Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Силекс ја надмина малата резултатска криза и го декласира Шкупи (6-0) во претходното коло на ПМФЛ. Сега тимот од Кратово гостува кај посериозен ривал, а тоа е Тиквеш. Дека Силекс секогаш оди да се надигрува и победи посочи еден од најискусните во тимот, Ангелче Тимовски. „На секој натпревар Силекс оди да се надигрува, и така ќе биде и денеска. Дали тоа ќе биде доволно за трите бода, ќе видиме. Играме против Тиквеш во Кавадарци. Сите знаат ...
Баерн Минхен ќе го предизвика Реал Мадрид во натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот тим како ретко кој доаѓа со блага фаворитска улога на гостувањето во Мадрид. Пред натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот Винсент Компани. „Секоја ситница ќе биде важна. Ова ми е првпат во Мадрид како тренер, ама имам големо искуство од вакви натпревари. Исходот ќе се решава делумно со тактика, но и со секој детаљ како ...
Еурофарм Пелистер договори големо засилување за следната сезона и потпиша договор со македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов. Десниот бек стави потпис на двегодишна соработка со пелистерци, откако реши да замине од Алкалоид по истекот на договорот. Серафимов пристигна во Битола и парафира договор по долги преговори со актуелниот шампион на Македонија. На пелистерци бекот ќе им се приклучи на стартот на подготовките за новата сезона. Во ...
Фудбалерите на Реал Мадрид ќе го дочекаат Баерн Минхен во првиот меч од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите. Пред овој европски класик, своите очекувања ги сподели тренерот на „кралевите“ Алваро Арбелоа. „Баерн е неверојатен, видовме што можат оваа сезона. Имаме огромен респект кон нив, имаат навистина исклучителна сезона. Мислам дека Баерн е најконзистентен тим во Европа оваа сезона. Немаат страв, агресивни сме, многу се фокусирани ...
Еден од најголемите европски класици нè очекува во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кога ќе ја чуете фразата „фудбалска сила“, тешко е да не помислите на Реал Мадрид или Баерн, а шпанскиот и германскиот гигант ќе се судрат на „Бернабеу“ во вторник во 21:00 часот. Шпанската престолнина ќе го гледа судирот на клубови кои заедно имаат 21 титула европски шампион и 29 учества во финалето на елитното европско натпреварување. И секако никој ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа по продолжение против Портланд Треил Блејзерс (137-132) во НБА лигата. Тимот од Колорадо ја преживеа драмата и воден од Никола Јокиќ стигна до 51. победа оваа сезона. Србинот забележа „трипл-дабл“ учинок со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции, а кај Портланд се истакна Камара со 30. Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс: Сан Антонио Спарси славеа дома против Филаделфија 76ерс (115-102). Џоел Ембид покажа ...
По елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина во баражот за Светското првенство следуваа доста промени во врвот на Италијанска фудбалска федерација. Оставки поднесоа претседателот Габриеле Гравина и директорот Џанлуиџи Буфон, а набрзо замина и селекторот Џенаро Гатузо. Иако оставката на Гатузо беше поднесена минатата недела, објавата доцнеше, а тоа предизвика шпекулации во италијанските медиуми. Подоцна беше откриено дека причината не ...
Скандал го потресе африканскиот фудбал откако дури седум фудбалери на Еритреја исчезнале за време на престојот во Јужна Африка и не се вратиле со репрезентацијата по историскиот успех во квалификациите за Куп на африканските нации 2027. Еритреја обезбеди пласман во групната фаза со победа од 2-1 против Есватини, но славјето беше засенето од сериозен инцидент. Од десетмина фудбалери од домашното првенство кои отпатуваа на натпреварот, се ...
Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3-0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра Бања Лука. Ривалките ја имаа и ја оправдаа улогата на фаворитки. Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2-0 во сетови (6-0 и 6-2). Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 110 минути. Во првиот сет Сара ...
Во дербито од 31. коло во Серија А, Наполи славеше минимална, но исклучително важна победа од 1-0 против Милан, во натпревар со мал број шанси и нагласена тактичка дисциплина. Тимот предводен од Антонио Конте до триумфот стигна со погодок во завршницата, со што се искачи на второто место на табелата со 65 бодови, два повеќе од Милан, додека лидер останува Интер со 72 бодови. Првото полувреме не донесе многу возбудувања. Најзрелата шанса за ...
