Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Интер Мајами продолжи со победничката серија и без Лионел Меси, откако на гостувањето кај Монтреал славеше минимално со 0-1. Човек на одлука повторно беше Луис Суарез, кој со атрактивна „паненка“ од пенал ги донесе трите бода за својот тим. Додека Меси одмора по настапите на Светското првенство, искусниот Уругваец ја презеде лидерската улога. По двата гола против Чикаго во претходното коло, Суарез повторно се запиша меѓу стрелците, овојпат во ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш не се наоѓа повеќе на листата на ФИФА за забрана за трансфери, откако ги исплати сите побарувања кон старите странски членови. Тиквеш имаше две блокади од ФИФА во висина од по три преодни рока заради долгување кон странски побарувачи. Сепак, тие се минато, откако клубот од Кавадарци повеќе не се наоѓа на таа листа. Од Македонија на „црната листа“ на ФИФА останаа два клуба. Тоа се екипите на Воска Спорт ...
Бразилски Сантос успеа да избегне пораз на домашен терен против Чапекоенсе, откако одигра 2-2 во натпреварот од 20. коло на бразилското првенство, а ѕвезда на дуелот беше Нејмар со два гола. Гостите водеа со 2-1 до самиот финиш на средбата, но Нејмар во завршницата реализираше пенал и му донесе вреден бод на својот тим, спречувајќи втор пораз од Шапекоенсе оваа сезона. Претходно, тој погоди од игра во 35. минута од првиот дел. GOOOOOAL, ...
Домантас Сабонис и следната сезона ќе го носи дресот на Сакраменто Кингс, и покрај интересот од други НБА екипи. Литванскиот центар во последниот период се најде во центарот на трансфер-шпекулациите, но раководството на Кингс јасно стави до знаење дека не планира да го испраќа еден од своите најважни играчи во друга франшиза. Сабонис и понатаму е меѓу клучните фигури во тимот на Сакраменто, а неговата способност за организација на играта, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му упати честитки на претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија, за настапот на репрезентацијата на големиот турнир, иако „гаучосите“ во финалето останаа без престижниот трофеј. Пораката на првиот човек на Светската фудбалска организација беше објавена на официјалната страница на аргентинската федерација, а Инфантино посебно го истакна влијанието што го имаше аргентинскиот тим ...
Реал Мадрид веќе ги одредил првите фудбалери кои би можеле да го напуштат клубот по враќањето на Жозе Мурињо, пренесува „ОК Диарио“. Според шпанскиот медиум, на врвот на листата за заминување се наоѓаат дефанзивецот Раул Асенсио и играчот за врска Едуардо Камавинга. И покрај тоа што ниту еден од нив нема желба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, клубот е подготвен да ги разгледа понудите за нив. Покрај Асенсио и Камавинга, можно е Реал да се ...
Калчолигашот Фиорентина реши сериозно да го засили тимот и ова лето настапи многу амбициозно на трансфер пазарот. Клубот од Фиренца не сака повторно да се најде во ситуација да се бори за опстанок, туку има план да направи чекор напред и да се вмеша во борбата за повисок пласман. „Виолетовите“ досега ангажираа шест нови фудбалери, а за нив потрошија вкупно 90,5 милиони евра. Најскапо засилување е репрезентативецот на Брегот на Слоновата ...
Поранешниот аргентински репрезентативец, Анхел Ди Марија, со големи пофалби зборуваше за актуелната селекција и за успехот што го постигна на последното Светско првенство. Фудбалерот на Росарио Сентрал беше еден од клучните играчи во тимот кој пред четири години ја освои светската титула, но овојпат Мундијалот го следеше како навивач. Ди Марија откри дека за него турнирот практично завршил по победата на Аргентина над Англија, натпревар кој ...
Италијанскиот прволигаш Комо воведе нови правила во својата младинска академија со цел поголема заштита на здравјето на младите фудбалери. Децата до десетгодишна возраст повеќе нема да смеат да играат со глава ниту на тренинзите, ниту на натпреварите. Од клубот објаснија дека целта е да се намалат непотребните удари во главата, а истовремено младите фудбалери да добијат повеќе простор за развивање на техниката со топка. Кај најмладите дури и ...
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и официјално останува во редовите на Словачко, откако чешкиот прволигаш постигна договор со Сигма Оломоуц за негов целосен трансфер. По успешната пролетна полусезона, раководството на Словачко одлучи да го задржи искусниот играч за врска, кој потпиша двегодишен договор со важност до летото 2028 година. Триесетгодишниот Костадинов во Словачко пристигна како позајмен фудбалер од Сигма Оломоуц во ...
