Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Американскиот фудбалски клуб, Синсинати, покажува голем интерес за услугите на бразилската ѕвезда, Нејмар, кој настапува во екипата на Сантос. Според информациите од САД, клубот од државата Охајо веќе ги контактирал претставниците на Нејмар, со надеж да го привлечат луцидниот фудбалер во своите редови. Агентите на Бразилецот истакнале дека конечна одлука може да биде донесена само по завршувањето на Светското првенство, а голема улога би ...
Баерн Минхен веќе работи на избор на наследник на Светислав Пешиќ, кој на крајот од сезоната заминува во пензија, а во прв план излезе едно име. Според информациите, главен кандидат за тренерското место е Антон Гавел. Гавел има богато искуство зад себе, со пет шампионски титули во Германија и три купа како играч, а веќе се докажа и како тренер. Во 2023 година ја освои титулата во Бундеслигата со Улм. Интересно е што токму во Баерн ја заврши ...
Голманот на Бодо/Глимт, Никита Хајкин, и официјално стана норвешки државјанин, со што доби право да конкурира за настап во репрезентацијата на Норвешка на претстојното Светско првенство. Селекторот Столе Солбакен потврди дека Хајкин ќе биде разгледан како и сите други кандидати. Хајкин веќе подолго време изразуваше желба да брани за Норвешка, а неговата апликација беше обработена по забрзана постапка, што е возможно во случаи кога спортист ...
Ракометната репрезентација на Македонија вчера отпатува во Словенија, каде во Велење ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Девојките на Кристијан Грчевски го одработија и првиот тренинг во „Рдеца дворана“ во словенечкиот град. Се кова тактиката и се подготвува тимот кој ќе се обиде да изненади против веќе пласираниот противник. trening-rakomet-zeni-slovenija.jpg Македонија во групата има два бода против ...
Македонскиот возач Стефан Тренески ја стартува својата прва сезона во Формула 4 шампионатот, во ЦЕЗ дивизијата на средна и источна Европа. На патеката „Ред Бул Ринг“ каде што се возат и трки од Формула 1 викендов ќе се возат првите трки во Формула 4 шампионатот. Конкуренцијата е огромна, има 45 возачи и поради тоа ќе се вози во три групи. Од трите трки, секој возач ќе вози двапати, а најдобрите 32. се пласираат на главната трка в недела ...
Еден од симболите на златната ера на Ливерпул, Енди Робертсон, на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“ како слободен играч и ќе стави крај на деветгодишната авантура во црвениот дрес. Левиот бек пристигна во 2017 година од Хал Сити за осум милиони фунти и брзо се изгради во еден од најдобрите на својата позиција во историјата на клубот. За Ливерпул одигра 373 натпревари и освои сè што можеше да се освои, вклучувајќи ја и Лигата на ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа важна победа на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс (103-119) и ја продолжија „брканицата“ за што е можно подобар пласман и предност на домашен паркет во плеј-офот на НБА лигата. Голден Стејт Вориорс - ЛА Лејкерс: До победата против немотивиранита „воини“ екипата од Лос Анџелес ја предводеше Леброн Џејмс со 26 поени, 11 асистенции и 8 скока, додека одличен беше и Деандре Ејтон со 21. Во таборот ...
Тренерот на Макаби Тел Авив, Одед Каташ, го продолжи договорот со клубот за уште три години и со тоа стана најскапиот тренер во историјата на тимот. Од клубот соопштија дека станува збор за договор „од рекордни размери“, нагласувајќи дека е вложен голем напор за да се задржи стратегот кој веќе неколку сезони успешно го води тимот. Финансиските детали не беа објавени. Со новиот договор, Каташ ќе стане и тренер со најдолг стаж во клубот во ...
Епизодата на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед се ближи кон крајот, а клубот нема намера да ја активира опцијата за продолжување на договорот на уште една година. Англискиот фудбалер пристигна во 2021 година како големо засилување од Борусија Дортмунд за сума поголема од 90 милиони евра, но воопшто не ги оправда очекувањата. Според статистиката, неговиот ангажман на „Олд Трафорд“ излезе исклучително скап, со повеќе од шест милиони евра за ...
Легендарниот романски тренер, Мирчеа Луческу, ќе биде погребан со највисоки државни почести. Фудбалската федерација на Романија ја објави официјалната агенда, која ќе трае три дена, со строги безбедносни ограничувања. Телото на починатиот Луческу ќе биде изложено на теренот на Арена Национала во Букурешт, каде сите негови пријатели, поддржувачи и навивачи ќе можат да оддадат почит. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 10:00 до 20:00 ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на судии кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Станува збор за поширока листа на арбитри кои се во конкуренција за најголемиот фудбалски настан, при што изборот е направен врз основа на квалитет, конзистентност и искуство на меѓународната сцена. Меѓу избраните се наоѓаат неколку добро познати европски судии, кои веќе ...