Со околу 500 постигнати голови и повеќе од 100 асистенции во кариерата, Хари Кејн без сомнение спаѓа меѓу најкомплетните напаѓачи во современиот фудбал. Англискиот репрезентативец, кој веќе трета сезона настапува за Баерн Минхен, одлучи своето богато искуство да го сподели со помладите генерации. Во специјално видео, Кејн презентира корисни совети за напаѓачите, фокусирајќи се на клучните елементи при реализација на голови. Тој детално ...
Елина Свитолина во првите месеци од сезоната бележи извонредни резултати на највисоко ниво. Украинката веќе освои титула во Оукленд, стигна до полуфинале на Австралија Опен, играше финале на турнирот во Дубаи и забележа уште едно полуфинале на престижниот настан во Индијан Велс. Нејзината конзистентност беше потврдена и во Мајами, каде со победата во првото коло стана првата тенисерка или тенисер оваа сезона што стигнал до бројката од 20 ...
Според информациите на италијанските и грчките медиуми, Олимпијакос е многу блиску до договор со Коди Милер-Мекинтајер за повеќегодишен договор, што отвора реална можност Црвена Звезда да остане без еден од своите најважни кошаркари по завршувањето на сезоната. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, а искусниот бек ужива висока репутација поради својата стабилност, разновидност и значајниот придонес и во нападот и во одбраната. ...
Неверојатната спортска приказна на Виго Кристијансон продолжува, откако беше официјално потврден неговиот трансфер во германскиот бундеслигаш Флензбург, каде ќе настапува со двегодишен договор од 2027 година. Кариерата на Кристијансон претставува редок пример за успешна трансформација меѓу два спорта. Тој првично беше младински репрезентативец на Исланд во фудбал и дури настапи во Лигата на Европа со Брејдаблик во 2013 година. Сепак, на ...
Првиот шампион во водечките европски првенства оваа сезона веќе е познат, откако ПСВ Ајндховен ја одбрани титулата во холандската Ередивизија на пет кола пред крајот на шампионатот. За клубот од Ајндховен ова е вкупно 27-ма титула во националното првенство. ПСВ ја завери шампионската круна по драматичната победа од 4-3 против Утрехт, со што создаде недостижна предност од 18 бодови во однос на најблискиот конкурент Феенорд. Тимот од Ротердам ...
Фудбалерите на Арсенал влегуваат во клучниот дел од сезоната со значително подобрена кадровска состојба, што претставува одлична вест за тренерот Микел Артета. За време на мартовската репрезентативна пауза, дури 11 играчи го напуштија националниот тим поради повреди или замор, но сега поголемиот дел од нив се повторно на располагање. Најпријатното изненадување доаѓа од Еберечи Езе, кој се опорави многу побрзо од очекуваното и најверојатно ќе ...
Фудбалерите на Јувентус славеа сигурна победа од 2-0 против Џенова на свој терен, во натпревар од италијанската Серија А. Домашниот тим практично го реши прашањето на победникот уште во раната фаза од натпреварот, откако по само 17 минути игра имаше водство. Резултатот беше отворен веќе во 4. минута, кога по една долга и динамична акција во шеснаесетникот на гостите, Кели со глава ја продолжи топката до Бремер, кој исто така со удар со глава ...
Екипата на МЗТ Скопје и во периодот кој следи ќе биде без плејмејкерот Андреј Магдевски, кој мораше да направи операција заради повреда со која се стекна на меч во мак-баскетот. Магдевски успешно опериран по тешката повреда на коленото, здобиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш. Македонскиот репрезентативец се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е ...
Незадоволството во редовите на Атлетико Мадрид сè повеќе расте по контроверзното судење на натпреварот против Барселона во рамките на Ла Лига, одигран на стадионот Метрополитано. Главната причина за реакциите е спорната одлука поврзана со фудбалерот на каталонскиот тим, Жерар Мартин, кој првично беше санкциониран со директен црвен картон од страна на главниот судија Бускетс Ферер. Сепак, по интервенција на ВАР, одлуката беше ревидирана и ...
Екипата на Брегалница од Штип прва успеа да ја освои Автокоманда и го совлада Скопје како гостин (1-0), па се врати во сериозна игра за промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). „Сините“ под водство на тренерот Влатко Костов играат одлично, а еден од хероите на гостите на можеби најтешкото гостување во лигата беше младиот голман Филип Купанов. Во повеќе наврати тој го спаси својот тим, а најзначајната одбрана ја имаше на десет ...
