Англискиот гигант Манчестер Сити оствари убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Челзи во дербито од 32. коло на Премиер лига, значително намалувајќи ја разликата во однос на лидерот Арсенал кој загуби од Борнмут на „Емирати“. Натпреварот на Стемфорд Бриџ започна со иницијатива на домаќините, кои се заканија преку Кол Палмер и Педро Нето. Марк Кукуреља дури и ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд. Сепак, во второто ...

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Словенија (18-27) го заврши квалификацискиот циклус, но ќе игра на Европското првенство (ЕП) за дами заради тоа што заврши меѓу четирите најдобри третопласирани селекции. Избраничките на Кристијан Грчевски не можеа да ѝ парираат на Словенија која беше доминантна дури и со комбиниран состав. Подмладената Македонија беше од минус уште од самиот почеток, а рамноправно беа само првите ...

Фудбалерите на Мајорка остварија убедлива победа од 3-0 против Рајо Ваљекано во рамките на 31. коло од Ла Лига, продолжувајќи ја добрата форма по триумфот над Реал Мадрид во претходната рунда. Главен херој на натпреварот повторно беше Ведат Муричи, кој постигна два брзи гола во 36. и 40. минута, практично решавајќи го прашањето за победникот уште пред паузата. Со овие два гола Косовецот го мина Самуел Ето на „вечната листа“ и со 55 гола стана ...

Бојан Миовски беше херој на Ренџерс во убедливата победа од 6-3 на гостувањето кај Фалкирк во рамките на шкотската Премиер лига. Македонскиот напаѓач влезе во игра на полувремето и со два постигнати гола одигра клучна улога во пресвртот на својот тим, кој по првото полувреме имаше негатива од 0-2. По натпреварот, Миовски не го криеше задоволството од својот настап и придонесот за победата. „Како напаѓач секогаш сакаш да му помогнеш на тимот. ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монте Карло и со тоа се врати на првото место на АТП ранг-листата. Италијанскиот тенисер во финалето го совлада својот голем ривал Карлос Алкарас со 7-6(5), 6-3, во натпревар во кој покажа стабилност и ментална цврстина во клучните моменти. Ова е прва титула за Синер на земјена подлога од серијата Мастерс 1000, со што ја заокружи својата колекција на најголеми трофеи и ...

Натпреварот против Украина од квалификациите за Европското првенство ќе биде проштален меч за една од најголемите ракометни ѕвезди на Србија, Драгана Цвијиќ. Искусната пикерка ја привршува својата богата кариера, која сезонава ја заокружува во редовите на Ференцварош. 36-годишната Цвијиќ зад себе остава импресивни резултати, меѓу кои се издвојуваат двете титули европски шампион со Будуќност, како и сребрениот медал со репрезентацијата на ...

На само два месеца пред почетокот на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, неизвесноста околу настапот на Иран создава сериозен притисок врз ФИФА. Поради актуелните геополитички тензии на Блискиот Исток, иранската репрезентација сè уште нема донесено конечна одлука дали ќе учествува на Мундијалот. Иако првично најавија повлекување, подоцна од федерацијата сигнализираа дека ќе настапат, но официјална потврда сè уште не ...

Украинецот Руслан Малиновски уште еднаш го покажа својот раскошен фудбалски талент, откако постигна прекрасен погодок на натпреварот помеѓу Џенова и Сасуоло во Серија А. Домашниот тим дојде до важна победа во борбата за потврда на елитниот статус (2-1), а украинскиот репрезентативец биеше прекрасно со левата нога од над 20 метри, носејќи водство од 1-0 во 18. минута од натпреварот. Голот на Малиновски за 1-0: Џенова, или најстариот клуб во ...

Борбата за опстанок во Премиер лигата ќе биде пеколна. Денешните три попладневни натпревари од 32. коло донесоа голема борба, еден нерешеен исход, пресврт-победа на Кристал Палас и голема нов пораз на Тотенхем. Двата премиерлигаши кои во четвртокот играа во четвртфиналето на Лига Европа, Нотингем Форест и Астон Вила одиграа 1-1 (1-1) и со тоа позадоволни се домаќините. По несмасната реакција на Муриљо и неговиот смешен автогол, Астон Вила ...

Наполи ремизираше на гостувањето кај Парма во натпреварот од 32. коло од Серија А и ги намали и така малите шанси за титулата (1-1). Така, Наполи го доближи Интер до титулата со овој кикс, бидејќи тимот на Антонио Конте сега е шест бода зад Интер, кој вечерва го игра својот натпревар со Комо. Шампионот упати дваесет шутеви кон голот, додека Парма успеа да постигне гол и да заработи голем бод, играјќи само дефанзива. Парма поведе по само ...

