Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски ќе го пропушти остатокот од сезоната поради сериозна повреда на коленото, соопшти неговиот клуб Данди Јунајтед. Крилниот фудбалер заработил оштетување на лигаментите, поради што ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција. Ова е уште една сезона обележана со повреди за 26-годишниот фудбалер, кој повторно не успеа да фати континуитет во настапите. Проблемите со физичката подготвеност ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) се согласи, усвои и ги официјализираше новите правила, кои имаат за цел да ги забрзаат натпреварите колку што е можно повеќе, елиминирајќи ги сите традиционални одложувања во играта. Почнувајќи од Светското првенство во САД, Канада и Мексико (11 јуни - 19 јули). * Брзи замени: Заменетиот играч ќе има максимум 10 секунди за да го напушти теренот. Доколку земе повеќе од тоа, неговата замена мора да ...

Во Битола, во организација на ДСУ Спортска академија Битола, се одржа стручно предавање на тема „Фитнес – подготвителен период во фудбал“, наменето за тренери, ученици и спортски работници. Предавач беше Саше Велјановски, кој преку практични примери и современи методи ги доближи клучните аспекти на физичката подготовка на фудбалерите пред почетокот на сезоната. Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на академијата кон едукација и ...

Црногорскиот напаѓач Андреј Костиќ и официјално ќе стане член на Милан, потврдија „росонерите“ на официјалната веб-страница. Како што е наведено во соопштението, членот на Партизан ќе се приклучи на клубот од Милано на првиот ден од јули. Прво во развојниот тим, од каде што ќе бараат пробив во сениорскиот состав. „Напаѓачот роден во 2007 година ќе биде дел од проектот Милан Футуро, кој е посветен на развој на талентирани играчи“, се вели во ...

Белорускиот ракометен клуб Мешков Брест објави тажна вест за смртта на Едуард Кокшаров. 51-годишниот тренер кој во минатото ги водеше машката и женската екипа на Вардар изненадно почина во Брест. Македонскиот ракометен клуб со голема тага ја прими веста од Белорусија и испрати искрено сочувство до неговото семејството и пријателите. „Со голема тага ја примивме веста за смртта на Едуард Кокшаров. Човек кој беше дел од едни од најголемите ...

Тажни вести доаѓаат од Бугарија. Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од неговото семејство, тој не успеа да се опорави. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, бронзениот ...

Фудбалската репрезентација на Македонија на денешен датум (31.01.2021) ја победи Германија на гостински терен во Дуизбург (1-2) и според сите резултати, ова беше еден од најголемите подвизи во нашата фудбалска историја. Правела Македонија и порано чуда, но никогаш вакво. Германија таа вечер загуби првпат после цели 20 години во квалификации за СП, а нашиот тим не беше воопшто инфериорен на теренот каде имаше улога на аутсајдер како никогаш ...

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид го потврди големото голманско засилување за следната сезона. Дино Славиќ и официјално ќе го чува голот на „гладијаторите“, а по потврдата на трансферот тој призна дека на маса имал повеќе понуди, но на крај се решил да ја прифати таа на македонскиот клуб. „Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се ...

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ и официјално од следната сезона ќе биде нов ракометар на Охрид. Клубот од покрај езерото го потврди преминот на одличниот голман и најави дека за него ќе биде резервиран дресот со број дванаесет (12). Дино доаѓа од екипата на Лимуж по три сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација. Охрид и Славиќ си ...

Белорускиот ракометен клуб Мешков Брест објави тажна вест за смртта на Едуард Кокшаров. 51-годишниот тренер кој во минатото ги водеше машката и женската екипа на Вардар изненадно почина во Брест. Кокшаров е добро познат во мак-ракометот поради својата запазена улога која своевремено ја имаше во Вардар. Долги години тој беше спортски директор, а на моменти беше и решение за клупата во машката и женската екипа. Како човек близок до Сергеј ...

Репрезентацијата на Ирска ќе ја дочека Македонија во натпревар од пријателски карактер откако двете селекции беа елиминирани во полуфиналните баражи за Светското првенство. Пред натпреварот против нашата репрезентација, противничкиот селектор Хеимир Халгримсон се обрати на прес-конференција. „За нас најважен ќе биде перформансот. Ако ја следиме својата поставена структура и ги направиме работите на кои работевме, ќе си дадеме шанса за добар ...

