Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше задоволството од пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, а по вториот натпревар со Барселона, реши да го „испрати на спиење“ каталонскиот гигант. Барса доживеа елиминација со вкупен резултат 3-2, а популарниот „Чоло“, во свој стил реши да го поздрави Ламин Јамал, но и сите негови соиграчи. По завршувањето на мечот во Мадрид, неколку навивачи на Барса дофрлаа кон Аргентинецот, ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази разочараност и покрај победата од 2-1 против Атлетико Мадрид, со која неговиот тим сепак беше елиминиран од Лигата на шампионите. Германскиот стратег потенцираше дека клучен проблем биле пропуштените шанси, особено во првиот натпревар. „Мора да бидеме подобри. Имавме доволно шанси, но не ги искористивме кога требаше. Покажавме сериозен карактер на реваншот, но за жал, тоа не беше доволно за пласман ...

Управата на Еурофарм Пелистер најави ново засилување за следната сезона. Во Битола пристигнува Словенецот Миха Котар, кој настапува на позицијата среден бек. Битолчани решија организацијата на играта да му ја доверат на уште еден Словенец. 27-годишниот Котар доаѓа во Македонија од редовите на белградски Партизан. Котар е роден во Требње, каде заигра за матичниот Тримо, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше ...

Актуелниот англиски првак Ливерпул доживеа тежок удар, откако напаѓачот Уго Екитике заработи сериозна повреда на реваншот против ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Французинот се повреди во 28. минута по еден дуел и незгодно згазнување, по што веднаш се фати за петата и побара помош. Според информациите, станува збор за пукање на „Ахиловата тетива“, повреда која значи крај на сезоната и сигурно пропуштање на Светското првенство. ...

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Хозе Емилио Сантамариа, почина на 96-годишна возраст, оставајќи зад себе богато наследство во светскиот фудбал. Сантамариа го носеше дресот на „кралскиот клуб“ од 1957 до 1966 година и беше еден од столбовите на генерацијата која доминираше во Европа. Со Реал освои шест титули во шпанското првенство, четири европски круни, како и по еден национален и Интерконтинентален куп. Поради неговите извонредни ...

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс изборија пласман во финалето на плеј-ин турнирот во НБА, откако по драматичен натпревар го совладаа Мајами Хит со 127:126 по продолжение. Херој на тимот од Шарлот беше Ламело Бол, кој го постигна кошот за победа во самиот финиш и му донесе огромна радост на својот тим. Сепак, натпреварот не помина без контроверзии. Во текот на првата четвртина, при еден напад, Бол заврши на паркетот, а во обид да се снајде во ...

Атлетико Мадрид ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите, иако загуби со 1-2 на реваншот од четвртфиналниот двомеч. По натпреварите се крена прашина, каталонскиот тим се жали дека е оштетен, а сега дојде и реакција од другата страна. На коментарите се надоврза голманот на Атлетико, Хуан Мусо кој ги анализираше натпреварите. „Излегува како да не им се досудени три пенали. Не може да зборуваат за кражба. Го разбирам Рафиња и го почитувам ...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа официјалната прес-конференција по повод организацијата на Светското првенство во ракомет за ученици - ИФС Скопје. На стартот на средбата со новинарите прв се обрати домаќинот првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, кој кажа: „Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат ...

„Топџиите“ се вратија од Лисабон во Лондон со гол предност пред Спортинг, што дополнително ја зголемува нивната улога како фаворити за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, но далеку е од тоа дека португалскиот претставник нема што да бара на „Емирати“. Избраниците на Микел Артета дојдоа на гореспоменатиот гостински натпревар со цел да останат непоразени. Да не беше брилијантниот Давид Раја, ќе им беше тешко да го сторат тоа. Во ...

Класик на европскиот фудбал. Можеби најголемиот во модерната историја. Двете екипи одиграле култни натпревари во Лигата на шампионите толку многу пати, и интересно е што никогаш не се сретнале во финалето. Сепак, овие судири честопати биле „финале пред финале“, а нивниот победник подоцна одел до самиот крај. И сега Баерн е, според многумина, главен фаворит за освојување на европскиот трон, што го докажаа во првиот натпревар од четвртфиналето ...

Двократниот европски првак Вардар 1961 го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак. Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци директно од германскиот гигант Кил. Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години. Абделхак во својата кариера првите чекори ги направи во ...