По триумфот од 2-0 над незгодниот Фулам, тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази задоволство од реакцијата на тимот и најави дека ова може да биде пресвртница во сезоната. Холандскиот стратег потенцираше дека победата доаѓа во вистински момент: „Многу сум задоволен од начинот на кој одигравме. Контролиравме голем дел од натпреварот и покажавме карактер кога беше најпотребно. Ова беше важен резултат за нас, особено по неколку натпревари каде ...

Екипата на Барселона се наоѓа на чекор до нова шампионска титула во Примера, откако каталонскиот гигант ја продолжи својата доминација со убедливи резултати и стабилна форма во клучниот дел од сезоната. По последната победа од 4-1 над Еспањол, тимот од „Камп Ноу“ создаде значителна бодовна предност пред директниот конкурент, Реал Мадрид. Предноста на врвот сега изгледа доволно комфорна (9 бода) за Барселона да ја контролира трката до самиот ...

Екипите на Осасуна и Бетис ги поделија бодовите откако ремизираа со конечни 1-1 (1-1) во натпреварот од 31. коло на шпанската Примера. Гостите од Андалузија ја начнаа домашната мрежа уште во седмата минута со голот на Абде Езалзули, кому му асистираше искусниот Хектор Белерин. Беше Бетис близу да замине на паузата со минимална предност, но Осасуна возврати со прецизно изведениот пенал на Анте Будимир во 40. минута. Во вториот дел видовме ...

Кошаркарскиот клуб Дубаи го отпушти тренерот Јурица Големац, а на неговото место ќе биде назначен нов стратег кој ќе ја финишира сезоната. Одлуката доаѓа после поразот од Анадолу Ефес во Евролигата, по кој екипата ги загуби шансите за пласман во плеј-ин фазата. Големац имаше договор до 2028 година, но доби предвремен раскин на договорот. Дубаи во моментов е на 11. позиција во Евролигата и ќе мора да ја победи Валенсија во последното коло, но ...

По важната победа над Сент Паули (0-5), тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, изрази задоволство од настапот на својот тим, но потенцираше дека трката за титулата сè уште не е завршена. Белгискиот стратег е внимателен и не сака да дозволи никакво опуштање кај играчите, за кои рече дека точно ги знаат неговите барања и задачи. „Одигравме сериозен натпревар против незгоден противник. Сент Паули знае да направи проблеми, но мислам дека ...

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс се изборија за огромна пресврт-победа во 33. коло од шкотскиот Премиершип, славејќи со убедливи 3-6 (2-1) на гостувањето кај екипата на Фалкирк. Еден од хероите на „полицајците“ беше нашиот Бојан Миовски, кој влезе на почетокот на второто полувреме и придонесе со два погодоци за победата на неговиот тим. Гостите губеа со 2-0 по само 26 минути игра, но успеаја до паузата да намалат на 2-1 преку Точи Чуквуани. На ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да прикажува солидна форма во дресот на Глазгов Ренџерс, постигнувајќи нов погодок во шкотскиот Премиершип. „Полицајците“ имаа двојна негатива на гостувањето кај Фалкирк, но успеаја комплетно да се вратат во мечот. Ренџерс го презедоа водството со головите на Чуквуани, Шермити и Раскин, а нашиот Миовски ја затресе мрежата само дванаесет минути откако истрча на теренот. Напаѓачот влезе во ...

Екипата на Џенова се избори за минимална победа над Сасуоло, славејќи со конечни 2-1 (1-0) во натпреварот од 32. коло на италијанската Серија А. Домашната екипа поведе со голот на Украинецот Руслан Малиновски во 18. минута, а оваа предност ја задржа и на паузата меѓу двете полувремиња. Вториот дел донесе пожестоко темпо и повеќе возбудувања за публиката. Сасуоло израмни на 1-1 преку Канаѓанецот Исмаел Коне во 57. минута, но Џенова успеа ...

Кадетската машка репрезентација на Македонија во периодот од 12 до 19 април ќе учествува на Медитеранските игри во Словачка, каде ќе одигра шест натпревари против силни противници. Ракометните надежи на Македонија отвораат со дуелот против Црна Гора на 13 април, истиот ден ќе се соочат и со селекцијата на Египет. Следниот ден повторно носи два меча, еден против силната Шпанија, како и еден со нашиот јужен сосед, Грција. ...

Дали колонијата македонски фудбалери во Шкотска ќе се зголеми? Еден од најдобрите дефанзивци во косовската лига, Бесир Исени, е мета на шкотскиот премиерлигаш Хибернијан. 25-годишниот Исени блеска во шампионатот на Косово, каде што го носи дресот на Дукаџини. Се работи за поранешен член на У21 репрезентацијата на Македонија, кој во нашата земја играше за Велазерими и Струга, а една сезона мина и во албанскиот шампионат, каде го носеше дресот ...

