Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Екипата на Пелистер го забележа вториот пораз во подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. На битолскиот стадион минимална победа извојува еден од најголемите конкуренти на „зелено-белите“ за највисок пласман во сезоната Охрид (1-2). Резултатот го отвори гостинот во 17 минута кога искусниот Бакрачески со проектил од далечина ја стресе домашната мрежа за 0-1. Охриѓани долго време го чуваа ...
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка минува низ турбулентен период на терените, но нагласува дека надвор од нив секогаш ја чувствува поддршката од своите сонародници. Белорусинката, која сезонава беше елиминирана во четвртфиналето на Ролан Гарос и во осминафиналето на Вимблдон, во интервју за рускиот канал „First&Red“ зборуваше за односот што го има со Белорусите кои ги среќава на турнирите ширум светот. „Многу често ми изразуваат ...
Македонскиот суперлигаш Кожув донесе ново засилување во тимот, а тоа е Американецот Кристијан Канингем, кој доаѓа во Гевгелија со сериозно интернационално искуство. Се работи за кошаркар висок 201 сантиметар, кој своевремено беше рекордер по бројот на скокови и блокади во лигата NCAA - divison 1. Поседува добар шут, со реализација од 62,1%, а во својата професионална кариера настапуваше за повеќе екипи, меѓу кои се Хапоел Бер Шева, Бристол ...
Екипата на Тиквеш на одличен начин ја започна новата сезона во Првата македонска лига, откако во првото коло го совлада Арсими 1973 со убедливи 5-1 (4-1) на домашен терен. Прекрасно официјално деби на клупата на домаќинот имаше тренерот Оливер Богатинов, чии избраници прикажаа моќна и сигурна партија. Кавадарчани го отворија мечот со добра шанса во првата минута, но Арсими се одбрани и се закани на спротивната страна, а одличен блок постави ...
Тренерот на Арсими 1973, Виљдан Салиу, изрази незадоволство од изданието во првото коло на новата сезона во ПМФЛ, во кое неговиот тим забележа убедлив пораз од Тиквеш со огромни 5-1. Арсими делуваше немоќно на теренот во Кавадарци, а со тоа се согласи и нивниот предводник од клупата. „Некои играчи правеа кардинални грешки, тоа во модерниот фудбал не се толерира. Тиквеш ги искористи сите наши недостатоци во одбраната и сосема заслужено победи. ...
Американските медиуми објавија сензационална вест дека Леброн Џејмс ја продолжува својата богата кариера во дресот на Филаделфија 76ерс, каде ставил потпис на едногодишен договор, со плата од осум милиони долари. „Кралот“ Џејмс беше поврзуван со враќање во Мајами и обединување со Јанис Адетокумбо, но се реши за премин во Филаделфија и сигурно ќе биде големо засилување за екипата. Џејмс минатата сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс бележеше ...
Кошаркарскиот клуб Барселона продолжува со создавање на нов тим за следната сезона, а најново засилување е американскиот кошаркар Тајрис Мартин. Играчот кој може да покрива позиции на бек и крило потпиша договор до летото 2027 година и за првпат во кариерата ќе игра во Европа. Мартин има 27 години, висок е 198 сантиметри, а во Барселона пристигнува по три сезони во НБА лигата. Американецот во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше ...
Американскиот центар Мозес Рајт беше многу блиску до трансфер во Барселона, а дури и самиот во еден момент навести дека Каталонија ќе биде неговата следна дестинација. Сепак, договорот пропадна, па кошаркарот реши кариерата да ја продолжи во Олимпија Милано. Италијанскиот клуб официјално потврди дека Рајт потпиша повеќегодишен договор. Американецот претходно настапуваше за Жалгирис, со кој имаше одлична сезона и беше еден од најдобрите центри ...
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, го продолжи договорот со шпанскиот кошаркарски гигант до крајот на сезоната 2026/27. 38-годишниот бек е дел од „кралскиот клуб“ од 2007 година и досега има одиграно 20 сезони, во кои освои 29 трофеи, меѓу кои три титули во Евролигата, девет шампионски титули во Шпанија, седум Купови на кралот и девет Суперкупа. Љуљ е и рекордер на Реал по бројот на настапи, со вкупно 1.249 одиграни натпревари во богатата ...
Дел од аргентинските навивачи не можат да се помират со поразот во финалето на Светското првенство, па покренаа петиција за повторување на натпреварот со Шпанија. Петицијата, објавена на платформата Change.org, досега собра повеќе од 60.000 потписи. Нејзините иницијатори сметаат дека судијата Славко Винчиќ донел погрешни одлуки кои влијаеле врз исходот на финалето. И покрај незадоволството на дел од јавноста, не постои реална можност ...