Македонскиот младински репрезентативец Горазд Ристовски ќе собира минутажа во Втората лига на Србија на позајмица од Црвена Звезда. 18-годишниот лев бек и У19-репрезентативец на Македонија, во новата сезона ќе го носи дресот на тимот на Графичар кој е една од филијалите на белградските црвено-бели. Во овој клуб младите надежи на Црвена Звезда добиваат искуство и тоа е нивна „отскочна даска“. Горазд Ристовски доби договор од Црвена Звезда, ...
Италијанскиот шампион Интер е сѐ поблиску до ангажманот на аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, а медиумите пишуваат дека преговорите се одвиваат во позитивна насока и дека договорот е многу блиску. Раководството на „нероаѕурите“ веќе подолго време работи на трансферот на дефанзивецот на Тотенхем, кој е означен како приоритетно засилување за новата сезона. Иако остануваат да се договорат уште неколку детали, двете страни наводно се ...
Преговорите меѓу Кочаелиспор и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за предвремен раскин на договорот се во завршна фаза, а конечниот договор се очекува да биде постигнат в понеделник. Ова го потврди претставникот на турскиот клуб, Учар, кој истакна дека разговорите се одвиваат во насока што ќе биде во интерес на Кочаелиспор. „Во тек се преговорите за раскин на договорот со Дарко Чурлинов. Очекуваме сè да биде финализирано в ...
Брегалница со пораз ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Вардар загуби со 2-0. По натпреварот капитенот на штипскиот тим, Стефан Коцев, призна дека грешките скапо ја чинеле неговата екипа и му честита на Вардар за освоените три бода. „Направивме многу грешки и така ги примивме головите. Вардар е голем тим и сакам да му честитам за трите бода, ги освои заслужено. Ние сè уште не сме комплетни, ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. И покрај тоа што нашите кошаркари во најголемиот дел од натпреварот ја имаа резултатската контрола, селекцијата на Босна и Херцеговина со подобар финиш стигна до пресврт и победа. Македонија одигра одлично прво полувреме и на паузата замина со предност од 46-41, која можеше да биде и ...
Екипата на Пелистер две недели работи под палката на новиот тренер Борче Христов. „Зелените“ се подготвуваат за тешката сезона во Втората лига која е конкурентна, а целта е пласман во ПМФЛ. Тренерот ги сумира впечатоците од она што го гледа од екипата и кажа дека на тестовите е задоволен од она што го видел од младите играчи кои ќе му бидат потребни на Пелистер пред се заради правилата кои ги налага второлигашкото друштво. „Поминаа 14 дена ...
Јужнокорејскиот фудбалер Ли Канг Ин е нов играч на Атлетико Мадрид, соопшти шпанскиот клуб. Ли потпиша договор со Атлетико до 30 јуни 2031 година, а во мадридскиот клуб пристигнува од ПСЖ за сума од 35 милиони евра. „Овој талентиран играч за врска, кој игра со левата нога, може да настапува како офанзивен играч за врска или на која било крилна позиција. Се истакнува со одличен преглед на играта, врвна контрола на топката, како и со ...
Канзас Сити сака повторно да стане дом на НБА франшиза, откако последниот тим од најсилната кошаркарска лига во светот го напушти градот пред речиси 40 години. Градот во Мисури остана без НБА екипа во 1985 година, кога тогашните Канзас Сити Кингс се преселија во Сакраменто. Оттогаш, локалните власти и спортските организации неколкупати покажаа интерес за враќање на професионалната кошарка на највисоко ниво. Идејата повторно се актуализира во ...
Екипата на Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и славеше триумф над Шкендија Арачиново со конечни 3-0 (2-0) во премиерното коло од Првата македонска лига Натпреварот започна со помирно темпо. Се играше малку внимателно на двете страни, а гостите беа тие што први се заканија, но без реализација во финишот. Оваа шанса малку како да ја разбуди Струга, па потоа тргна во поголема офанзива и неколку пати опасно продре кон противничкиот ...
Вардар со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако пред својата публика ја совлада Брегалница со 2-0 и во добро расположение ќе патува на европскиот предизвик во Рига. По натпреварот, Димитар Тодоровски го истакна значењето на трите бода, особено пред гостувањето во Летонија. „Многу важна победа пред патувањето во Рига. Ова многу ни значи. Ги поправивме грешките, а имавме и повеќе свежи играчи и тоа мислам ...