Унион Берлин ненадејно се раздели со тренерот Штефaн Баумгарт, по поразот од 1-3 на гостувањето кај Хајденхајм, а неговата замена привлече големо внимание кај фудбалската јавност. Тренерката на тимот до 19 години, Мари-Луиз Ета, ќе ја преземе функцијата до крајот на сезоната - станувајќи првата жена што тренирала тим од Бундеслига. Задачата не е сосема нова територија за Ета, која ќе го преземе женскиот тим на Берлин во Бундеслигата ова лето. ...

Милан доживеа тежок удар во трката за место кое води во Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од Удинезе со убедливи 0-3. „Росонерите“ одиграа под сите очекувања на „Сан Сиро“, а загубија со автоголот на Давиде Бартезаги и погодоците на Јирген Екеленкамп и Артур Ате. Тренерот Масимилијано Алегри не бараше алиби и отворено призна дека неговиот тим е во пад на формата. „Во лоша серија сме, загубивме три од последните четири ...

Фудбалерите на Арсенал сè уште се не чело во Премиер лигата, но шокантниот пораз од Борнмут, на нивниот стадион, ги потресе. Тренерот Микел Артета се надева и повика на мудрост, бидејќи борбата за титулата шампион на Англија влезе во последната фаза. Фактот дека неговиот тим имаше двојно повеќе шутеви кон голот, кога ривалот искористи два од три шутеви кон голот, е бескорисен. „Бевме далеку под нашето ниво, ова е шокантен, разочарувачки и ...

Никола Јокиќ е под знак прашалник за последниот натпревар на НБА лигата, а негово евентуално неиграње би значел крај на надежите за нова МВП награда. Денвер Нагетс реши да ги одмори клучните играчи во дуелот со Сан Антонио Спарс, а единствен исклучок е Јокиќ кој е означен како неизвесен. За да остане во конкуренција за индивидуалните признанија, српскиот центар треба да одигра најмалку 15 минути. Денвер влегува во натпреварот како ...

Дерби на „Стемфорд Бриџ“ со огромен влог. Од едната страна на вагата е борбата на Челси за Лигата на шампионите, во која секоја победа, секој бод до крајот, ќе вреди злато. Од другата страна е трката за шампионатот, која би можела да заврши во недела (17:30) кога Манчестер Сити ќе гостува кај „сините“. Пораз или нерешено за „граѓаните“, со потенцијална победа на Арсенал против Борнмут претходниот ден, речиси сигурно би значела круна на ...

Стефан Тренески го комплетира настапот на првата трка во Формула 4 шампионатот во дивизијата ЦЕЗ на Централна и Исторчна Европа. Иако лани дебитираше, оваа му е прва комплетна сезона во натпреварувањето, а веќе ги заокружи двете трки кои се на распоредот. Македонскиот возач имаше подобрување и по вчерашниот пласман на 20. позиција, сега се подобри. На денешното возење Тренески беше 11. и беше близу до пласман во топ десет возачите на својата ...

Карлос Алкараз и Јаник Синер во последните неколку сезони речиси редовно меѓусебно ги делат титулите од Мастерсите и Гренд слем турнирите. Откако Новак Ѓоковиќ има поинакви животни приоритети, внимателно ги избира турнирите и се соочува со последиците од повреди и годините, овие двајца речиси постојано играат полуфиналиња и финалиња на најголемите натпреварувања. Така ќе биде и денес, кога ќе ги вкрстат рекетите во борбата за титулата од ...

Тотенхем е во сериозни преговори за ангажман на Енди Робертсон, но трансферот ќе зависи од тоа дали клубот ќе обезбеди опстанок во Премиер лигата. Шкотскиот лев бек веќе бил блиску до преселба во Лондон во јануари, но тогаш Ливерпул не успеал да најде соодветна замена. Сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Робертсон на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд роуд“ како слободен играч. Новиот тренер Роберто де Зерби го поддржува трансферот, но ...

Центарот на Црвена Звезда, Ебука Изунду, го продолжи договорот со белградскиот гигант и ќе се задржи во црвено-белиот табор до крајот на сезоната 2027/28. Нигерискиот кошаркар ги задоволи вкусовите на управата и навивачите, а особено е корисен во Евролигата, каде во просек бележи осум поени и четири скока, за само петнаесетина минути на теренот (најдобар учинок во елитата според минутажата на центрите). Изунду пристигна во Белград минатата ...

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните настапи во дресот на Битигхајм во германската втора Бундеслига. Неговиот тим на гостински терен кај Дормагем славеше со минимални 34-36, а токму Томовски имаше клучна улога во завршницата кога се кршеше резултатот. Натпреварот го заврши со вкупно десет одбрани, при што најзначајни беа двата одбранети зицери при израмнет резултат 33-33. По одиграни 27 кола, Битигхајм ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
64%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.92
60%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
80%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0513

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40