Пелистер го заврши регуларниот дел од сезоната на третото место во Суперлигата, а тренерот Боро Даскаловски не го крие разочарувањето од завршницата и трите порази во низа. Уште повеќе ако се знае дека на трите средби Пелистер беше и подобар ривал три четвртини, но не успеа да стигне до триумф со што би си го осигурал местото во плеј-офот пред овие пет кола доигрување. Вака, „зелено-белите“ ќе одат по потешкиот пат, почнувајќи од саботниот ...
Во првите натпревари од четвртфиналето во Лига Европа, вечерва беа одиграни три дуели, а најсилен впечаток остави Фрајбург, кој е на чекор до историски успех. Германскиот тим одигра блескав натпревар и на домашен терен убедливо ја совлада Селта Виго со 3-0. Резултатот го отвори капитенот Винченцо Грифо уште во 10. минута со мајсторски погодок. Предноста беше зголемена во 32. минута преку Јан-Никлас Бесте, кој реализираше по асистенција на ...
Фудбалерите на Кристал Палас рутински го одиграа првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига против италијанската Фиорентина, совладувајќи ја со конечни 3-0 (2-0). Жан-Филип Матета го отвори резултатот во Лондон по 24 само минути игра, а на 2-0 зголеми Тајрик Мичел, кој се впиша во листата на стрелците само седум минути подоцна. На паузата, Палас замина со комотна предност. fio.jpg Фиорентина сакаше да избегне поголема катастрофа, ...
Кошаркарите на Реал Мадрид одграа одличен натпревар и славеа на гостувањето кај Фенербахче со конечни 69-74 во натпреварот од 37. коло на Евролигата. Со овој успех, шпанскиот гигант го потврди своето учество во плеј-офот. „Кралевите“ повторно прикажаа променлива игра и повремени падови во темпото, но се изборија за триумф во дербито во Истанбул. На паузата, мадриѓаните водеа со 34-40, но потоа добија „нокдаун“ од домаќинот, кој ја доби ...
Кошаркарот на Олимпијакос, Тајлер Дорси, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на 36. коло во Евролигата. Дорси го заслужи признанието за одличната партија во победата над Реал Мадрид (102-88), во која забележа дури 36 поени и пет асистенции (најдобар учинок во кариерата). Оствари индекс на корисност од 43, убедливо победувајќи ја конкуренцијата. Зад него се најде неговиот соиграч, Саша Везенков, кој имаше учинокк од 26 поени и девет ...
Супер-богатиот Пари Сен Жермен никако да ги оправда очекувањата. Францускиот гигант ги заврши настапите во Лигата на шампионите во раната плеј-оф фаза, откако одигра нерешено со Веспрем на домашен терен (35-35) и испадна заради поразот во Унгарија. Првиот меч заврши со висок триумф на унгарскиот гигант, па за ПСЖ овој меч беше важен само ако тимот успееше да избега на висок плус во раната фаза. Такво нешто немаше, на паузата беше 20-18. ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно блесна во Евролигата и беше автор на новата победа на Баерн Минхен, овој пат против италијанска Олимпија Милано на гостински терен во Италија. Плејмејкерот е поранешен член на „манекените“, а таму не ја доби шансата кога тренер беше Еторе Месина. Со спектакуларен дуел и 21 индекс-поени, Македонецот беше најдобриот играч на теренот според ефикасноста. Мечот Димитријевиќ го заврши со 15 ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, порача дека ништо не е решено и покрај добриот резултат од првиот четвртфинален натпревар против Барселона во Лигата на шампионите (0-2), нагласувајќи дека претстои тежок реванш за неговиот тим. По убедливата победа, аргентинскиот стратег истакна дека неговите играчи одиграле одличен натпревар, но предупреди дека во Лигата на шампионите не постојат сигурни сценарија. „Одигравме добар меч и ...
Екипата на Чаир 2030 извојува огромна и убедлива победа над тимот на Ангели (91-69) во првото коло од плеј-аутот на македонската кошаркарска Суперлига. Домашниот тим одигра одличен меч, а големата предност ја создаде во второто полувреме, кога стигна до огромни +28 поени. На паузата Чаир водеше со 45-38. Третата и четвртата делница повторно им припаднаа на домашните кошаркари, оставајќи ги Ангели без никакви шанси за нешто повеќе на ова ...
