Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Екипата на Челзи не ја оправда фаворитската улога и ремизираше со конечни 2-2 (2-1) на гостувањето кај Карабах во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Првото полувреме понуди одличен фудбал и вистински спектакл за домашната публика. Иако Челзи поведе со голот на Естевао во 16. минута, потоа следуваше пресврт од Карабах, во режија на Леандро Андраде и Марко Јанковиќ. qar.jpg На паузата азербејџанскиот шампион водеше со 2-1, но ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа убедливо на гостувањето кај Прилеп со 25-40 (12-21), во натпреварот од десеттото коло на Суперлигата. По ЕХФ седмицата шампионот се врати на домашните обврски и продолжи онаму каде што застана, па ја впиша осмата сезонска победа, иако тренерот Рубен Гарабаја ротираше со играчите. Стартот на мечот во Прилеп беше израмнет, домашните први поведоа, ама реакцијата беше брза и гостите стигнаа до 2-4. На тоа ...
Ракометарите на ГРК Охрид без поголеми проблеми славеа победа на гостувањето кај Бутел Скопје (19-25) во натпреварот од десеттото коло на македонската Суперлига. Гостите од градот крај езерото на паузата имаа водство од само два гола (11-13), но потоа „ставија во петта брзина“ и ја наполнија мрежата на бутелчани. Охрид стигна до двоцифрена предност (14-24) и до крајот не дозволи никакво изненадување. Домаќинот се обиде да врати и малку да ја ...
„Вечното“ македонско дерби имаше нова епизода, а во него фудбалскиот клуб Вардар славеше како гостин кај Пелистер (1-2) и го продолжи патот кон трофејот во ПМФЛ. „Црвено-црните“ беа подобар ривал на теренот, имаа нешто повеќе шанси, но и домаќинот покажа нешто подобра игра од претходните натпревари и парираше. По голот на Мато пелистерци се вратија преку Петковски, но Закариќ од белата точка ги обезбеди трите бода. Натпреварот на „Петар ...
Вардар го доби „вечното“ дерби против Пелистер во ПМФЛ со 1-2 во Битола. Крајот на мечот на „Петар Милошевски“ понуди нов момент кој предизвика реакции, бидејќи Вардар победи со гол од белата точка. Димитар Данев тргна во продор, имаше дуел со влечење со Петар Петковски, а откако влезе во шеснаесетникот асот на пелистерци со лизгачки старт го сопре крилото. Судијата Александар Грујоски без размислување покажа на белата точка, иако Петковски ...
Фудбалерите на Вардар третпат во низа го победија Пелистер, овојпат со 1-2 (0-0) во 12. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата на „Петар Милошевски“ се одигра во добар ритам, пелистерци покажаа отпор против фаворитот и лидер во лигата, ама на крајот немаа сили за подвиг и изненадување. Вардарци тргнаа подобро во натпреварот, па првата закана по воведните минути ја имаа по еден корнер, а во низа невнимателен беше голманот Јовчевски. ...
Фудбалерите на Вардар поведоа на гостувањето во Битола кај Пелистер во рамките на 12. коло на ПМФЛ. Иако битолчани добро парираа и ги затворија најопасните оружја на вардарци, еднаш кога го подзаборавија Роџерс Мато, тој веднаш казни. Репрезентативецот на Уганда доби топка на околу 25 метри, имаше малку простор пред себе и без размислување испрати прецизен удар. Ова е единаесетти погодок на Мато за Вардар оваа сезона, а постигна гол и на првиот ...
Фудбалерите на Пелистер експресно стигнаа до израмнување во „вечното“ дерби против Пелистер во рамките на 12. рунда на ПМФЛ. Откако Роџерс Мато донесе вардарова предност, израмнувањето стигна по еден час игра, шест минути по тој гол. Стрелец на израмнувачкиот гол беше детето на „црвено-црните“ Петар Петковски. На голот му претходеше вистинска „бомба“ на Стефан Спировски, голманот Давор Талески одбрани, а пред празен гол на топката налета ...
Најголемото ривалство во македонскиот спорт имаше нова епизода, а тоа е фудбалското дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола. Откако неколку години ривалите се „промашуваа“ во пирамидата на мак-фудбалот, веќе некое време Пелистер и Вардар играат во иста лига, во ПМФЛ, па дерби натпреварите се во полн сјај. Нов фудбалски спектакл се игра во Битола, а таму одново присутни се двете навивачки групи. Домашните „Чкембари“ се во одлична бројка, го ...
Фудбалските клубови Милан и Интер го завршија купувањето на стадионот „Сан Сиро“ и плацот на неговата околина, објавиja градските власти. Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на договорот е 197 милиони евра (226 милиони долари). Продажбата мораше да биде завршена пред 10 ноември, кога второто ниво на стадионот, кој беше завршен на тој датум пред 70 години, добива историско значење и би било невозможно да се сруши. Клубовите веќе ...