Реал Мадрид го потврди распоредот за дел од летните подготовки и објави дека на осми август ќе одигра пријателски натпревар против унгарскиот шампион Ференцварош во Будимпешта. Тоа ќе биде една од последните проверки за тимот на Жозе Мурињо пред почетокот на новата сезона. Претходно, „кралевите“ ќе одиграат тренинг-натпревар против шпанскиот Алкоркон. Дуелот со Ференцварош ќе се игра на „Групама Арена“, стадион на кој Реал досега нема ...
„Падна“ премиерниот гол во новото издание на Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Тиквеш го отвори резултатот на мечот со Арсими уште во 18. минута, кога погоди Нигериецот Тохиб Лавал. Доби добра асистенција од Гвинеецот Н'Фанли Сила, а Лавал немаше проблем да ја смести топката во мрежата на гостинскиот голман Силјановски. Тиквеш е во одличен ритам на стартот од новата сезона во ПМФЛ. „Падна“ премиерниот гол во новото издание на ...
Новата сезона започнува денес, со скратен формат од само десет екипи, што ветува многу пожестока и понеизвесна битка. Главни фаворити за титулата во новата сезона 2026/27 vo Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се актуелниот шампион Вардар и засилената Шкендија. Тоа е ставот на пошироката јавност, но и на селекторот Гоце Седлоски. „Вардар и Шкендија сигурно ќе бидат фаворити за освојување на титулата, но внимавајте на изненадувања. Посебно ...
Пред нас е уште едно издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоноски“, кој секоја година се одржува во Охрид. Организаторите ги најавија овогодинешните учесници, по што може да се заклучи дека турнирот ќе има навистина силни и атрактивни екипи. Наместо најавениот тим на Замалек ќе настапи селекцијата до 20 години на Египет. Во групата А се најдоа екипите на ГРК Охрид, Загреб, Војводина и У20 селекцијата на Египет, а во групата Б ќе ...
Шпанецот Пеп Гвардиола нема да ја преземе репрезентацијата на Италија, иако доби официјална понуда од Фудбалската федерација. Според британските медиуми, челниците на Федерацијата разговарале со шпанскиот стратег и биле подготвени да му ги исполнат речиси сите услови, вклучувајќи и целосна слобода во организацијата на работата. Сепак, Гвардиола решил да остане на својот план - да направи пауза од тренерската кариера и да помине повеќе време ...
Англискиот премиерлигаш Астон Вила ја одби првата понуда на Јувентус за аргентинскиот голман Емилијано Мартинез. Италијанскиот клуб понудил меѓу шест и седум милиони евра, но англискиот тим не е подготвен да го продаде 33-годишниот чувар на мрежата за таа сума. Според информациите, Вила бара значително повисоко обештетување. Мартинез има договор со клубот до летото 2029 година и е еден од клучните играчи во тимот. Неодамна беше меѓу ...
Австралискиот фудбалски репрезентативец Кристијан Волпато е под истрага откако, според полицијата во Нов Јужен Велс, бил позитивен на кокаин и возел со брзина 50 километри на час над дозволената. 22-годишниот фудбалер бил запрен од полицијата во раните утрински часови, по што на лице место бил подложен на брз тест за дрога, кој покажал позитивен резултат на кокаин. Волпато неодамна настапи за Австралија на Светското првенство, откако пред ...
Новиот селектор на Германија, Јирген Клоп, изјави дека му претставува голема чест што ја презема националната селекција и порача дека репрезентацијата секогаш има моќ да ги обедини сите Германци. „Никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам селектор на Германија. Ова е огромна чест, но и голема одговорност“, изјави Клоп на својата промоција. Тој додаде дека сака да создаде тим кој ќе се бори еден за друг, ќе игра со страст и ќе ја врати ...
Македонскиот вицепрвак Шкендија во наредниот период нема да може да смета на својот прв голман Бабукар Гаје, кој заработил мускулна повреда и ќе биде надвор од терените во следните две до три недели. Гаје почувствувал болки уште за време на подготовките, но и покрај тоа настапи на првиот натпревар против Европа во квалификациите за Конференциската лига. По тој дуел, неговата состојба се влошила, поради што не беше во составот за реваншот во ...
