Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Фудбалската репрезентација на Косово ќе биде наградена со значителен финансиски бонус доколку успее да избори историски пласман на Светско првенство. Владата на Косово најави дека на националниот тим ќе му додели еден милион евра доколку во решавачкиот натпревар ја совлада селекцијата на Турција. Иницијативата доаѓа од владата предводена од премиерот Албин Курти, со цел дополнителна мотивација за фудбалерите во пресрет на клучниот дуел што ќе ...
Италијанскиот мотоциклист Марко Бецеки оствари нов триумф во сезоната, откако славеше на трката за Голема награда на САД во рамки на шампионатот Мото ГП. Возачот на Априлија доминираше на патеката во Остин и стигна до трета победа во исто толку трки оваа сезона, со што ја потврди одличната форма на самиот почеток од шампионатот. Воедно, ова беше деветта победа во неговата кариера. Второто место му припадна на неговиот тимски колега Хорхе ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја продолжија серијата победи во НБА лигата, откако на домашен терен убедливо го совладаа составот на Голден Стејт Вориорс со 116-93. Тимот од Колорадо на овој начин стигна до шести последователен триумф, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција во борбата за врвот на Западната конференција. Во центарот на вниманието повторно беше Никола Јокиќ, кој одигра уште една извонредна партија, на чекор до трипл-дабл ...
Македонскиот ракометен клуб ГРК Охрид направи огромен чекор кон пласман во полуфиналето на Европскиот куп, откако во првиот четвртфинален натпревар славеше убедлива победа на гостувањето кај Олимпијакос во Атина со резултат 31-25. По натпреварот, тренерот Борис Ројевиќ изрази задоволство од изданието на своите ракометари, но истовремено предупреди дека двомечот сè уште не е решен. „Честитки до играчите за максималниот ангажман и за тоа што ги ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со извонредната форма, откако триумфираше на турнирот Мајами Опен, совладувајќи го Чехот Јиржи Лехечка во финалето со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Вториот светски рекет до победата стигна за еден час и 33 минути, демонстрирајќи контрола и сигурност во текот на целиот меч. За Синер ова е седма титула од серијата Мастерс 1000 во кариерата, а воедно и трета последователна освоена без загубен сет, што ...
По заминувањето на Игор Тудор по само 44 дена на клупата, раководството на Тотенхем веќе активно работи на пронаоѓање на нов шеф на стручниот штаб. Како главен кандидат се издвојува Роберто Де Зерби, кој моментално е без ангажман по разделбата со Марсеј. Лондонскиот клуб и претходно стапил во контакт со италијанскиот стратег, а според информациите, Де Зерби е подготвен за разговори. Сепак, неговата намера е да ја одложи конечната одлука до ...
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е главен кандидат да го доведе Фисник Аслани, еден од најдобрите фудбалери на Косово. Агентот на момчето кое игра за репрезентацијата на нашиот северен сосед, Ајман Дахмани, потврди дека веќе се започнати преговори со каталонскиот гигант. „Интересот на Барселона за играчот е реален и можам да потврдам дека воспоставивме контакт“, рече Дахмани. Иако интересот на Барселона е сериозен, обезбедувањето на ...
Бразилецот Касемиро е на излезните врати во Манчестер Јунајтед и ќе ја напушти Англија по истекот на сезоната, а за неговите услуги веќе се заинтересирани повеќе клубови од Европа, но и од другите континенти. Иако деновиве се поврзуваше со евентуален премин во италијанскиот Интер, сепак се чини дека фаворит за неговиот потпис е клуб со истото име, но од Соединетите Американски Држави. Интер Мајами е сериозен во намерата да го доведе искусниот ...
Полскиот ракометен шампион, Висла Плок, сака да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но се обидува да создаде и силен тим за во Лигата на шампионите. Според последните информации од тамошните медиуми, Висла сериозно „загризала“ за трансфер на левиот бек на француската репрезентација, Елохим Пранди, кој има договор со ПСЖ до 2028 година. Иако „светците“ најавија дека нема да го ослободат својот играч, сепак се претпоставува дека постои ...
Фудбалската репрезентација на Франција ја забележа и втората победа на пријателските натпревари одиграни на турнејата во САД, откако во Лендоур беше поуспешна од Колумбија со 3-1. По триумфот над Бразил, селекцијата предводена од Дидие Дешан продолжи со убедливи изданија во пресрет на Светското првенство, при што селекторот повторно направи целосни промени во составот и им даде шанса на други фудбалери. Во офанзивниот дел од тимот настапија ...