Фудбалската репрезентација на Турција му гостува на Косово во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство. Откако двете селекции ги минаа полуфиналните пречки, согласно претходно извлеченото домаќинството за средбата го добија Косовците. Навивачите не се грижеа премногу за фер-плејот, па се послужија со добро познат метод во европскиот фудбал. Пред хотелот на Турците среде ноќ беа испукани пиротехнички средства, односно огномети со ...

Виктор Вембањама испиша историја во НБА, откако го забележа најбрзиот „дабл-дабл“ досега во победата на Сан Антонио Спарс над Чикаго Булс со 129-114. Францускиот кошаркар мечот го заврши со 41 поен и 16 скока, а го забележа еден од најбрзите „дабл-дабл“ перформанси. Одличниот настап беше и потврда за формата на Вембањама, кој сезонава бележи просек од 24,2 поена, 11,3 скокови и 3 асистенции, а воедно е и водечки кандидат во трката за МВП ...

Фудбалската репрезентација на Германија славеше победа од 2-1 над Гана во пријателски натпревар одигран во Штутгарт, до која „панцерите“ стигнаа во самиот финиш. Домашниот тим поведе во третата минута од судиското продолжение на првиот дел преку Каи Хаверц, но Гана не се предаде и успеа да се врати во игра. Во 70. минута по одличен продор по левата страна на Дерик Кон следуваше повратна топка, која Исахаку Фатаву ја претвори во погодок со ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе гостува кај Ирска во пријателски натпревар, по елиминацијата во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. Нашиот национален тим беше поразен од Данска во Копенхаген, со што пропаднаа надежите за нов историски настап на големо натпреварување, додека Ирците исто така го завршија својот пат по поразот во пенал-рулетот во Чешка. За средбата на „Авива“ во Даблин домашната ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа домашна победа против Вашингтон Визардс од 120-101 во НБА лигата. Натпреварот во „Крипто.ком Арената“ мина во знакот на домашните кои главен исчекор до победата направија во втората четвртина која ја добија многу убедливо. Лејкерси на оваа средба беа без суспендираниот Лука Дончиќ, па одговорност презедоа Леброн Џејмс кој заврши со „трипл-дабл“ (21 поен, 12 асистенции, 10 скока) и Остин Ривс со 19 ...

Англиските медиуми пишуваат дека управата на Манчестер Јунајтед е веќе сериозно подготвена да му понуди перманентен договор на Мајкл Керик. Керик моментално ја извршува функцијата како привремен тренер, но со својата работа остави добар впечаток кај раководството. Тимот прикажува стабилни игри, што дополнително ги зголемува неговите шанси да остане на клупата и на подолг рок. Во клубот сериозно се разгледува можноста да му се понуди постојан ...

Медиумско истражување меѓу навивачите на англиската Премиер лига покажува дека големо мнозинство фанови се против користењето на ВАР-технологијата во фудбалот. Околу 75% од навивачите не ја поддржуваат употребата на ВАР, сметајќи дека таа не го подобрува квалитетот на судиските одлуки или целокупното фудбалско доживување. Голем дел од оние што учествувале во истражувањето велат дека технологијата ја одзема спонтаноста на прославите на ...

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња се наоѓа пред голем трансфер кој може да ја одбележи следната сезона во Евролигата. Иако моментално е под договор со Реал Мадрид, неговото име сè почесто се поврзува со други амбициозни клубови. Еден од најзаинтересираните е Хапоел Тел Авив, клуб кој има сериозни амбиции и голем буџет. Тие сакаат да состават силен тим за следната сезона и го гледаат Хезоња како едно од главните засилувања. Сепак, неговиот ...

Турскиот гигант Фенербахче соопшти дека ја прекинува соработката со Скоти Вилбекин, кој настапуваше во жолто-црниот дрес од сезоната 2022/23. Американско-турскиот кошаркар беше дел од големите успеси на тимот во последните четири години, но сега ќе бара нова дестинација во кариерата. Од управата му се заблагодарија за придонесот и неговото залагање на сите натпревари, со желба за успех во натамошните предизвици. Сезонава не добиваше голема ...

