Неверојатни сцени ни доаѓаат од германската Бундеслига. На натпреварот помеѓу Келн и Хамбургер, се случи нешто што навистина ретко се гледа во фудбалот. Треба да се провери, но можно е гостинскиот играч Имануел Фераи да постави нов неславен рекорд во лигата. Доби шанса да втрча на теренот во 77. минута, и успеа да го направи невозможното. Најпрво заработи прв жолт картон во 78. минута, а веднаш потоа направи нов несмасен лизгачки старт, по кој ...

Италијанецот Јаник Синер, втор тенисер во светот, триумфираше над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 2-0 (6-4 и 7-6/4) и го освои трофејот на престижниот АТП Мастерс во Париз. Синер ја оправда фаворитската улога, иако пред себе имаше исклучително мотивиран ривал, кој периодов прикажа извонредна форма. Оже-Алијасим пружи огромен отпор во двата сета, но на површина излезе искуството на Италијанецот во клучните моменти. Вториот светски рекет ја ...

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед конечно ја прекинаа серијата од шест натпревари без победа во Премиер лигата, совладувајќи го на домашен терен тимот на Њукасл Јунајтед со 3-1 во рамките на 10. коло од англискиот шампионат. По четири последователни порази на свој терен, „чеканите“ конечно ја израдуваа својата публика, и тоа против еден од најквалитетните состави во лигата. Иако гостите од Њукасл важат за тим со силен напад, нивното издание на ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2026, што ќе се одржи во Србија, откако во последниот квалификациски натпревар ја совлада селекцијата на Луксембург со 25-17. Овој триумф им го гарантираше првото место во групата на избраниците на селекторот Горан Кузманоски, кои на крајот собраа четири бода, исто колку и селекциите на Финска и Грција, но со најдобар меѓусебен скор. Иако ...

Екипата на Фиорентина никако не може да го фати потребниот ритам и повторно им приреди шок на своите навивачи, овој пат губејќи на домашен терен од Лече (0-1) во 10. коло од италијанската Серија А. „Виолетовите“ беа „оладени“ од Албанецот Медон Бериша, кој ја затресе домашната мрежа во 23. минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на мечот. Фиорентина во продолжение се обиде петпати во рамките на голот, но не успеа да дојде ниту до ...

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, триумфално го започна финалниот ВТА турнир во Ријад, каде во првото коло славеше над Италијанката Јасмине Паолини со убедливи 2-0 (6-3 и 6-1). Белорусинката славеше петти пат по ред против Паолини, која се држеше колку што можеше во првиот сет, успеа да врати еден брејк, но повторно потклекна во осмиот гем. Мечот траеше само 71 минута. По двата брзи брејка на Сабаленка на почетокот од продолжението, ...

Кошаркарите на Пелистер ја продолжуваат одличната низа на стартот од Првата македонска лига, совладувајќи го тимот на Ангели на гостински терен со конечни и убедливи 76-100. За пелистерци ова беше петта победа во исто толку натпревари. Избраниците на Борче Даскаловски одиграа квалитетен меч и уште од почетокот покажаа дека се многу подобар ривал, а тоа го потврдија со голема предност на паузата меѓу двете полувремиња (29-54). Битолскиот ...

Џенова реши да направи тренерска смена и му врачи отказ на Патрик Виеира. По ужасните три освоени бода на девет натпревари клубот мораше да повлече потег, а има такви кои многу се израдуваа на овој отказ. Еден од нив е Марио Балотели кој има нарушени односи со Виеира кои датираат наназад низ годините. Двајцата соработуваа и во Ница, па по доаѓањето на тренерот во Џенова се обнови нивниот спор. Секогаш Балотели кажувал дека нема ништо против ...

Повремениот македонски репрезентативец, Љупчо Дориев, ја потврдува својата блескава форма во узбекистанскиот шампионат и повторно беше стрелец за својата Согдиана во победата над Кизилкум со убедливи 3-0. Дориев најпрво биеше од пенал во 14. минута, а потоа впиша и асистенција, по која гол постигна неговиот соиграч, Рубин Хебај од Албанија. За Дориев ова е дури петнаесетти сезонски погодок, а сега има и шест асистенции во првенството. Засега ...

Македонскиот автомобилист Стефан Тренески доби огромна „инекција“ од самодоверба, бидејќи му беше доделено признанието „LUKY 21 Challenge Trophy“. Ова признание го доделува „GT Cup Series“, а го дава на возач кој покажал исклучителен талент и потенцијал во јуниорските категории. Тренески е еден од петнаесетте возачи кои го добиле ова престижно признание. Станува збор за награда посветена на Лукаш Ханжл, а истата освен успехот го слави и ставот, ...