Даниеле Де Роси се враќа на тренерската работа и наскоро ќе стане шеф на тренерскиот штаб на Џенова, јавија повеќе италијански медиуми. Се очекува двете страни наскоро да се сретнат и да постигнат дефинитивен договор за преземање на тимот. Џенова се бори за опстанок, па затоа соработката ќе биде потпишана до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште две години. Најстариот италијански клуб до неодамна го водеше Патрик Виеира, но ...
Првиот рекет на светот, Јаник Синер, ја коментира својата одлука да не настапи во финалниот круг на Дејвис Купот кој ќе се одржи во Италија. Иако неговото отсуство е голем удар за националниот тим, 23-годишниот тенисер објасни дека во овој момент приоритет му е физичкото и менталното закрепнување по напорната сезона. „Кога сезоната ќе заврши, ти е потребно време за да се опоравиш од целиот притисок, емоции и последици што ги оставаат турнирите – ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави натпреварите што ќе го носат престижниот епитет „меч на неделата“ во рамките на тековната сезона од Лигата на шампионите. Меѓу нив се најде и македонско-унгарскиот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед, кој ќе се одигра во седмото коло од групната фаза. Изборот на овој натпревар не е случаен, ЕХФ очекува возбудлив и драматичен ракометен спектакл во Битола, со оглед на тоа што и двата тима имаат ...
Време е за ново „вечно дерби“ меѓу Пелистер и Вардар. Двата тима одат на мегдан во Битола, а тренерите Милан Стојановски и Гоце Седлоски ги одредија стартните состави. Во стартниот тим на „зелените“ го нема капитенот Мирко Ивановски кој е на клупата, а стартува тинејџерот Јован Мрмачовски. Исто така на местото на Крстевски, во првиот тим е Петар Петковски. Кај Вардар, ќе го нема Немања Босанчиќ, а во стартните единаесет е Олаосебикјан. ПЕЛИСТЕР ...
Екипите на Брера Струмица и Силекс понудија ефикасен натпревар со шест гола, но без победник (3-3) во рамки на дванаесеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Бодот е повеќе вреден за Брера во битката да остане во безбедниот дел на табелата, а не вреди многу за Силекс, кој почнува да каска во битката со водечките со само двете победи во последните шест кола во мак-фудбалот. Дуелот почна со голема иницијатива на Силекс. Кратовчани во 13. ...
Екипата на Јагјелонија доаѓа во Скопје на мегдан со Шкендија во Конференциската лига на УЕФА, а тимот од Полска нема да биде сам затоа што носи навивачи со себе. Од Шкендија информираат дека најавени се 250 навивачи на полскиот клуб на Арената „Тодор Проески“. Тие ќе пристигнат заедно со екипата и ќе бидат тука на денот на натпреварот. Амбасадата на Полска во Македонија испрати препораки до навивачите да внимаваат, да се движат заедно низ градот ...
Екипата на Шкендија е подготвена за уште еден европски предизвик. Јагјелонија гостува во Скопје, а мечот со полскиот првак може да биде од клучна важност за европскиот пат на македонскиот шампион во Конференциската лига. Тренерот Јетон Беќири ќе го има целиот тим на располагање, со исклучок на Ване Крстевски кој се повреди и за кого оваа година е завршена. Тој го најави мечот на прес-конференцијата, на која кажа дека против себе тетовчани ќе ...
Во име на тимот на Шкендија на прес-конференцијата говореше Арбин Зејнулаи. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија за мечот со Јагјелонија од Полска во Конференциската лига кажа дека тимот ќе се бори максимално за нова европска победа. „Атмосферата во тимот е добра. Противникот го анализиравме, се работи за силен тим кој доаѓа од силна лига. Имаат добар интензитет. Но и ние ќе дадеме се од себе да освоиме добар резултат пред нашата ...
Шведскиот фудбал оваа сезона изненади со низа неочекувани приказни, а по сензационалната титула на Мјалби, на површина излегува уште еден неверојатен успех. Tимот на ГАИС од Гетеборг го направи своето најголемо достигнување во последните децении. Едно коло пред крајот на шампионатот, ГАИС математички ја обезбеди третата позиција на табелата, со што официјално ќе ја претставува Шведска во квалификациите за Конференциската лига во сезоната ...
Американската тенисерка Венус Вилијамс доби специјална покана за учество на турнирот во Оукленд, кој ќе се одржи од 5 до 11 јануари, соопштија организаторите. Настанот претставува еден од подготовките за Австралијан Опен 2026, кој ќе започне на 18 јануари. Вилијамс, која се смета за една од најголемите фигури во историјата на женскиот тенис, се врати на терен во јули годинава по 16 месеци пауза поради сериозни повреди. Нејзиниот камбек беше ...
