Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Кошаркарскиот клуб Партизан и неговите навивачи се простија од легендарниот Душко Вујошевиќ кој неодамна почина. Тренерската легенда која во минатото го водеше „црно-белиот“ тим од Белград доби достојно испраќање пред стартот на натпреварот меѓу Партизан и Жалгирис во Евролигата. Клубот и навивачите му посветија целосна кореографија, „ѕвездено небо“, имаше многу солзи и емоции. Исто така во салата беа и доста негови поранешни кошаркари. За ...
Фудбалерите на Париз приредија големо изненадување и убедливо славеа против Монако со 4-1 во првиот натпревар од 29. коло во Лига 1. Домашниот тим одигра фуриозно од стартот и практично го реши натпреварот уште во првите дваесетина минути. Резултатот го отвори Џонатан Иконе во четвртата, а веќе во осмата за 2-0 погоди Чиро Имобиле. Во 21. минута со вториот гол на Иконе домашните поведоа со огромни 3-0. Пред паузата Монако намали преку Фоларин ...
Во периодот од 14 до 20 април во Струмица ќе се одржи развоен турнир на УЕФА на кој покрај репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапат и селекциите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција, Селекторот Иљами Исејни за овие три средби повика широк список на фудбалери. Голмани: Димитар Петров (Брера), Илан Мемети (Лозана) Одбрана: Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена ...
Менаџерот на Челзи, Лиам Розениор, се обрати пред медиумите во пресрет на големото дерби со Манчестер Сити овој викенд, а една од темите беше суспензијата на Енцо Фернандез. Розениор потврди дека Аргентинецот нема да биде во тимот за дуелот со Сити, откако, според него, „ја преминал границата“ со изјавите за својата иднина, во кои навести можен трансфер во Реал Мадрид. „Имавме навистина добар разговор. Тој ми се извини мене и на клубот. Ќе се ...
Кошаркарите на Куманово запишаа драматична победа на домашен терен, совладувајќи го Гостивар со 75-73 во натпревар исполнет со пресврти и неизвесност до самиот крај. Домашниот тим одлично го отвори мечот и по првите десет минути имаше предност од 21-16. Во втората четвртина Куманово продолжи во ист ритам, наметнувајќи силно темпо и со 21-14 успеа да обезбеди двоцифрена предност. На полувремето, кумановци водеа со убедливи 42-30, а ...
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, се приклучи кон сите што ја споделија тагата по загубениот живот на Душко Вујошевиќ, упатувајќи порака со сочувство на социјалните мрежи. Главчев го нарече Вујошевиќ „вистински пријател“, и искрено упати сочувство до неговото семејство. Ви ја пренесуваме пораката во целост. „Со длабока тага ја примив веста за заминувањето на мојот голем пријател, но и еден од најголемите ...
Искусниот словенечки репрезентативец, Борут Мачковшек, се согласи на нов двегодишен договор со унгарскиот ПИК Сегед. 36-годишниот лев бек пристигна во Сегедин во 2020 година и можно е да ја заврши кариерата во овој унгарски клуб. „Борут е важен дел од нашиот тим веќе шест години. Имавме успешни разговори со левиот бек и го продолживме неговиот договор до 30 јуни 2028 година, па тој ќе продолжи да игра за нашиот клуб“, велат од унгарскиот ...
Италијанската фудбалска федерација потврди дека селекторот на младинската репрезентација, Силвио Балдини, ќе го преземе сениорскиот тим за претстојните пријателски натпревари против Грција и Луксембург во јуни. Одлуката доаѓа откако досегашниот селектор Џенаро Гатузо и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина поднесоа оставки по елиминацијата на „азурите“ во плеј-офот за Светското првенство. Затоа, беше потребно брзо решение за следните ...
Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните партии во плеј-офот од Суперлигата и го продолжуваат патот кон остварување на целта – директен пласман во Европската лига следната сезона. „Гладијаторите“ кои пред себе имаа полуфинален двомеч во ЕХФ Купот против Целје, денеска разбија уште еден противник во разигрувањето за титулата. Во салата „Билјанини Извори“ падна екипата на Тиквеш, која беше совлада со убедливи 37-20. Момците на Борис ...
Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот, кој се игра во Бања Лука. Нашиот тим денеска загуби од Мароко со максимални 3-0. Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути игра, тенисерката од Мароко славеше со 2-0 во сетови (6-3 и 7-6/8). Во вториот сет Сара Митевска во ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа пораз од Германија на домашен терен со 27-35, во натпревар од петтото квалификациско коло за Европското првенство. На натпреварот со фаворизираниот противник покажаме и добра и лоша игра, а еден блескав момент беше забележан од страна на ЕХФ. Голманката Драгана Петковска, зад своето име запиша три одбрани на оваа средба, при што една од нив се најде во изборот на петте најдобри во ...
Италијанскиот тренер Лучијано Спалети ќе остане на клупата на Јувентус до 2028 година, откако клубот одлучи да му го продолжи договорот и веќе ја потврди новата соработка. Тој го презеде тимот во текот на сезоната по серија послаби резултати и успеа да внесе стабилност и подобра игра. Под негово водство, екипата ја подобри формата и се врати во трка за висок пласман во Серија А. Раководството на клубот било задоволно од неговата работа и од ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата. Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4-0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде ...
Струмица се подготвува за спектаклот во завршницата од Купот на Македонија, а Ракометната федерација веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварите кои ќе се играат во салата „Парк“. Влезниците можат да се купат преку продажната мрежа на „МкТикетс“. Љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат шест натпревари во машка и женска конкуренција, додека на паркетот ќе продефилираат најдобрите ракометни екипи од Македонија. ...
Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со убедливи 3-0. Еден од фаворитите за освојување на првото место, првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец беше Џули Стен. По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин, со голот постигнат во 58. ...
Вториот светски рекет, Јаник Синер, обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако со 2-0 по сетови (6-3, 6-4) го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Синер одново покажа моќ и одлична форма, не дозволи изненадување и ја заврши работата за еден час и 33 минути. Оже-Алијасим се бореше во вториот сет, но пресуден беше брејкот во седмиот гем. Во полуфиналето, Синер ќе се сретне со Германецот Александар Зверев, кој ...
Францускиот фудбалски гигант, Олимпик Марсеј, го именуваше Стефан Ришар за нов претседател на клубот. Ришар е поранешен извршен директор на телекомуникациската компанија „Оранж“, а на функцијата претседател на Олимпик го замени Олбан Жустер, кој беше привремен прв човек по заминувањето на Пабло Лонгорија. Интересно е што Ришар во 2021 година беше осуден на едногодишна условна затворска казна поради финансиска проневера која не била поврзана ...
Египетскиот фудбалски голман, Мохамел Ел Шенави, е суспендиран на четири мечеви поради инцидент на натпревар во кој физички нападнал судија, што предизвика бурни реакции во спортската јавност. Инцидентот се случил за време на натпревар од домашното првенство, кога голманот, незадоволен од судиска одлука, изгубил контрола и го удрил арбитарот. По настанот, надлежните дисциплински органи веднаш реагирале и му изрекле суспензија, како и висока ...
Романскиот судија Иштван Ковач е отстранет од понатамошно судење натпревари во Лигата на шампионите, откако било констатирани неколку сериозни пропусти на мечот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, одигран на „Ноу Камп“. Според информациите, УЕФА донела одлука да го санкционира поради сериозен пропуст во судењето, кој директно влијаел на текот на натпреварот. УЕФА сметала дека ваквата грешка е недозволива за натпревари од највисоко ниво, ...
Кошаркарите на Пелистер се максимално фокусирани и мотивирани за претстојните предизвици, почнувајќи од саботниот дуел со Маџари во плеј-офот на македонската Суперлига. „Зелено-белите“ како третопласирани влегуваат во доигрувањето и дополнителните пет рунди во пресрет на плејофот, со јасна цел да забележат што повеќе триумфи. Маџари е тим против кого битолчани забележаа две победи во регуларниот дел од сезоната, но репрезентативецот Лука ...