Фудбалерот на Барселона, Рафиња жестоко реагираше по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лига на шампиони, обвинувајќи дека неговиот тим бил оштетен од судијата. Каталонците славеа со 2-1 на гостувањето на „Метрополитано“, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, бидејќи во првиот натпревар беа поразени со 2-0 на домашен терен. Бразилецот, кој поради повреда го пропушти реваншот во Мадрид, не го криеше разочарувањето по ...

Како дел од наредните планирани активности, Кошаркарската федерација на Македонија, со активна поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде организатор на наредното издание на Европската конвенција за минибаскет. Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде домаќин на голем број на кошаркарски тренери од Стариот континент, кои работат со играчи во оние најмали возрасни категории. Главната цел на Конвенцијата, на која се очекува учество ...

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс по драма и продолжение го победија Мајами Хит (127-126) во плеј-ин фазата и го елиминираа тимот од Флорида од НБА лигата. „Жешките“ се првите елиминирани во доигрувањето на најсилната лига на светот, а Шарлот оди во финалето на плеј-ин фазата и ќе игра со поразениот од мечот меѓу Филаделфија 76ерс и Орландо Меџик. Шарлот Хорнетс - Мајами Хит: Што се однесува до натпреварот, Ламело Бол со 30 и Мајлс Бриџс со 28 ...

Лос Анџелес Лејкерс регуларниот дел од сезоната во НБА го заврши со победа против Јута Џез и со тоа го обезбедија четвртото место, од кое ќе влезе во плеј-офот. Иако е високо рангиран, малкумина веруваат дека може да ја освие титулата во НБА од неколку различни причини. Имаше проблеми со формата и хемијата во тимот, но пред сè, она што предизвикува најголема главоболка кај навивачите и тренерскиот штаб на Лејкерси е повредата на Лука Дончиќ, ...

Раководството на Наполи донело цврста одлука околу иднината на Ромелу Лукаку, откако напаѓачот дефинитивно ја загуби почитта поради големата недисциплина и непојавувањето во тренинг-кампот по последната репрезентативна пауза. Според информациите, управата повеќе не смета на белгискиот голгетер и веќе работи на сценарио за негово заминување во летниот преоден рок. Причина за ваквиот пресврт се нарушените односи, недисциплината и ...

Легендарниот англиски фудбалер, Гери Линекер, отворено ги прокоментира методите на работа на Шпанецот Микел Артета, нарекувајќи ги „нездрави и грозни“. Линекер во едно интервју рече дека тренинзите на Арсенал изгледаат како хиерархија во војска, критикувајќи го пристапот на Артета, за кого рече дека се труди „со сила да биде поинаков“. „Ќе се осудам да речам дека методите на тренирање на Артета се грозни, нездрави и морничави. Асистентите со ...

Менаџерот на Борнмут, Андони Ираола, ќе го напушти англискиот фудбалски клуб на крајот од сезоната. 43-годишниот Баскиец го презеде Борнмут во 2023 година и со својата филозофија и систем ја одушеви фудбалската јавност. Шпанскиот менаџер претходно ги водеше Рајо Ваљекано, Мирандес и АЕК Ларнака. „Чест ми е што сум дел од Борнмут и горд сум на она што го постигнавме заедно. Благодарен сум на играчите и на клупскиот персонал со кои соработував. ...

Актуелниот европски шампион, ПСЖ, обезбеди ново полуфинале во Лигата на шампионите, откако и вечерва го совлада англискиот Ливерпул, повторно со конечни 0-2 (0-0). Херој на „светците“ од Париз беше Усман Дембеле, кој беше автор на двата погодока. Првото полувреме понуди динамична игра на двете страни, со по неколку солидни прилики на двете страни. Усман Дембеле имаше колосална шанса во 17. минута, но биеше од свртување високо над голот. ...

Екипата на Атлетико Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Јорганџиите на домашен терен загубија од Барселона со 1-2 (1-2), но заради триумфот во Каталонија, патуваат меѓу најдобрите четири во најелитното европско фудбалско натпреварување. За Диего Симеоне ова беше прв пораз како тренер на Атлетико во нокаут-фазата на домашен терен. Барселона успеа да направи нешто што никој не го направил претходно, но мора да се помири ...