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица кои ќе бидат задолжени за натпреварите од дванаесетото коло во Првата фудбалска лига. Фуркан Идризи од Тетово ќе истрча на центарот во Гостивар, каде ќе се соочат Арсими 1973 и Башкими, а штипјанецот Стојанче Стојанов ќе биде „човекот во црно“ на мечот меѓу Работнички и Тиквеш во Скопје. Неговиот сограѓанин, Крумислав Ѓоргиев, ќе го суди натпреварот на ...

Фудбалерите на Интер триумфираа на гостувањето кај Верона (1-2) во рамките на десеттата рунда во Серија А. Овој натпревар гостите го решија со автогол во судиското продолжение, но долго време се мачеа. Интер можеше да има уште поголеми проблеми, бидејќи во 66. минута Јан Бисек се извлече и не доби црвен картон, иако веројатно го заслужи. По една грешка на Сучиќ, играч на Верона ја пресече топката и тргна во контра. Двајцата играчи беа ...

Фудбалерите на Интер по голема драма славеа на гостувањето кај Верона (1-2) во натпреварот од десеттото коло на Серија А. „Нераѕурите“ беа подобар ривал, ама се измачија за да освојат бодови. Победата дојде со гол во судиското продолжение и тоа несреќен автогол на домаќинот на „Марк Антонио Бентегоди“. Првата закана по домашниот гол не ја искористи Лаутаро Мартинез, но потоа во 16. минута резултатот го отвори Пјотр Зиелински. Играчот за врска се ...

Ракометната 2025 година нашиот национален тим ја заврши со пораз. Вчера во Куманово избраниците на Кирил Лазаров загубија од Јапонија со 31-32 во вториот пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Веднаш по драмата во Куманово нашите ракометари беа дел од церемонијата на федерацијата, на која Филип Кузмановски беше прогласен за ракометар на годината. Капитенот на Еурофарм Пелистер им ја посвети наградата на повеќе чинители. „Благодарност ...

Натпреварот меѓу Победа и Шкендија Арачиново понуди голема драма, но по крајот на спортските активности. Двете страни имаат свои верзии на приказната, а скандалот се случи по повлекувањето на гостите во соблекувалната. Еден навивач на Победа го скрши импровизираниот прозорец, ама пред да настане вистински хаос беше со играчите на противничкиот тим беше спречен од страна на полициски службеник. Во денешниот билтен на Министерството за внатрешни ...

Фудбалерите на Интер режираа супер-гол на гостувањето на „Марк Антонио Бентегоди“ кај Верона во десеттата рунда на Серија А. Течеше 16. минута кога Пјотр Зиелински го постигна веројатно најубавиот гол досега во калчото. Полјакот беше мета на перфектен центаршут по корнер од Хакан Чалханоглу. Топката имаше перфектно праволиниско движење и му падна на шут, а тој ја испрати во мрежата без размислување. Асистенцијата и голот беа навистина изведени ...

Вулверхемптон по десет катастрофални кола во Премиер лигата реши дека е време за промена и му врачи отказ на тренерот Витор Переира. Португалецот ја презеде клупата на „волците“ во декември минатата година, успеа да го поведе тимот до опстанок во елитата, но имаше катастрофален почеток со две нерешени и дури осум порази. Поради тоа во клубот решија дека е потребна нова енергија и решија да го заменат Переира заедно со целиот стручен тим. Wolves ...

Се зголемува бројот на странски ракометарки во женската ракометна Суперлига. Штипски Астибо се засили со две ракометарки од Ангола и ќе атакува на висок пласман во Суперлигата. Тренеерот Дејан Величков деновиве во својот ростер ги има на располагање Жанет Вероника Хомба и Мауде Кумбелембе Бартоломео, кои се поранешни младински репрезентативки на Ангола. Бартоломео има 21 година и игра како лево крило, а претходно беше дел од екипата на Каса ...

Ленгстон Вилсон експресно се снајде во новата средина и се наметна како клучен играч на Пелистер, пред се во борбата под обрачите. Американецот кој ги освои симпатиите со атрактивните забивања на секој натпревар не крие дека очекува уште подобри изданија како што ќе одминува сезоната. „Се чувствувам одлично во Битола. Бев примен без апсолутно никаков проблем од сите во клубот, што ми помогна за експресна адаптација во новата средина. Она што ми ...

Ељиф Елмас беше принудна замена за Наполи во ремито без голови со Комо (0-0) во Серија А. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во првиот дел по повредата на Били Гилмур, па заигра во нова улога во дресот на „партенопеите“. Конте по натпреварот на прес-конференцијата кратко се осврна и на одиграното на Елмас, а имаше само пофални зборови за неговиот настап на подефанзивна позиција во средниот ред. „Измените ни донесоа доста. Ељиф Елмас ...

