Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека уште верува во пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, иако неговиот тим загуби на првиот натпревар кај ПСЖ со 2-0. Англискиот великан одигра бледа партија и не создаде ниту една конкретна шанса пред голот на „светците“, но Слот верува дека постои простор за напредок и силно спротивставување на возвратниот меч. „Секако дека уште има шанса и надежи за пласман понатаму. Фудбалот често ...

Крилниот фудбалер на ПСЖ, Квича Кварацкелија, продолжува со фантастични настапи во Лигата на шампионите, освојувајќи ја наградата за играч на натпреварот третпат по ред. Грузискиот репрезентативец беше клучна фигура во победата на парижаните од 2-0, доминирајќи на теренот и создавајќи најголеми закани кон противничкиот гол. Со неколку опасни обиди и одлична игра во нападот, тој уште еднаш ја потврди својата класа. Посебно се издвои неговиот ...

Во последното трето соочување на Струга Трим Лум и Шкупи оваа сезона, стружани стигнаа до третата победа, откако номинално како гости на својот стадион крај езерото славеа со 0-3 (0-1). Дуелот од 26. коло беше „едносмерна улица“, во која се редеа шансите пред голот на Муслиу. Радески најчесто беше со опција за гол, а еднаш ја погоди и рамката од голот на чаирчани. Сепак, резултатот го отвори неговиот партнер во нападот. Христијан Малески во ...

Фудбалерите на Арсими славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 0-1 (0-1) во натпреварот од 26. коло на ПМФЛ. Средбата во Скопје заврши во корист на гостинот кој скокна над опасната зона на седмото место. Стартот на средбата беше мирен без преголем ризик од страна на двете екипи. Првата закана дојде преку Еступињан кој откосо се обиде да го изненади гостинскиот голман, ама безуспешно. За Арсими прв се закани Фахд Бајо, кој со глава ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Во осминафиналната битка Македонката беше подобра од Алина Корнеева од Русија која се предаде во вториот сет при водство од 0-1. Русинката која беше осма носителка на турнирот го доби првиот сет со 3-6, а потоа поради повреда мораше да се повлече. Тоа го користи Ѓорческа која се пласира меѓу осумте најдобри. Четвртфиналната фаза на турнирот кој се ...

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел со 42-27 во натпреварот од петтото коло на плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Натпреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во целост му припадна на фаворитот кој беше убедлив. Комплетниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Бутел Скопје: Бутелци парираа само на стартот на средбата до 3-3, а потоа Вардар почна да гради предност. Иако беше и 5-4, ...

Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов го соопшти списокот на фудбалерки кои ќе бидат во комбинација за настап во квалификациските натпревари за Европското првенство против Унгарија. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 23 фудбалерки кои во следниве денови ќе се подготвуваат во Охрид. Собирот е закажан за 10 април во Охрид. Список на повикани фудбалерки: Голманки: Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија ...

Францускиот напаѓач Карим Бензема продолжува со одличните настапи во Ал-Хилал, откако запиша нов хет-трик, втор во дресот на клубот. Бензема ги постигна сите три гола во првото полувреме против Ал-Колод, во убедливата победа од 6-0, со што неговиот тим ја продолжи трката со Ал-Наср за титулата. Французинот погодуваше во осмата, 31. и 45. минута, промаши и пенал, но веднаш се поправи, а запиша и асистенција во финишот. Ова беше негов четврти ...

Барселона не се помири со поразот од Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите и вината за негативниот резултат ја насочи кон судијата Иштван Ковач. Во каталонскиот табор владее големо незадоволство од арбитражата, а најмногу реакции предизвика ситуацијата во второто полувреме кога Марк Пубил играше со рака по додавање од голманот Хуан Мусо. Во Барса сметаат дека станува збор за очигледен превид и потенцијален ...

Фудбалот во Туркменистан не е меѓу најквалитетните во Азија, но затоа има уникатна приказна каква што светот досега не видел. Клубот Аркадаг постави неверојатен рекорд од 100 победи по ред. Историскиот момент дојде по триумфот од 7-1 против Мерв на стартот од новата сезона, што воедно беше нивен 100. натпревар во историјата. Клубот е основан во 2023 година и веднаш започна со доминација, со сезони од 24/24, 30/30 и 28/28 победи, надополнети ...