Евролигашот Валенсија продолжува со реконструкцијата на тимот пред новата сезона, а најново засилување е американскиот кошаркар Мо Геј, кој доаѓа од системот на Чикаго Булс. Шпанскиот клуб и ова лето останува верен на својата препознатлива политика - наместо скапи ѕвезди, ангажира играчи кои можат да направат исчекор во кариерата. Иако минатата сезона стигна до фајнал-форот на Евролигата и остави одличен впечаток, Валенсија се раздели со ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар ја отвори домашната сезона среде двата европски меча со Рига и тргна со триумф над штипска Брегалница (2-0) во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Очекувано, тимот на Кристијан Фабијани славеше над повратникот во елитата, кој се уште се бара и го склопува тимот за предизвикот кој следи. Заради европските обврски, Вардар го почна натпреварот со доста променети играчи во првиот тим во сите ...
Црногорскиот клупски фудбал продолжува да тоне на европската сцена. Со поразот на Сутјеска од 0-3 против белорускиот шампион МЛ Витебск, црногорските клубови ја продолжија црната серија - девет европски натпревари и девет порази. Особено загрижува фактот што сите екипи кои ги елиминираа црногорските претставници во првото квалификациско коло, веќе во следната рунда беа елиминирани без да постигнат ниту еден гол, и тоа против противници кои не ...
Вардар иако со комбиниран состав доминираше на стартот од натпреварот против Брегалница, а подобрата игра донесе резултат во 26. минута кога младиот Данев донесе радост на присутната публика на Градски. Искусниот Закариќ тргна во транзиција, освои простор и го проигра Спахиу кој беше десно, а овој со хируршки прецизен центаршут го пронајде Данев, кому не му беше тешко да ја погоди празната гостинска мрежа за 0-1. За младинскиот ...
Арсенал би можел да биде еден од главните актери во овој дел од летниот преоден рок. Англискиот шампион сериозно ја разгледува можноста да го доведе Винисиус Јуниор од Реал Мадрид, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. Интересот засега е во почетна фаза и нема конкретни преговори меѓу двата клуба, но раководството на „топџиите“ дало зелено светло да се испита можноста за ангажман на бразилската ѕвезда. ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Унгарија, 11-та трка од сезоната во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Хунгароринг“. Британецот во самиот финиш на квалификациите му ја одзеде пол-позицијата на својот сонародник Луис Хамилтон, кој со Ферари беше на чекор до најдоброто стартно место. Норис до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:17.207 ...
Ѕвездата на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, се очекува да потпише нов максимален договор вреден меѓу 280 и 300 милиони долари. Ова доаѓа како директна награда од клубот откако неговата претходна жртва и финансиски попуст му донесоа шампионска титула на Њујорк. Брансон претходната година се договори со клубот и потпиша финансиски поскромен договор за му помогне на клубот да формираат шампионски тим. Прогнозите се дека следната година ќе добие ...
Искусниот десен бек, Кент Робин Тонесен, има сериозни здравствени проблеми, откако му беше дијагностициран херпес зостер (предизвикан од истиот вирус што ги предизвикува овчите сипаници) на лицето, кој го зафатил и неговото око. Флензбург, клубот за кој настапува норвешкиот ракометар, ја потврди оваа информација, но засега не може да прецизира кога искусниот бек повторно ќе се врати на теренот. Станува збор за офталмолошка форма на херпес ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити продолжува да ја гради иднината на својот тим, откако го продолжи договорот со младиот дефанзивец Абдукодир Хусанов. Узбекистанскиот репрезентативец стави потпис на нова соработка со „граѓаните“ која ќе го задржи на „Етихад“ до летото 2031 година. Хусанов пристигна во Манчестер Сити од Ленс во јануари 2025 година и за кратко време успеа да ги убеди тренерот и раководството на клубот дека има квалитети за ...
Францускиот тенисер Кентин Халис го освои првиот АТП трофеј во својата кариера, откако во финалето на турнирот во Кицбил го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 6-4 и 7-6/6. Мечот траеше еден час и 34 минути. Бублик (11. место на АТП листата) беше фаворит против Халис, кој пред турнирот беше 83. тенисер во светот, но Французинот одигра одличен натпревар и стигна до најголемиот успех во кариерата. Халис го освои првиот сет благодарение ...