Реал Мадрид убедливо ја совлада Валенсија (4-0) во Примера. Два гола постигна Килиан Мбапе, а по еден Џуд Белингем и Алваро Карерас. Младиот бек на „кралевите“ летово пристигна за 50 милиони евра од Бенфика, па сега го даде својот дебитантски погодок. И тоа, голот беше вистинска мајсторија. Карерас собра одбиена топка и откосо кога сите очекуваа да нафрли, тој испрати „проектил“ во спротивниот агол. Ова беше прв погодок на Карерас во белиот ...

Фудбалерите на Ал-Наср славеа во мечот од седмото коло на Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ал-Фајха со 2-1, а победата ја донесе Кристијано Роналдо со два погодоци. Португалецот режира пресврт, но до него тимот стигна со контроверзен пенал. Поведе Ал-Фајха во 13. минута преку Јасон Ремесеиро, а во 37. Роналдо израмни. Долго време беше актуелен овој резултат, за во финишот да дојде до огромна драма. Имено по еден доста благ дуел во ...

Фудбалерите на Нешвил го совладаа Интер Мајами со 2-1 (2-0) и се изборија за „мајсторка“ во осминафиналето на МЛС лигата. Поведе домаќинот во првиот дел со головите на Суриџ и Бауер со 2-0, а во вториот дел повторно стрелец против овој ривал беше Лионел Меси. Аргентинецот во 90. минута со одличен удар откосо ги постави конечните 2-1. Ова беше шести погодок на Меси во последните три натпревари против Нешвил, бидејќи екипите освен во плеј-офот, ...

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен, е во напредни преговори за купување на стадионот на третолигашот Унтерахинг, објавија повеќе германски медиуми. Според информациите, Баерн разгледува можност да го преземе спортскиот комплекс „Спортпарк Унтерхахинг“, кој има капацитет од околу 15.000 гледачи, за сума од приближно 7,5 милиони евра. Намерата е стадионот да стане нов дом за женската екипа на Баерн и младинските тимови, кои моментално ...

Одиграни се натпреварит од 10. коло во Младинската Супер лига по кои и натаму лидер е Брера додека еден од конкурентите за највисок пласман, Работнички е поразен во дуелот со градскиот ривал Шкупи. Брера ја совлада Брегалница со 5-0 и остана единствена непоразена екипа во досегашниот тек од шампионатот. Двоен стрелец за Струмичани беше Иван Шириќ кој постигна голови во 41. и 57. минута, а по една прецизни беа Бојан Велков, Ѓорге Танчев и Габриел ...

Кошаркарите на Сакраменто Кингс славеа во тесен дуел на гостувањето кај Милвоки Бакс (133-135) во НБА лигата. Гостинската екипа во „Фисерв Форум“ по голема драма го доби натпреварот со перфектен тимски перформанс. Дури четворица имаа „20+“ поени, најдобар поентер беше Зек Лавин со 31, а Демар Дероузан уфрли 29 поени, додека одлични партии имаа Сабонис и Шрудер кои уфрлија по 24. Во таборот на Милвоки се истакна Јанис Адетокумбо со „дабл-дабл“ од ...

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер, во разговор со домашните медиуми ја прокоментира блескавата кариера на Новак Ѓоковиќ, за кого рече дека е убедливо најдобриот во историјата на овој спорт. Бекер смета дека српскиот ас поставил недостижни граници, за кои ќе мечтаат многу тенисери во иднина, посочувајќи дека успесите на Ѓоковиќ се одличен пример за сите нови генерации. „Како за сѐ во животот, така и во овој случај, луѓето ќе ја сфатат ...

Португалскиот фудбалски гигант, Порто, објави рекордна добивка од 39,2 милиони евра во сезоната 2024/2025, што е голем пресврт во однос на минатогодишната загуба од 21,1 милиони евра. Акционерите во клубот едногласно ги одобрија годишните извештаи, а претседателот на клубот, Андре Виљаш-Боаш, рече дека ова е голем ден за Порто и дека тој и неговиот тим ќе дадат максимум за да продолжат во иста насока. Профитот на Порто е уште поимпресивен со ...

Торнике Шенгелија од Барселона е најкорисен играч (МВП) на осмото коло од Евролигата, објави денес официјалната веб-страница на натпреварувањето. Шенгелија запиша 24 поени, пет скока и пет асистенции за 30 минути во победата на Барселона над Партизан од 78-76, со шут од поле 6/8. Тој имаше индекс на корисност од 42, со што ја освои наградата за најдобар играч на колото во Евролигата по деветти пат. Тајрик Џонс од Партизан имаше индекс на ...

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд продолжи со импресивната дефанзивна серија, победувајќи го Аугсбург со 1-0 на гостински терен, што претставува уште еден историски момент за клубот. Тимот на Нико Ковач има шест натпревари во серија без примен гол, поставувајќи нов клупски рекорд по само девет натпревари во Бундеслигата. Според неколку извори, Дортмунд сега го израмни најдобриот дефанзивен рекорд во првите пет лиги во Европа. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
91%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
84%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
87%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44