Многумина го прежалија Работнички, но тимот од Дебар Маало се врати во акција. Четири врзани победи во низа по повеќе од 500 дена направија тимот на Муарем да се израмни со екипите од зоната за баражот и во следните кола да си ја крои судбината. Последен пат кога Работнички врза четири победи беше во месец декември, 2024 година. Серијата почна со триумф над Беса Добридол (4-1), а продолжи преку Тиквеш (2-0), Брера Струмица (3-1) и Пелистер ...
По комплетирањето на викенд колото, познат е еден клуб кој и математички е нов второлигаш, тоа е екипата на Шкупи, која беше од поодамна прежалена, но од сега и официјално го носи статусот на тим од понизок ранг. Чаирчани се во големи финансиски проблеми. Без газда, без финансии, без раководство. Играат со младинци, а сето тоа се одрази на резултатите кои им го донесоа и епитетот на единствен тим од најдобрите лиги во Европа без ниту една ...
Роџерс Мато, репрезентативецот на Уганда, го имаше статусот на ѕвезда во македонскиот фудбал. Беше најдобар стрелец во Првата лига, прв играч на Вардар, но во Шкотска каде замина откако ги изигра црвено-црните не доби никаква можност. Беше најдобар играч во есенскиот дел од сезоната во македонскиот фудбал, па Мато си ја крена цената. Откако замина во Уганда да игра на Африканскиот Куп на нации, потајно преговараше со Хартс и направи трансфер. ...
Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата на женскиот кошаркарски шампионат на Македонија, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа до уште еден триумф. Беа многу подобри од екипата на ЖКК Вардар и славеа со 63-84. Со ново ефикасно издание блесна Американката Робинсон, која заврши со ефект од 34 поени, осум скока и пет асистенции. Едно добро одиграно полувреме им ...
Интересна ситуација во плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија дојде до МЗТ Скопје, кој не успеа да ја освои лидерската позиција, но со таа „двојка“ доби мала предност во однос на останатите. Тоа е што нема да има потреба да патува надвор од главниот град во ниту еден натпревар од втората фаза на Суперлигата. Пет кола ги очекуваат аеродромци, шесте ќе се играат во Скопје. Гостинските дуели за МЗТ се со Маџари и ТФТ Скопје. 11 ...
Осминафиналистот во Лигата на шампионите, Аталанта од Бергамо, остана во игра за место во европските клупски натпреварувања следната сезона, откако во вториот денешен натпревар од 31. коло на Серија А го совлада Лече со 0-3 (0-1). По бледиот старт, Џорџо Скалвини во 29. минута го отвори резултатот и потоа беше многу полесно да се добие натпреварот. Ако не беше Владимиро Фалконе на голот на домаќините, уште до крајот на првиот дел Аталанта ќе ...
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои ќе настапат на турнриот од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. Список на повикани фудбалерки: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен) Александра Ристевска (ЖФК Топ Гол) Ангела Димчова (ЖФК Тиверија Брера) Кристина Крстева (ЖФК Скопје) Михаела Додевска (ЖФК Скопје) Ања Головска (ЖФК Скопје) Настасја Накова (ЖФК ...
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело повторно остро ја критикуваше состојбата во Италија, потенцирајќи дека проблемите се длабоки и долгорочни. Поразот и слабата игра против Босна и Херцеговина во Зеница во баражот за Светското првенство, според него, не е изолиран случај. Тој смета дека тоа е реална слика на италијанскиот фудбал, што се потврдува и преку настапите во Лигата на шампионите. „Доволно е да се погледне Лигата на ...
Еден од клучните фудбалери на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, би можел да го напушти клубот веќе ова лето поради застој во преговорите за нов договор. Иако има важечки договор до 2027 година, раководството предводено од Флорентино Перез не сака да ризикува и размислува за продажба доколку не се постигне договор. Главниот проблем се финансиските барања на Бразилецот, кој сака да стане најплатен играч во тимот, со поголема плата од Килиан Мбапе. ...
Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, повторно ја критикуваше насоката во која се движи спортот, посочувајќи дека новите болиди ја намалуваат улогата на возачот. Шпанецот, кој настапува за Астон Мартин, смета дека технолошкиот напредок и правилата за 2026 година ја прават Формула 1 премногу предвидлива и „лесна“ за управување, со што се губи разликата меѓу врвните и просечните возачи. Алонсо посебно ги истакна активната ...