Американскиот бизнисмен и поранешен сопственик на Далас Маверикс, Марк Кјубан, предложи интересна идеја за промена во НБА лигата - скратување на времетраењето на натпреварите од 48 на 40 минути. Според него, натпреварите би можеле да бидат пократки, со цел играта да стане подинамична и поинтересна за гледачите. Кјубан смета дека вниманието на публиката денес е пократко отколку порано, па затоа лигата треба да се прилагоди на модерните навики. ...

Скандалозна ситуација го одбележа претпоследниот тренинг на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина пред бараж дуелот против Италија за пласман на Светското првенство. Иако на новинарите стандардно им беше дозволено да го следат тренингот само во првите 15 минути, по истекот на тој период на теренот останало лице кое продолжило да снима. Станува збор за италијански војник, а тоа веднаш предизвикало бурна реакција кај домашната ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер не придава големо значење на тоа што постави нов рекорд со бројот на последователно освоени сетови на турнири од Мастерс серијата, и покрај импресивниот успех во изминатиот период. Синер стана осми тенисер во историјата кој успеа да го освои „Sunshine Double“ - титулите на Индијан Велс и Мајами Опен во иста сезона. Тој е единствен во историјата што го направи тоа без да загуби ниту еден сет на двата турнири, ...

Конечната одлука за идниот формат на Евролигата ќе биде донесена на 14 април, кога раководството на натпреварувањето ќе одлучува за клучните промени во елитната европска кошарка. Во моментов се разгледуваат две опции. Првата предвидува проширување на лигата со зголемен број на учесници, со цел поголема конкурентност и поширок пазар. Втората опција се однесува на задржување на постојниот систем, но со одредени измени. Раководството на ...

Селекторот на Швајцарија, Енди Шмид од лето година ќе има двојна улога, откако официјално ќе го преземе и клубот Кринс Луцерн. Поранешниот среден бек потпиша договор до 2028 година, со можност за продолжување, откако доби дозвола од Швајцарската ракометна федерација паралелно да ја извршува функцијата селектор и клупски тренер. Својата играчка кариера Шмид ја заврши токму во редовите на Кринс, откако во кариерата играше за Станс, Грасхоперс, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Италија во Зеница. Тој ќе го гледа во живо плеј-оф мечот за пласман на Светското првенство, кој ќе се одигра на стадионот „Билино поле“. Ѓоковиќ на социјалните мрежи претходно им честита на фудбалерите на Босна и Херцеговина, вклучително и на Един Џеко, по нивниот успех во полуфиналето против Велс. Мечот со Италија ќе се одигра ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ѝ гостува на Ирска во пријателски натпревар по елиминацијата во полуфиналните баражи за Мундијалот. Ова ќе биде втор меч на селекторот Гоце Седлоски на клупата на нашата репрезентација. Иако е нов на оваа позиција, како репрезентативец на Македонија тој има четири судири со овој ривал. Два порази, реми и домашна победа има Седлоски против Ирците, а за мечот во Скопје во 1997 година смета дека тоа бил ...

Воопшто не е лесно да се пронајдат мотиви кај нашите фудбалери да го одиграат натпреварог во Даблин против Ирска, како последица на поразите на двете репрезентации во полуфиналето на плеј-офот. Голманот на нашиот национален тим, Столе Димитриевски потенцираше дека нема небитен натпревар кога ќе игра националниот тим. Голманот на Валенсија пред официјалниот тренинг рече: „На последните натпревари примивме доста голови, доста ни шутираат на ...

Во еден од најчудните натпревари во 2026 година, македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе гостува на „Авива стадиум“ во Даблин против Република Ирска. Ако нашиот национален тим убедливо загуби во четвртокот во Копенхаген од Данска, Ирците несреќно загубија од Чешка во Прага по изведување на пенали, откако во регуларниот тек прокоцкаа 0-2. Селекторот Гоце Седлоски го најави натпреварот на официјалната прес-конференција во Даблин. ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конфренцијата пред пријателскиот меч со Ирска зборуваше за промените во тимот. Македонсиот стратег нагласи дека никому вратата во репрезентацијата не му е затворена, а нагласи и дека сите кои ќе играат, играат за земјата од која потекнуваат. „Играчите кои настапуваат во клубовите имаат предност и во репрезентацијата. Кој игра за Македонија не игра за мене или за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
57%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
58%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
42%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
80%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46