Англиската репрезентација се соочува со сериозни проблеми пред пријателскиот натпревар со Јапонија, откако осум клучни играчи се под знак прашалник поради повреди и замор. Стручниот штаб внимателно ја следи нивната состојба, но неизвесноста околу составот создава голем притисок пред важните натпревари. Посебна загриженост предизвикува отсуството на неколку најискусни играчи, кои се клучни за нападот и одбраната. Селекторот Томас Тухел најави ...
Во таборот на Реал Мадрид може да здивнат, откако Винициус Жуниор пак се стави на располагање на репрезентативните обврски со Бразил. Бразилскиот напаѓач почувствувал мускулни болки и не тренирал со остатокот од тимот, што веднаш предизвика големо внимание кај стручниот штаб на „кралевите“. За среќа на краслкиот клуб не станува збор за сериозна повреда, Бразилецот ќе биде во комбинација за натпреварот против Хрватска. Бразил и Хрватска ќе ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје продолжи да победува со Работнички оваа сезона. Можеби по потешкиот пат, по продолженија, аеродромци го добија најголемиот ривал (97-93) и останаа на позитивен скор оваа сезона во битката за Скопје. Дербито кое се играше во убава атмосфера, пред две навивачки групи и околу 2.500 гледачи, беше со многу голем хендикеп, затоа што и двата тима имаа проблеми во своите ростери. МЗТ Скопје заради повредите, ...
Фудбалскиот клуб Арсенал се соочува со сериозни кадровски проблеми за време на актуелната репрезентативна пауза, откако дури десет негови фудбалери се повлекоа од националните селекции поради повреди. Последен во низата е шпанскиот играч Мартин Зубименди, кој нема да настапи на пријателскиот натпревар против Египет поради непријатност во десното колено. Од Шпанија информираа дека играчот ќе се врати во клубот со цел да се избегне дополнителен ...
Екипата на Тиквеш приреди големо изненадување, победи на гости кај Пелистер во Битола (88-82) и така остана во игра за разигрување за последното место во плеј-офот за кое се борат уште екипите на МКК Куманово и Чаир 2030. До победата гевгеличани дојдоа во последниот период, кога постигнаа двојно повеќе поени во однос на ривалот. Одбраната на Тиквеш одигра гранитно, му дозволи на домаќиниот да постигне само 11 поени во целата четвртина и така ...
Екипата на МКК Куманово го одбрани домашниот терен, успеа да слави против Кожув од Гевгелија со 89-82 и така во последното коло ќе се решава ситуацијата за последниот патник во плеј-офот. Избраниците на Марин Докузовски до победата дојдоа во еден неизвесен финиш, а клучот за тоа беше една мини-серија во последните минути. Така МКК Куманово има скор 10-11 и последното коло ќе одговори дали во разигрувањето ќе бидат кумановчани, Чаир или ...
Македонскиот делегат Филип Поповски ќе има задача во баражот за место за Свесткото првенство (СП) 2026 година, на еден од најжешките натпревари. Косово ќе ѝ биде домаќин на Турција во Приштина, а Поповски ќе ја има улогата на делегат на натпреварот на „Фадиљ Вокри“ кој се очекува да биде исполнет до последното место, па дури и над капацитетот. Главен судија во Приштина ќе биде Мајкл Оливер од Англија. Мечот се игра на 31 март, со почеток од ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го оцени настапот на трката во Јапонија како „претежок“ и разочарувачки, откако не успеа да го оствари посакуваниот резултат. По добриот старт на трката, Хамилтон се најде отсечен од борбата за подиумот во завршните кругови, откако неговиот болид забележа пад во перформансите. Британскиот ас заврши на шестото место, заостанувајќи зад конкурентите, и призна дека не можел да го одржи темпото на трката. Иако ...
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за дуелот со Ирска кој е од пријателски карактер. Двете поразени селекции во полуфиналињата од баражот за СП 2026 ќе се судрат една со друга. Мечот во Даблин го најави стоперот Ѓоко Зајков. „Данска е квалитетен ривал, во првиот дел се боревме добро и да затвориме, но во вториот де падна концентрацијата по тој примен гол. По анализата и размислувањата, имаше неочекуван пад по првиот гол, ...
Македонскиот интернационалец Костантин Чешмеџиев ја започна сезоната на Исланд и настапи за неговиот Вестри во Суперкупот на Исланд, каде загуби од фаворитот Викингур со убедливи 0-4. Очекувано Викингур покажа сила и славеше над тимот кој важи за „легија на странци“ во земјата, затоа што има дури 14 интернационалци во ростерт. Покрај Македонецот, во него има Финци, Данци, Швеѓани, Јужноафриканци, Сенегалци, Нигеријци... Дури и тренерот е ...