Ракометниот клуб Вардар информира дека од денеска официјално се пуштени во продажба билетите за дерби натпреварот од домашното првенство против Алкалоид, кој ќе се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Дербито меѓу двата тима е закажано за 9 ноември (недела) со почеток во 18:30 часот, а интересот кај љубителите на ракометот веќе е голем, имајќи предвид дека се работи за еден од најочекуваните натпревари во тековната сезона. Продажбата на ...
Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ, кој и на 40 години продолжува да фасцинира со својата игра и кондиција, откри кои се неговите пет омилени фудбалери на сите времиња. Во неговиот избор се најдоа имиња што оставиле длабок белег во историјата на фудбалот: Диего Марадона, Франческо Тоти, Роналдо Назарио, Звонимир Бобан и Зинедин Зидан. Модриќ имал привилегија да соработува со некои од овие легенди, особено со Зинедин Зидан, кој беше негов ...
Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара, поранешен член на Басконија и актуелен играч на Динамо Сасари, откри потресни детали од својата борба со тешката болест која го одвои од спортот и животот го доведе на раб. Во интервју за италијанската емисија „Ле Јене“, 33-годишниот кошаркар зборуваше за деновите поминати во кома и за неверојатниот пат на закрепнување што следувал потоа. „Бев во кома десет дена. Лекарите им рекле на моите најблиски дека ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно се најде во центарот на вниманието по натпреварот меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт во рамките на Лигата на шампионите. Иако не беше постигнат гол и дуелот заврши без победник (0-0), токму Елмас беше еден од најистакнатите фудбалери на теренот на калчолигашот. Елмас за италијанската телевизија „Скај Спорт“ даде своја анализа за случувањата на теренот и го истакна она што според него недостигало на ...
Комисијата за Формула 1 при ФИА наскоро ќе расправа за сериозна промена во правилникот која, доколку биде усвоена, ќе стапи во сила уште од почетокот на сезоната 2026. За разлика од многуте претходни измени што се однесуваа на техничките спецификации на болидите, оваа промена ќе влијае директно врз стратегијата на трките и начинот на кој пилотите управуваат со гумите и бокс-застанувањата. Новото правило предвидува дека во сите трки на сув ...
Пелистер и Вардар одбројуваат ситно до „вечното дерби“ во Битола, а дали се сеќавате на најдобриот гол во историјата на дуелите меѓу овие два тима? Пред девет години, Вардар со 3-1 го совлада Пелистер во Скопје, а автор на ремек-делото беше Тигран Барсегјан. Ерменецот успеа да го матира Пашовски, кој не ја следеше ситуацијата од речиси 50 метри и го постигна најубавиот гол во историјата на „вечното“ дерби. Вардар и Пелистер веќе се сретнаа ...
Баерн му се реваншираше на ПСЖ за поразот во четвртфиналето на Светското клупско првенство во јули во Соединетите Американски Држави. Предводникот на Баварците, Винсент Компани, ги пофали своите играчи по победата од 1-2 над актуелниот европски шампион. Иако играа со играч помалку во текот на целото второ полувреме, германските гиганти успеаја да ја извојуваат победата и да освојат вредни три бода, запишувајќи ја својата шеснаесетта победа по ...
Струмичка Брера го загуби последниот натпревар против Шкендија на домашен терен со 2-3, но прикажа допадлива игра и завидна ефикасност. Сепак, ќе мора да се намалат грешките во одбраната за да може тимот повторно да се надева на позитивни резултати. Во Струмица денес гостува Силекс, тим кој има големи амбиции во шампионатот, па тоа е уште еден мотив повеќе да се прикаже добра игра. „Нашиот стил е да се надигруваме со сите. Одиме уште посилно и ...
Кошаркарите на Пелистер продолжувааат со пеколниот ритам натпревари, па така денеска во рамките од четвртото коло од ФИБА Европа купот „зелено-белите“ ќе ја пречекаат екипата на Цедевита јуниор. Хрватскиот тим важи за најдобар во групата, веќе има скор 3-0 по првите три рунди, вклучувајќи ја тука и рутинската победа над Пелистер, во Загреб во првото коло со резултат 94-76. Сепак, формата на „пелистерци“ од тој момент се движеше во нагорна линија ...
Кратовски Силекс го остави поразот од Вардар зад себе и е фокусиран кон денешниот натпревар против Брера на гостински терен. Распоредот сакаше кратовскиот тим да има две по ред тешки гостувања. Но, од таборот на Силекс оптимизам дека денеска со три бода од Струмица, ќе се вратат во Кратово. Тоа го очекува и дефанзивецот на кратовци, Ѓорѓе Џеков, кој денеска го игра натпреварот против својот поранешен клуб, со оглед дека младинските категории ги ...