Легендарниот фински фудбалер Јари Литманен, еден од најдобрите играчи во историјата на Финска и икона на Ајакс од деведесеттите години, изненадувачки се врати на професионалниот фудбал. Иако поминаа 15 години од неговото пензионирање, Литманен на 55-годишна возраст одлучи повторно да ги облече копачките и да настапува. Неговата нова дестинација е Калев Талин III, клуб кој се натпреварува во четвртиот ранг на естонскиот фудбал. Овој неочекуван ...

Еден од најшокантните трејдови во историјата на НБА и понатаму е актуелен, а Ентони Дејвис откри детали од ноќта кога Лука Дончиќ пристигна во Лос Анџелес Лејкерс. Во големата размена, Лејкерс го добија Дончиќ, заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Далас го доби токму Дејвис, заедно со Макс Кристи и пик од прва рунда. Гостувајќи кај Дрејмонд Грин, Дејвис призна дека бил целосно затекнат од трејдот и дека информацијата ја добил ...

Ракометниот клуб Партизан продолжува да гради моќен тим за наредната сезона, со јасна цел да биде конкурентен и на европска сцена. Откако беше потврдено дека поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез, ќе го преземе кормилото од лето, „црно-белите“ почнаа со засилувања. Најново име е шпанскиот репрезентативец Мигел Санчес Мигаљон. View this post on Instagram A post shared by RK Partizan AdmiralBet (@rk.partizan) Левото ...

Косуке Јасухира се враќа во македонскиот ракомет и до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на ГРК Охрид. Јапонецот кој пред две сезони играше со многу успех за Вардар 1961 сега ќе ја разигрува екипата на Борис Ројевиќ. Тој е член на Бурган од Кувајт, а во Охрид ќе игра на позајмица до крајот на актуелната сезона. „Пресреќен сум што се враќам во Македонија. Во тимот имам добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје одиграа добар прв полуфинален натпревар во плеј-офот на АБА 2 лигата, испишувајќи нов историски резултат со победата кај Сутјеска со конечни 88-93. Скопскиот состав прикажа феноменална игра во првото полувреме, создавајќи голема предност од 18 поени на паузата, но потоа падна во ритамот и му дозволи на ривалот да се доближи на поприфатлива разлика. Тренерот Боро Смилковски затоа предупредува дека ништо не е готово и ...

Македонија доживеа пораз од Германија (27-35) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП), а до крајот на групната фаза има уште едно коло. Шансите за место на шампионатот постојат, а селекторот Кристијан Грчевски е задоволен од она кое го видел со Германките. „Горд сум на моите ракометарки затоа што одиграа добро на овој натпревар. Имаа доста притисок и го дадоа најдоброто од себе. Задоволен сум како играат на терен, затоа што ...

Контроверзната ситуација од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид продолжува да предизвикува силни реакции во фудбалската јавност. Главниот судија Иштван Ковач бил целосно сигурен во својата одлука да не досуди пенал за Барселона, и покрај тоа што дефанзивецот на гостите Марк Пубил играше со рака по контакт со топката која претходно ја додаде голманот Хуан Мусо. Според судискиот аналитичар Хосе Футо, ...

Во Првата македонска фудбалска лига денеска се играат последните два натпревари од 26. коло. На стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Арсими во дуел кој директно решава за опстанокот во елитното друштво. Искусниот чувар на мрежата Ристе Јанков смета дека ова е само уште еден важен меч, но не и финале на сезоната. “Не би рекол дека е финале за нас. Важен меч за Македонија ЃП како и секој друг. Битни бодови како за нас така и за ...

Иако Шкупи и математички веќе е дел од Втората фудбалска лига на Македонија – дури и пред одигрувањето на натпреварот од 26-тото коло во елитата – тоа не ги обесхрабрува младите фудбалери. Напротив, тие влегуваат во секој дуел со максимален ангажман за да го извлечат најдоброто од себе. Ваков став сподели и младиот фудбалер Венис Кока, кој потврди дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат својот максимум против фаворизираниот тим на Струга ...

По поразот на гостувањето против АП Брера, екипата на Арсими максимално се фокусира на следниот првенствен предизвик. Стручниот штаб и фудбалерите внимателно ја анализираа претходната средба, а сега фокусот е насочен кон денешниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров, дуел од големо значење во трката за опстанок во елитното друштво. Атмосферата во екипата е на високо ниво, а целта е јасна, брза реакција и освојување на цел плен вели ...