Крилниот фудбалер на Портсмут, Миленик Али, за првпат во кариерата доби повик за сениорската репрезентација на Република Ирска во пресрет на пријателскиот натпревар против Македонија. Дваесет и шестгодишниот офанзивец, кој настапува како позајмен играч од Лутон Таун, зад себе има одличен период во Чемпионшип-лигата, што му донесе заслужена шанса да се докаже и на меѓународната сцена. Али, кој е роден во Даблин, веќе му се приклучи на тимот ...
Екипата на ГРК Охрид успеа да победи со пет гола разлика (31-26) во првиот натпревар против Олимпијакос во рамки на четвртфиналето на ЕХФ Купот, а голот кој македонскиот тим го даде на крајот беше потег на мечот. Последниот гол во салата во Пиреја беше спектакуларен гол „за сите пари“. Ракометарите на Ројевиќ си поиграа со одбраната на ривалот, а акцијата со гол ја круниса Анте Иванковиќ. Реваншот меѓу ГРК Охрид и Олимпијакос се игра на 4 ...
Македонскиот тим ГРК Охрид забележа сигурна победа над Олимпијакос (31-26) во првиот дуел од четвртфиналињата во Европскиот куп на ЕХФ и гледа кон следната фаза во натпреварувањето кое лани го освои Алкалоид. Екипата на Борис Ројевиќ одигра одличен натпревар и заслужено дојде до победата на натпреварот во Пиреја на гостински терен. Можеби главната разлика на мечот, охриѓани ја направија во првиот дел кога се одлепија прво на 10-7, потоа беше ...
Управата на премиерлигашот Тотенхем официјално соопшти дека ја раскинува соработката со Хрватот Игор Тудор, кој го предводеше тимот на само седум натпревари. Со него заминуваат и тренерот на голманите, Томислав Рогиќ, како и кондицискиот тренер, Рикардо Рањаки. „Петлите“ им се заблагодарија на Тудор и на неговиот стручен штаб за нивната работа, најавувајќи дека новото тренерско име ќе биде објавено наскоро. Ова значи дека Тотенхем наскоро ќе ...
Фудбалерите на Тиквеш и Работнички денеска во Кавадарци одиграа натпревар со посебна емотивна тежина, посветен на прерано починатиот Андреј Лазаров. Лазаров беше една од жртвите во трагедијата што се случи пред една година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, настан кој ја потресе целата земја. Неговата загуба остави голема празнина, особено во клубовите каде што настапуваше, Тиквеш и Работнички, кои денеска на симболичен начин му оддадоа чест. ...
Селекцијата на Романија ќе има привремен селектор, откако стана јасно дека искусниот Мирчеа Луческу нема да може да ги извршува обврските поради нарушеното здравје. Лучески беше пренесен во Универзитетската болница во Букурешт, а на следниот меч против Словачка, репрезентацијата ќе ја води Јонел Ганеа. Од Романската фудбалска федерација изјавија дека веруваат во способностите на Ганеа, воедно изразувајќи желба за што поскоро закрепнување на ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повторно ја отвори темата за својата иднина во Формула 1, признавајќи дека сериозно размислува за можен крај на кариерата. Холандскиот ас, кој е четирикратен светски шампион, не крие дека не е целосно задоволен од насоката во која се движи спортот, особено со новите правила што стапуваат на сила во наредните сезони. Токму тие промени, според него, влијаат на уживањето во возењето. „Немам повеќе простор за ...
Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас продолжува да воодушевува на кошаркарските терени и во својата 43. година од животот. Плејмејкерот на Тенерифе одигра уште еден маестрален натпревар, предводејќи го својот тим до убедлива победа над Сарагоса (99-76), со што уште еднаш потврди дека годините за него се само број. Уертас повторно беше лидер на паркетот, диктирајќи го темпото на играта и демонстрирајќи врвна визија и креативност, по што е ...
Крајот на четвртфиналниот натпревар од Купот на Црна Гора, помеѓу екипите на Рудар и Забјеле, донесе ретко видени сцени на ракометните терени. Инцидентот се случи во 58. минута, при резултат 27-24 за домаќинот, кога гостинскиот играч Мирко Дамјановиќ во полн трк силно го удри ракометарот Филип Газдиќ, кој остана да лежи на теренот и накратко загуби свест. Токму овој момент предизвика општ хаос, а во клинч влегоа играчите на двата тима, ...
Селекторот на романската фудбалска репрезентација, Мирчеа Луческу, беше итно префрлен во болница, соопшти Романската фудбалска федерација. „Романската фудбалска федерација сака да ја информира јавноста и претставниците на медиумите за медицински инцидент што се случи денес во тренинг кампот на романската репрезентација. За време на техничкиот состанок што претходеше на последниот тренинг пред заминувањето за Словачка, тренерот Луческу се ...