (125-128) во НБА лигата. Тимот од Колорадо покажа дека има повеќе адути и не е само Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 22 поени и 12 скока. Србинот на крајот ги реализира клучните слободни фрлања за заверка на славјето. Јута Џез - Денвер Нагетс: Сепак, убедливо најдобар на паркетот беше Џамал Мареј. Асот на Денвер го заврши мечот со 45 поени зад своето име ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Тотенхем со вкупно 32.250 евра поради инциденти предизвикани од нивните навивачи на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, одигран на 28 јануари. Англискиот клуб исто така доби едногодишна условна забрана за продажба на билети за следното гостување во натпреварувањата на УЕФА поради „расистичко и дискриминаторно однесување“ и фрлање предмети на теренот. „Петлите“ од Лондон ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, упати критика за квалитетот и стилот на игра во Премиер лигата, истакнувајќи дека натпреварите во англиското првенство сè почесто го губат шармот и атрактивноста по кои беа препознатливи. Според Слот, голем дел од головите доаѓаат по прекини, а тактичката поставеност на тимовите се базира на физичка игра и статични ситуации. Тој смета дека динамиката, креативноста и течниот фудбал, кои некогаш ја правеа лигата ...
Суперѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, е на чекор до своето очекувано враќање на терените по долготрајната рехабилитација од тешката повреда на aхиловата тетива што ја доживеа минатата сезона. Според најавите, тој би можел повторно да заигра веќе на шести март, na домашниот дуел против Далас Маверикс. Тејтум во последниве недели активно работи на својата физичка подготвеност и веќе се приклучи на тренинзите со тимот, вклучително и на ...
Меѓународната авто-мото федерација (ФИА) соопшти дека безбедноста и благосостојбата на возачите, тимовите и персоналот ќе бидат главните критериуми при донесување одлуки за тоа дали Формула 1 трките на Блискиот Исток ќе се одржат како што е планирано. Поради ескалацијата на конфликтот во регионот, со зголемени напади и нарушувања во воздушниот сообраќај, ФИА внимателно ја следи ситуацијата и одржува комуникација со локалните организатори, ...
Поранешниот британски тенисер Тим Хенман откри дека по завршувањето на професионалната кариера имал можност да соработува со некои од најголемите имиња во светот на тенисот, но одлучил да ги одбие тие понуди. Хенман посочи дека добил покани да биде дел од стручните штабови на Роџер Федерер и Енди Мареј, што за многумина би претставувало огромна чест и предизвик. Сепак, тој нагласил дека не сакал повторно да се враќа на напорниот турнирски ...
Реал Мадрид доживеа нов шамар на „Бернабеу“, откако Хетафе славеше со 0-1 и ја оствари првата победа на овој стадион по пауза од 18 години. Ова воедно е и прв тренерски триумф на Хосе Бордалас против „кралевите“. Клучниот момент се случи во 39. минута кога по асистенција со глава од Арамбари, Мартин Сатриани испрати проектил од надвор од шеснаесетникот и со ефектен волеј ја смести топката во горниот агол за водство на гостите. Реал имаше ...
Удинезе ја надигра Фиорентина со убедливи 3-0 во последниот натпревар од 27 коло во Серија А и стави крај на серијата од три порази. Домашниот тим го отвори резултатот уште во 10. минута. По корнерот на Николо Заниоло, Кристијан Кабаселе највисоко скокна во шеснаесетникот и со прецизен удар со глава донесе водство од 1-0. Фиорентина се обидуваше да одговори, но без конкретна завршница, а Удинезе трпеливо ја чекаше својата шанса. Таа пристигна ...
Малото мадридско дерби меѓу Реал и Хетафе понуди страшен гол во режија на Мартин Сатриано. Иако Реал беше подоминанте, во финишот на полувремето гостинот прв стигна до погодок. По еден центаршут од десната страна, со глава се обиде да расчисти Антонио Рудигер. Сепак, топката заврши само кај Арамбари, а овој исто така со глава го проигра Сатриано. Асот на Хетафе не размислуваше и со волеј ја испрати топката во мрежата. Голот на Мартин ...
Бразилскиот голман Алисон Бекер и следната сезона ќе го брани голот на Ливерпул, откако клубот ја активираше клаузулата во неговиот договор за продолжување на соработката за уште една година. Менаџерот на тимот, Арне Слот, инсистираше на задржување на искусниот чувар на мрежата, и покрај интересот од други клубови, вклучувајќи го и италијанскиот гигант Јувентус. Алисон е дел од Ливерпул од 2018 година, кога пристигна од Рома, и од тогаш е ...
Министерството за надворешни работи на Македонија откри дека околу 400 наши државјани побарале помош за евакуација од Блискиот Исток. Еден од нив е и фудбалскиот репрезентативец Стефан Ашковски. 34-годишниот бек кој во јануари се пресели во Иран и се приклучи на Мес Рафсанјан мораше да биде евакуиран по стартот на воените напади. Според информациите, Ашковски преку Турција бил успешно евакуиран во Македонија од загрозените подрачја. ...
Повредата на коленото на Килиан Мбапе е посериозна од очекуваното и тој нема да се врати во тимот на Реал Мадрид до реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Според „Марка“, Французинот е незадоволен од третманот на медицинскиот тим и затоа заминал во Франција на дополнителни прегледи. Веќе три месеци чувствува болка во коленото, а сè уште не е прецизно утврдено дали проблемот е во медијалниот или во задниот ...
Болоња славеше минимална, но вредна победа на гостувањето кај Пиза со 0-1 во 27. коло од Серија А и ја продолжи одличната серија во првенството. Иако домашниот тим создаде поконкретни шанси, особено во второто полувреме, гостите ги освоија трите бода благодарение на вистински проектил на Јенс Одгард во самиот финиш од натпреварот. Болоња имаше поголем посед на топка, но Пиза делуваше поопасно. Во првиот дел се закани Карачоло, додека кај ...
Фудбалерите на Шкендија го победија Пелистер (2-1) во натпреварот од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига. По одигрувањето во официјалниот записник беше внесено дека на терен влегло неофицијално лице, но и за време на мечот кон судиите биле фрлани тврди предмети. Сега се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија. Тие открија дека на теренот бил фрлен дури и скалпел. Соопштението од ФФМ ви го пренесуваме во целост: „Согласно ...