Ракометниот клуб Партизан се наметнува како еден од најамбициозните проекти во регионот, привлекувајќи внимание не само во српската, туку и во европската ракометна јавност. Со доаѓањето на селекторот на Србија, Раул Гонзалес, поранешен европски шампион со Вардар во 2017 година и повеќекратен освојувач на француското првенство со Пари Сен Жермен, амбициите на „црно-белите“ значително пораснаа. По доминацијата на домашната сцена, клубот има ...
Раководството на РБ Лајпциг сериозно смета на дополнителни приходи од фудбалерите кои моментално се испратени на позајмица, а вкупната сума би можела да надмине 80 милиони евра. Клубот во моментов има девет играчи на позајмица, меѓу кои се Лоис Опенда, Лутшарел Геертруида, Абдул Коне, Ељиф Елмас, Фредерик Јекел, Тимо Шлик, Роберт Рамсак, Јонатан Норбај и Жојо Масанка Бунги. Најголем потенцијал за заработка се очекува од можните трајни ...
Екипата на Рајо Ваљекано направи огромен исчекор кон полуфиналето во Конференциската лига, откако славеше на првиот четвртфинален натпревар против грчиот АЕК со убедливи 3-0 (2-0). Претставникот на шпанската Примера ја најави победата уште во првото полувреме, кога мрежата ја тресеа Илиас Акомач и Унаи Лопез, а конечните 3-0 беа дело на Иси Палазон, кој прецизно реализираше пенал во 74. минута. Гостите од Грција беа во подредена улога во ...
Ракометарите на Висла Плок не успеаја да ја надополнат негативата од четири гола, со што испаднаа од Лигата на шампионите по двомечот со Спортинг, и покрај минималната победа во реваншот со конечни 28-27. Во првото полувреме полскиот тим одигра солидно и имаше два гола предност на паузата (13-11), а во вториот дел Португалците успеаја да се одржат во игра и не му дозволија на полскиот тим да им создаде поголеми проблеми. Имаше Висла во ...
Фудбалскиот клуб Барселона официјално соопшти дека поднел жалба до УЕФА поради контроверзните судиски одлуки на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Од клубот информираат дека нивниот правен тим поднел формална пријава, во која се наведува дека одредени судиски одлуки биле спротивни на правилата и директно влијаеле врз текот и исходот на натпреварот. Жалбата се однесува конкретно на ситуација од ...
Независното жалбено тело ја потврди одлуката на претходната комисија и го казни Лестер Сити поради прекршување на финансиските правила за профит и одржливост во сезоната 2023/24. Апелацијата на клубот беше одбиена, со што официјално останува казната од одземање шест бодови. Оваа санкција има сериозни последици, бидејќи на пет кола до крајот на Чемпионшип, Лестер се најде во зоната за испаѓање. Ситуацијата е особено драматична ако се земе ...
Поранешниот голман на Ливерпул, Симон Мињоле, најверојатно ќе ја заврши долгата фудбалска кариера, откако доживеа повреда играјки за својот Клуб Бриж, што автоматски значи дека нема повеќе да настапува оваа сезона. Според информациите од клубот, Мињоле ќе отсуствува најмалку неколку недели, а со оглед на тоа што веќе најави спортска пензија, изгледа дека ќе ја заврши кариерата на помалку неславен начин. 38-годишниот Мињоле беше член на ...
Македонската тениска репрезентација го претрпе и третиот пораз во групата Б во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. На мечевите што се играат во Бања Лука, македонскиот тим загуби со 3-0 од селекцијата на Јужна Африка. Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2-0 во сетови (6-0 и 6-1), а Сара Митевска загуби со 2-0 од Џени Ван Зилм, но пружи голем отпор во двата сета (7-6 и 7-5). Во последниот меч, на кој ...
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, ги демантираше шпекулациите за наводни финансиски барања од репрезентативците пред баражот со Босна и Херцеговина. Во јавноста се појавија информации дека играчите барале бонус од 300.000 евра за пласман на Светското првенство, а селекторот Џенаро Гатузо наводно ги убедил разговорите да се одложат по финалето против Босна и Херцеговина. Сепак, голманот ги демантира овие информации. „Тие пишувања ...
Италијанецот Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако беше поуспешен од Чехот Томаш Махач со 2-1, по сетови 6-1, 6-7/3 и 6-3. Мечот траеше точно два часа, а Махач прикажа солидна партија и успеа да го освои вториот сет. Сепак, вториот светски рекет не дозволи изненадување и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на турнирот. Во четвртфиналето, Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој мина ...