Во Дортмунд му веруваат на шефот на стручниот штаб. Хрватот, роден во Берлин, Нико Ковач и следната сезона ќе седи на клупата на Борусија Дортмунд, потврди спортскиот директор на бундеслигашот Ларс Рикен. „Нико направи многу добри работи откако дојде кај нас. Не смееме да ја заборавиме минатата сезона кога нè водеше во Лигата на шампиони. Ќе ги почувствувавме големите последици ако не ја постигневме таа цел. После тоа, тој го засили тимот и ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако беше подобар од Бразилецот Жоао Фонсека со 2-1 во сетови (7-5, 6-7/3 и 6-3). Зверев славеше победа во дуел кој беше прилично неизвесен и траеше нешто повеќе од два часа. Германецот го освои првиот сет, но Фонсека возврати во вториот, во кој видовме дури четири брејкови. Одлучувачкиот сет му припадна на Зверев, кој го заокружи триумфот со ...
Белградскиот евролигаш Црвена Звезда објави дека ја прекинува соработката со бразилскиот плејмејкер, Јаго Дос Сантос, кој заминува со взаемен договор со управата. Иако имаше договор до 2027 година, Јаго заминува од Белград и ќе биде слободен во потрагата по нов клуб во кариерата. Бразилецот пристигна во 2023 година и беше важен дел од екипата. Со Звезда ја освои АБА лигата во 2024 година, а воедно беше прогласен и за МВП на финалната серија. ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за Европското првенство, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија. Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против „змајчеки“. „Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме ...
Тренерот на грчкиот ПАОК, Разван Луческу, собра сили и покажа голема посветеност при збогувањето на фановите со неговиот починат татко, легендарниот Мирчеа Луческу. Синот на прославениот тренер стоеше цели 16 часа покрај ковчегот кој беше изложен на „Арена Национала“ во Букурешт, лично поздравувајќи се со повеќе од 15.000 луѓе кои дојдоа да оддадат почит на едно од најголемите имиња во романскиот фудбал. Razvan Lucescu (técnico del PAOK) y su ...
Италијанската „Газета дело спорт“ пишува дека челните лица на Јувентус стапиле во контакт со агентот на Алисон Бекер, за кој постои реална опција да се пресели во Торино во текот на летниот преоден рок. Бразилскиот чувар на мрежата е на излезните врати во Ливерпул, а Јувентус во него гледа играч со огромно искуство, кој би можел да му помогне на тимот кој догодина повторно сака да се бори за шампионскиот трофеј во Серија А. „Старата дама“ ...
Фудбалската федерација на Македонија потврди дека нашиот национален тим ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина. Контролниот меч со репрезентацијата-учесник на Светското првенство ќе се одигра на 29 мај во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Точниот термин за одигрување на натпреварот ќе биде дополнително соопштен. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, ...
Бојан Миовски постигна гол за Ренџерс во Шкотска во победата над Данди Јунајтед, а на тој момент сведок беше навивач од Македонија кој специјално отпатува на Островот за да го гледа македонскиот центарфор. Игор Ордев, заедно со сопругата Ирена, беше во фудбалскиот храм на „полицајците“ и имаше интересно патешествие кое ќе го памети целиот живот. Македонецот е чест патник на фудбалските натпревари ширум Европа на кои играат македонските ...
Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, се наоѓа во трка со времето за да остане во конкуренција за индивидуалните награди во НБА. Французинот мора да одигра најмалку 20 минути во барем еден од преостанатите два натпревари од регуларниот дел за да ја достигне границата од 65 одиграни натпревари. Во моментов има 64, што значи дека без уште еден настап ќе отпадне од сите индивидуални признанија. Вембањама е во најтесна конкуренција ...
Голем удар за Филаделфија 76ерс, бидејќи нивната прва ѕвезда Џоел Ембид ќе мора да оди на операција поради проблеми со слепото црево. Клубот соопшти дека Ембид ќе биде опериран во Хјустон, но засега не се откриваат дополнителни детали околу неговата состојба. Нови информации се очекуваат во наредниот период, по завршување на интервенцијата. Неочекуваната ситуација доаѓа непосредно пред натпреварот против Хјустон Рокетс, што дополнително ги ...