Жозе Мурињо ова лето се врати на клупата на Реал Мадрид со задача повторно да го изгради шампионскиот тим по две сезони без трофеј. Управата веќе му ги обезбеди Марк Кукуреља, Бернардо Силва, Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, но португалскиот стратег има уште една голема желба - Алесандро Бастони. Стоперот на Интер долго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, но откако таа опција отпадна, Реал е клубот што сега сериозно го следи ...
Македонскиот прволигаш Скопје доведе ново име во своите редови. Офанзивната линија на тимот од Автокоманда ќе биде засилена за напаѓачот Омар Беровиќ, кој минатата сезона беше дел од кратовски Силекс. Скопје повторно ќе биде дел од Првата македонска лига и ќе има амбиции да се задржи во елитата што подолго, а првиот предизвик ќе го има на 26 јули, кога ќе отпатува во Тетово, каде ќе се соочи со силната Шкендија. Клубот летово го ангажираше ...
Македонскиот фудбалски шампионат стартува претстојниот викенд. Сезоната ќе се игра во нов систем, ќе брои десет тима. Титулата ја брани Вардар, главен предизвикувач е Шкендија. Највисокото фудбалско ниво во Македонија ќе биде 35. сезона во нашата земја. Екипите се активни на трансфер-пазарот и се уште формираат ростери. Дел од нив веќе ги затворија активностите, дел уште работат на тоа. Од сите екипи кога ќе се погледнат имињата на хартија, ...
Новиот македонски прволигаш, Брегалница од Штип, го назначи Никола Кузманов како тренер на првата екипа, која викендов ги започнува предизвиците во елитното домашно друштво. Стратегот од Штип минатата сезона беше асистент во стручниот штаб, а сега седнува на клупата како прв тренер во клубот каде работеше и во минатото. Претходно, Кузманов ја предводеше Слога од Виница, а беше дел и од Кит Го од Пехчево, каде работеше во функција на спортски ...
Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското првенство за играчи до 18 години од Дивизија Б, кое од 25 јули до 3 август ќе се одржи во Ријека и Опатија, Хрватска. ФИБА Европа го вклучи македонскиот репрезентативец Дамјан Данев во изборот на десет кошаркари на кои треба да се обрне посебно внимание за време на шампионатот, издвојувајќи го како еден од најинтересните млади таленти што ќе настапат на ...
Аргентинскиот офанзивен фудбалер Анхел Кореа официјално премина од мексиканскиот Тигрес во Ривер Плата за сума од 13 милиони евра, со можни дополнителни два милиони преку бонуси. Со овој премин, официјално стана најскапиот трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал. Претходниот рекорд го држеше Кевин Кастањо, кој од Краснодар пристигна во истиот клуб за 12,6 милиони евра. Кореа со Ривер ќе потпише тригодишен договор. Во Тигрес одигра 54 ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико повторно е во центарот на вниманието, откако меѓународното тело „Group of Copenhagen“ објави дека издало седум предупредувања за можни манипулации со натпреварите поради сомнителни обложувачки активности. Според извештајот, под истрага се неколку спорни ситуации, меѓу кои црвениот картон на Темба Зване против Мексико, огромни уплати на обложување дека Шпанија нема да ги победи Зеленортските ...
Јирген Клоп и официјално е нов селектор на германската фудбалска репрезентација. Германската фудбалска федерација (ДФБ) денеска го претстави поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул на прес-конференција во Франкфурт, потврдувајќи дека договорот е потпишан до завршувањето на Светското првенство во 2030 година. Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, откри дека Извршниот одбор едногласно ја донел одлуката Клоп да стане 13. ...
Македонската машка репрезентација „Под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска. Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија, а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап. „Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и ...
Арсими новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне со гостување кај Тиквеш во Кавадарци. По успешното деби во елитното друштво, тимот во својата втора сезона меѓу најдобрите влегува со јасна цел, пласман во горниот дел од табелата. Во пресрет на првиот натпревар, тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, изрази задоволство од сработеното во подготвителниот период. „По неколку недели интензивни подготовки можам да кажам дека сме ...
Со натпреварот Тиквеш – Арсими денеска стартува ПМФЛ. Во Кавадарци домашниот тим сака со триумф да ја стартува новата сезона, во која има амбиции за што подобар пласман на прволигашката табела. Кавадарчани со ново раководство, нов стручен штаб и доста промени во играчкиот кадар брка стартни три бода. Не го потценуваат противникот, но од таборот на Тиквеш веруваат дека со помош на домашниот терен и публиката ќе дојдат до целта. „Поминавме ...