Струга Трим Лум доживеа непријатен пораз од Работнички (1-2) во минатото коло и сега сака експресно да се врати во победнички ритам со триумф над Шкупи. Формално како гости, но стружани денеска (15:30 часот) ќе играат на својот стадион. „Очекувањата, како и на секој натпревар, се трите бода. Ние како тим на секој меч покажавме дека, без разлика на противникот, играме на победа и така ќе пристапиме и на денешниот дуел против Шкупи, без оглед ...

Поранешниот судија и актуелен аналитичар за АС и Кадена СЕР, Итурралде Гонзалес, остро ги критикуваше судиските одлуки од четвртфиналните натпревари во Лига на шампиони, посебно издвојувајќи ја ситуацијата од дуелот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Најконтроверзниот момент се случи во второто полувреме при резултат 0-1, кога по изведен гол-аут од страна на голманот Хуан Мусо, топката стигна до Пубил, кој ја допре со рака наместо да ја ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс продолжуваат со одличната форма, откако славеа убедлива победа од 136-119 против Мемфис Гризлис и ја продолжија серијата на десет последователни триумфи во НБА. Повторно во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ, кој забележа нов трипл-дабл учинок – негов 34-ти сезонава и вкупно 198-ми во кариерата. Србинот до овој подвиг стигна за само 31 минута на теренот, при што не настапи во последната четвртина. ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид приредија големо изненадување, совладувајќи ја Барселона со 2-0 на гостувањето на „Камп Ноу“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Сепак, покрај резултатот, натпреварот го одбележаа и неколку спорни судиски одлуки кои предизвикаа бурни реакции кај домаќините. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го криеше незадоволството по натпреварот, остро критикувајќи го судењето и употребата на ВАР ...

Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер даде свој коментар за можноста Макс Верстапен наскоро да стави крај на кариерата, откако актуелниот шампион најави дека поради новите правила ја губи мотивацијата за натпреварување. Шумахер истакна дека би му било жал доколку Верстапен се повлече, но нагласи дека одлуката е лична и дека секој треба да го следи тоа што го прави среќен. Според него, иако Холанѓанецот е незаменлив на свој начин, сепак ...

Русинот Данил Медведев доживеа огромен и понижувачки пораз од Матео Беретини на турнирот во Монте Карло (6-0, 6-0), а во текот на мечот неколкупати ги губеше нервите и се „истураше“ на рекетот. Немаше одговор Медведев за мотивираниот ривал, па така, на површина уште еднаш излезе неговото разочарувачко однесување во моментите кога воопшто не му оди на теренот. Ова е потполно лудило. Целосен распад на Данил на теренот, особено на земјена ...

Кошаркарот на Милвоки, Кевин Портер Џуниор, нема да настапува до крајот на тековната НБА сезона поради повреда на коленото. Клубот соопшти дека Портер бил подложен на оперативен зафат, по што го очекува подолг период на рехабилитација. Тој последен пат настапи во март, а повредата го принуди предвреме да ја заврши сезоната. Во текот на сезоната, Портер настапи на 38 натпревари и имаше солиден учинок, со просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции и ...

Минатиот викенд младите кошаркар(к)и од М12 генерациите, во машка и во женска конкуренција, имаа убава можност да го презентираат сиот свој потенцијал на собирот во салата „Гемиџии“ во Велес. Уште еден ден, во срцето на Македонија, исполнет со насмевки, со енергија и радоста од најмладите кошаркар(к)и, уште едно незаборавно дружење на идните генерации, како дел од Минибаскет караваните, оние кои се дел од проектот на Кошаркарската федерација ...

Екипата на Нант го потврди своето учество во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вторпат го совлада ГОГ Гудме Хандбол, овој пат со убедливи 40-28. Французите немаа проблеми пред својата публика и ја покажаа силата рано во мечот, кој потоа прерасна во прилично еднострана приказна. На паузата, Нант водеше со убедливи 21-12, а во вториот дел само рутински ја доврши работата. Најдобар поединец кај победниците беше Валеро Ривера со ...

Екипата на Ливерпул е пред комплетирање на очајна сезона, затоа што тимот загуби кај ПСЖ (2-0) во рамки на првиот дуел од четвртфиналињата на Лигата на шампионите и со едната нога е пред елиминација. „Црвените“ на Слот многу веројатно ќе ја завршат сезоната без трофеј, што е големо разочарување за навивачите ако се земе предвид нивниот лански статус во англискиот фудбал. По реваншот во Париз ќе се одговорат многу прашања, а тоа е дали Чаби ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Родиум

319899.93