Италија продолжува да го зајакнува своето место во светскиот тенис, откако беше потврдено дека од 2028 година ќе организира нов АТП турнир на тревна подлога, кој ќе се игра непосредно пред почетокот на Вимблдон. Новиот турнир ќе се одржува во Милано и ќе биде дел од серијата АТП 250, со можност во иднина да прерасне во повисока категорија. Со ова, Италија за првпат ќе добие машки турнир на трева на највисоко ниво. Натпреварувањето ќе биде ...

Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал продолжува да остава силен печат на европската сцена, потврдувајќи дека станува збор за еден од најголемите таленти во современиот фудбал. Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид, офанзивецот повторно беше во центарот на вниманието, постигнувајќи погодок со кој испиша нов рекорд во елитното натпреварување. Со овој настап, Јамал стигна до значајна бројка ...

Пред утрешниот четвртфинален реванш во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, испрати смирена, но самоуверена порака и истакна дека неговиот тим мора да остане фокусиран и покрај предизвикот што го носи натпреварот. Белгиецот на прес-конференцијата нагласи дека Баерн има почит кон Реал, но и верба во сопствените можности: „Имаме огромен респект за Реал Мадрид. Тие се тим што секогаш може да направи ...

Фермин Лопез доживеа страшна и незгодна повреда во првото полувреме на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Фудбалерот на Барселона имаше колосална шанса, биеше со глава, но голманот Мусо го одбрани ударот, а згора на тоа, несакајќи го „закачи“ Фермин по носот. Младиот офанзивец на Барселона остана да лежи облеан во крв, а снимките во ТВ-преносот беа дури и по малку вознемирувачки. На Лопез му беше укажана лекарска помош, по што беше решено дека ...

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа страшно дерби во плеј-офот на Суперлигата. Во Автокоманда, иако пелистерци губеа со осум гола, дојдоа до победа (35-33) во спектакуларен натпревар за ракометно уживање. Тимот на Стевче Алушовски одигра меч во кој прво беше ставен во подредена улога од избраниците на Кирил Лазаров, кои со брза игра демонстрираа силен и модерен ракомет се одлепија, ама се врати во финишот од длабока негатива и ...

Барселона на совршен начин го отвори реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Каталонците тргнаа офанзивно на стартот од мечот на „Ванда Метрополитано“, а тоа резултираше со една кардинална грешка на Клемен Ленгле, која веднаш ја искористи Ламин Јамал. Беше проигран од Феран Торес, а Јамал немаше проблеми да го совлада голманот Мусо. Барселона поведе со 0-1 уште во четвртата минута и ја преполови предноста ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, испрати мотивирачка порака пред утрешниот реванш натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека верува во способноста на својот тим да направи пресврт и да се пласира понатаму. На прес-конференцијата во Минхен, Арбелоа ја нагласи самодовербата и менталитетот на клубот во вакви натпревари. „Ако постои тим што може да дојде во Минхен и да направи пресврт, тоа сме ние. Не е ...

Екипите на Атлетико Мадрид и Барселона ќе играат уште едно дерби во Лигата на шампионите, а тренерите Диего Симеоне и Ханси Флик ги објавија стартните состави. Кај Каталонците во првиот тим ќе го нема Роберт Левандовски. Според формацијата објавена на УЕФА има изненадување во нападот - како центарфор се води Дани Олмо. Атлетико е во најсилен состав. Атлетико (4-4-2): Мусо; Молина, Ле Норманд, Ленгле, Ругери; Лукман, Коке, Љоренте, Симеоне; ...

Екипата на Ливерпул ќе брка два гола негатива против ПСЖ од првиот меч во Лигата на шампионите на домашен терен, а тренерите Арне Слот и Луис Енрике ги одредија стартните единаесет. Кај Ливерпул ќе ја нема првата ѕвезда Мохамед Салах кој ќе биде на клупата. Кај ПСЖ нема поголеми отсуства. Ливерпул (4-2-2-2): Мамардашвили; Фримпонг, Конате, Ван Дајк, Керкез; Гравенберг, МакАлистер; Вирц, Собослај; Екитике, Исак ПСЖ (4-3-3): Сафонов; Хакими, ...

Главниот тренер на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, го напушти клубот, соопштија од редовите на актуелниот шампион во МЛС, во потег кој предизвика изненадување во фудбалската јавност. Според информации од повеќе извори, како привремено решение на тренерската позиција би можел да биде назначен Гиљермо Хојос, кој веќе го водел тренингот на тимот во понеделникот. Клубот сè уште не ја потврдил оваа одлука официјално, но сигналите укажуваат на брза ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.28
67%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
59%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46